|
Зоран Заев нов претседател на СДСМ |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | ||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе од тоа такво носење заклучоци, нагаѓања, барање скриени мисли и пораки, незнам како не ви е преку таквото...
Авторот на текстот (блогер), може мислел на остатокот од населението што не смее јавно да критикува, се плаши да критикува, чека дозвола од штаб или Цернтар за комуникации....никаде не споменува дека таа бројка на луѓе задолжително се позиционери или опозиционери... Во тој еден и пол милион што остануваат, влегуваат и оние вмровци што кога и да не се согласуваат со одредена постапка на Груевски, не смеат да гукнат и само подголтнуваат и пцујат дома под јорган...и тие влегуваат во спротивност од слободоумноста... и оние што секогаш ја одбираат вистината од исклучиво нивните посочени медиуми и покрај тоа што знаат дека не е така...и тие се НЕслободоумни... и оние што се програмирани автоматски да реагираат негативно на се што е од спротивниот табор, па макар и кога е тоа позитивно за нив...НЕслободоумни. Оние што скокаат како попарени кога ќе им го навредиш Семоќниот Пресветол Непогрешлив Премиер а од небо се гледа дека е Патолошки Лажго и Криминалец...тие размислуваат со слободен ум....ма немој те молам... Еве и ова што го напишав може да е спротивност на слободоумноста...што пак се сведува на тоа дека секој чита, размислува и прифаќа онака како што нему му одговара и како што самиот сака да чуе
Изменето од Ninja 35 - 06.Септември.2014 во 10:56 |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo moreto na opozicijski gluposti,nek se talasa i ona na povikuvanje na BOJKOT I GRAGANSKA NEPOSLUSNOST...
BOJKOT-na STO? GRAGANSKA NEPOSLUSNOST-KON KOGO? ne e valjda Bojkot na politickite odluki i neposlusnost kon site javni institucii... Ako Sudot donel odluka,vrz osnova na iskaz na glaven svedok,deka nekoj pa makar bil i Premierot,e nevin,a Opozicijata i Forumskava Inkvizicija seuste nemozat da se pomirat so faktot deka parite so gi frlale za kleveti i insinuacii im otidoa u nepovrat,znaci deka nekoj ima problem so mentalniot sklop...Ako Ustavniot Sud ponisti nekoja Vladina odluka-togas e na Nivo,a ako presudi kontra,e ondak e Rezimski,korumpiran i so ti ja znam...Nikogas,bez razlika i koga Opozicijava bila i na vlast ne znaela da se postavi korektno...Najgolemite krazbi,aferi,politicki i mentalni ubistva se vrzani za niv i okolu niv...Pa zar ZZ ne trebase da bide seuste zad resetki,da ne bese vasata postenost,realnost,pravdoljubivost,inkarnirana vo BC,koj go aboilirase... So ne ripnavte togas pred Sobranie ili Vlada ili negde u Park,kaj bilo, da ja videv vasata Vistinoljubivost,Pravdoljubivost,ili me ostavivte vda ja gledam Vasata hipokrizija,Partijska poslusnost i povik na Bojkot i Graganska neposlusnost...Vam ne vi smeta ni Gruevski,ni Vladinata politika,ni butur,Vas ve muci toa so ne mozete da go najdete odgovorot na prasanjeto:ZASTO ONI-A NE NIE?Kako moze 8 Godini da vladeaat "diktatorski,korumpirani,bezidejno,beznadezno",a narodov pak da gi saka? A ne ne saka NAS?ZASTO I KAKO? E,sea ke Vi kazam...Toa ti e Nacional-mazohizam...Eve,na primer,Ja... Uzivam da me dupat...a,pokraj mene uste Eden milion zabludeni... sto ne ja gleame svetlosta na krajot od Tunelot,ali uzivame da se pipkame u mrak...i da talkame vo beznadeznost i ocajanje,neznaejki deka izlezot e samo dve sokacinja podolu...vo Bihacka...Prosti ni,ZZ, ne znaeme so praime...No,nejse,ke ja cekame Svetlosta vo ''PROGRAMATA ZA ULICNA DEMOKRATIJA VO ...CEKORI",posto za na ulica ke Vi trebaat poise od Sto cekora...ZZ,neam pojma so ke ti bide prviot cekor,a ko Levoicar mora da si so DVE LEVI,pa zatoa pripazi kaj ke stapnes,da ne e slucalno denta Grujo stanat na LEVA,pa da si ostanes tapkajki u mesto... P.S.Koa ke prais Vlada u Senka,ZZ,nev gi ostavaj glasacive na Sonce, posto so pohovan mozok tesko se rezonira... |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно во центар! Самобендисаноста и умислата дека се има некакво Богодадено право на лична сопственост на владеење врз народот и земјата затоа што сиот ум, знаење и способност Природата едноставно само ним им ги истурила во главите и никому друг, ги пренесе во темната страна на животот со постојано размислување за сплетки, интриги, лаги, заговори, повикување на бојкоти и непослушности, како и барање помош за уривање на демократски одбраната власт со помош на туѓи надворешни сили. Ако пред неколку години мислев дека сепак има слободоумие наместо диктатура и слепа посушност во нивните редови, како и способност и креативност која ќе се избори за квалитетна опозиција, за народната симпатија, а со тоа и позиција за власт, сега веќе согледувам дека тоа било само пусто нереално и идеалистичко посакување. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За да не дојде до било какво недоразбирање помеѓу членовите (секако и читателите), ги замолувам модераторите да ми дозволат да изнесам една оф топик процедурална забелешка на овој коментар:
Нинџа, во директен разговор кој се одвива во 4 очи, за да не дојде до погрешно разбирање, можеш со додатни зборови дополнително да ја дообјасниш твојата мисла. Но кога некоја информација ќе се стави на „хартија“, тогаш таа треба да биде јасна и недвосмислена, бидејќи во таа прилика се нема можност за дообјаснување и секој може да ја протолкува како сака (или како му одговара), да нагаѓа или да носи погрешни заклучоци. Кога јас прочитав дека во МК има „половина милион самосвесни граѓани“, веднаш си помислив што е со остатокот! Дали тие се несамосвесни, неслободоумни, несаалам народ, ... (е сега тука веќе зависи од кој аспект се гледа, па некој ќе ги нарече идиоти, дегени ... ) А, што се однесува до такви членови на одредена политичка партија (не само вмровци) кои мислат дека се слободоумни само поради тоа што тајно (што би рекол ти: „под јорган“) го критикуваат својот лидер, незнам што да помислам за нив! Едноставно незнам кои се полоши! Дали едните, кои како овци, роботи или зомби, навистина се убедени и мислат дека нивниот лидер секогаш е во право и, безпоговорно прифаќаат се што излегува од неговата уста, или пак овие другиве, кои заради остварување на некои свои цели (работа, пари и моќ) наместо мозокот најчесто ги користат јазикот, кичмата, а не е мал бројот и на такви кои ќе си го дадат и газот, само да дојдат (пред се) до пари. ---------- ---------- Што се однесува до темата, навистина има право Анастеа кога вели дека тој (ЗЗ) треба да си го гледа својот бизнис во Струмица и да не се меша во политиката. Абе кога за нешто не те бива - не те бива. Едно е да се сака да се биде, и целата своја воља, моќ, влијание и енергија да се насочуваат кон остварување на таа цел, а друго е реално да се проценат сопствените капацитети. Се гледа и од далеку дека овој тип не е за лидер на партија, а уште помалку за утрешен Премиер. Но, има ли некој слободоумен (самосвесен) од неговата партија ова јавно (или лично) да му го каже? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што се однесува на лидерскиот капацитет на Заев, уште е рано да се цени...две години се малку за да се менува лидер на партија.
Стана лидер на партија во која сенката и влијанието на неговиот претходник ја има во секој агол и треба време за тоа да се смени....плус стана лидер во време кога партијата е во криза, опозиција, финансиски слаба, со фракции, смена на генерации....А наспроти себе има противник во полна форма, раширен како метастаза во секоја клетка на општеството, кој го водат луѓе што немаат никакви скрупули кога е во прашање зачувувањето на власта...луѓе кои се борат повалкано од било кој до сега што се појавил на овие простори, што немаат срам, јавно да понижат, затворат или го купат секој оној за кој сметаат дека треба да е со нив или да не е против нив...луѓе кои вложуваат милиони евра мои и ваши пари во нивните медиумски пулени само за да можат деноноќно во јавноста да креираат слика дека лидерот на опозицијата е шарлатан, ајдук, мало дете, за во меѓувреме они ја прават онаа народната "лева рака-десен џеб "...така да добро е што уште е жив и не е затворен.... Најважно од се...Заев е избран од членството на партијата, преставено од делегати...па така од него одговорност треба да бара членството...а не вмровците, неопределените, Сител или Миленко.... Кога ќе направам споредба каков беше Груевски во 2002, 2003...да му дадеш нацртана овца ќе ја изгубеше...ама од тогаш до сега успеа да ги реши Љубчо, Бранко, Љубе и сите што му застанаа на пат |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вака, според тебе, колку време е потребно да се процени дали е тој способен да биде лидер на партија, а колку време да се видат резултатите од таа негова способност? Ова чисто информативно, да си знаат членовите, но и другите. И, една принципиелна забелешка. Дали треба некој човек (па макар се викал и Зоран Заев) да се постави на одредено место, па после извесно време да се види дали го бива или не на таа функција? Што ако не испадне ништо? Како тоа неговите предлагачи, а уште повеќе неговите избирачи * не знаеле што човек е, а го избрале?
Дали се прашуваш зошто ги болдрав и подвлеков горниве зборови? Забележуваш ли некаква сличност или има некаква разлика? И, btw. зошто партијата е доведена во таква состојба која ја наведуваш? * - Дали навистина мислиш дека делегатите на СДСМ го избраа Зоран Заев од што тие лично така мислеле, од што тие самите знаеле кој е тој и биле убедени дека тој е оној вистинскиот? Не мислиш ли дека ако „поранешниот“ (БЦ) речеше „Трајко Трајков е најсоодветен кандидат“, делегатите ќе гласаа поинаку, а не за ТТ? Ќе се осудеше некој од „слободоумните“ делегати да гласа за ЗЗ? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој според тебе беше соодветен од тогашните кандидати????
Еве, кажи ти, како неопределен .... Јас лично во тој момент во себе типував на Кире Наумов, што е докажан економист, со искуство во повеќе ресори...ама за жал човекот не беше активен извесно време па така не беше земен како сериозен кандидат.... А дали го бивало Заев во моментот на избпрот, еве јас тврдам дека го бивало....докажан и успешен градоначалник, бизнисмен, познат и признат во местото каде што живее, за повеќе не може да се каже, затоа што до сега тој немал државна функција... Најголема слабост му е што паѓа на финтите на криминалциве, што се труди да ги копира и оди на нивни терен, затоа го плескаат како што сакаат... Сега во моментов, секоја стрела е насочена накај него, во обид да подлегне на притисокот и да се врати во Собрание, цел која Пастирот ја има највисоко на листата на приоритети.... |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Koga Mesi spomna nesto okolu toa deka glasacite i simpatizerite na Opozicijata
se Down,ne veruvav deka moze da dojde do samopotvrda... Liderskiot kapacitet na ZZ-top uste bilo rano da se cenel,posto prosle SAMO DVE GODINI,a za toa vreme DVA PUTI gubi na izbori....Ako,milo,ako,imame vreme da pricekame,neznaejikneka se sredi coekot...BOG DA CUVA...Zar od ulica go sobraa,pa go lupnaa u politika,pa uste i Vodic na grupa go stavija...Aj,ako e toj mutav,za BC vise znaeme,no so e so Najvisokoto Partijsko Telo so kazalo AMIN... Za glasacite i simpatizerite ne zboram nisto,posto tie siroti poise se na ulica imitirajki nekoja artikulisana Zapadnjacka sofisticirana Opozicija,cekajki ja odlukata od Soros... PAZI SEA...Partijata bila u kriza,finansijski nemokna,se pojavile Opozicija i fraklcii u samata Partija...A karsi niv stoi Grujo-sedmoglava Azdaja,SO frla ogin i nisti se pred sebe...(ova e parafraza,za da posle ne me prasue nekoj kaj sum go procital)...posto e toa eden kup od taksativno nabrojani pubertetski svojstva so gi imala Vladeackata garnitura ... Ima li pogolema samopotvrda na gluposta i nemokta na Opozicijata,bez da se prefrla vinata nekomu... I pak kontradiktornost...ZAEV E IZBRAN OD CLENSTVOTO,OD DELEGATITE... Pa,kako moze,koga e Peartijata na raskrsnica,koga BC seuste e rasfrlan niz Partijata''ko endemija'',koga postojat frakcii,da staite Lider so nemoze da dade Otcet pred clenstvoto so ,kako so vikate Vie,go izbralo... Toj dava Otcet,ama tamo kaj so treba...A,na Vmrovcite,ko so uzivas da gi narekuvas,ne im treba Otcet od ZZ-top,dovolno ime samo da e tamu kade sto e... |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убаво е што во последно време му се оддава толку внимание и е во центарот на вниманието....за Зокита мислев...
Уште едно нешто сум научил во последно време...колку повеќе вмровци ме убедуваат дека не сум во право, толку повеќе знам дека така треба, дека сум во право.... А тоа што го спомена некој со седумглавата аждаја, е блиску до вистината....иако мене повеќе ми личи на некое друго животинче, грабливец.... |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Najgolema SLABOST{Boze moj}mu bilo toa so ne bil vakciniran protiv Mafija...
A,kako toa mislis,se trudi da gi kopira i odi na nivni teren?!Kolku so znam, nesto se podkarani so BC,taka da,ova ne ti drzi voda... Ako ste Vie mutavi,''NIE VMROVCITE''ne sme...KOJI ke moj u Sobranie,koga tamo imame mnozinstvo i znae deka tamo ne e Strumica...Partija so ne plasirase pama bas nikakva Programa za razvoj,prosperitet i ekonomska eksplozija vo MKD, za pogolem dignitet i respekt na individuata vo Makedonija,za zacuvuvanje na identitetot i segmenti od Avtohtonosta na MKD,so poise se gordee so stolbovite od Stracin do Deve Bair kako Nacionalni spomenici,nego so stolbovite na Plostad,so spomenici kako MZT,OHIS,Karoserija,ETC...so dodusa ne se Kulturno nasledstvo,ama se Finansijsko... Partija ,so se devalvira radi malo kure,a posle zenite i se krivi... Vrz koja Politicka platforma ke mu se baziraat Amandmanite na Vladinite predlozi,koga Programa-NJAMA,i sve ke lici na onie maratonski Sednici,koga se dokazuvase gluposta na Opozicijata,slicna,more i ista na ovaa od Forumskava Inkvizicija,koja ne go poslusa mojot sovet,dur ZZ-top praviVlada u Senka,da ne stojat na Sonce,posto ke ostanat so pohovan mozok... Nemate Programa za u Institucija...E...Zatoa ke ja praite onaa... ''PROGRAMA ZA ULICNA ILI VONINSTITUCIONALNA DEMOKRATIJA SO IZBOR NA CEKORI"" E,togas ke glasam za Vas...da ostanete tamu... Daja priznaes nemokta postojat mnogu nacini...i ferski i mangupski... No,vo prasanje e Inatot,sto so vekovi go koci magareto da go prejde mostot... A,ako e vo prasanje nesto treto...Tuka sum...ke muabetime... |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Заев ги објави првите луѓе на тимот – нула толеранција за власта!Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција го претстави вториот чекот од реализацијата на Стратегијата за политичко делување на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Направен е вториот чекор во реализацијата на Стратегијата за политичко делување на Социјалдемократскиот сојуз. Утврдена е кадровската поставеност на столбот што го најавивме како Централен систем на комисии, што внимателно ќе ја следи работата на секое министерство, орган, институција, на централно и на локално ниво и ќе ги корегира штетните политики со спротивставување на сериозна, квалитетна, реална и видлива алтернатива. Сакам да ве известам дека Извршниот одбор на партијата синоќа едногласно донесе неколку одлуки: Прво: Формиран е Директорат на Централниот систем на комисии. Поставени се 5 извршни директори кои ќе работат директно во консултации со мене како претседател на Социјалдемократскиот сојуз и ќе ја координираат работата на 17 комисии.
