|
DIY-Осветлување во домот и дворот |
Внеси реплика |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Јуни.2014 во 21:50 |
Направи сам: Романтично осветлување во дворотАко веќе ви здодеа од обичните светилки за во двор и сакате нешто уникатно и впечатливо, тогаш подарете му на вашиот двор едно поинакво осветлување. Со малку слободно време можете да заштедите на скапите осветлувања и да направите нешто со кое ќе можете да се пофалите, а и да се гордеете на одлично завршената работа. Инспирирајте се од овие неколку идеи и фатете се за работа: Иако изгледа тешко за изработка сепак овој проект е многу лесен и едноставен. Мали се шансите да го згрешите при изработката, а она што добивате е изненадувачки совршено осветлување за дворот. Најдете некој стар хулахоп и обвијте го со фабричка лента, а околу него поставете ги светилките. Додајте синџири, жица или лента на хулахопот за да го прицврстите на плафонот и проектот е готов.
Додајте доза романтика во дворот со овие едноставни светилки направени од тегли. Направете десетина, поставете ги во тревата или закачете на огразата и ефектот ќе биде одличен. Во теглите ставете камчиња, а одозгора ставете ја свеќата. На капаците од теглите додадете синџирчиња доколку сакате некаде да ги прикачите или можете да ги поставите на земја околу масата во дворот.
Искористете ги старите конзерви за да направите осветлување во вашиот двор. Тие се одлични за да ги поставите на вашата маса и да уживате во летната ноќ гледајќи во ѕвездите. На старите конзерви направете ситни дупчиња, а во нив ставете мали свеќички. Низ малите дупчиња ќе излегува нежна и романтична светлина.
За рустикален изглед во вашиот двор земете неколку трупци од дрво. Исечете ја во круг средината на дрвото, но не премногу длабоко, а потоа додајте вода. Со помош на водата свеќичките ќе пловат слободно и ќе дадат еден поинаков светлосен ефект. За уште поинтересен изглед додајте неколку листови од дрвја до свеќите.
Наместо да ја отстранувате гранката во дворот која ви пречи, зачувајте ја и искористете ја за нешто уште подобро. Потребни ви се обични дворски светилки кои ќе ви завиткате околу растенијата во дворот и добивате уникатно решение за вашето дворско осветлување.
Ова е уште една невообичаена, уникатна и евтина идеја за додавање светлина во дворот. Обојте ги ситните каменчиња или било што ќе ви падне на ум со флуоресцентна течност или боја. Расфрлете ги низ дворот или наредете ги по патеката, а во текот на ноќта тие ќе го осветлуваат вашиот простор.
Оваа идеја можете да ја искористите за некоја посебна пригода во вашиот двор. Набавете си многу мали светилки и поврзете ги со жица или лента. Потоа обесете ги низ вашата градина во различна висина и на различни места. Ќе добиете одличен романтичен изглед во текот на целата ноќ. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2. Осветлување во тегла
Додајте доза романтика во дворот со овие едноставни светилки направени од тегли. Направете десетина, поставете ги во тревата или закачете на огразата и ефектот ќе биде одличен. Во теглите ставете камчиња, а одозгора ставете ја свеќата. На капаците од теглите додадете синџирчиња доколку сакате некаде да ги прикачите или можете да ги поставите на земја околу масата во дворот И не заборавајте да избушите дупки на капаците, бидејќи порано или подоцна кислородот во теглата ќе се потроши и свеќите ќе згаснат...и такој.... |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Интересни и креативни ламбиСо искорисување на секојдневните предмети, малку вештина и трпение за кратко време во вашиот дом ќе добиете одлични ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност. За одреден дел од овие ламби ќе ви бидат потребни рециклирачки материјали, така не само што вашиот дом ќе добие нов изглед туку и ќе бидете задоволни кога знаете дека сте допринеле за зачувување на природата. Проектите „Направи сам” се интересни и предизвикувачки, па наместо да потрошите илјадници на нова ламба заштедете и направете си сами, брзо и едноставно. За оваа ламба потребно ви е големо пластично шише и многу пластични лажички. Исечете ги дршките од лажичката и со лепило зацврстете ги за шишето. Дното од шишето исечете го бидејќи низ тој дел ќе ја внесете сијалицата. Добивате интересна и впечатлива ламба.
