IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Сивота, Врахос и Парга - Убавиците на Епирот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сивота, Врахос и Парга - Убавиците на Епирот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сивота, Врахос и Парга - Убавиците на Епирот
    Испратена: 22.Април.2014 во 20:43
Парга



На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче Парга. Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда. Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и секако Турците. Парга денес брои околу 3000 жители, кои се занимаваат најчесто со туризам, кои секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа. Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот. Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има неопислив поглед со зборови. 

Kрф, Јонските острови, реката Ахерон, островите Паксос и Антипаксос се само еден мал дел на излети што се организираат од Парга. Излетот со брод до островите Паксос и Антипаксос е нешто за кое долго време ќе раскажувате. 

 Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате. 

Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува прекрасен летен одмор. Сите плажи во Парга имаат кристално чисто море и зелена околина. Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот. 

 Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот.На плажата има кафичи,продавници и таверни. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање.  

Писо Крионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос.Писо Крионери е помала од Крионери и со помалку гужва,но пак затоа има кристално чиста вода.

Лихнос е одалечена 5 километри јужно од Парга. На плажата има ресторани. До нејзе може да се дојде со брод,кола или пешки. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња. Овде се наоѓа пештерата на Афродита која е на 5 мин пешачење од плажата. 

Саракинико е една од најубавите и најразвиените плажи на Парга. Дел е песочна а дел со каменчиња, но водата е кристално чиста. Убаво организирана плажа која нуди топло добредојде и вистинско уживање. До неа можете да дојдете со брод или со автомобил. Оддалечена е 12 км од Парга.









Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 20:47


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 20:50

Парга невечерсреќа
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 21:32

Сивота
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Maja3 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maja3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 20:17
Здраво, може ли некој да ми каже колку е со брод од Парга, до соседните острови, Лефкада....и некои други блиски, и колку треба патување со кола од Скопје до Парга и дали некој бил во ПАРГА - Studia Fiore или ПАРГА- Vila Dokos?
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:23
Originally posted by Maja3 Maja3 напиша:

Здраво, може ли некој да ми каже колку е со брод од Парга, до соседните острови, Лефкада....и некои други блиски, и колку треба патување со кола од Скопје до Парга и дали некој бил во ПАРГА - Studia Fiore или ПАРГА- Vila Dokos?

Турата со брод до Паксос и Антипаксос е околу 20 евра, а може да се исценкате и за 17.
До Лефкада околу 40, ама и за таа можете да се исценкате за помалку. Особено ако сте повеќе.

И Докос и Фиоре се убави, само фалби слушав лани за нив од пријатели. Ама од лично искуство не можам да ти кажам.

Патот зависи на граница колку ќе се задржите, лани ние саат ипол останавмеголема насмевка


Изменето од evangeline - 24.Април.2014 во 22:23
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2017 во 18:16




Врахос
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.