IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите села во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите села во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:06

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СЕЛАТА КОИ ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ

Доколку се одлучите да ги посетите овие прекрасни села, ќе сфатите дека „ шармантно “ не е само придавка, туку и начин на живот. Едноставната убавина, камените куќички, природата која Ве опкружува и неверојатните пејзажи се клучните „ состојки “ на овие релаксирачки дестинации, кои ќе Ви го одземат здивот.

Доколку посакувате идиличен одмор, Ви нудиме неколку идеи со кои секојдневните проблеми ќе бидат ситница, а целиот фокус ќе биде ставен во совршенството на природните убавини…

Билбури, Англија

Bilbury, Anglija 1

Камените куќички од 14 век кои се наоѓаат на Arlington Road во Билбури, ја создаваат целината таканаречена најубаво село во Англија. Ова место е опишано дури и од страна на писателот Вилијам Морис. Селото е сместено на реката Колн, во ридскиот,  централно – западен дел на Англија.

Савока, Италија

Savoca italija

Историското сицилијанско село Савока сместено е на ридот помеѓу градовите Месина и Таормина, на источниот брег. Посетителите на ова живописно село ќе останат воодушевени од она што им се нуди, ако се во потрага по идилични и прекрасни мали места.

Венген, Швајцарија

Wengen Svajcarija

Благодарение на локацијата на Алпите и традиционалните дневни апартмани, Венген е швајцарското село од соништата кое изгледа идентично како пределите од приказната Хајди. Фактот дека автомобилите во селото се забранети, дополинтелно придонесува за неговиот шарм. Селото веќе долго време е популарен алпски туристички центар. Навистина вреди да се посети.








Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:24

AMATCIEMS,ЛАТВИЈА … НАЈУБАВОТО !!! КАКО ОД БАЈКА СЕЛО КОЕ МОРА ДА ГО ПОСЕТИТЕ !!!

1 (17)

Amatciems е екосело со уникатен стил, високи стандарди и огромен квалитет на живеење. Се наоѓа на 20 километри од главниот град на Летонија, Рига…

Сите имоти, овде се поврзани со централен воден систем…

Интегрирана е и инфраструктура која вклучува брза интернет конекција, телекомуникации како и дигитален телевизиски систем.

Можеби најубав дел од екоселото се мочуриштата кои се користат слободно за риболов, пливање и кајакарство. За целата бајка да функционира онака како што треба, односно за мирот, едноставно да царува во ова место, „ виновни “ се локалните правила.

Целта на селото и неговите жители еда се овозможи заштита на нивните интереси, односно секој сопственик да  живее во чиста, уредена и тивка околина која е заштитена и што е најважно од сé – се почитува…

Прекрасно средениот терен, езерцата и  зеленилото оваа место без сомневање го прават едно од најубавите во светот…

Согласете се со нас !!!


1 (2)

1 (3)



1 (14)

1 (15)

1 (17)

1 (18)

1 (19)

1 (20)

1 (21)

1 (22)

1 (23)




Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 22:18
Image result for Popaj Malta

Попај,Малта


Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 08:27

Најубавите скриени села во Европа


Во срцето на Европа покрај големите градови се наоѓаат и мали скриени села, кои ја будат љубопитноста. Токму тие ја кријат вистинската култура и традиција на земјите во кои се наоѓаат.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-01

1. Болгери, Италија

Патекта на чемпресите води директно до селото Болгери, кое се наоѓа во јужната тосканска област Марема. Околината е исполнета со лозја, па задолжително мора да застанете во Caffè della Posta на главниот плоштад и да пробате барем едно од трите црвени вина произведени уште во осумдесеттите. Во близина се наоѓа место за сместување и одмор, Relais Sant’Elena, каде има 15 соби, камин и традиционални италијански тестенини како оброк.

Како да стигнете: Болгери е 64 километри јужно од Пиза, ако одите со автомобил или автобус.

Каде да се сместите: Relais Sant’Elena ($182 долари за двајца)

Што да јадете: Равиоли со сос од домати во остерија Magona.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-1.jpg



2. Стауфен, Германија

На крајот на Црната Шума во јужна Германија се наоѓа идеална викенд дестинација. Истовремено е и туристичко и историски место, каде може да се забележат и готски и модерни елементи. Постојат многу легенди кои вреди да ги слушнете од локалните жители.

Како да стигнете: Стауфен е оддалечен за околу 75 минути возење со автомобил од Стразбур.

Каде да се сместите: Хотел Gasthof KreuzPost ($136 долари за двајца), добро е да пробате гради од патка, палачинки со печурки и рижото во црвен сос.

Купете: Шише вино од цреши

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-2.jpg



3. Лавенхам, Англија

Ова можеби е и најубавото гратче во Англија каде има околу 350 куќи и многу мали продавници и чајџилници. Прекрасно рурално и шармантно место кое ќе ве освои штом пристигнете.

Како да стигнете: Може да одите со воз преку Лондон и Ливерпул или со автобус преку Колчестер.

Каде да се сместите: Great House Hotel  ($162 долари за двајца) во центарот на ова  село-гратче.

Каде да јадете: Вистинска англиска кујна може да пробате во Great House Restaurant

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-3.jpg



4. Абердур, Шкотска

Прекрасно мало село, исполнето со зеленило, каде не се дозволни автомобили. Но и не ви се потребни, бидејќи сите места до кои треба да стигнете се поврзани со пешачки патеки.

Како да стигнете: Абердур е оддалечен на 30 минути со воз од градот Единбург

Каде да се сместите: Woodside Hotel ($140 долари за двајца)

Каде да јадете: Во истиот хотел каде што ќе се сместите има одличен ресторан каде најдобро е да пробате бифтек.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-4.jpg



5. Раундтоун, Ирска

Никаде нема да пробате подобри капини од оние што ќе ги наберете во Раундстоун. Тоа е рибарско село од 19. Век. Ако се искачите на врвот Ерисбег ќе добиете чист поглед на Националниот парк Конемара.

Како да стигнете таму: Од Галвеј има 122 километри за возење.

Каде да се сместите: на неколку километри од Раундстоун се наоѓа семејна вила Cashel House Hotel ($220 долари за двајца)

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-5.jpg

6. Чесињолс, Франција

Популарно е за марсејската елита, но со својата живописна природа, ги привлекува сите кои сакаат да се почувствуваат посебно и да вдишат од свежиот воздух, додека го избегнуваат метежот во градовите. Има останати цркви уште од 12.век, архитектурата е интересна, а храната неодолива.

Каде да се сместите: Чесињолс е на половина пшат меѓу Клермонт Феранд и Ле Пуи ен Велеј

Каде да се сместите и што да јадете: Во Auberge de Chassignolles ($58 долари), а може да јадете во неговиот ресторан.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-6.jpg



7. Фолегандрос, Грција

Ова село нема ништо заедничко со Санторини кој се наоѓа во негова блчизина. Нема големи бродови или објекти со повеќе од два ката, ниту бутици и модерни ресторани. Овде може да најдете само прекрасни плажи и високи карпи. Тивко и совршено за бегство од големите градови.

Како да стигнете: Слетајте со авион во Санторини.

Каде да се сместите:Хотелот Anemi е модерен и одговара на потребите на секој, а се наоѓа блиску до сите места кои би посакале да ги посетите.

Каде да јадете: Ресторанот Irini’s  е место со домашно готвена храна.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-7.jpg



8. Џорнико, Швајцарија

Шармантно место во јужниот дел на Швајцарија каде ќе се почувствувате како да сте се вратиле во некое далечно време. Низ него поминува мала река над која има мост. Во негова близина се наоѓаат локални ресторани наречени гроте и во нив се служи традиционална полента илокално вино Мерлот.

Како да стигнете таму: Од езерските ресорти има возење кон север во траење од околу 50 минути.

