|
До каде секогаш може подобро ? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
janevzoran1
Сениор Регистриран: 21.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Јуни.2014 во 03:37 |
|
Позната е изреката /секогаш може подобро/; но, до каде ? до бесконечност ? до каде секогаш може подобро ?
(на пример, во сликарството: секогаш може да се нацрта подобра слика); |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
А зарем има крај во тоа? Зарем има некоја последна станица?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
sekade moze podobro
no ima i posledna stanica
a toa e momentot koga ke go napustime ovoj svet
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13942 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,,nikogash nema posledno neshto,,,i posle toa ,,ima onoa,, ,,,napushtanjeto duhovno imaterijalno e samo transformacija na podruga sostojba na duhot i materijalnoto,,,, ,,"nishto nema kraj",,, ,,,iPS,,okolu se podobro,,, ,,,mona liza e dena edinstvena,,apropo,,,vo nekoi oblasti se dostignuva maximumot,dodeka od prvata elektrichna centrala na nijagarinite vodopadi na Tesla ,,pa do deneshnive dostignuvanja im nema kraj ,,,a i krajot ne se gleda i vo mnogu drugi oblasti ,,,, ,,,nema crno belo ,,,se e sivo,, Изменето од pajser - 20.Јуни.2014 во 13:11 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека на почетокот на оваа дискусија би требало да направиме една јасна дистинкција помеѓу материјалното и духовното.
Верувам дека на авторот на оваа тема првенствено му било овој проблем да се гледа од „материјалната“, а не од „духовната“ страна. (Ако грешам, нека ме поправи.) Затоа сакам оваа дискусија да ја насочам кон оваа, материјална страна. Да, секогаш ќе има нешто подобро, но сепак, тоа е можно во одредени области. Има области каде тоа, едноставно, не е можно. Да се потсетиме на перформансите на првиот телефон на Бел и овие денешниве. Или на првиот телевизиски приемник ... или на автомобилите, велосипедите, авионите, градежните објекти ... и сите други техички изуми. Неспорно е дека од технички аспект денешниве се многу подобри. Но сосема друга работа е кога се работи за одредени области како што се уметноста, архитектурата ... Тука веќе се работи за вкусови. За некој Мона Лиза е совршенство. За мене совршенство се пештерските цртежи на праисториските луѓе. Мислам ми ја сфаќате алузјата. Исто се однесува и за изгледот на зградите. Треба ли тука да ги спомнам различните гледишта за убавината на спомениците! Дека некои работи неможат да се подобрат, а кои не спаѓаат ниту во техникчката ниту во уметничката област, се и човечката физичка моќ. За пример да го земеме трчањето на 100 m. Сега засега Усеин Болт е најдобар. Подобро од него би можел да трча уште некој друг, но тоа би било во десетинки од секундата. Да, ќе речете и тоа е подобро. Но до каде ќе биде физичката моќ, способност на човекот? Дали тој ќе може да трча да речеме под 8 секунди?! Верувам и убеден сум дека тоа не е можно. Едноставно физичката конструкција тоа не му го дозволува. Тоа би значело дека неможе да се биде подобро од тие 8 секунди. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Никогаш не речи - никогаш.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Секогаш може подобро.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
janevzoran1
Сениор Регистриран: 21.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На absolutearts.com има пародиски натпревар за што поглупа слика. Како пример за многу глупа слика наведена е Мона Лиза.
Гледајќи ги денешните дигитални слики, Мона Лиза е, навистина, глупа слика. Друго е тоа /о укусима се не расправља/. Исто така, се' уште останува отворено прашањето /дали постои објективна (несубјективна) убавина, или не/. |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека мора да се направи разлика.
Една работа е дали е нешто убаво, а друга е дали е нешто добро. Па, слетствено на тоа, нештата да бидат поубави или подобри. Гледам дека и во овој пост некако ги поистоветуваш овие работи и работата ја вртиш кон уметноста т.е. кон убавината во уметноста. Дали може да има нешто подобро во уметноста? Или поточно, дали може да има нешто подобро во убавината!? А токму во таа област, според мене, неможе нешто да биде подобро. Тоа е чисто субјективна работа. Токму поради таа субјективност во оценувањето на убавината, луѓето имаат различни модели на телефони, автомобили, уметнички слики, девојки, жени ... Кој ќе рече дека неговата жена не е нај убава* Ај да не ги спомнувам повторно праисториските луѓе и нивните цртежи по пештерите. Да ги земеме на пример децата од 3-4-5 годишна возраст. Зарем не е преубава уметност тој детски мозок да нацрта една куќичка со врата, прозорец, покрив, оџак и едно дрво до неа?! Кој тоа ќе го оспори дека не е убаво? Зарем ќе се најде некој кој ќе рече дека еден таков цртеж е поубав од друг, од некое друго дете? Да, знам, сите ќе речете дека има натпревари по цртање каде сепак одбираат убави, поубави и најубави цртежи. Само, по кој критериум/и тие „стручњаци“ (т.н уметници) ја оценуваат детската имагинација? Како тие деца самите си ја претставуваат убавината?! Значи, во областа на уметноста, токму поради субјективноста, во убавината неможе да има поубаво и понеубаво. Друга работа е техничката страна на уметноста. Пример квалитетот на боите, платната ... нивната трајност ... Тука може да се дискутира за полоши или подобри бои, платна и други работи. Една мала анегдота. Пред многу години во велешкиот ликовен салон имаше изложба на која, покрај другите дела, беше изложено и едно ептен уметничко дело. Три геометриски слики на квадрат, правоаголник и триаголник, секоја со по една боја. Димензиите им беа некаде 4-5 cm, а беа поставени како да си ги истресол од ракав. И луѓето се собрале пред тоа страшно уметничко дело, зјапаат во него, се ѕверат, вртат со главите сакајќи да го видат од различна перспектива ... нешто мумлаат, брборат меѓу себе, климаат со главите, небаре чиниш нешто разбираат од тоа што го гледаат... За мене тоа беше врв на глупоста, ама ете, за нив тоа е уметност и, неможам да им го оспорам тоа нивно право! И сега, во контекст на оваа дискусија, може ли некој друг да направи некое друго такво дело кое ќе биде поубаво (не подобро) од споменатово? * - Уф ... што има една комшика ... абе да ја грабнеш да бегаш ... ама како да се откачам од она што погоре го пишав! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога зборуваме за уметност секој различно ја восприма истата бидејки
субјектите си имаат различни афинитети па кога набљудуваме,оценуваме или треба да го откриеме скриеното во уметничкото дело ,поради различното перцепирање доживувањето е различно кај секој од нас. Работам со графика и од стално ме привлекувале едноставните работи кои со првиот поглед знаат да остават впечаток,а тоа е најтешко да се направи. Ние имаме стално потреба за докажување и подобрување на нештата бидејки тоа го води цел систем напред но на прашањето дали тоа што ке се направи подобро ке има успех зависи од времето на негово појавување, неговата утилизација и дали ке предизвика импулс на целната група. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Ако прифатиме дека бесконечноста е реалност, тогаш логички мора да прифатиме дека и подобрувањето оди до бесконечност. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
janevzoran1
Сениор Регистриран: 21.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Познато е дека тоа што може да се нацрта на компјутер, не може да се нацрта со рака. И во сегашно време има големи таленти за сликарство. Тоа што сакам да го кажам е: да имале Леонардо да Винчи, Микеланџело, Пикасо, Салвадор Дали,..., компјутери - којзнае колку убави (дигитални) слики би нацртале ОНИ. Изменето од janevzoran1 - 12.Јули.2014 во 04:42 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Можеби ДА, можеби НЕ… оти ако беше сигурно ДА, тогаш истото би важело и за денешните ументици кои работат со четка и платно… ама секојдневното искуство ни кажува дека добриот ументик со четка не мора да биде и добар уметник со компјутер. Сепак се работи за различни алати, медијуми и афинитети. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
janevzoran1
Сениор Регистриран: 21.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
(тоа се подразбира); |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |