IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2014 во 11:41

Подгответе го најевтиниот чоколаден колач


Немате многу време, ниту пари, а сакате да ги изненадите пријателите или семејството со фин, лесен, кремаст и сочен чоколаден колач? Ова е идеалниот рецепт!

podgotvete-go-najevtiniot-cokoladen-kolac-01.jpg

Состојки: Шолја вода, половина шолја масло, шолја шеќер, 2 шолји брашно, 2 лажици џем по избор, 2 јаболка, прашок за печиво, 3-4 лажици какао прав, 50g темно чоколадо.

Подготовка:

Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Сите состојки освен чоколадото добро измешајте ги, па додадете ги јаболката во смесата.

Промешајте неколку минути, па потоа мешавината истурете ја во тава подмачката со масло и посипана со брашно

Печете 40 минути на 180 степени.

Жешкиот колач прелијте го со глазура од растопено чоколадо. По желба, послужете со сладок зачин или сезонско овошје.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2014 во 11:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2014 во 16:50

БРАУНИ РОЛАТ

6

Ако и Вие сте во потрага по совршениот ролат, а никој од понудените во маркетите не одговара на Вашиот вкус – тогаш овој рецепт e создаден за Вас. Направете домашен брауни-ролат и изненадете ги ченовите на Вашето семејство, цимерите или пријателите.

Брауни:

  • 140g кршена црна чоколада
  • 50g путер
  • 50g кафен шеќер
  • 1 јајце
  • 35g сенаменско брашно

Бела торта:

  • 120g путер
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 120g сенаменско брашно
  • 2g пециво
  • 50ml млеко

 

2

Загрејте плехче во облик на ролат на 180 степени. За да го направите браунито, стипете ја чоколадата и путерот на слаба топлина. Додадете го шеќерот, јајцето и брашното додека не добиете хомогена смеса со миксер. Печете 15 минути.

За белиот дел, измешајте го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете ги јајцата, па брашното и пецивото, па на крај млекото.

Истурете ја смесата врз браунито и печете уште 25-30 минути на 160 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 21:39

СПЕКУЛОС – БЕЛГИСКИ КОЛАЧИЊА СО ЦИМЕТ И БАДЕМИ

spekulos

Потребни состојки:

250 гр. брашно

125 гр. кафеав шеќер

1 јајце

1 лажичка цимет

5 капки екстракт од цимет

1 прашок за пециво

100 гр. путер

50 гр. мелени бадеми

Малку сол

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, шеќерот, мелените бадеми, прашокот за пециво и циметот. Растопете го путерот и додајте го екстрактот од цимет па матете со миксер. Потоа додајте го јајцето, изматете со миксер, додајте ја смесата со брашно и солта, па со рака измесете ги состојките за да добиете меко тесто.

Направете цилиндар од тестото со дебелина од околу пет сантиметри. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер. Утредента извадете го од фрижидер, отстранете ја фолијата и исечете колачиња со дебелина од пет милиметри или еден сантиметар.

Во тавата за печење ставете хартија за печење и печете во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 15 минути, па оставете ги колачињата да се изладат. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2014 во 22:49

МОНТЕ ТОРТА

10

Состојки:

Тесто

  • бисквити
  • малку млеко
  • рум

Бел крем

  • 1 литар млеко
  • 100 гр. пченкарно брашно
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 125 гр. путер

Црн крем

  • 500 мл слатка павлака (хопла)
  • 200 гр. чоколда за готвење

Подготовка:

На дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.
Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.

Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно.

На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и послужете!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2014 во 22:50

ТОРТА СО АФИОН

9

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр мелен афион
  • 300 мл млеко + 6 лажици топло млеко за посипување
  • 150 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 м масло
  • 6 лажици џем

Глазура:

  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло
  • 10 лажици хопла
  • 2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Рерната се загрева на 180°. Се одвојуваат жолчките од белките. Жолчките се матат со шеќер и ванилин шеќер. Им се додава маслото и брашното измешано со прашокот за пециво.
Млекото се загрева и кога ќе биде топло се попарува мелениот афион. Се меша убаво и се додава на смесата со јајца.
Белките се матат со малку сол додека не се добие цврст снег. Внимателно се мешаат двете смеси. Добиеното тесто се излева во плех за торта (26цм) претходно премачкан со масло и посипан со брашно. Се пече околу 35 минути, со чачкалица се проверува дали тестото е печено.
За глазурата: се мешаат сите состојки на најслаб оган додека не се добие густа и мазна глазура.
Испечената торта со нож се сече хоризонтално на 2 дела. Едниот дел се премачкува со 3 лажици топло млеко и 3 лажици џем. Врз џемот се става 1/3 од чоколадната глазура. Се поклопува со втората кора, пак се премачкува со 3 лажици топло млеко и 3 лажици џем и се филува со остатокот од чоколадната глазура. Тортата се остава да се излади и да се стегне глазурата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2014 во 13:37

КОЛАЧ СО ДВОЈНО ЧОКОЛАДО

11

Потребно ви е:

  • ½ шолја путер
  • 1 и 1/3 шолја темна чоколада
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • Лажица екстракт од ванила
  • ½ шолја брашно
  • 2 лажици незасладено какао
  • 1 шолја сечкани ореви

Од дадената мерка ќе добиете 24 колачи, за кои потребни ќе ви бидат 25 минути за подготовка и половина час за печење.