Директоратот на СДСМ, континуирано ќе ги скенира општествено – политичките процеси во државата, што влијаат врз животот на граѓаните на Република Македонија и ќе носи одлуки за политичко дејствување на СДСМ, исклучиво според потребите на граѓаните на Македонија. Второ: Донесена е одлука за формирање на 17-те комисии што ќе бидат постојан коректив на државните институции и предлагач на алтернативните решенија на СДСМ пред граѓаните, за проблемите со коишто се соочуваат. За претседатели на комисиите избрани се личности кои долги години ја следат работата во ресорите што ќе ги водат. Дел од нив се членови на Извршниот и Централниот одбор, дел од нив се досегашни претседатели на советите на партијата. Претседателка на Комисијата за внатрешни работи е потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.
Сакам да потенцирам дека со овие луѓе ќе работат подеднакво квалитетни и стручни кадри во областите за коишто се тие задолжени. Во следниот период ќе се формираат секретаријати на комисиите во коишто ќе работат пратеници на СДСМ, претседатели или членови на досегашните совети на партијата, членови на телата на партијата, експерти. Ова е врвот на пирамидата, пандан на целиот централен систем на институции на ниво на Македонија, до најниска вертикала, до најмалата општина. Исто така, на вчерашната седница на Извршниот одбор е донесена едногласна одлука, носител на четвртиот столб од Стратегијата за политичко делување на СДСМ, “Партнерства за демократска Македонија“ да биде нашиот кандидат за претседател на последните претседателски избори, досегашен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции, Стево Пендаровски. Стево ќе биде со нас на терен, ќе биде во контакт со невладиниот и граѓанскиот сектор, зашто, како што најавивме, отвораме широк фронт за демократска Македонија, во којшто ќе ги вклучиме сите субјекти и индивидуалци кои сакаат да придонесат Македонија да ја кренеме од дното и да ја вратиме на патот на просперитетна држава. Паралелно со ова се работи и на другите два столба: “Работиме заедно“и “Силна СДСМ“. Наши тимови веќе се меѓу граѓаните, во подготвителни активности за да се воспостави директна и цврста врска со народот. Нашата клучна цел е граѓаните да бидат партнер во активностите на СДСМ, за враќање на државата во нормален колосек. Ние го почнавме тоа со промоцијата на Програмата на СДСМ и за време на изборите, но со овој пристап сакаме да ја покажеме нашата цврста определеност дека отсега местото на СДСМ е само таму, меѓу граѓаните. И за избори и без избори. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доста го потценуваа народот и изигруваа се што ќе се договори. Квалитетната кадровска поставеност, новата стратегија на СДСМ, со поддршката од граѓаните, ќе значи НУЛА толеранција за катастрофалното владеење на дрската и безобразна власт на Никола Груевски со којашто ја уништуваат Македонија 9-та година по ред. |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и...?
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најверојатно се работи за моја неинформираност поради незаинтересираност. Досега не сум слушнал за некаква „Стратегија за политичко делување на СДСМ“ (Имам слушано за улично делување, ама за политичко ... Ц! ) Затоа, ако е ова вториот, ве молам кажете ми кој беше првиот нивни чекор, има ли ефект од тој прв чекор и, доколку има, кој е тој ефект? Се знае ли од колку вкупно чекори е оваа нивна стратегија? Оти нели, другиве имаа 100 (ако не се лажам).
Како? Па зарем досега не ја следеа работата на министерствата и на другите институции? Дури сега ќе почнуваат? Или сега мислат некако да се инфилтрираат внатре во тие структури? И, како мисли да ја вршат таа корекција на нивното неправилно работење? Со тоа што ќе објавуваат на медиумите? Па зарем тоа не го правеа до сега? Ќе предлагаат нивни алтернативи? Како тие го замислуваат тоа, каде таа алтернатива ќе ја предложат? Преку медиумите, на улични демонстрации, по куќите на луѓето или пред селските кооперации ... или можеби во Собранието? Еве, имам толку многу нејасни работи уште при првите редови од овој „спасувачки“ манифест (или Стратегија или ... како веќе беше крстен - не е важно). Затоа беспредметно е да читам понатаму, бидејќи (претпоставувам) се се’ сведува на овие две реченици на почетокот. Изменето од Zlatnik - 11.Септември.2014 во 00:06 |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Иииии....!? веќе видено-то и чуено-то многупати досега де... ТИ мене.... Јас тебе .... И толкав (им) е ... дострелот... |
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |