IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 113114115116117 157>
Автор
Порака
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 00:14
Овен
Се колебате помеѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се врзани за домот и семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.

Бик
Смислата за натприродното е комбинирана со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистински начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовната еволуција.

Близнаци
Причината поради која сте нервозни, навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно, ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи.

Рак
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се да ги санирате на својствен начин за вас, да го зачувате здравиот разум и да излезете од кризата како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.

Лав
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста за подучување, но и признанието отстрана – сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност идавате на работата и на меѓучовечките контакти.

Девица
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.

Терезија
Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не грижете се, сe ќе се среди.

Скорпија
Многумина од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.

Стрелец
Вложувате голем напор и фанатично и приоѓате на работата. Мора да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканото лице.

Јарец
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи вам ви недостига одлучност.

Водолија
Вие сте со променливо расположение и карактер, намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и да кренете раце од сe отколку да преземете нешто конкретно. Не предавајте се! Разменете го искуството со пријателите, ќе најдете излез.

Риби
Иако имунитетот еослабен, а нервниот систем благо потресен, сепак, сте активни. Знаете да одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 14:00
Какви љубовници се и како заведуваат мажите?

Ако сте на почеток на врската оваа статија ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе за мажот до вас, ќе откриете како тој заведува, како се однесува со саканата жена и дали евентуално ќе ви го скрши срцето…

Овен

На неговото ласкање му нема граници. Може да ја заведе жената во рок од секунда, но кога ќе се вљуби, на својата партнерка на многу уникатен начин знае да и ги искаже своите чувства. Сака да си игра и да доминира, премногу е љубоморен, а сепак си ја сака својата слобода. Спонтан е и забавен, а во интимните моменти е директен во својот настап. Сака да води љубов на најразлични места. Страстен е и импулсивен љубовник. Поседува одлична физичка кондиција, а сексот со него секогаш е различен и интересен. Премногу добро умее да го одвои сексот од љубовта.

Бик

Достоинствени се и имаат преголема самодоверба. Ги почитуваат своите партнерки и се нежни љубовници, како и подеднакво страсни. Премногу се сензуални и имаат трикови како да ја задоволат својата жена. Го сакаат комфорот и совршената атмосфера. Никогаш не се откажуваат од жената која ги привлекува. Најдобри љубовници се тогаш кога се целосно посветени на една партнерка и кога неизмерно ја сакаат. Не се перверзни ниту склони на силни експериментирања.

Близнаци

Тие ги ценат жените и премногу се внимателни со нив. Природно се надарени во полето на сексот. иако не се романтични, тие можат да ве освојат и задоволат со само еден збор. Не ја сакаат монотонијата во сексот и интимните моменти со нив можат да бидат премногу интересни. Ја сакаат едукацијата, па често читаат еротски магазини, а ги привлекува и порнографијата. Сакаат да експериментираат со повеќе партнерки.

Рак

Го привлекуваат жените кои се жртви, оние на кои им треба помош. Поседува огромна харизма и интелект и во состојба е да направи скоро се кога е вљубен. Се труди во целост да ја задоволи својата партнерка. Има нагласена имагинација и свои тајни на заведување. Но, како поминува времето, така тој станува премногу посесивен и љубоморен и тоа во голема мера. Ова може да биде причина за нарушување на љубовта и страста.

Лав

Тој има огромна самодоверба и плени со својата појава. Обожува кога добива комплименти, премногу е дарежлив и сака да доминира. Го сака сексот и ја сака слободата во него. Знае да направи разлика помеѓу секс и љубов, но кога искрено ќе се вљуби тогаш ги покажува своите способности во најдобро светло. Сака да експериментира, ама не е претерано креативен. Често менува партнерки и тешко е да се задржи. Тој е верен се додека страста е силна.

Девица

Тој е златна средина, ниту добар, ниту лош. Има потреба од совршенство, но не е усогласен со својата сексуална природа. Директен е и не се носи најдобро со експериментирањето и изненадувањата. Се обидува да ја задоволи сексуално својата партнерка, но не е воопшто иницијативен. Сака кога партнерката доминира и онаа која ќе одговара на неговите хигиенски критериуми. Повеќето од нив се верни.

Вага

Тој е освојувач, огромен заводник и неверојатно шармантен. Експерт во флертување и заведување. Него ретко кој може да му каже не! Ужива долго во предиграта и за него сексот е најубавото нешто во кое тој целосно ужива. Тој е сензитивен и романтичен и потребно му е разбирање, љубов и пријателство. Не спаѓа во групата на верни мажи, но умее да ја направи секоја љубов посебна.

Шкорпија

Тој е најголемиот љубовник. Сексуалното искуство со маж роден во овој знак, засекогаш се памти. Премногу е мажествен, страстен и непредвидлив. Има силна сексуална енергија и е издржлив, но исто така тој е перверзен, љубоморен и посесивен. Спаѓа во групата на неверни и неодоливи мажи. Тој е совршен љубовник кој во целост знае да ја задоволи својата партнерка.

Стрелец

Тие се опуштени, духовити и мистични кога е сексот во прашање. Сакаат да флертуваат и да освојуваат, а поради тоа си ја сакаат својата слобода и не се способни за поголемо зближување. Спонтани се и во момент ги препознаваат желбите и потребите на партнерките. Обожуваат да водат љубов на необични места или во исто такви околности.

Јарец

Тој е амбициозен, стабилен и верен маж кој дава сигурност и стабилност, но со него не постои гаранција за целосно уживање во креветот. Премногу е затворен и не е заинтересиран за експерименти. Но, тој е морален и не е склон кон паралелни врски. Кај него е нагласена сексуалната енергија која често преминува во должност.

Водолија

Станува збор за најинтересен примерок. Потребно е со партнерката да доживее интелектуален спој, без тоа нема ни секс ни љубов. Тој е опуштен, не е посесивен и е премногу пријателски настроен. Сака различни искуства и обожува да експериментира, сака кога партнерката ќе превеземе иницијатива бидејќи е по малку пасивен. Непредвидливоста е негова најдобра особина. Тој е совршен љубовник за онаа која сака дискреција и доверливост.

Риби

Тој е срамежлив, романтичен, несигурен во себе, емотивен и премногу страстен. Умее да заведе бргу, но негова мете се само доминантни жени. Совршен е на почетокот на врската, и премногу лесно ги покажува своите емоции во моментите на страст. Во сексот е креативен, внимателен и желен за возбуда. Не умее да го одвои сексот од љубовта. Не е склон кон авантури, но може да се случи да измами.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 17:50
 

Астрономот Парке Канкл вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знаци, пренесува “Хафингтон Пост”.

horoskop

Ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември – вие сте Змијоносец. Овој знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец.

Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето.

Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак – Змијоносец (Ophiuchus).

Астрономи од Минестота велат дека со израмнување на ѕвездите поради гравитациското влијание на Месечината на вртењето на Земјата околу нејзината оска ќе дојде до прескокнување на еден месец во хороскопот. Така на пример Рибите повеќе нема да бидат Риби, туку Водолија.

“Кога некој ќе ве праша во кој знак сте родени, ве прашуваат всушност каде било Сонцето во зодијакот точно во моментот на вашето раѓање“, рекла астрологот Кели Фокс.

Заради забрзувањето на прецесијата на еквионација, спори и постојани промени во движењето на оската на ротација или орбиталното движење на астрономските тела, сликата на небото се помрднала за 10 степени. Затоа повеќето луѓе родени како Лавови повеќе не се Лавови, туку Ракови. Според астролозите нема веќе да бидат храбри и родени водачи, туку многу чувствителни.
“Откога постои астрологијата, луѓето знаеле дека има проблем со тој систем. Древните Вавилонци има 13 хороскопски знаци, па едноставно го исфрлиле Змијоносецот. Вагата на пример не постоела до времето на Јулие Цезар.
Змијоносец,(лат.Опхиуцхус) е знак, кој ги опфаќа оние кои се родени од 29 ноември до 17 декември, а карактеристики на овој знак се, искреноста, изразена сексуална привлечност, променливи и љубоморни.

Бидејќи воведувањето на новиот знак го променува целиот систем, можеби би било добро одново да проверите кој знак сте:

Јарец: 20 јануари- 16 февруари
Водолија: 16 февруари- 11 март
Риби: 11 март- 18 април
Овен: 18 април- 13 мај
Бик: 13 мај- 21 јуни
Близнаци: 21 јуни- 20 јули
Рак: 20 јули- 10 август
Лав: 10 август- 16 септември
Девица: 16 септември- 30 октомври
Вага: 30 октомври- 23 ноември
Скорпија: 23 ноември- 29 ноември
Змијоносец: 29 ноември- 17 декември
Стрелец: 17 декември- 20 јануари

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2014 во 08:14

Препознајте го секој хороскопски знак по физичкиот изглед

Понекогаш, не ви се потребни многу прашања за да откриете во кој хороскопски знак е роден новиот познаник кој ви се допаѓа. Изанализирајте го неговиот изглед и сами заклучете.

prepoznajte-go-sekoj-horoskopski-znak-po-fizickiot-izgled-01

Овен

Овните се препознатливи по високото чело, нескротливата коса, агресивниот став и немирните движења.

Бик

Биковите најчесто се крупно градени. Имаат големи очи со спуштени капаци, полни усни, краток врат и широк граден кош.

Близнаци

Витки, со долги раце и нозе, немирни со гестикулациите и многу брзо зборуваат. Имаат правилни и остри црти на лицето.

Рак

Раковите се таинствени, не зборуваат многу, но привлекуваат погледи со атрактивниот изглед. Жените пак, имаат неодоливо бујни гради.

Лав

Лавовите ги краси нескротлива коса како гривата на лавовите. Имаат кралско држење и храбар пристап.

Девица

Девиците имаат бебешко лице, витка линија и поглед кој ве анализира од глава до петици. Исто така, ги краси дискретен хумор и постојана блага насмевка.

Вага

Вагите имаат секогаш правилни црти на лицето, често пати дупчиња на образите и широка насмевка. Жените имаат висок струк и нагласени колкови.

Скорпија

Скорпиите се препознатливи по својот поглед во кој можете да се изгубите, прекрасни очи и интензивни црти на ликот.

Стрелец

Стрелците имаат високо чело, прекрасен говор, лесно движење, младоликост и развиени раменици.

Јарец

Јарците имаат подолг нос, изразено лице, витка фигура, нагласени раменици и чист тен.

Водолија

Карактеристични за нив се спуштените очи, блескавата насмевка, меката кожа и темната коса. Познати се и по грациозниот став.

Риби

Рибите ги краси шармантна насмевка, привлечни крупни очи и пријатен глас.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2014 во 13:40
Секој има особини кои ги привлекуваат или ги одбиваат другите луѓе. Добро е да бидете свесни за своите маани и да ги поправате колку што можете.

horoskopot-gi-otkriva-5-te-maani-na-sekoj-znak-01

Треба да знаете да прифатите дека никој не е совршен, па ни вие. Ова се мааните на секој знак кои може да бидат вистинска пречка доколку сте во врска со нив.

Но, некој можеби знае и да направи компромис. Ако за некој едни маани се неприфатливи, за некој друг можеби се сосем вообичаени.

Пронајдете ги мааните на својот партнер или пронајдете го партнерот чии маани можете да ги прифатите.

Овен

- Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес.

- Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност.

- Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај, бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго.

- Имаат голем проблем со трпението.

- Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции.


Бик

- Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија.

- Не попуштаат.

- Нивните потреби се секогаш поважни од вашите.

- Ужасно се здодевни.

- Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи.


Близнаци

- Непослушни личности.

- Секој ден е нов предизвик, бидејќи не знаете како ќе бидат расположени.

- Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови.

- Брзо се заситуваат од сè.

- Да се живее со Близнак, значи да се живее со полу завршени проекти и идеи.


Рак

- Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

- Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците.

- Наметливи се и несамостојни.

- Може да ве запросат уште на вториот состанок.

- Животот со Раковите може да биде прилично досаден. Тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура.


Лав

- Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било.

- Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото.

- Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право.

- Нивната палавост е непријатна.

- Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка.


Девица

- Склони се кон осудување и претерани критики.

- Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор.

- Превртливи се.

- Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси.

- Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност.


Вага

- Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете.

- Донесувањето одлуки трае со часови.

- Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување.

- Опседнати се со физичката убавина.

- Им недостасува силна волја.


Скорпија

- Љубомората е далеку позната за Скорпиите.

- Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции.

- Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш.

- Лажливи се и таинствени.

- Малите караници редовно се претвораат во огромни драми.


Стрелец

- Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци.

- Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат.

- Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново.

- Доминантни се и склони на контролирање.

- Често се невнимателни за туѓите чувства.


Јарец

- Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење.

- Опседнати со контрола.

- Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат.

- Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна.

- Затворени се зад своите ѕидови.


Водолија

- Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни.

- Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции.

- На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво.

- Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди.

- Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат.


Риби

- На Рибите им треба многу простор.

- Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат.

- Ретко кога знаат што сакаат од животот.

- Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа.

- Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 12:09
Овен
Неуморни сте во работата. Остро критикувате се’ што ви се спротивставува. Ги совладувате сите пречки и постигнувате одличен успех. Треба да се чувате од давање јавни изјави и напаѓање на другите, затоа што можете себеси да си направите проблеми. Сетете се дека веќе бевте во слична ситуација.

Бик
Полека доаѓате на себе. Почнувате нормално да функционирате и да правите ред во работите во кои се изгубивте. Здравствената состојба се подобрува, односите со партнерот исто така. Со еден збор, уживате во сите сфери кои ви причинуваат задоволство.

Близнаци
Свесни сте за сопствените цели, затоа и целосно сте насочени кон нив. Чувствувате силна потреба за усовршување и учење. На машките припадници на знакот им е потребна жена која знае што сака. Контактирајте со странство, во врска со патување.

Рак
Привлечни сте и чувствителни на сите. Зголемена ви е смислата за спиритуални теми со широк спектар. Не плашете се од стапици, бидете внимателни и нема да бидете во неволја. Не претерувајте кога се во прашање блиските, особено бидете попустливи спрема партнерот.

Лав
Слободните претставници на овој знак сонуваат за фатална љубов. Не дозволувајте сенките од минатото да остават трага врз личноста со која сте во врска. Вистинската љубов не ретко има тажен крај. Посветете внимание на личноста покрај себе.

Девица
Остварувате огромен успех кој, пред се’, се однесува на работата и друштвото. Љубовта е во втор план, и покрај тоа што слободните припадници на знакот размислуваат за брак. Идеална комбинација за вас е Стрелец или Риба. Премногу сте мотивирани, а тоа ви дава сила да планирате.

Терезија
Работите полека доаѓаат на свое место. Подобро се чувствувате, здравствените проблеми исчезнаа. Подготвени сте да соработувате со личност со која имате најмногу тешкотии – партнерот. Лесно ви е да се изборите со децата и пријателите, но не и со него. Вклучете го талентот за дипломатија.

Скорпија
Доколку не го искористивте вистинскиот момент за заработка, немојте да се каете, предоцна е. Аспектите кои укажуваат на добивка веќе поминаа. Ова е успешен професионален ден проследен со контакти со околината. Потрудете се секое недоразбирање со партнерот да го решите на мирен начин.

Стрелец
Доколку се занимавате со бизнис, големи се шансите добро да заработите. Доколку парите ви доцнат, немојте да се нервирате, наскоро ќе пристигнат. Она што треба да ве загрижува е состојбата на нервоза, која лошо влијае врз вашето здравје.

Јарец
Мала ситница ве прави да се чувствувате одлично. Теми на денот има повеќе, а главни се љубовта и уметноста. Најдобро е да ги искомбинирате и во нив да уживате. Вие тоа го умеете и затоа однесувајте се во согласност со расположението.

Водолија
Напнати сте и незадоволни, па се трудите на импулсивен начин да се ослободите од тоа. Бидете внимателни, тоа може лошо да влијае врз околината. Поради нешто сте емотивно незадоволни, па страдате по малку. Мислите дека до се’ доаѓате со мака, претерувате.

Риби
Конечно, почнавте да се занимавате со слабата точка на организмот – имунитетот. Ќе успеете и ќе почувствувате многу енергија. Но, доколку се појават посериозни здравствени проблеми, одете на лекар. Односите со партнерот се одлични, уживајте.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
xereras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 151
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај xereras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 12:12
vaga,,,,
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 21:48
Д-р Константин Котротков, професор по компјутерски науки и биофизика при Државниот Универзитет за информатички технологии, Механика и Оптика во Санкт. Петербург,ги регистрирал промените во човековото тело при смртта.

Неговиот тим и тој покажаа дека душата е во форма на енергија, тогаш го напушта телото, и научникот тврди дека таа повторно се раѓа во ново тело во следнио1т живот .

Иако мејнстрим науката недвосмислено ги негира ваквите тврдења, експериментите на овој научник прв пат во историјата , успеале да се доведе ова истражување во близина на емпириското. Па ако реинкарнација постои, еве како да дознаете што сте биле и што ќе бидете во вашиот втор живот .
Трагачи на среќа

Година: 1927 , 1936, 1945 , 1954, 1963 , 1972 , 1981 , 1990 , 1999, во 2017 година, 2008 година.

Минато: Во претходниот живот сте биле крал , цар , владетел или му припаѓале на високо благородништвото.

Сегашност: Просперитет постојано ви бега. Во втората половина од животот ќе имате подобра среќа и на крајот – ќе бидат среќни со својата судбина. Имате страсна љубов кон спротивниот пол , но не сте промискуитетни . Сите сегменти ги подредувате и постојано сте во потрага по среќа и длабоко задоволство.Склони сте на депресија.

Иднина : Следниот живот ќе го поминат во планините како пустиник или ќе сте екстремни спортист.

Романсиери

Година: 1926 , 1935, 1944 , 1953 , 1962 , 1971 , 1980, 1989 , 1998, 2007 , 2016.

Минато: Во предходниот живот сте биле син на демонот , а во последниот пред овој канибал . Трошите многу време скитајќи низ светот.

Сегашност: Можно е дека ќе бидете писател на љубовна драма или хорор романи. Имате силна харизма и може да станете и политичар или презентер. Зборувате малку, но остро, и поради тоа често ќе се среќавате со завист и омраза.

Иднина: ќе бидете монах


Уметници

Година: 1925 , 1934 , 1943 , 1952 , 1961 , 1970 , 1979 , 1988 , 1997, 2006 , 2015

Минато: Во некои од минатите животи сте биле диктатор погубен пред илјадници луѓе , претходно сте биле канибал, а прет тоа слон.

Сегашноста: Никогаш не ви се доволно пари, моќ , слава … неопределени сте, можно е дека ќе имаате неколку бракови. Пазете се од луѓе кои сега ви се понижени , во еден од следните живот тие би можеле да бидат богати и да ви се одмаздуваат.

Иднина: Во која било од следните реинкарнации ќе сте уметник.

Љубовници

Година: 1924 , 1933 , 1942, 1951 , 1960 , 1969 , 1978, 1987 , 1996, 2005 година, во 2014 година.

Минато : Во претходниот живот сте биле љубовник/конкубина на царот/царицата.

Сегашност: Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Издржувате големи жртви за партнерите. Искрен сте пријател, добар човек. Сепак, често имате негативната перцепција на реалноста, и затоа понекогаш сте циничен или саркастичен .

Иднина: следната инкарнација ќе бидете модел.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 11:51
Овен
Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате со партнерот. Наредниот период е исклучително поволен за купување, договарање соработка и преговори околу парите. Забавувајте се со пријателите, но и уживајте во она што го правите на професионален план.

Бик
Ништо не оставајте на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата храна. Наметнете се со своите идеи.

Близнаци
Единствена преокупација ви е да бидете активни на повеќе полиња. Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа која го бара тоа од вас. Престанете да го изневерувате партнерот.

Рак
Ја проучувате секоја ситуација бидејќи знаете дека ќе имате полза од тоа. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален, а тоа може да ви создаде дополнителни проблеми. Партнерот се оддалечува од вас потрудете се повторно да го придобиете.

Лав
Се трудите нешто да промените, но целосно сте збунети и не ви успева секоја намера. Партнерот со нетрпение очекува малку нежност, овозможете му незаборавни моменти. Бидете внимателни со исхраната бидејќи имунитетот ви е доста слаб.

Девица
Денот не е поволен за решавање на професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но за жал ги изгубивте нервите.

Терезија
Прекрасен ден, конечно можете да се препуштите на сите животни радости. На свој начин уживате во среќата. Она кое што посебно ве прави задоволни е складот коj го најдовте во себе. Партнерот конечно ги признава грешките.

Скорпија
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конК*ренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.

Стелец
Благодарејќи на вашата енергија ќе остварите исклучителни резултати. Бидете трпеливи и не нервирајте се, само така работите ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е одлично, единствено треба да внимавате на нозете. Ве очекува мирен емотивен период.

Јарец
Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања.

Водолија
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Потрудете се да избегнете секакви расправии. Здравјето ви е на удар.

Риби
Поминувате незаборавни моменти со пријателите. Не е важно колку таа среќа ќе трае, уживајте и заборавете на ситните глупости кои ви го расипуваат расположението. Бидете самоуверени и толерантни кога е во прашање професијата.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 08:46
МОДЕН ХОРОСКОП: БОИ КОИ БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ НОСИТЕ ОВАА ПРОЛЕТ

Пролетниот шопинг организирајте го со помош на астро советите.

Овен – Тие треба да носат црвена боја. Нивен владетел е Марс, па затоа им прилегаат енергични бои. Нежните нијанси едноставно не се за нив. На нив ќе изгледа добро сето она што другите не можат да го комбинираат, како и боите кои никако не одат во комбинација.

Бик – Розевата боја е боја која се препорачува за овој хороскопски знак, како и сите нијанси на зелената. Биковите ги сакаат цветните дезени и боите на пролетта. Тие треба да ги избегнуваат мртвите и ладни тонови, а црвената боја не е препорачливо да ја носат.

Близнаци – За близнаците се препорачуваат жолтата, портокаловата, сивата како и нежно сината боја. Близнаците ги сакаат комбинациите од црна и бела боја. Жолтата ја сакаат кај деталите, но и портокаловата особено се препорачува кај овој хороскопски знак.

Рак – Препорака за Раковите е да се опкружат со сребрена и бела боја. Тоа ги смирува. Тие треба што повеќе да носат бела боја и сребрена боја, а може и нежно сина боја. Доаѓаат предвид само многу светли нијанси. Просторот во кој живеат треба да ги релаксира и да потсетува на море.

Лав – Црвената и златната боја се бои со кои треба да биде опкружен Лавот. Бојата на Сонцето владее со Лавовите, па ги тера да изгледаат светликаво. Светлите нијанси и нападниот накит се добра комбинација за нив. 


Девица – Кафена, сива, но и зелена и бојата на тревата, се бои кои се препорачуваат кај овие знаци. Земјената Девица сака хармонични комбинации и не премногу нападни бои. Мебелот во боите на дрвото или оној кој е изработен од дрво е тоа што тие најчесто го бираат. Ним им се важни деталите.

Вага – Розево, бело, нежно сино, сиво, кремасто, пастелни бои, светло зелена. Вагите се облекуваат многу хармонично, сакаат нежни бои кои лесно се комбинираат. Тие сакаат да изгледаат ненападно, убаво и елегантно. И мебелот во нивната куќа треба да биде во неутрални бои.

Скорпија – Скорпиите сакаат вино црвена боја и црна боја. Тие лесно се комбинираат со останатите бои, а освен во ормарот, Скорпиите би требало овие бои да ги имаат и меѓу парчињата мебел.

Стрелец – За нив се препорачуваат тегетот, виолетовата, но и темно сината боја. Јупитер владее со овој знак, па виолетовата или темно сината боја се бои кои се врзуваат за оваа планета. Стрелецот е еден ретките знаци кој ќе се одлучи за шаренило, бидејќи смета дека му одговараат сите бои.

Јарец – Сиво и боја на камен, како и црната, тоа се бои кои им се препорачуваат. Нив им прилегаат и убавите кафени тонови. Практични и деловни, припадниците на овој хороскопски знак се смирени, така што не експериментираат премногу ниту со боите.

Водолија – За Водолијата се препорачува тиркизна, сива и сина боја. Нив им прилега и тегетот и модро сината боја.

Риби – Сино, зелено, светло сино, тегет, виолетово. Ова се боите кои им се препорачуваат на Рибите. Сите нијанси мора да се добри за овој знак. Исто така, па макар и во спалната соба, тие би требало да имаат барем некои од нијансите на сината боја. Треба да ги избегнуваат земјените тонови како и огнените тонови.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 08:48
ТАЈНИТЕ ЖЕЛБИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

Дали некогаш ве интересирало кои желби ги има вашиот партнер, а тој едноставно не сака да ви ги открие? Сега можете да ги дознаете тајните желби на луѓето само врз основа на нивниот хороскопски знак.

Овен – Сака секогаш да биде прв во сè, да победува и да ги води другите.
Бик – Сака да биде материјално згрижен, да поседува многу материјални нешта и да се ослободи од сите стравови.
Близнаци – Тие сакаат да имат вистински одговор на секое прашање и да им се допаѓаат на луѓето.
Рак – Сака да ја пронајде љубовта на својот живот, да сака и да бидат сакан.
Лав – Лавот сака да владее со светот, да го обожуваат и да живее живот на висока нога.
Девица – Сака да биде херој и да воодушевува со своето знаење и интелект.


Терезија – Сака да сака и да биде сакан и да живее во вечна хармонија.
Шкорпија – Сака да има потполна контрола над сите.
Стрелец – Сака да успее на секое поле и на тој начин да се оствари себе си.
Јарец – Сака да успее по секоја цена, независно од другите.
Водолија – Сака да сака и да биде сакан, но искрено, топло и верно.
Риби – Сака да го добие она што го заслужува и ништо друго.


Изменето од Valerija - 27.Април.2014 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2014 во 15:52

Originally posted by напиша:

...црвената боја не е препорачливо да ја носат.


Аууу ете ми проблем сега.
Дали да менувам гардероба или да менувам хороскопскиот знак... размислување






Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2014 во 08:12

Кој е најљубоморен знак во хороскопот: Јарецот се повлекува во себе, Овенот има најстрасни изливи


Ниеден хороскопски знак не е имун на љубомората, но интензитетот и начинот на кој ја покажува се различни. Скорпиите се најлоши, а Водолиите најблаги. Сепак, дознајте ги љубоморните знаци кај секој хороскопски знак и препознајте ги предупредувањата кај партнерот.

koj-e-najljubomoren-znak-vo-horoskopot-jarecot-se-povlekuva-vo-sebe-ovenot-ima-najstrasni-izlivi-01

Овенот е најстрастен  во изливите на љубомора

Овните имаат проблем со апсолутната доверба, па знаат често да го следат секој чекор на партнерот и да го анализираат. Штом им се јави црвот на сомнежот реагираат импулсивно и моментално без оглед каде се и со кого се. Со оглед на тоа што често се искомплексирани, од нив може да очекувате сешто – од фрлање чинии до закани и лути реакции. Сепак, ако се однесувате коректно и ги демантирате нивните сомнежи, љубомората веднаш им исчезнува како ништо да не било.

Бикот е истражувач, но знае да ве задуши со љубомората

Иако припадниците на овој знак се добродушни и тежнеат кон хармонични врски, ако ја разбудите нивната љубомора и сомнежи, очекувајте голема недоверба во иднина. Не избрзуваат со заклучоци, но ќе откријат и предвреме дали имате намера да ги изневерите. Дури тогаш бидете подготвени за напад од навреди и тешки зборови, бидејќи најмногу мразат кога ќе ја изгубат контролата над ситуацијата.

Близнаците се сомневаат поради личното однесување

Иако лично не се склони кон љубоморни сцени припадниците на овој знак се сомневаат во верноста на партнерот бидејќи и самите често флертуваат. Сепак, остануваат смирени и го наведуваат партнерот сам да го открие своето неверство, доколку го има. Но, нема да бидат среќни доколку се докаже дека се во право.

Љубоморниот Рак се однесува како дете

Припадниците на овој знак целосно се предадени на љубовта, а иако не се склони на песимистички размислувања за неверство, тешко ќе ги погоди секоја закана за нивната врска. Погледи под око и игнорирање се типични реакции на љубоморниот Рак. Сепак, тие чувства брзо ќе им поминат бидејќи не сакаат со своето однесување да предизвикаат дополнително оддалечување. Ако пронајдат доказ за неверство, најтешко го поднесуваат тоа од сите знаци.

koj-e-najljubomoren-znak-vo-horoskopot-jarecot-se-povlekuva-vo-sebe-ovenot-ima-najstrasni-izlivi-2

Лавот е повеќе посесивен, отколку љубоморен

Припадниците на овој знак прилично се склони на љубомора, но таа не е толку грубо изразена како кај другите знаци и често изгледа само како потврда за љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни, поради повредената гордост, преголемите очекувања од партнерот или од страв дека не ги сака доволно. Во неверството повеќе се плашат поради ударот на нивното его, отколку предавството на љубовта.

Девиците уживаат во истражување на партнерот и неговите пропусти

Девиците, слично како и Близнаците, се сомневаат во неверството на партнерот бидејќи и самите сакаат да ги привлекуваат туѓите погледи, па претпоставуваат дека тоа го прави и нивниот партнер. Ако партнерот им даде повод за љубомора, ќе го истражат целосно неговото однесување и ќе треба голема мака за да се разубедат дека не е така и повторно да стекнат доверба.

Вагата се сомнева, но рационална е

Вагите не се склони на љубомора, но партнерот кој ја тестира нивната љубомора го очекува тешка ситуација. Ако се почувствуваат загрозени, тие рационално ќе земат предвид сè што знаат и ќе станат непредвидливи и опасни. Иако изгледаат мирни припадниците на овој знак ќе ви се осветат заради состојбата во која сте ги довеле.

Скорпијата е лидер во љубомората

Скорпиите се најљубоморен знак иако постојат исклучоци. Не се воопшто тактични кога тоа го покажуваат, не одбираат зборови и може да се чувствуваат издадено за работи на кои други и воопшто не би реагирале. Тешко ја признаваат љубомората со зборови, но таа јасно се гледа на нивното лице.

koj-e-najljubomoren-znak-vo-horoskopot-jarecot-se-povlekuva-vo-sebe-ovenot-ima-najstrasni-izlivi-1

Стрелецот веднаш ја решава проблематичната ситуација

Припадниците на овој знак немаат ниту време ниту трпение да чекаат за да видат како ќе се одвива ситуацијата или да бараат начин за да го уловат партнерот. Тие веднаш реагираат и кажуваат што им смета. Така сакаат и да се заштитат, бидејќи знаат дека не можат да издржат во долги преправања и љубоморни игри.

Јарецот поради љубомора се повлекува во себе

Ретко си признаваат себе дека се љубоморни, а најважно им е личното достоинство. Ако се љубоморни стануваат ладни, затворени и пресметливи, но не избрзуваат со реакциите. Сепак, ако пронајдат конкретни докази, тогаш засекогаш ја затвораат вратата за партнерот.

Водолијата вешто ја крие љубомората

Припадниците на овој знак по својата природа имаат многу голема доверба во партнерот, најмногу поради тоа што претходно требало многу повеќе да се потруди за да ја добие нивната љубов. Ако поминал на тој тест, ретко ќе биде на мета на љубомората која Водолијата ја смета за најлошо нешто во љубопвта. Поради тоа, кога се погодени од тоа молчат и се трудат побрзо да заборават.

Рибите се повеќе несигурни, отколку љубоморни

Рибите потполно се предаваат на љубовта , а поради тоа и како партнери се многу ранливи. Ако почувствуваат љубомора, поради несигурноста причините ќе ги бараат во себе и ќе патат. Иако со сето срце се трудат да му простат на партнерот, нивната несигурност тоа не им го дозволува.

koj-e-najljubomoren-znak-vo-horoskopot-jarecot-se-povlekuva-vo-sebe-ovenot-ima-najstrasni-izlivi-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2014 во 07:59

10 искрени признанија на секој астролошки знак


Какви се навистина астролошките знаци дознајте од нив. Ова се десетте признанија на секој знак за тоа кои се нивните добри и лоши страни, кои се нивните мани и недостатоци, а кои се нивните доблести. Вака ќе знаете како да се справите со секој од нив.

deset-iskreni-priznanija-na-sekoj-astroloski-znak

Овен

1. Мора да се согласувате со мене!

2. Прво делувам, а потоа мислам!

3. Нема за запрам затоа што другите запираат!

4. Невозможно е мене нема да ми се случи тоа!

5. Не можете да го направите нешто подобро од мене!

6. Не сакам да се слушам себеси додека зборувам!

7. Инаетот е мојата најдобра особина!

8. Сакам да делам совети!

9. Овенот е фин, само кога нема други Овни покрај него!

10. Ако ме нападнеш ќе се повредиш!


Бик

1. Не ги жалам потрошените пари!

2. Ништо не барам од тебе, но ништо и не ти давам!

3. Ќе сторам сѐ само да не избие скандал!

4. Кога се одморам - не ме задевај!

5. Помеѓу удобен кревет и убав поглед, секогаш го бирам првото.

6. Јадењето е врвно уживање!

7. Јас сум дете на судбината!

8. Ако некој друг може да ја заврши работата, слободно нека го направи тоа!

9. Сакам блескави, сјајни предмети!

10. Професијата од соништата за мене е дегустатор!


Близнаци

1. Денес сум подобар од вчера, а за утре ќе видиме.

2. Моќта е во информацијата!

3. Ги слушам само своите совети!

4. Можам да бидам на повеќе места истовремено!

5. Секоја своја идеа ја реализирам!

6. Телефон и телевизор мора да имам во секоја соба!

7. Кој доцни, тешко нему!

8. Во борбата со животот никогаш нема да се предадам!

9. Сакам да купувам, но некој друг ќе мора да ми каже што да купам!

10. Морам да имам многу од сè!


Рак

1. Мојот дом е мојата твдрина!

2. Семејството ми значи сè!

3. Највисока доблест е трпението!

4. Ќе победи оној кој е трпелив!

5. Во мојот дом гостите се секогаш добредојдени!

6. Секогаш мора да имам маса со различни грицки и благо на неа!

7. Немам многу пари за да купувам евтини работи!

8. Морам да имам сопствена соба, во која ќе можам да бидам сам!

9. Паметам се!

10. Не купувам ништо ново, ако старото е не е скршено!


Лав

1. Следете ме мене, јас ќе ве водам!

2. Сите можете да сметате на мене, а не јас на вас!

3. Убавиот збор железни врати отвора!

4. Јас сум центарот на светот!

5. Сакам спокојна работа, а не висока плата!

6. Трошам толку колку што заработувам – што значи ништо не ми останува од платата!

7. Толку сум префинет, што си купив пијано, а не знам да свирам на него!

8. Иако се смеам, јас можеби само те манипулирам!

9. Незначителни проекти не се важни за мене!

10. Ако ви треба топлина и мудрост, дојдете поблиску!


Девица

1. Со работа и упорност сите ќе ве престигнам!

2. Скромноста е мојата добра страна!

3. Служам на другите, ама живеам само за себе!

4. Сè околу мене треба да биде во полн ред!

5. Мојот мозок управува со моето срце!

6. Ако има дамка на ѕидот, ќе го срушам и ќе изградам нов!

7. Сакам сè да е под мој надзор!

8. И пеш ќе одам по светот за моето семејство!

9. Жената мора да биде вистинска дама!

10. Сама ги бирам пријателите и не трпам навреди!



Вага

1. Морам да бидам во љубовна врска!

2. Никогаш не се расправам, тоа ме прави нервозна!

3. Се согласувам со тебе, само за да не се расправаме, а не затоа што се согласувам!

4. Секој принцип ќе го прекршам, ако сум убедена во тоа!

5. Може да убедам секој во сè!

6. Убавината е најважна во светот!

7. Секогаш сум добро расположена!

8. Постојано се двоумам!

9. Никој не е само лош или само добар!

10. Никогаш не можам да одлучам кое кафе да го нарачам!


Скорпија

1. Ако те обожавам - за тебе сум спремна сѐ правам со задоволство!

2. Под секој камен може да е скриена змија и затоа сум толку внимателна!

3. Дајте ми вистински добра причина, па да се насмеам!

4. Сакам да сакам!

5. Можам да те убијам со префинет гест!

6. Ако ми веруваш, може и да не те боцнам!

7. Не очекувај да ги покажам своите чувства!

8. Би помогнална на секој што потоа ќе ми покаже колку е благодарен!

9. Сакам да сум во центарот на вселената!

10. Јас сум како кактус, цветам само за одредени луѓе!


Стрелец

1. Сите луѓе се добри!

2. Го паметам секој, кој ми помогнал!

3. Живеам за да патувам!

4. Не позајмувам пари!

5. Никој не смее да ми се лути!

6. Сакајте ме, јас тоа го заслужувам!

7. Нема да зажалам за ништо што сум го направил!

8. Оние кои немаат со што друго да се пофалат, се фалат со работата!

9. Не се грижам без потреба!

10. Сите треба да ги исполнуваме обврските!


Јарец

1. Секое оптоварување јас можам да го издржам!

2. И сам воинот е воин.

3. Не учествувам во сомнителни зделки, знам дека ќе ме фатат!

4. Сакам да поседувам скапоцени работи кои сам сум ги купил!

5. Животот е воз, кој застанува на различни станици!

6. Уживам да сонувам и да фантазирам!

7. Човек мора да се бори за своето место!

8. Сонувам да бидам на врвот!

9. Јас не стареам!

10. Имам трпение, ќе почекам !


Водолија

1. Јас секогаш сум различен!

2. Сакаш да бидеш со мене? Тогаш стани таков каков што сакам јас да бидеш!

3. Мразам предрасуди!

4. Иднината е секогаш прекрасна!

5. Тешко е да сум совршен, но тоа се очекува од мене!

6. Најважна е добрата намера!

7. Отфрли сè што е старо, така ќе станеш добар пронаоѓач!

8. Во животот има поважни работи од сексот!

9. На прво место се моите пријатели, ако ми остане време ќе се грижам и за семејството!

10. Јас сум најдобар!


Риби

1. Срцето ги води телото и умот!

2. Алкохолот ми го олеснува животот!

3. Никој не може да ми каже што да правам!

4. Не одложувај за утре она што може да се заврши задутре!

5. Ветив, но кој знае дали ќе го направам тоа!

6. Работам секогаш полека!

7. Можам да направам анализа на секој човек, но не знам ништо за себеси!

8. Човек треба да е флексибилен, за да не се скрши!

9. Не е важно што правам, важно е да изгледам зафатен!

10. Ако ме турнеш, сигурно ќе се лизнам!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 113114115116117 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.