Подготовка:

Ставете хартија за печете во тава, а рерната загрејте ја на 180 степени.

Истопете го путерот и ¾ шолја чоколадо, па оставете го да се олади.

Изматете 2 јајца, додајте им го шеќерот, а кога ќе добиете пенеста смеса додајте го екстрактот од ванила и оладената мешавина на чоколадо и путер.

Преку смесата истурете го какаото, брашното, оревите и парчињата преостанато чоколадо, па мешајте со лажица.

Намачкајте ја тавата со малку путер и смесата истурете ја во неа. Печете 30 минути.

Изладете го колачот, па исечете го на 24 вкусни чоколадни коцки кои може да ги прелиете со бел крем и сезонско овошје. Преклопете ги како мини слатки сендвичиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2014 во 22:49

Триаголник со локум и чоколада

Локумот исечете го на коцки, измешајте го со бисквитите, оревите/лешниците, шеќерот во прав, кокосот, 2 лажици вода или по потреба да се измеси убаво да не се лепи. Поделете го на 10 топчиња. Расукајте ги во валјаци како сукало теники колку малиот прст. На рамна подлога ставете 4 валјаци прелијте ги со стопена чоколада на пареа со 2 лажици масло. Ставете уште 3 треба да биде како пирамида, прелијте ги со чоколадо убаво, направете така додека ги потрошите останатите. После три ставете 2,  па едно со прелевање на чоколадо(да остане за сите). Ставете го да се стегне во фрижидер и сечете прачиња.




Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2014 во 23:49

Корнети со ванила крем



korneti-so-vanila

Потребни состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 500 мл млеко
  • 4 жолчки
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр шеќер
  • 2 полни лажици брашно
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 30 гр путер

Подготовка:

Лиснатото тесто со сукало малку расукајте го. Ако користите смрзнато лиснато тесто, прво нешто треба да направите е да го оставите околу половина час на собна температура. Тестото не треба да биде ниту премногу меко, ниту претврдо. Ако се лепи можете да го посипете со малку брашно. Лиснатотото исечете го на лентички со ширина од 2 сантиметри. Лентичките свиткајте ги околу металниот калап и печете во загреана рерна на 200 степени околу 12 минути. Кога се готови, извадете го калапот и оставете ги да се оладат.

Во сад за готвење ставете 400 мл млеко да зоврие. Во друг сад измешајте ги жолчките, шеќерот, ванилинот шеќер, брашното и пудингот од ванила со 100 мл млеко. Оваа смеса префрлете ја во садот со млеко и мешајте на оган се додека не се згусне. Кога смесата ќе се олади, додадете и 30 путер и повторно добро промешајте. Со помош на шприц за готвење, наполнете ги корнетите со кремот од ванила. По желба наросете шеќер во прав и послужете ги ладни.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2014 во 18:12

ЕКЛЕР ТОРТА

11

Состојки:

  • 20 лажици брашно
  • 25 лажици шеќер
  • 800 мл. млеко
  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. шеќер во прав
  • 150 гр. брашно
  • 100 гр. маргарин
  • 250 мл. вода
  • 4 јајца
  • 2 ванилин шеќер

Подготовка:

Водата и маргаринот зовриваат, се трга тенџерето од оган и се додава брашното. Смесата се меша додека се изедначи и се остава да се излади. Јајцата се додаваат едно по едно и убаво се мешаат со смесата(со миксер, со лажица или со рака). Се пече во тавче број 26 намрсено со маргарин. За подготовка на филот, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат со дел од млекото и се варат во преостанатото млеко како за пудинг. И оваа смеса убаво се лади и потоа се замешува со маргаринот убаво изматен со шеќерот во прав. Испеченото тесто се дели на половина и се филува со кремот. Потоа се филува и целата торта и се украсува.
Мала забелешка: Испеченото тесто може да не е насекаде подеднакво пораснато. Не се паничете, искрој те го. Кога ќе го наредите врз филот и кога врз него ќе го ставите преостанатиот фил, на тортата ништо нема да се познава. Поедноставно е и за промена интересно, отколку да правите поединечно еклери.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2014 во 09:18

ЕУРОБЛОК КОЛАЧ

2

Состојки
7 лажици шеќер
100 мл. масло
7 лажици брашно
50 гр. чоколадо за готвење
6 лажици шеќер
125 гр. маргарин
150 гр. чоколадо за готвење
100 гр. чоколадо Еуроблок
прашок за пециво пола кесичка
6 жолчки
6 белки

Упатство

Кора:

Белките се матат со миксер, па се додаваат шеќерот, маслото, брашното, прашокот за пециво и ренданата чоколада за готвење. Се се мати заедно. Тавата за печење се подмачкува, се става смесата и се пече на 180-200°C.

Фил:

На пареа се варат жолчките со шеќерот и маргаринот и пред крајот на готвењето се додава растопената чоколада за готвење. Жешката кора се прелива со жешкиот фил и се остава да се олади, па потоа врз колачот се ренда Еуроблок чоколадото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 11:50

ЧОКОЛАДО И РУМ - НЕОДОЛИВА КОМБИНАЦИЈА

7

Состојки:
* за кора:

2 портокали,

750гр. шеќер,

10 јајца,

150гр. мелени ореви,

100гр. суво грозје,

60гр. мелен кекс,

5 лажици рум
* за глазура:

4 реда чоколадо,

20гр. путер

Подготовка: Корите од двете портокали исецкајте ги на парченца и згответе ги во пет води. Ставете им пет лажици шеќер, и оставете ги да се зашеќерат. Посебно изматете ги белките од 10те јајца со 10 лажици шеќер. Додајте ги и жолчките, добро измешајте, истурете ги во смесата мелените ореви, сувото грозје, мелените кекси и зашеќерените кори од портокал. Сето тоа добро измешајте го и истурете го во подмачкан калап за торта. Печете го на умерена температура во загреана рерна. Печеното тесто изладете го и прелејте го со сируп од остатокот шеќер и петте лажици рум. Целата торта прелејте ја со чоколадото кое ќе го истопите заедно со путерот.

pijana4

pijana2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 11:52

ТОРТА ВИНОЖИТО

17

Состојки:

370 гр. брашно
4 лажички прашок за пециво
1/2 лажичка сол
230 гр. путер или маргарин
500 гр. шеќер
5 белки од јајце
1 лажичка екстракт од ванила
3,5 дл. млеко
Боја за колачи – црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова

За фил:

375 гр. шеќер во прав
230 гр. путер или маргарин
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица павлака
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Добро измешајте ги сите состојки кои се потребни за цврста подлога – брашно, прашок за пециво и сол. Во друг сад ставете го путерот (растопен) и шеќерот и промешајте. Постепено додавајте ги белките, а потоа и ванилата и млекото. Мешајте се додека сите состојки убаво не се соединат.

Во течната смеса додајте ја смесата со брашно, убаво исмешајте, а потоа додадете ги и останатите суви состојки. Готовата смеса поделете ја на оноклу делови колку што планирате да имате различни кори и потоа почнете да ја додавата бојата во секоја кора.

Секоја кора се пече околу 15 минути. Со помош на чепкалка за заби можете да проверите дали кората е испечена. За подготовка на филот потребно е да ги измешате шеќерот во прав, путерот, павлаката и екстрактот од ванила и да ги мешате се додека не добиете мека смеса. Доколку ви се чини дека филот е редок, тогаш може да додадете уште малку шеќер во прав.

Редете ги оладените кори една над друга, а помеѓу нив ставајте од белиот фил. Остатокот од белиот фил ставете го врз целата торта и декорирајте ја по ваша желба, а ние ви предлагаме да декорирате со бонитоп.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 12:13

КАРАМЕЛ КОЦКИ

7

Состојки:

тесто:

  • 100 гр маст или маргарин
  • 1 јајце
  • 250 гр брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 50 мл млеко
  • 100 гр шеќер

фил:

  • 300 гр шеќер
  • 500+50 мл млеко
  • 50 гр брашно

Подготовка:

Во еден сад со вилушка се матат маста (или маргаринот) и јајцето. Се додава брашното измешано со прашок за пециво. Со рака се меша додека не се добие зрнеста смеса. Се додава млекото во кое претходно е растопен шеќерот и се заедно се меша, треба да се добие меко тесто.
Тестото се остава да се одмори 1 час, па се дели на 2 дела. Од секој дел се развива кора што се пече на задната страна од плех од шпоретот. Секоја кора се пече по 10-ина минути на 180⁰С. Испечените кори се тврди и кршливи, ќе омекнат кога ќе се филуваат.
Додека корите се печат, се прави филот: 500 мл млеко се става на оган да се стопли. Во едно тенџере се става шеќерот и со постојано мешање се топи додека не се карамелизира. Кога шеќерот ќе стане течен и ќе добие карамел боја, му се додава половина од стопленото млеко и се меша додека шеќерот не се растопи. Во друг сад се меша брашното со 50 мл млеко додека не се добие мазна смеса и во тој сад се додава другата половина од стопленото млеко. Се меша убаво и се соединува со стопениот карамел. Добиената смеса се вари на тивко додека не се згусне. (треба да биде малку поретка од пудинг). Филот се остава да се излади.
Секоја кора се филува со згуснатиот фил и се остава добро да се излади (најмалку 12 часа во фрижидер). За тоа време корите ќе омекнат и филот ќе се стегне. Колачот се сече на коцки или правоаголници и се сервира.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.