Не постои некој кој веднаш не би ја забележал токму оваа ламба од закачалки. Земете бандаж од некој стар велосипед и на него прикачете закачалки кои може да бидат дрвени или пластични.
Доколку сакате нешто сосема поинакво што би го истакнало вашиот авантуристички дух, тогаш оваа ламба е создадена за вас. Направете топка од жици кои меѓусебно ќе бидат преплетени, а потоа набавете гранчиња чија намена е за украсување на домoт. Употребете спреј во бела боја и офарбајте ги парчињата со кои работите. Овие два дела спојте ги и не заборавајте да оставите простор за сијалицата. Не ви треба премногу јака сијалица, колку послаба толку поголем ќе биде ефектот на шума во собата.
Една од највпечатливите во оваа листа е токму оваа ламба која е направена од шешири. Овој тип ламби би изгледале одлично во просторија со полица за книги. Доколку домот ви е во боемски стил ова е нешто што мора да го имате. Исечете го горниот дел од шеширот, онолку колку што ви е потребно за да помине кабелот во кој ќе ја приклучите сијалицата. Внимавајте на пропорциите бидејќи сијалицата ќе ги држи шеширите. Поставете повеќе од една ваква ламба за повеќе светлина во просторијата.
Време е за промена во кујната, а за да постигнете промена направете ги овие едноставни ламби од неколку рендиња. Оваа ламба е многу интересен додаток за кујнската просторија. Направете дупки во рендињата каде што би поминувале каблите од сијалиците, а од нивната долна отворена страна спојте ги со мала светилка.
Заспивајте под облаците. Ова е уште една интересна ламба која може, но и не мора да биде само за во детската соба. Лесна е за правење, а со сигурност ќе направи еден посебен осветлувачки ефект. Главниот облак зад кој ќе стои сијалицата е направен од дрво и зад него можете да го поставите главниот притискач за оваа ламба.
Отворачите на лименката се поврзуваат една со друга на веќе однапред направена форма од жица каде ќе биде сијалицата и кога целата основа ќе ја потполните со овие желевца, на тој начин добивате мала ламба за на работна маса.. Можеби вашата нова купена ламба никој нема да ја забележи, но овие рачни изработки нема да останат незабележани. Со малку труд ќе го добиете посакуваниот резултат. Која од овие ламби ја посакувате во вашиот дом? |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Висечка ламба од една сијалица во 5 чекориАко ви недостасува светлина во домот, тогаш направете си ја оваа интересна и несекојдневна ламба која нема да ви зафати воопшто простор, а е одличен декоративен детаљ кој се вклопува совршено во секој ентериер. За изработката на оваа ламба не ви е потребен алат, туку само малку труд и многу фантазија:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Обичната ламба претворете ја во фантастичнаВо секој дом е убаво да се има барем еден креативен детаљ, а тоа може да биде и вашата здодевна, обична ламба... Со помош на неколку хартиени чинии, вашата ламба ќе доживее целосна модерна трансформација и ќе ви стане омилен предмет во домот.
Половина од чиниите (25) превиткајте ги на половина и на работ повлечете паралелни линии кои ќе бидат оддалечени 0,5cm од средината.
Со ножици исечете ги чиниите по повлечената линија за да добиете два еднакви полукруга.
Другата половина од чиниите (25), свиткајте ги како на сликата. Така добиените чинии премачкајте ги со лепило и залепете ги за капата на ламбата. Чиниите лепете ги една до друга, додека не ја залепите целата ламба и потоа оставете ги да се исушат.
Откако лепилото ќе се исуши, подготвените полукругови треба да ги залепите на чиниите кои веќе се наоѓаат на оквирот и тоа од двете страни, по самиот раб, така што средината ќе остане празна.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативностСо искорисување на секојдневните предмети, малку вештина и трпение, за кратко време во вашиот дом ќе добиете одлични ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност. За одреден дел од овие ламби ќе ви бидат потребни рециклирачки материјали, така не само што вашиот дом ќе добие нов изглед, туку и ќе бидете задоволни кога знаете дека сте допринеле за зачувување на природата. Проектите „Направи сам” се интересни и предизвикувачки, па наместо да потрошите неколку илјади на нова ламба, заштедете и направете си сами, брзо и едноставно.
Не постои некој кој веднаш не би ја забележал токму оваа ламба од закачалки. Изгледа впечатливо и забавно, а сијалицата можете често да ја менувате во различни бои. Начинот на изработка е лесен и едноставен.
Доколку сакате нешто сосема поинакво што би го истакнало вашиот авантуристички дух, тогаш оваа ламба е создадена за вас. Иако изгледа комплицирано, со уште еден пар раце од вашите пријатели со сигурност ќе успеете да создадете сопствена шума во домот.
Ви здодеа старата „диско топка” од забавите на отворено? Направете ја следната забава во вашиот или дворот на некој од вашите пријатели, со нешто ново кое сите ќе ги воодушеви. Оваа ламба е направена од делови од велосипед и дава спектакуларен светлосен ефект.
Една од највпечатливите во оваа листа е токму оваа ламба која е направена од шешири. Овој тип на ламби би изгледале одлично во просторија со полица книги. Доколку домот ви е во боемски стил ова е нешто што мора да го имате.
Време е за промена во кујната, а за да постигнете промена направете ги овие едноставни ламби од неколку рендиња. Оваа ламба е многу интересен додаток за кујнската просторија.
Направете нешто добро со старите миленца од вашите баби и поставете ги да го осветлуваат вашиот дом. Оваа ламба би била одлична за детската соба.
Заспивајте под облаците. Ова е уште една интересна ламба која може, но и не мора да биде само за во детската соба. Лесна е за правење, а со сигурност ќе направи еден посебен светлосен ефект.
Не ги фрлајте празните лимени, наместо тоа, од нив изработете ламба за вашата работна маса. Оваа ламба се изработува од самиот отварач на лименката, а вие ќе имате уникатно осветлување. Можеби вашата нова купена ламба никој нема да ја забележи, но овие рачни изработки нема да останат незабележани. Со малку труд ќе го добиете посакуваниот резултат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КРЕАТИВНОСТ И ЕЛЕГАНТНОСТ ВО ЕДНА РОМАНТИЧНА АТМОСФЕРАОвие декоративни свеќи се направени специјално за романтични парови, за ноќите кои секој пар ги доживува различно. Една капка креативност, еден сон, една идеа и свеќите се "облечени" во облека дизајнирана од хартија и превез,залепени со специјално лепило кое кога ќе се исуши станува проѕирно.За нивна декорација не е потребно многу време, но со финалниот резултат ќе ја имресионирате секоја романтична душа и секој мечтател. Можете да користите светли бои (портокалова, црвена и жолта, но и комбинации меѓу овие бои) - бои на сончевата светлина, но и ладни бои (плава, зелена и светло виолетова) - бои на небото и водата. Но исто така можете да ги измешате ладните со топлите бои, или да направите светлите бои да бидат доминантни, а ладните бои да ви послужат за детали. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Елегантен лустер од стари сијалициПонекогаш не е неопходно да вложите многу пари за да постигнете луксузен ефект. Истото можете да го постигнете и доколку искористите некои стари елементи и малку повеќе вештина.. За да направите луксузен лустер од стари сијалици потребни ви се неколку работи и да ја следите постапката чекор по чекор.
Добро е тоа да го направите над кантата за отпадоци или некоја подлога за во случај да ја скршите сијалицата, парчињата стакло да паднат на едно место. Нежно повлечете со скалпелот додека не слушнете како се крши стаклото, Отстранете ги скршените делови со клешти, а потоа истресете ја сијалицата во случај да има заостанати парчиња.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАПРАВЕТЕ САМИ: РОМАНТИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ОД ГРАНЧИЊАПотребно ви е:
Постапката е следна: Надувајте го балонот и ставете ја ќесата врз него, за полесно да го отстраните кога се ќе се заврши. Полека започнете со лепењето на гранчињата во форма како што е прикажано подолу. Оставете да се исуши убаво, ако е потребно и 24 часа, а потоа дупнете го балонот и отстранете го. Најлесно ќе поминете доколку го исфарбате овој украс со спреј, но може да пробате и со боја. Оставете добро да се исуши, а потоа уживајте во прекрасното осветлување. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |