IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2014 во 13:42

Лесна торта со јагоди и јогурт готова за половина час


Летните горештини се приближуваат и токму поради тоа потребно ни е благо кое ќе не освежи. Оваа торта е едноставна, во која може да експериментирате и наместо јагоди да го ставете кое било овошје.



Потребни состојки:

  • 300гр, бисквити
  • 9 лажички шеќер во прав
  • 0.5л јогурт
  • 500гр јагоди (овошје по ваш вкус)
  • 3 кесички шлаг
  • 450мл млеко

Најпрво искршете ги бисквитите и одделно измешајте ги шеќерот и јогуртот, а потоа прелијте ги бисквитите и обликувајте ја тортата по ваша желба. 

За припрема на филот, изматете го шлагот со ладно млеко и поделете го на два дела. Во едната половина од изматениот шлаг додадете ситно исечкани јагоди и премачкајте ја тортата. Со остатокот од шлагот украсете ја тортата. Јагодите можете да ги замените со праски, банани, киви.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 20:22

СЛАДОЛЕД ТОРТА

14

За кора:

  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 3дл млеко

За фил:

  • 6 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 6дл млеко
  • 250гр маргарин
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 50гр чоколадо

За декорација:

  • 4дл слатка павлака

Подготовка:

Кора:

1. Белките изматете ги во цврст снег, а потоа додавајте постепено 6 лажици шеќер и матете додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете брашно и полека измешајте.

2. Калапот за торта обложете го со хартија за печење и сипете ја во него подготвената смеса за кора. Печете во загреана рерна на 175 С додека да поцрвени.

3. Печената кора додека е се уште топла прелијте ја со ладно млеко и оставете да впие.

Фил:

1. Соединете ги жолчките со 6 лажици шеќер и варете ја мешавината на пареа додека да се згусти. Потоа оставете да се олади, па додадете го маргаринот и изматете со миксер. Добиената смеса поделете ја на два дела.

2. Во помало тенџере сипете 2,5дл млеко, додадете 3 лажици шеќер и гответе додека да зоврие. Посебно изматете 0,5дл млеко со пудингот од ванила, па додадете го во млекото што врие и варете додека да се згусти. Во изладениот пудинг додадете половина од кремот со жолчки и изматете со миксер.

3. Во друго тенџере сипете 2,5дл млеко, додадете 1 лажица шеќер и варете додека да зоврие. Пудингот од чоколадо разматете го со 0,5дл млеко, па сипете го во млекото кое врие и варете додека да се згусти. Во топлиот пудинг додадете искршено чоколадо и мешајте додека да се растопи. Во добиената смеса додадете ја другата половина од филот од жолчки и изматете ги со миксер.

4. Изладената кора премачкајте ја со филот од ванила, потоа нанесете го филот од чоколадо и на крај украсете со шлаг од слатка павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 20:23

ТОРТА СО ЈАГОДИ

15

За кора:

  •  4 јајца
  •  125гр шеќер
  •  50гр брашно
  •  50гр нишесте

За фил:

  •  5дл млеко
  •  20гр желатин во прав
  •  3 жолчки
  •  5 лажици шеќер
  •  1 ванилин шеќер
  •  500 гр ситно сирење
  •  3дл слатка павлака
  •  500гр јагоди

За декорација:

  •  1 црвен прелив за колачи

Подготовка:

 

Кора:

1. Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег. Постепено додадете 50гр шеќер матејќи цело време.

2. Посебно изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер. Додадете го снегот од белки и промешајте.

3. На крај додадете го брашното и нишестето па измешајте.

4. Тркалезниот калап обложете го со хартија за печење и во него сипете ја подготвената смеса. Печете во загреана рерна на 200 степени.

Фил:

1. Желатинот прелијте го со 8 лажици вода и оставете го да набабри.

2. Млакото млеко измешајте го со жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го иситнетото сирење,желатинот ,шлагот од слатка павлака и измешајте.

3. Јагодите исечете ги на кругови и додадете ги во подготвениот фил.

Завршна постапка:

1. Печената кора вратете ја во калапот и врз неа исипете го филот.

2. Црвениот прелив за колачи подгответе го според упатството на кесичката и прелијте го врз филот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 17:43

МОЦАРТ ТОРТА

22

Состојки:
Тесто

  • 10 белки
  • 200 гр урми сецкани
  • 150 лешници сецкани
  • 1/2 пециво
  • 5 лажiца брашно
  • 2 лажици црн фил
  • 7 лажици шеќер

Фил

  • 200 чоколадо
  • 100 какао
  • 1 чаша шеќер
  • 2.5 чаши вода
  • 3 лажици густин
  • 1 путер
  • 10 жолчки
  • 1 литар млеко,
  • 2 чоколадни пудинга +10 лажици шеќер
  • 1 пакетче марципан

Подготовка:
Се матат белките со шеќерот да се направи цврст снег се додава останатото (сецканите лешници, урми, брашното, двете лажици од филот…). Се пече на хартија во плех од шпорет. Се сече на три ленти и филува.
Фил:
Млекото се вари со пудинзите и шеќерот и се остава на страна да се лади.
Путерот се мати пенесто без шеќер се додаваат жолчките, се мати се пенасто, се меша со пудинзите и на крај се додава оладениот црн фил т.е чоколадото. Се филува кора, фил, кора, кора од марципан, фил, кора и потоа целата торта се премачкува со хопла или доколку сакате да е целата чоколадна се прелива со стопено чоколадо.c

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:39
ПОДГОТВЕТЕ ГИ ЗА 15, А ИЗЕДЕТЕ ГИ ЗА 5 МИНУТИ!


Ова се наши три предлога за кои ќе ви бидат потребни само 15 минути. Испробајте ги уште денес!

Кога температурите ќе се приближат до 30-тиот Целзиусов степен, на никому не му паѓа на памет да се занимава со долго готвење и подготвување на храна. Но, тоа не значи дека не треба да подготвите и едноставни десерти кои ќе ве освежат и разладат на овие високи температури.

Ова се наши три предлога за кои ќе ви бидат потребни само 15-тина минути, а верувајте ни дека за да ги изедете ќе ви биде потребно многу пократко време!

Тирамису


Состојки:
 4 жолчки
 100гр шеќер во прав
 500гр меко сирење (маскарпоне би било идеално)
 250мл слатка павлака
 2 поголеми пакувања пишкоти
 2.5дл варено погусто црно кафе
 малку рум
 100гр какао во прав

Подготовка:
Сматете ги жолчките со шеќерот во прав и гответе на пареа додека смесата да се згусне. Кога смесата ќе се олади додадете го сирењето и повторно матете. Посебно сматете слатка павлака, па кон тоа додадете ја и претходно направената смеса и повторно матете со миксер. 

Пишкотите натопете ги во процеденото црно кафе во кое претходно сте го додале румот и наредете ги на тацна. Над нив ставете го филот, па повторно натопени пишкоти и остатокот од филот. На крајот наросете какао во прав.

Овошје во чаша


Состојки:
 ½л слатка павлака
 150гр боровинки
 150гр капини
 150гр малини
 200мл јогурт
 ½ кафена лажичка цимет
 1 кафена лажичка издробени ливчиња од лаванда

Подготовка:
Сматете ја слатката павлака и додадете го претходно измиеното овошје, јогуртот, циметот и листовите од лаванда. Сето тоа убаво да се измеша и да се стави во замрзнувач. Украсете по желба.

Чоко кремасти залчиња


Состојки:
 пакување готови кори од чоколадо
 кесичка шлаг со вкус по избор
 два реда чоколадо за готвење
 лажица вода или млеко

Подготовка:
Готовите кори исечете ги на ситни парчиња, а ако имате и некаков калап може да ги обликувате. Сматете го кремот според упатството, а над тоа премачкајте со растопено чоколадо. Ставете во фрижидер да се излади.

Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 22:50
Clipboard0111

Карамел колач


Состојки:

-300 гр. бисквити

-250 гр. карамел бонбони

- 1дл. млеко

-5 јајца

-200 гр. шеќер во прав

-150 гр. кикирики

-150 гр. млеко во прав

-250 гр. путер

За глазура:

-200 гр. чоколадо за готвење

-0,5 дл. масло

-0,5 дл. млеко

Подготовка:

1.Дното од правоаголната тепсија прекријте го со  бисквити.

2.Карамел бонбоните стопете ги во млеко и прелијте ги преку бисквитите за да ги омекнете.

3.Во соодветен сад соединете ги јајцата и шеќерот во прав, па гответе на пареа додека шеќерот не се стопи.

4.Во оваа смеса додајте го млекото во прав, промешајте и оставете смесата да се олади. Додајте го путерот и матете со миксер.

5.Кикириките исечете ги, додајте ги во смесата и полека измешајте.

6.Вака подготвениот фил нанесете го врз бисквитите и рамномерно распоредете го.

7.Во посебен сад соединете ги чоколадото, млекото и маслото, стопете ги на пареа и прелијте ги преку колачот.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2014 во 22:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 22:52
cokoladna-torta-1397909285-33624

Најчоколадна торта


За некои луѓе тортата не е торта ако не е чоколадна. Ви ја претставуваме најчоколадната торта.

Состојки:

За кора:

2 јајца

- 2 лажици брашно

- 2 лажици шеќер

- 2 лажици какао

- ½ вреќичка прашак за пециво

За фил:

2 чоколадни пудинга

- 400 мл млеко

- 400 мл слатка павлака

- 150 г. млечна чоколада

- 6 лажици шеќер

За прелив:

1 дл слатка павлака

- 100 г. млечна чоколада

Подготовка:

Јајцата и шеќерот изматете ги, додадете брашно измешано со прашок за пециво и на крај лажица какао.

Смесата ставете ја во намачкан плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Проверите со чепкалка дали кората е печена.

Печената кора извадете ја од рерна и кога ќе се олади малку прелијте ја со чоколадно млеко, и оставете ја да се стврдне. Пудингот згответе го со шеќер и млеко на вообичаен начин и оставете го да се олади. Слатката павлака изматете ја и помешајте ја со оладениот пудин и се измиксајте со миксер.

50г чоколадо изрендајте ги и измешајте ги во фил. 100 г. чоколадо стопете ги и полека ставајте во филот додека мешате со миксер се додека убаво не се соедини. Смесата ставете ја врз испечената кора и рамномерно распоредете ја.

Чоколадот и павлаката ставете ги во тава на лесен оган, и гответе мешајќи додека чоколадото не се стопи. Тргнете го од оганот и оставете малку да се олади а потоа ставете го преку тортата. Оставете ја тортата да се стегне неколку саати. Потоа тргнете го обрачот, сечете и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:04
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО МАЛИНИ

Чоколадо и малини во неописливо раскошна комбинација која не содржи брашно, а веруваме ќе ве воодушеви сите кои сте љубители на десертите.

Потребно:

 3 јајца
 120 г шеќер
 1 ванилин шеќер
 170 г стопен путер
 240 г стопено црно чоколадо
 200 г свежи малини (или одмрзнати)


Подготовка:

 Изматете ги јајцата со шеќерот и со ванилиниот шеќер, а кога смесата ќе стане пенива долевајте го растопениот путер постојано матејќи.

 Кога смесата ќе се соедини почнете да го додавате и стопеното чоколадо, а потоа полека додајте ги и малините.

 Печете го колачот на 170 степени, 30-35 минути. Почекајте да се олади па сервирајте.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2014 во 21:25

ОБЛАНДА “СЕДМО НЕБО“

4

Потребно:

3 листови обланда
9 белки
450 гр шеќер
240 гр ореви, крупно сецкани

За кремот:

9 жолчки
220 гр шеќер
250 гр маргарин (наместо маргарин може да употребите путер)

Подготовка:

- Во еден сад ставете 3 белки и 150 гр шеќер и изматете ги убаво со миксер да добиете цврст шлаг. Шлагот премачкајте го преку првиот лист од обланда. Посипете со сецкани ореви (околу 80 гр).

- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 15 минути.

- Истата постапка повторете ја три пати, односно испечете ги сите три листови обланда со шлагот и оревите на нив.

- Во меѓувреме подгответе го кремот. Ставете ги сите жолчки со шеќерот во еден сад и изматете ги убаво. Потоа кремот ставете го да се вари на пареа со постојано мешање додека не се згусне.

- Оставете го кремот да се излади малку па во него додадете еден изматен маргарин или путер.

- Потоа филувајте, односно врз првиот лист обланда премачкајте 1/3 од кремот. Одозгора ставете го вториот лист обланда и нанесете уште 1/3 од кремот. Повторете ја истата постапка и со третиот лист обланда.

- Готовиот колач ставете го малку да се излади и стврдне пред да го сечете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:12
ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА, МЛЕКО И ПУТЕР, НО СЕПАК СОЧЕН И ВКУСЕН

Состојки:
1,5 чаша остро брашно
3 лажици какао
1 чаша шеќер
1 лажичка сода бикарбона
Половина лажичка сол
1 лажичка алкохолен оцет
1 лажичка течен екстракт од ванила
5 лажици масло
1 чаша вода
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го садот за печење со масло кој би требало да биде околу 20 сантиметри, и во него додадете ги првите 5 суви состојки.
Во смесата направете три дупки, две мали и една поголема. Во едната мала додадете го оцетот, во другата мала дупка ванилата, и во третата, најголемата маслото.
Потоа додадете ја водата и добро измешајте за да се изедначи смесата.
Печете на средна решетка околу 35 минути.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:14
НАЈВКУСНИТЕ ЧОКОЛАДНИ “БРАУНИ“ КОЛАЧИ

Состојки:
200 гр чоколадо за готвење, искршено на ситни парчиња
100 гр бело чоколадо, искршено на ситни парчиња
200 гр путер
200 гр кафен шеќер
4 јајца
140 гр брашно
50 гр какао
200 гр замрзнати малини
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење. Стопете го црното чоколадо, путерот и шеќерот на водена пареа при што постојано треба да мешате. Кога ќе е готово тргнете го садот од оган.
Додадете ги јајцата едно по едно, во смесата и мешајте. Додадете ги потоа брашното па какаото и повторно мешајте при тоа. Додадете половина од малините и белото чоколадо. Префрлете ја добиената смеса во садот за печење. Додадете ги од горе преостанатите малини. Печете на средно ниво околу 35 минути. оладете го десертот пред сервирање.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 23:22

ГРИЗ КОЦКИ

3

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

 Кора

* 1/2л вода

* 1/2л млеко

* 200гр шеќер

* 200гр гриз

* 100гр чоколадо

Фил

* 1л млеко

* 4 пудинга од ванила

* 10 лажици шеќер

* 150гр маргарин

* 2дл слатка павлака

За чоколдната глазура

*150гр чоколадо

*3 лажици масло, 50гр маргарин

*2 лажици шеќер во прав

*5 лажици млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За подлога сварете гриз во комбинација со вода и мелеко со шеќер. Откако гризот ќе се згусне додадете го изренданото чоколадо, добро измешајте додека не се стопи и додека целата смеса не стане еднолично чоколадна. Во лим со средна големина премачкан со путер додадете ја полутечната смеса од гриз. За кремот сварете околу 7-8дл млеко а остатокот измешајте го со пудингот и шеќерот. Сварете ги пудинзите на класичен начин. Во изладениот пудинг изматете со миксер маргарин и цврсто изматена слатка павлака. Со кремот премачкајте ја подлогата од гриз. Се добро изладете и нанесете ја чоколадната глазура која се прави така што чоколадото се топи и се меша со маслото, маргаринот, шеќерот и мелкото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 21:59
gude

Бинго торта


Полномасно млеко има околу 3-4% масти. За полу-обезмастено и обезмастено млеко, целата маст се отстранува а потоа (во случајот на полумасното млеко) еден дел се враќа. За возрасните луѓе се препорачува во исхраната да користат производи од безмасно или полумасно млеко.

Под безмасно млеко се подразбира млеко со состав од млечни масти помали од 0.9%.

Времето потребно за овој десерт е 40 минути.

Состав

1 кг. посни кекси
1 кесичка пудинг од банана
1 кесичка пудинг од ванила
1 кесичка пудинг од карамела
100 г. шеќер
200 мл растителна павлака

Припремање

Згответе го пудингот со млекото по упатството на кесичката и така топло премачкајте го врз кексите. Во калапот редете еден ред кекси, па пудинг од банана, потоа втор ред кекси, па пудинг од карамела, трет ред кекси па пудинг од ванила и завршете со уште еден ред кекси. Оставете да се олади. Извадете ја тортата од калапот, украсете ја со шлаг или чоколадни трошки и послужете.

Дебелите луѓе кои се на диета, дијабетичари и сите оние кој мораат да бидат претпазливи со внесување на јаглени хидрати, во овој десерт наместо шеќер можат да користат некој од нискокалоричните вештачки засладувачи.



Изменето од Valerija - 27.Јули.2014 во 21:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 22:20
2

Вкусен колач со мак и вишни

Подготовка:

Во добро изматен маргарин со шеќер, додадете едно по едно јајце. Брашното помешајте го со прашок за пециво и додадете го во смесата.

Одвоете една третина од смесата и во неа додадете мак, млеко, рум и цимет. Калапот за торта премачкајте го со масло и посипете брашно. Прво истурете ја жолтата смеса, а потоа и смесата со мак. Исчистените вишни додадете ги во смесата.

Печете во рерна на 180 степени, околу еден саат (доколку потемни колачот, покријте го со фолија). На оладениот колач посипете рендано чоколадо и шеќер во прав.

Состојки:

  • 200гр маргарин
  • 200гр шеќер
  • 5 јајца
  • 200гр брашно
  • Пола кесичка прашак за пециво
  • 150гр мак
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици рум
  • 2 лажички цимет
  • 200гр вишни или цреши
  • Рендано чоколадо и шеќер во прав


Изменето од Valerija - 27.Јули.2014 во 22:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.