Каде да се сместите: Има хотели во Џорнико , а најблизок е розевиот хотел Giardino ($400 долари за двајца)

Каде да јадете: Grotto dei due Ponti е ресторан со тераса која ви нуди поглед на реката.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-8.jpg



9. Гетариа, Шпанија

Совршено место особено во летниот период. Доколку не ги сакате популарните шпански места, ова е одлично место за да откриете нешто ново.

Како да стигнете таму: Гетариа е на 24 километри западно од Сан Себастијан.

Каде да се сместите: Во Saiaz Getaria ($115 долари за двајца) со поглед на плажата Gaztetape.

Каде да јадете: Задолжително резервирајте си маса во ресторанот Elkano кој е еден од најпознатите во Шпанија.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-9.jpg



10. Марвајо, Португалија

Интересно планинско место лоцирано во областа Алентежо во Прортугалија.  Комплекс од карпи на кои може да имате прекрасни пејзажи или да се препуштите на некои екстремни авантури.

Како да стигнете таму: Со автомобил од Лисабон

Каде да се сместите: Хотел со 31 соба и ресторан е Posada Santa Maria ($102 долари за двајца), а има и куќи кои нудат приватно сместување.

Каде да јадете: Вкусна супа може да пробате во Varanda do Alenejo.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-10.jpg

Сте посетиле некое од овие села?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2014 во 02:46


San Gimignano (Town of Fine Towers)

На околу 138 километри квадратни и 324 метри надморска височина се издига селото San Gimignano. Има нешто повеќе од 7000 жители а се наоѓа на околу 40 километри северозападно од Сиена и околу 80 километри источно од Ливорно. Попознат е и како град на кулите. Дел од ова село е под заштита на Унеско!








Изменето од evangeline - 16.Октомври.2014 во 02:47
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 06:07
Монсанто - Португалија









Изменето од evangeline - 16.Ноември.2014 во 06:07
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 12:54
Селото на Попај - Малта

Познатото село на Попај, Свитхевен е направено во 1979 година во Малта. Селото е направено за потребите за снимањето на филмот за Попај.


popaj.selo01

Имено, кога Волт Дизни и Парамаунт одлучиле да направат игран филм за популарниот јунак Попај, продуцентите како локација го избрале малиот залив на северозападот од Малта.

 popaj.selo01

Тука е сместено измисленото село Свитхевен, кое е градено седум месеци.

На изградбата работеле 165 мајстори, со задача да направат веродостојна верзија која во стрипот ја опишал неговиот создавач Елзи Сегар.

 popaj.selo01

Денеска ова село е туристичка дестинација. 

 

 popaj.selo01

 popaj.selo01

 popaj.selo01

 popaj.selo01



Се изгледа пореално на клипче...


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2015 во 20:34
Идеален одмор во селото Хобит

Заборавете на книгите и филмовите. Кога станува збор за хобити, малите суштества од Средната земја, некои фанови на Џ.Р.Р. Толкин ја изразуваат својата ревност на конструктивни начини. Буквално!

Во Тоурт Крик, Монтана, изградено е Хобит село. Реалниот производ на фантазијата на Толкин вклучува куќи на Билбо и Фродо, Трол куќата со придружен мост, Елф “Центарот за Комуникации” и збирка од неверојатни “вила” куќички.

Тука може да се најде и престој од 1000 квадратни метри за човечка големина, сокриен во трева, чиј надворешниот облик бил копиран од “Господарот на прстените”.

Во текот на пролетта и летото, хобит ентузијастите имаат можност да живеат во селото по цена од 195 долари за една вечер или 1.365 долари за цела волшебна недела.

Хобит селото не е само за љубителите на овие класични приказни, тоа е рај каде што посетителите можат да дојдат, да се релаксираат и уживаат.



Изменето од Valerija - 02.Март.2015 во 20:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2015 во 10:09

ЦВЕТНИТЕ УЛИЦИ НА ИВОР – НАЈУБАВОТО СЕЛО ВО ФРАНЦИЈА

03

Удобно сместено меѓу Рона-Алпите и Женевското Езеро, селцето Ивор често се нарекува и најубавото село во Франција. Средновековната архитектура и малите и тесни улици кои за време на топлите денови се претвораат во шарени алеи благодарение на бројните цветни аранжерии, ги прават прошетките на ова место пријатни за прошетка.

Погледнете ги фотографиите од Ивор …

Ingrid-Dendievel-740x491

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2015 во 06:58

Топ 5 најромантични села во Европа


Париз, Венеција и Рим се едни од најчестите дестинации за паровите кои сакаат да уживаат во својата љубов на величествени места, кои изобилуваат со автентични градби и улички на кои од сите страни одекнува зборот „љубов“.

Но, зошто да не ги заобиколите овие комерцијални и фреквентни градови и не одберете мирни местенца каде ќе ја доживеете вашата љубов во една сосема поинаква и возвишена димензија?

Еве ги најубавите романтични села во Европа кои треба да ги посетите.

1. Колмар, Франција

2. Бибури, Англија

3. Спело, Италија

4. Моншау, Германија

5. Ивуар, Франција

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2015 во 14:14

30 мали села во кои ќе го почувствувате шармот на Италија


Затоа што италијанскиот шарм не се наоѓа само во Рим, Фиренца и Венеција.

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-001.jpg

Тој оригинално се крие во малите селца ширум Италија, кои вреди да се најдат на вашата листа за патување.

1. Vernazza, Лигурија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-01.jpg


2. Monte Isola, Ломбардија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-02.jpg


3. Atrani, Кампанија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-03.jpg


4. Gangi, Сицилија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-04.jpg


5. Civita di Bagnoregio, Лацио

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-05.jpg


6. Otranto, Апулија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-06.jpg


7. Montemerano, Тоскана

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-07.jpg


8. Compiano, Емилија-Ромања

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-08.jpg


9. Framura, Лигурија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-09.jpg


10. Dozza, Емилија-Ромања

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-10.jpg

11. Locorotondo, Апулија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-11.jpg


12. Treia, Марке

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-12.jpg


13. Cervo, Лигурија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-13.jpg


14. Bosa, Сардинија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-14.jpg


15. Tremezzina, Ломбардија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-15.jpg


16. Chianalea, Калабрија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-16.jpg


17. Norcia, Умбрија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-18.jpg


18. Laigueglia, Лигурија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-31.jpg


19. Seborga, Лигурија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-19.jpg


20. Collalto Sabino, Лацио

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-20.jpg

21. Bevagna, Умбрија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-21.jpg


22. Cefalù, Сицилија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-22.jpg


23. Tellaro, Лигурија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-23.jpg


24. Tremosine, Ломбардија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-24.jpg


25. Conca dei Marini, Кампанија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-25.jpg


26. Asolo, Венето

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-26.jpg


27. Sperlonga, Лацио

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-27.jpg


28. Cisternino, Апулија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-28.jpg


29. Aieta, Калабрија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-29.jpg


30. Carloforte, Сардинија

30-mali-sela-vo-koi-ke-go-pocuvstvuvate-sarmot-na-italija-30.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2015 во 20:51

Гиторн - магичното и бајковитото село наречено „Венеција на Холандија“


Кога ќе ви дојде преку глава од динамичниот начин на живот и неподносливата градска бучава, време е за кратко бегство во магичното село Гиторн.

Гиторн се наоѓа во Холандија и се нарекува „Венеција на Холандија“ или „Венеција на Северот“, затоа што во стариот дел од идиличното селце не постојат патишта и улиците се всушност канали.

Холандската туристичка атракција има околу 2.600 жители и за нивните потреби се изградени повеќе од 180 дрвени мостови.

ГиторнГиторнГиторн

На официјалниот сајт на Гиторн пишува дека во овој дел владее мир и тишина и дека „најгласниот звук кој нормално може да се слушне е квакањето на патка или звуци од други птици.“

ГиторнГиторнГиторнГиторнГиторнГиторн

Бајковитото село изобилува со зеленило и стари градби во стилот на 18-тиот век, а секоја од нив доаѓа со добро зачувана и одржана градина.

Разгледувањето на ова магично место е возможно само со чамец или брод.

ГиторнГиторнГиторнГиторнГиторнГиторнГиторнГиторнГиторнГиторн



Изменето од Valerija - 06.Октомври.2015 во 20:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2015 во 08:19

25-те најубави мали села низ Франција

Заборавете го Париз, малите села низ Франција се како скапоцени дијаманти кои треба да ги откриете при следната посета.

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-01.jpg

Некои веројатно сте ги слушнале, за некои ви раскажувале, а во некои ќе се заљубите уште на прв поглед.

1. Eguisheim, Алзас

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-1.jpg


2. 
Roussillon, Прованса - Алпи - Азурен Брег

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-2.jpg

3. Lavaudieu, Оверњ

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-3.jpg


4. 
Saint-Suliac, Бретања

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-4.jpg


5. 
Èze, Прованса - Алпи - Азурен Брег

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-5.jpg


6. 
Bonneval-sur-Arc, Рона-Алпи

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-6.jpg


7. 
Gordes, Прованса - Алпи - Азурен Брег

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-7.jpg


8. 
Hunawihr, Алзас

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-8.jpg


9.
 Sant'Antonino, Корзика

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-9.jpg


10. 
Sixt-Fer-à-Cheval, Рона - Алпи

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-25.jpg


11. 
Locronan, Бретања

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-10.jpg


12. 
Montpeyroux, Оверњ

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-11.jpg


13. Baume-les-Messieurs, Франш-Комте

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-12.jpg


14. 
Barfleur, Долна Нормандија

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-13.jpg


15. 
Coulon, Поату-Шарант

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-14.jpg


16.
 Moncontour, Бретања

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-15.jpg


17. 
Ile de Sein, Бретања

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-16.jpg


18. 
Piana, Корзика

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-17.jpg


19. 
Château-Chalon, Франш-Комте

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-18.jpg


20.
 Castelnou, Лангедок-Русијон

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-19.jpg


21. 
Rodemack, Лорен

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-20.jpg


22. 
Beuvron-en-Auge, Долна Нормандија

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-21.jpg


23.
 Gerberoy, Пикардија

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-22.jpg


24.
 La Flotte-en-Ré, Поату-Шарант

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-23.jpg


25. 
Hell-Bourg, Реунион

25te-najubavi-mali-sela-niz-francija-24.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 17:20

Ганвие: Неверојатно село изградено на средина од езерото Нокуе


    Ганвие е голема населба изградена на езерото Нокуе кое се наоѓа еден час северно од градот Котоноу – најголемиот град на Република Бенин (западна Африка). Со популација од околу 20.000 жители, ова е веројатно најголемото село на езеро во Африка и како такво е многу популарно меѓу туристите.

Во селото веќе со генерации живеат припадници на етничката група Тофину во едноставни куќички од бамбус подигнати на езерото, а поголемиот дел од нив се потпираат на само неколку забодени столбови во дното на езерото. Поради ваквиот начин на живот, жителите на Ганвие често се нарекуваат „Водениот народ на Бенин“.

0-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk

Се верува дека селото за прв пат е населено во 16-ти или 17-ти век, а неговите жители го изградиле на средина од езерото за да го избегнат племето Фон. Во тоа време, припадниците на моќното западноафриканско племе Фон продавале робови од други племиња во Португалија. Тофину наскоро сфатиле дека припадниците на Фон поради религиски причини не смеат да влезат во водата, нити да ги напаѓаат луѓето кои живеат во неа, па така одлучиле темелите на својата нова населба да бидат на средина од езерото.

Сите куќи, продавници и ресторани во селото се изградени на дрвени стапови, вообичаено неколку метри над водата. Ганвие исто така има пазар кој плута, но и едно комплетно парче земја на кое е изградено училиште. Во селото, голем дел од жителите се занимаваат со риболов и туризам. Некои селани одгледуваат и припитомени копнени животни кои живеат на малите парчиња трева што се ѕиркаат од водата.

1-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk2-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk3-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk4-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk5-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk6-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk7-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk8-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk



Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 17:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.