Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Мај.2014 во 07:57 |
Без миксер и рерна: Чоколадни тортички готови за минута
Ви се допаѓаат чоколадните десерти, а немате време или пак знаење како да подготвите нешто вкусно и благо. Тогаш овој рецепт е како создаден за вас. За подготовка на овие чоколадни мафини не ви треба ниту рерна ниту миксер, а готови се само за 60 секунди. Потребни состојки: - 2 лажици какао во прав
- 3 лажици брашно
- 2 лажици шеќер
- Малку сол
- ¼ лажица прашок за пециво
- 2 до 3 лажици масло (растително, маслиново или кокосово)
- 3 лажици млеко
- ½ лажица екстракт од ванила
Подготовка:
Сувите состојки (какаото, брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта) истресете ги во сад и добро измешајте ги.
Додадете ги останатите состојки (маслото, млекото и екстрактот од ванила) и сетоа тоа заедно добро измешајте го додека состојките не се поврзат во воедначена смеса.
Со смесата наполнете ги калапите за печење или чашите за кафе, ставете ги во микробранова печка и печете 40 до 60 секунди.
Чоколадните тортички извадете ги од калапите, ставете ги на чинија и послужете ги со шлаг, овошје или чоколаден прелив.
Совети: - Колачите во средината мораат да останат меки
- Ако немате микробранова, колачите можете да ги подготвите и во рерна. Загрејте ја рерната на 180 степени, а печете од 3 до 5 минути, во зависност од големите на калапите.
- Најдобра проверка за тоа дали десертот е готов е секоја минута со прст да ја допирате површината на колачот. Штом смесата повеќе не е леплива и не останува на прстот извадете ја од рерната.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2014 во 08:31 |
КОЛАЧ ЗЕБРАСостојки: - 200 г шеќер (за течната смеса)
- 250 мл масло за готвење
- 100 мл млеко
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 4 јајца
- 175 г брашно (за светлото тесто)
- 1 лажичка прашок за пециво
- 125 г брашно (за темното тесто)
- 25 г какао
- 1 лажичка прашок за пециво
Подготовка: - Најпрво се припрема течната смеса. Сите состојки (шеќерот, маслото, млекото, јајцата, ванилата) се ставаат во сад и рачно се мешаат додека шеќерот се раствори. Оваа смеса се дели на две еднакви делови.
- Во друг сад се мешаат брашното и прашок за печење за да се добие светлото тест. Во неа се додава едната половина од течната смеса и се меша додека се добие мазно, релативно тенко тесто.
- Во трет сад се меша брашното прашок за печење и какаото за да се добие темното тесто. Се препорачува смесата од брашното и какаото да се пресеат за да нема грутчиња, особено од какаото. Во неа се додава втората половина од течната смеса и се меша додека се добие хомогена, исто така течно тесто.
- Следи најважниот дела за да се добие шара која наликува на зебра. Округла тава се премачкува со маснотија (путер, маргарин или масло) и се посипува со брашно. Се зема една лажица од светлото тесто и се истура точно во средината на тавата, пото се црпнува една лажица од темното тесто и се истура одозгора врз белото тесто. Така се постапува додека се потрошат двете теста. Пожелно е ова да се прави бавно за да може нанесеното тесто малку да се разлее. Кога ставате од втората смеса врз првата за да се добијат поубави кругови, вртете ја лажицата над тестото.
- Се става во згреана рерна на 190° С и се пече 20-тина минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2014 во 08:32 |
МИЛКА ТОРТА СО МАК И РУМСостојки за бисквит со мак: - 3 белки
- 3 лажици шеќер
- 50 гр мелен мак
- 3 лажици брашно
- 1 лажица рум
- прашок за пециво
Состојки за белиот бисквит: - 3 белки
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици бело брашно
- 2 лажици масло
- 1 лажица рум
- прашок за пециво
Состојки за кремата: - 700 мл млеко
- 200 гр бела Милка
- 100 гр шеќер
- 9 жолчки
- 1 пудинг од ванила
- 2 лажици брашно
- 150 мл слатка павлака
- 1 лажица желатин
Подготовка на бисквит: Се матат белките и шеќерот, додека да се добие пенеста смеса, по што се додаваат мак, брашно и пециво. Откако убаво ќе ги измешате додадете го и румот и повторно убаво промешајте. Сместата се пече во плек со дименизии 20х30 см на 150 целзиусови степени. Иста е постапката за подготовка и на другите кори. Подготовка на крема: Во млекто се растопува белата чоколада Милка, по што се додаваат, шеќерот, изматените жолчки, пудингот од ванила и брашното. Смесата се вари додека да се згусти. Во посебен сад цврсто се мати слатката павлака по што се додава во изладената крема во која претходно убаво сте го измешале желатинот. Најпрво се става бисквитот со мак, потоа ред фил, па белиот бисквит, ред фил, бисквит со мак и повторно тенок слој од кремата. Се украсува со зрна мак.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Мај.2014 во 21:24 |
ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО УРМИ И ОРЕВИСостојки: 1/2 лажичка екстракт од ванила 1/4 лажичка сол 100 гр. какао 400 гр. ореви мелени (или друго јаткасто овошје по вкус) 20 урми без семки Подготовка: Во блендер додадете ги оревите, какаото и солта и добро измешајте ги. Потоа додадете го ванила екстракт. Додавајте ги урмите една по една во блендерот. Со додавање на повеќе урми тестото ќе се лепи поубаво и нема да се распаѓа, но исто така ќе е по густо и по благо. Затоа е неопходно да се процени доволната количина на урми. Смесата од блендерот префрлете ја во правоаголна тава и добро притиснете ја за да ја добие формата на тавата како калап. Ставете ја тавата со колачот во фрижидер и оставете ја околу 10 минути за да се стегне. Потоа исечете го на коцки. Колачите послужете ги декорирани со шеќер во прав или какао.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Мај.2014 во 21:33 |
Крем колач со кикирики
Состојки: За тестото: - 7 белки
- 7 лажици брашно
- 3 лажици шеќер
- 1 дл зејтин
- 50 г чоколадо
- 1 прашак за пециво
За филот: - 7 жолчки
- 200 г шеќер
- 250 г путер
- 60 г бело чоколадо
- 60 г црно чоколадо
- 100 г сечкани кикирики
За декорација: - 50 г кикирики
- 2 шлага од ванила
Приготвување: Тесто: 1. Белките се матат во цврст снег, па постепено им се додава шеќер и се мати се додека шеќерот не се стопи. 2. Се додаваат зејтинот, брашното, рендано чоколадо, прашак за пециво и полека се промешува. 3. Приготвената смеса се става во правоаголен калап обложен со хартија за печење. Се става да се пече во загреана рерна на 180 ºC додека не порумени. Фил: 1. Во соодветен сад се соединуваат жолчките и шеќерот, се варат на пареа со постојано мешање додека шеќерот не се стопи. Потоа се трга од пареа и се остава да се излади. 2. Во изладената смеса се додава омекнат путер и се мати со миксер. 3. Филот се дели на два дела. Во првиот дел се додава стопено бело чоколадо и кикирики, а во вториот се додава стпено црно чоколадо. 4. Тестото се премачкува прво со филот од кикирики, а потоа се нанесува фил од црно чоколадо. 5. На крајот се премачкува со шлаг и се украсува со кикирики.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јуни.2014 во 04:47 |
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2014 во 11:26 |
НУТЕЛА ЧИЗКЕЈКСостојки за тесто • 12 „Орео“ колачиња (или слични на нив) • 3 големи лажици путер, стопен за фил • 250 гр крем сирење • 2/3 шолја „Нутела“ • 1 мала лажица екстракт од ванила • 1 кесичка шлаг во прав за декорација • шлаг • кршени лешници • крупно рендано чоколадо Подготовка Чекор 1: во сад со средна големина, измешајте ги колачињата (кои претходно сте ги издробиле) и растопениот путер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Смесата рамномерно распределете ја во стаклени садови за десерт и со помош на лажица притиснете ја смесата надолу. Чекор 2: во подлабок сад, со помош на миксер, измешајте ги крем сирењето и нутелата. Додадете ванила и измешајте. На крај додадете го шлагот во ќесичка и продолжете со миксирање, сѐ додека исчезнат сите грутки. Чекор 3: повторно распределете ја смесата во секој сад. Потоа, покријте ги садовите со фолија и оставете ги да отстојат барем два часа во фрижидер. Чекор 4: шлагот ставете го на крај и декорирајте со лешници или бадеми, и крупно рендано чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јуни.2014 во 20:53 |
RED VELVET: ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ТЕМНО ЦРВЕНА БОЈАСостојки
за торта • 230 гр путер • 2 јајца • 375 гр шеќер • 1 мала лажица какао во прав • 60 мл црвена прехранбена боја • 235 гр тесто за колачи и торти • 1 мала лажица сол • 1 шолја матеница или ајран • 1 мала лажица екстракт од ванила • 1 мала лажица прашок за пециво • 1 мала лажица оцет *како замена, можете да помешате 1 шолја млеко или соја млеко со една голема лажица сок од лимон или оцет и оставете да отстои 10-тина минути. за глазура • 2 големи лажици брашно • 1 шолја млеко • 200 гр путер • 1 мала лажица екстракт од ванила • 110 гр шеќер во прав Подготовка Загрејте ја рерната на 180°С. Во подлабок сад, измешајте ги путерот, јајцата и шеќерот. Во друг, помал сад, измешајте ги бојата и какаото и потоа додадете ги кон смесата со путер. Кон тестото додадете го, на три пати, ајранот или матеницата. Надополнете со екстракт од ванила, прашок за пециво и оцет. Во тавата за печење ставете пекарска хартија и наросете ја со брашно и сол. Ставете го брашното и печете околу 30 минути. Додека тестото се лади, подгответе ја глазурата. На средна температура, гответе ги брашното и млекото, додека не згуснат. Потоа, оставете ја смесата да се излади. Со миксер, измешајте ги путерот, шеќерот во прав и ванилата. Потоа, спојте ги двете смеси и измешајте. Тестото пресечете го по должина на два слоја и ставете од глазурата помеѓу двата слоја и на врвот на тортата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јуни.2014 во 09:16 |
ОВОШНА ТОРТА СО КАЈСИИСостојки за тесто • 120 гр путер или маргарин • 60 гр шеќер • 1 ванилин шеќер • 2 јајца • 240 гр брашно • прашок за пециво • малку сол • малку изрендана кора од лимон за фил • 500 гр кајсии • 4 лажици мармалад од кајсии • 2 големи лажици вода Подготовка Чекор 1: загрејте ја рерната на темература од 180℃. Измешајте ги сите состојки за тестото. Од тестото направете топка, замотајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер. Чекор 2: полијте ги кајсиите со жешка вода, отстранете им ја лушпата, пресечете ги на половина и отстранете ги семките. Потоа, тестото ставете го во калап за торта и израмнете го. Чекор 3: врз рамното тесто, наредете ги половинките кајсии. Во меѓувреме, мармаладот загрејте го со вода и варете сè додека не се растопи. Со оваа смеса, прелијте ја тортата. Печете околу 25 минути. Оставете да се излади и сервирајте.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јуни.2014 во 17:09 |
НУТЕЛА КОЛАЧ СО ЈАГОДИСостојки: - 2 лажици екстракт од ванила
- ½ лажица Нутела (или било каков друг крем)
Подготовка: 1. Во длабок сад измешајте ги павлаката, шеќерот и ванилата. Се заедно измиксирајте додека не добиете кремаста смеса (3-4 минути) 2. Во смесата додадете ја Нутелата и полека мешајте со лажица се додека во потполност не се соединат. 3. Во калап наредете ги бисквитите , така да го покријат дното на садот. Доколку е потребно, кршете парчиња со цел да се покрие дното. 4. Над бисквитите нанесете го кремот во дебел слој и рамномерно распоредете го. Додадете ги исечканите јагоди. 5. Врз кремот наредете уште еден слој бисквити па врз нив повторно рамномерно распоредете ја миксираната смеса. 6. Садот покријте го со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер. 7. Исечете го колачот на коцки или триаголници. Совет: Рецептот е за сад со големина од 20 сантиметри, па би требало да добиете три слоја бисквити и три слоја крем.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:47 |
Лесно и брзо: Домашни гурабии
Скоро и да не постои човек кој барем неколкупати во неделата не посакал да „грицне“ нешто благо по дома. Наместо да купувате чоколади и слични благи грицки, решивме да ви понудиме вкусен и домашен рецепт кој ќе ги задоволи вашите апетити.
Потребни состојки: - 1 кг. остро брашно
- 350 гр. путер
- 2 јајца
- 3 жолчки
- 150 гр. шеќер
- рендана кора од 1 лимон
- малку млеко
- 150 гр ореви
- шеќер во прав
Подготовка: Се матат пет жолчки со 80 гр. шеќер. Путерот се замесува со брашното и се соединува со жолчките. По потреба се додава малку млеко за да се добие цврсто тесто. Со сукало се развлекува кора и се прават форми по желба и секоја се натопува во белка, па во мешавина од шеќер и сечкани ореви. Гурабиите се редат во неподмачкан плех и се печат на температура од 50 степени додека не зацрвенат. Откако ќе ги извадите посипете ги со шеќер во прав. Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:48 |
Нутела чизкејк со печени лешници
Непечениот чизкејк со Нутела е рецепт наменет за сите оние кои сакаат да вкусат малку поинаква варијанта на овој десерт, како и за оние кои воопшто не се љубители на крем сирењето. Ако досега имавте било какви предрасуди за чизкејковите, следната комбинација ќе ви го смени мислењето. Потребни состојки:
250 гр крекери
75 гр растопен несолен путер
400 гр Нутела на собна температура
100 гр дробени печени лешници
500 гр крем сирење на собна температура
60 гр шеќер во прав Начин на подготовка:
Измелете ги крекерите и потоа во нив додадете го растопениот путер заедно со една лажица Нутела и три лажици од дробените лешници. Кога ќе добиете хомогена смеса убаво натапкајте ја во плех со дијаметар од 23 см и оставете ја во фрижидерот малку да се излади.
Откако ќе го наравите тоа, пристапете кон следниот чекор, односно кон подготовката на филот. Со помош на миксер убаво изматете ги крем сирењето и шеќерот во прав, а потоа додадете ја и преостанатата Нутела. Филот ставете го врз претходно подготвената кора која во меѓувреме сте ја извадиле од фрижидерот и на крајот наредете ги дробените лешници. Оставете го чизкејкот во ладно најмалку 3 часа за да добиете што поцврст крем.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2014 во 17:27 |
КОНТИНЕНТАЛ ТОРТАПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 8 белки * 4 лажици шеќер * 2 жолчки * 4 лажици ореви * 1 лажица брашно *6 жолчки * 1 јајце * 250мл+80мл млеко * 1 пудинг од ванила * 4 лажици шеќер * 325гр путер * 100гр чоколадо *100гр мелени лешници НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Изматете ги состојките за кората, ставете ги во правоаголен плех и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кората изладете ја и исечете ја на четири еднакви делови. Во сад ставете ги жолчките и јајцето, додадете 80мл млеко и варете на пареа додека не се згуснат. Оставете да се излади. Измешајте го пудингот со малку млеко, а преостанатото млеко варете го со шеќерот додека не се згусне. Пудингот оставете го да се излади. Соединете го изладениот пудинг и жолчките, изматете, а потоа додадете го и пенасто изматениот путер. Соединете го филот и поделете го на три еднакви делови. Во првиот дел додадете го стопеното чоколадо, во вториот мелените лешници а третиот дел оставете го таков каков што е. Првата кора премачкајте ја со чоколаден фил, преклопете ја со втората кора, премачкајте со филот од лешник, а потоа ставете ја третата кора и премачкајте со преостанатиот бел фил. Поклопете ја тортата со преостанатата кора, премачкајте ја со глазурата од чоколадо и декорирајте со шлаг.Оставете ја на ладно место.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2014 во 22:03 |
ЧОКО КЕКС БАКЛАВАСостојки: - 500 гр готови кори
- 200 гр чоколада за готвење (бела или црна, по избор)
- 200 гр бисквити
- 1 маргарин
Шербет: Подготовка: Изрендајте ја чоколадата на ренде. Земете една кора и попрскајте ја со малку масло. Превиткајте ја на половина и на дното од кората ставете малку рендана чоколада, потоа бисквити (мелени или кршени). Изролајте ја кората и ставете ја во подмачкан плех. На овој начин изролајте ги сите кори. Стопете го маргаринот. Пред печењето исечете ја баклавата и прелијте ја со стопениот мргарин. Баклавата печете ја околу 15 минути. Сварете го шербетот и прелијте ја баклавата. Едното треба да е топло а другото ладно. Најдобро е прво да го сварите шербетот, бидејќи тој побрзо се лади, па се прелива баклавата веднаш штом се испече. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|