IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Скопје најубавиот град во светот!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Скопје најубавиот град во светот!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 303132
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2014 во 23:57

 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2014 во 18:32
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

беше најубав..сега е пашалак на Минчо и сличните на него....


Кај си ме вратил со оваа слика.
Израснав во оваа шума,позади Ремедика денес.
Тогаш беше Железарска болница само.
Ама игралиштево враќа спомени на тоа Скопје што го сакав.
Па тука одма и боксерскиот клуб Скопје...
А ова што сега се случува...Некој еднаш го вети,
ќе се вратело железарското сонце и сите му ракоплескаа.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2014 во 18:37
Аха, јас она секој ден го гледам од балкон и се чудам дали има спас за нас. Очигледно нема.
Не сум многу блиску до Железара, ама доволно за да го видам.
Парк шума, мх мх, загадена парк шума. Посупер не може да биде. Нашето чудесно Скопјесршено срце
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2014 во 21:33


го прочитав текстот на едно место , па онака генерално го пренесувам тука....

НЕКОИ НОВИ ГРАЃАНИ

Шо праиме бе, браќа Скопјани?
Знам дека сме малку, ама не има ВО СКОПЈЕ, градот што некогаш беше наш, кого се уште неизмерно го сакаме.
Да, некогаш…
…кога се знаеја скопските семејства, кога постоеше некој друг етички систем, кога домашното воспитание беше “Оче наш”, кога учителките беа закон, кога истите ни доаѓаа дома на локум и на кафе, кога имаше часови по физичко, кога одевме по ексК*рзии во Сарај, кога во школо носевме ужинки, кога истите ги делевме со нашите незаборавни другари, другарки, симпатии, кога читавме “Кекец”, кога паѓавме у несвест на утакмиците на Вардар у парк, на незаборавните неделни попладниња и радиопреносите од сојузната фудбалска лига, па одевме на ќебап во Идадија, Кермес, Езерце, на првата пролетна “мимоза” со мастика кај урбаната легенда Славе Биљбиљ у “Тениско”, па кај ненадминатиот шармер и шмекер Баце Крап во старото бифе на “Драмски”, кога купувавме патики строго во “Словенијаспорт”, фармерки во Солун, па после и во “Клуб 77″, „Лондза”, кога лижевме сладолед “Ескимо” на стапче, кога носевме цвикери “социјалки” од “Геталдус” на рецепт, кога џвакавме “рин-тин-тин” и “базука Џо” мастики, па ја градевме (како кој) смислата за хумор врз ненадмашните стрипови “Алан Форд” исклључиво на хрватски пријевод, кога игравме џамлии, народан, долга магарица, фота, собиравме сликици “Ото-Мото”, кога имаше само еден Дедо Мраз, кога неделниот ручек беше светиња…
И, ај да не обесувам многу, зашто ми е тешко на скопскава душичка (од човека).
Ми се плаче, црни мисли ме морат, ова веќе не се трпи.
Скопје веќе го нема, скопјаните ги избуткаа по драчева, пинтии, аеродроми, голи гузици, нови лисича…
Луѓе, ова е класична инвазија на Новиот Градски Поредок, победа на миграцијата село-град, но, ако ја добија битката, ние никако нема да им дозволиме да стасаат и до конечниот триумф во генералниот пласман.
А, бе, не можам да сфатам што ги тера тешкиве граѓани, директ од опинок, своите нозе да ги втераат во тесна ципела и–правац Водно.
Ни мање, ни више.
Ако на времето Џока Балашевиќ пееше за “некои нови клинци”, скопјаните ќе треба да испеат антихимна за Некои Нови Граѓани и за нивната страотна опсада и инвазија на Водно.
Што мајка бараат на планинчево наше и така загадено?
Страшниот проблем е тоа што ННГ никогаш нема да сфатат (не можат) дека со тоа што се населија во Скопје и на Водно, не ќе ги загубат градските навики.
Тие, не се перат ни со шмрк, камо ли со “џакузи” и во “базенти”.
Не ги вадат ни кожни гаќи, ни гувернанти, ни тениси, ни масажи, ни сауни, маникирки/педикирки, ни концерти, ни џезови, ни филмови, ни претстави, кога аплаудираат сред изведба, ждригаат (не намерно, тоа организмот си работи), се клештат неартикулирано, испуштаат некакви изненадни јауци (по прејадување), како некој да им акнал бокс у плексус, се прскаат со парфеми секој ден, а се бањаат строго во сабота на евтина струја, се такмичат у гаѓање со кеси ѓубре одозгора… и така.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 14:43
Го гледам видеово,и освен што немаме трамвај...
Чудо едно колку Скопје наликува на Њу Јорк во 1928-ма.
Дури и кај нас таксистеите знаат англиски.

Изменето од Орка - 19.Јуни.2014 во 14:43
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 23:45
Originally posted by Орка Орка напиша:

Го гледам видеово,и освен што немаме трамвај...
Чудо едно колку Скопје наликува на Њу Јорк во 1928-ма.
Дури и кај нас таксистеите знаат англиски.
чим сме како ова значи сме напреднале газење од смеење
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 13:26
Ма ајде бре со ваков народ,една работа до крај не можеме
да ја истераме...Да не беа оние протести сигурно ќе го
земевме првото место.И после некој ни е крив.
Скопје втор НАЈ град во Европа.Само напред,има време.
Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 19:58
1o70 talkaci niz Skopskive ulici...
NEKA VI E VECNA SLAVA
Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2014 во 18:29
Ne mora da e najubav...
No,go imaat li pogledot od Vodno,
kaj so Svetlinata go pokriva ko pred spienje...
Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2014 во 19:16
Ja ne se ljutam na onie so go okupiraat Skopje,posto e normalno sekoj da
bara bolji zivot,No im se cudam i im se ljutam na onie so go napustaat...
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2014 во 21:08
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2016 во 13:56
Ако не сте знаеле, да научите!голема насмевка
Морам да признаам, не знаев за Лисиче ..

Како ги добиле своите имиња скопските општини, населби и маала?


Сигурно некогаш сте се запрашале како ги добиле своите имиња денешните скопски општини, населби и маала. Можеби сте се подзамислиле од кое време потекнуваат имињата, им се менувале ли во зависност од периодот, од демографските карактеристики.  За голем дел од имињата постојат неколку кажувања, верувања, приказни од хроничари.

Во овој случај, за потеклото на имињата и нивното значење се користени информации од книгата „Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) - од етнолошки аспект“ напишана од авторите Алла Качева, Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска.

Се чини, многумина знаат дека Аеродром, една од поновите општини, го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај сегашната поликлиника „Јане Сандански“. Првиот патнички авион таму слетал на 15 јуни 1928 година, бил од типот „потез 29“ од француско производство и превезувал пет патници. Аеродромот бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.

Денешната Општина Чаир, пак, името го добила од Турците и потекнува од турскиот збор cair што значи ливада. Всушност, територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и наликувала на ливада, па оттаму и името на општината.

Автокоманда е крстена според касарната на српската војска „Аутокоманда“, која се наоѓала во овој дел на Скопје. Касарната била изградена 1914 година и служела за стационирање на српската војска. Неколку години подоцна и целата новоподигната населба го добила името Автокоманда.

Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина Кисела Вода е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода. И, токму така. Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин. На местото каде што денес се наоѓа црквата „Свети Никита“ извирала кисела вода. 

Општина Гази Баба, пак, своето име го добила, не поради тоа што некој газел баба, туку според името на османлискиот кадија, научник и поет од 16 век Ашик Челеби, познат кај народот како кадија Гази Баба. 

Општина Ѓорче Петров пред да го добие името на големиот македонски револуционер, се викала според францускиот генерал Ханрис и бугарскиот генерал Жостов. Денешната населба Ѓорче Петров е создадена непосредно по Првата светска војна, како предградие на град Скопје. До Ѓорче се стигало само со познатото „вовче пампурче“. 

Од скопските маала, односно населби, како поинтересни се издвојуваат имињата на Маџир Маало, Дебар Маало, Топаана, Буњаковец, населба Драчево...

Една од најстарите скопски населби, Маџир Маало, името го добива според богатите доселеници кои граѓаните ги викале маџири. Всушност, првото име на денешно Маџир Маало било населба Вардар, бидејќи куќите биле подигнати покрај течението на реката. Таа населба била првата која ги исполнувала критериумите за урбана населба. Но, кон крајот на 19 век со доселувањето во овој дел од Скопје на богаташи кои своето богатство го стекнале за време на турските војувања во христијанските земји, главно во Мала Азија и на Балканот, населбата го добива името Маџир Маало. Во ова маало се наоѓале најубавите куќи во тогашно Скопје, односно Маџир Маало била најелитна населба во Скопје. 

Дебар Маало го добива името според градот Дебар, од каде што потекнувале првите жители кои го населиле овој дел на Скопје. Откако во 1918 година делови од Западна Македонија припаднале на Албанија, голем број македонски семејства биле принудно иселени од своите домови. Дел од нив се доселиле во Скопје и во Дебар Маало изградиле нови домови. 

Топаана била местото каде што турската војска ги поправала топовите, па оттаму османлиите овој дел од Скопје го нарекле поле на топовите, или на турски Топхана. Тапаана била подигната веднаш штом османлиите го окупирале градот.

Населбата Буњаковец е една од оние која го носи името по угледна и богата фамилија од тоа време. Населбата го добила името на фамилијата Буњак, во чија сопственост биле поголем дел од парцелите на кои се граделе првите куќи. Целото земјиште во овој дел од Скопје било сопственост на неколку фамилии, меѓу кои најпознати и најбогати биле Буњаковци. 

Селото и населбата Лисиче се крстени според малото место Лисичка каде што почнале да се градат првите куќи на селото Горно Лисиче. Но, во 1900 година надојдените води на Маркова Река ги поплавиле нивните куќи, па жителите се повлекле погоре во месноста каде што имало лисици и која била наречена Лисичка. Жителите малку го измениле името на новото место за живеење и ги крстиле Лисиче.

Селото и населбата Драчево името го добиле според трнливото растение драч, кое го имало во изобилство во овој дел од градот. Според усните преданија, настанувањето на Драчево е поврзано со месноста Салаково на планината Караџица.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 303132
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.