Лесна торта со јагоди и јогурт готова за половина час
Летните горештини се приближуваат и токму поради тоа потребно ни е благо кое ќе не освежи. Оваа торта е едноставна, во која може да експериментирате и наместо јагоди да го ставете кое било овошје.
Потребни состојки:
300гр, бисквити
9 лажички шеќер во прав
0.5л јогурт
500гр јагоди (овошје по ваш вкус)
3 кесички шлаг
450мл млеко
Најпрво искршете ги бисквитите и одделно измешајте ги шеќерот и јогуртот, а потоа прелијте ги бисквитите и обликувајте ја тортата по ваша желба.
За припрема на филот, изматете го шлагот со ладно млеко и поделете го на два дела. Во едната половина од изматениот шлаг додадете ситно исечкани јагоди и премачкајте ја тортата. Со остатокот од шлагот украсете ја тортата. Јагодите можете да ги замените со праски, банани, киви.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
1. Белките изматете ги во цврст снег, а потоа додавајте постепено 6 лажици шеќер и матете додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете брашно и полека измешајте.
2. Калапот за торта обложете го со хартија за печење и сипете ја во него подготвената смеса за кора. Печете во загреана рерна на 175 С додека да поцрвени.
3. Печената кора додека е се уште топла прелијте ја со ладно млеко и оставете да впие.
Фил:
1. Соединете ги жолчките со 6 лажици шеќер и варете ја мешавината на пареа додека да се згусти. Потоа оставете да се олади, па додадете го маргаринот и изматете со миксер. Добиената смеса поделете ја на два дела.
2. Во помало тенџере сипете 2,5дл млеко, додадете 3 лажици шеќер и гответе додека да зоврие. Посебно изматете 0,5дл млеко со пудингот од ванила, па додадете го во млекото што врие и варете додека да се згусти. Во изладениот пудинг додадете половина од кремот со жолчки и изматете со миксер.
3. Во друго тенџере сипете 2,5дл млеко, додадете 1 лажица шеќер и варете додека да зоврие. Пудингот од чоколадо разматете го со 0,5дл млеко, па сипете го во млекото кое врие и варете додека да се згусти. Во топлиот пудинг додадете искршено чоколадо и мешајте додека да се растопи. Во добиената смеса додадете ја другата половина од филот од жолчки и изматете ги со миксер.
4. Изладената кора премачкајте ја со филот од ванила, потоа нанесете го филот од чоколадо и на крај украсете со шлаг од слатка павлака.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Подготовка: Се матат белките со шеќерот да се направи цврст снег се додава останатото (сецканите лешници, урми, брашното, двете лажици од филот…). Се пече на хартија во плех од шпорет. Се сече на три ленти и филува. Фил: Млекото се вари со пудинзите и шеќерот и се остава на страна да се лади. Путерот се мати пенесто без шеќер се додаваат жолчките, се мати се пенасто, се меша со пудинзите и на крај се додава оладениот црн фил т.е чоколадото. Се филува кора, фил, кора, кора од марципан, фил, кора и потоа целата торта се премачкува со хопла или доколку сакате да е целата чоколадна се прелива со стопено чоколадо.c
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Ова се наши три предлога за кои ќе ви бидат потребни само 15 минути. Испробајте ги уште денес!
Кога температурите ќе се приближат до 30-тиот Целзиусов степен, на никому не му паѓа на памет да се занимава со долго готвење и подготвување на храна. Но, тоа не значи дека не треба да подготвите и едноставни десерти кои ќе ве освежат и разладат на овие високи температури.
Ова се наши три предлога за кои ќе ви бидат потребни само 15-тина минути, а верувајте ни дека за да ги изедете ќе ви биде потребно многу пократко време!
Тирамису
Состојки:
● 4 жолчки
● 100гр шеќер во прав
● 500гр меко сирење (маскарпоне би било идеално)
● 250мл слатка павлака
● 2 поголеми пакувања пишкоти
● 2.5дл варено погусто црно кафе
● малку рум
● 100гр какао во прав
Подготовка:
Сматете ги жолчките со шеќерот во прав и гответе на пареа додека смесата да се згусне. Кога смесата ќе се олади додадете го сирењето и повторно матете. Посебно сматете слатка павлака, па кон тоа додадете ја и претходно направената смеса и повторно матете со миксер.
Пишкотите натопете ги во процеденото црно кафе во кое претходно сте го додале румот и наредете ги на тацна. Над нив ставете го филот, па повторно натопени пишкоти и остатокот од филот. На крајот наросете какао во прав.
Овошје во чаша
Состојки:
● ½л слатка павлака
● 150гр боровинки
● 150гр капини
● 150гр малини
● 200мл јогурт
● ½ кафена лажичка цимет
● 1 кафена лажичка издробени ливчиња од лаванда
Подготовка:
Сматете ја слатката павлака и додадете го претходно измиеното овошје, јогуртот, циметот и листовите од лаванда. Сето тоа убаво да се измеша и да се стави во замрзнувач. Украсете по желба.
Чоко кремасти залчиња
Состојки:
● пакување готови кори од чоколадо
● кесичка шлаг со вкус по избор
● два реда чоколадо за готвење
● лажица вода или млеко
Подготовка:
Готовите кори исечете ги на ситни парчиња, а ако имате и некаков калап може да ги обликувате. Сматете го кремот според упатството, а над тоа премачкајте со растопено чоколадо. Ставете во фрижидер да се излади.
Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
За некои луѓе тортата не е торта ако не е чоколадна. Ви ја претставуваме најчоколадната торта.
Состојки:
За кора:
- 2 јајца
- 2 лажици брашно
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици какао
- ½ вреќичка прашак за пециво
За фил:
- 2 чоколадни пудинга
- 400 мл млеко
- 400 мл слатка павлака
- 150 г. млечна чоколада
- 6 лажици шеќер
За прелив:
- 1 дл слатка павлака
- 100 г. млечна чоколада
Подготовка:
Јајцата и шеќерот изматете ги, додадете брашно измешано со прашок за пециво и на крај лажица какао.
Смесата ставете ја во намачкан плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Проверите со чепкалка дали кората е печена.
Печената кора извадете ја од рерна и кога ќе се олади малку прелијте ја со чоколадно млеко, и оставете ја да се стврдне. Пудингот згответе го со шеќер и млеко на вообичаен начин и оставете го да се олади. Слатката павлака изматете ја и помешајте ја со оладениот пудин и се измиксајте со миксер.
50г чоколадо изрендајте ги и измешајте ги во фил. 100 г. чоколадо стопете ги и полека ставајте во филот додека мешате со миксер се додека убаво не се соедини. Смесата ставете ја врз испечената кора и рамномерно распоредете ја.
Чоколадот и павлаката ставете ги во тава на лесен оган, и гответе мешајќи додека чоколадото не се стопи. Тргнете го од оганот и оставете малку да се олади а потоа ставете го преку тортата. Оставете ја тортата да се стегне неколку саати. Потоа тргнете го обрачот, сечете и послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
9 жолчки 220 гр шеќер 250 гр маргарин (наместо маргарин може да употребите путер)
Подготовка:
- Во еден сад ставете 3 белки и 150 гр шеќер и изматете ги убаво со миксер да добиете цврст шлаг. Шлагот премачкајте го преку првиот лист од обланда. Посипете со сецкани ореви (околу 80 гр).
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 15 минути.
- Истата постапка повторете ја три пати, односно испечете ги сите три листови обланда со шлагот и оревите на нив.
- Во меѓувреме подгответе го кремот. Ставете ги сите жолчки со шеќерот во еден сад и изматете ги убаво. Потоа кремот ставете го да се вари на пареа со постојано мешање додека не се згусне.
- Оставете го кремот да се излади малку па во него додадете еден изматен маргарин или путер.
- Потоа филувајте, односно врз првиот лист обланда премачкајте 1/3 од кремот. Одозгора ставете го вториот лист обланда и нанесете уште 1/3 од кремот. Повторете ја истата постапка и со третиот лист обланда.
- Готовиот колач ставете го малку да се излади и стврдне пред да го сечете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА, МЛЕКО И ПУТЕР, НО СЕПАК СОЧЕН И ВКУСЕН
Состојки: 1,5 чаша остро брашно 3 лажици какао 1 чаша шеќер 1 лажичка сода бикарбона Половина лажичка сол 1 лажичка алкохолен оцет 1 лажичка течен екстракт од ванила 5 лажици масло 1 чаша вода Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го садот за печење со масло кој би требало да биде околу 20 сантиметри, и во него додадете ги првите 5 суви состојки. Во смесата направете три дупки, две мали и една поголема. Во едната мала додадете го оцетот, во другата мала дупка ванилата, и во третата, најголемата маслото. Потоа додадете ја водата и добро измешајте за да се изедначи смесата. Печете на средна решетка околу 35 минути.
Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
Состојки: 200 гр чоколадо за готвење, искршено на ситни парчиња 100 гр бело чоколадо, искршено на ситни парчиња 200 гр путер 200 гр кафен шеќер 4 јајца 140 гр брашно 50 гр какао 200 гр замрзнати малини Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење. Стопете го црното чоколадо, путерот и шеќерот на водена пареа при што постојано треба да мешате. Кога ќе е готово тргнете го садот од оган. Додадете ги јајцата едно по едно, во смесата и мешајте. Додадете ги потоа брашното па какаото и повторно мешајте при тоа. Додадете половина од малините и белото чоколадо. Префрлете ја добиената смеса во садот за печење. Додадете ги од горе преостанатите малини. Печете на средно ниво околу 35 минути. оладете го десертот пред сервирање.
Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
За подлога сварете гриз во комбинација со вода и мелеко со шеќер. Откако гризот ќе се згусне додадете го изренданото чоколадо, добро измешајте додека не се стопи и додека целата смеса не стане еднолично чоколадна. Во лим со средна големина премачкан со путер додадете ја полутечната смеса од гриз. За кремот сварете околу 7-8дл млеко а остатокот измешајте го со пудингот и шеќерот. Сварете ги пудинзите на класичен начин. Во изладениот пудинг изматете со миксер маргарин и цврсто изматена слатка павлака. Со кремот премачкајте ја подлогата од гриз. Се добро изладете и нанесете ја чоколадната глазура која се прави така што чоколадото се топи и се меша со маслото, маргаринот, шеќерот и мелкото.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Полномасно млеко има околу 3-4% масти. За полу-обезмастено и обезмастено млеко, целата маст се отстранува а потоа (во случајот на полумасното млеко) еден дел се враќа. За возрасните луѓе се препорачува во исхраната да користат производи од безмасно или полумасно млеко.
Под безмасно млеко се подразбира млеко со состав од млечни масти помали од 0.9%.
Времето потребно за овој десерт е 40 минути.
Состав
1 кг. посни кекси 1 кесичка пудинг од банана 1 кесичка пудинг од ванила 1 кесичка пудинг од карамела 100 г. шеќер 200 мл растителна павлака
Припремање
Згответе го пудингот со млекото по упатството на кесичката и така топло премачкајте го врз кексите. Во калапот редете еден ред кекси, па пудинг од банана, потоа втор ред кекси, па пудинг од карамела, трет ред кекси па пудинг од ванила и завршете со уште еден ред кекси. Оставете да се олади. Извадете ја тортата од калапот, украсете ја со шлаг или чоколадни трошки и послужете.
Дебелите луѓе кои се на диета, дијабетичари и сите оние кој мораат да бидат претпазливи со внесување на јаглени хидрати, во овој десерт наместо шеќер можат да користат некој од нискокалоричните вештачки засладувачи.
Изменето од Valerija - 27.Јули.2014 во 21:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Во добро изматен маргарин со шеќер, додадете едно по едно јајце. Брашното помешајте го со прашок за пециво и додадете го во смесата.
Одвоете една третина од смесата и во неа додадете мак, млеко, рум и цимет. Калапот за торта премачкајте го со масло и посипете брашно. Прво истурете ја жолтата смеса, а потоа и смесата со мак. Исчистените вишни додадете ги во смесата.
Печете во рерна на 180 степени, околу еден саат (доколку потемни колачот, покријте го со фолија). На оладениот колач посипете рендано чоколадо и шеќер во прав.
Состојки:
200гр маргарин
200гр шеќер
5 јајца
200гр брашно
Пола кесичка прашак за пециво
150гр мак
2 лажици млеко
2 лажици рум
2 лажички цимет
200гр вишни или цреши
Рендано чоколадо и шеќер во прав
Изменето од Valerija - 27.Јули.2014 во 22:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот