|
Газда Нини |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Го замолив авторот на темава, да го корегираме насловот на истата, со тоа што ќе додадеме нешто за скандалот со Македонска Банка и поврзаноста на премиерот Груевски со неа, како и сите други афери кои излегоа во јавност деновиве. Затоа што за нас не е од пресуден интерес тој газда Нини туку поважна и посуштинска е улогата на премиерот и неговите најблиски соработници во истата. За мене лично ова стана замрсено како гордиев јазол и ми остава многу неодговорени прашања: Зошто премиерот цела недела молчи и не излегува јавно и лично да се произнесе за вакви тешки обвинувања, туку тоа го прави со партиски и адвокатски соопштенија? Зошто ако се тврди дека снимката е монтажа, лично тој не побара да се даде на вештачење за да се докаже дека е во право? Зошто јавниот обвинител не се чувствува надлежен да покрене истрага за случајов, какво посериозно обвинување од ова треба за да се покрене постапка и да си ги ангажира ресурсите кои му се толку скапоцени? Зошто Заев не излезе и не ги извади сите докази кои тврди дека ги поседува наеднаш, туку ги дозира секој ден по нешто, како да е ова партија шах, па ќе си играме, ајде премиеру сега ти си на потег? Зошто истиот чекал ваков совршен тајминг пред избори, како да го става противникот пред свршен чин, а не ја објавил снимката доколку ја поседувал од порано? Зошто некој совесен граѓанин чекал да му проработи совеста после 10 години или пак чекал најпогоден тајминг за некаква одмазда? Кој навистина ја направил снимката? И зошто провладините медиуми молчат како залиени за овие скандали, а ги објавуваат исклучиво контра одговорите од владеачката партија? И најважно од се ми е, зошто премиерот упорно молчи? За вакви тешки обвинувања си треба темелна истрага, а не докажување преку граѓански тужби за клевета. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јасно е дека се работи за изборна игра. Доколку не беше така овие нешта ќе беа објавени порано или ќе беа презентирани на подруг начин. За другите прашања… на Заев му одоговара повремено дозирање на вакви изјави бидејќи на тој начин подолго време го држи јавното мнение онаму каде што тој сака да биде. Од друга страна, барем колку што јас ги следам македонските медија, премиерот не молчи, туку повеќе пати изјави дека се работи за монтажа која Заев ќе треба да ја докажи на судски процес. Имено, оној кој тврди нешто треба истото првин да го докажи. Веродостојноста на обвинението лежи до оној кој го презентира, а не до оној кој е обвинет. Во спротивно секој секого ќе го обвинува за с'е и сешто и сите ќе мораат да докажуваат дека обвинението нема основа. Се разбира тоа е бесмислено и затоа не е прифатено од никое правосудство. На судскиот процес Заев има прилика да побара вештачење на снимката, да повика сведоци и да достави секакви други материјални докази за оноа што го тврди. Изменето од Messenger - 23.Април.2014 во 16:59 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
INTERCEPTOR
Нов член Регистриран: 09.Април.2014 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako si napadnat, obvinet i slicno dali se trudis da go dokazes sprotivnoto? Imeno od avion se gleda deka se trudis da go odbranis Gruevski. Nema Zaev sto da dokazuva... negovite dokazi se dostapni na celata javnost. Ubavo kaza Anastea. Cuden molk ili cudna odbrana ima Gruevski. Pre bi rekol panicna. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси, дека е изборна игра е и повеќе од јасно, да. Но не верувам дека ова ќе остане само на игра. И не треба да остане, туку еднаш засекогаш да се расчистат овие гнасни криминални дејствија, во кои се замешани сите досегашни политички гарнитури, бизнисмените околу нив, медиумите.... Јас не се задоволувам со изјавите на премиерот дека снимката е монтажа. Требаше да излезе лично со изјава на некој медиум, да каже јасно и гласно: Не, ова на снимката не сум јас, не сум имал никогаш такви разговори, не сум земал никогаш такви пари, не сум криел данок и слично.... Ако нема никаков удел во такви матни скандали, требаше малку поагресивно да си ја одбрани честа. Посебно што ова е клучен момент пред избори. Денеска прочитав некаде дека снимката можела да се прати во некои странски лаборатории и за релативно кус период (мислам за еден ден) да се провери нејзината автентичност, од институции специјализирани за тоа. Мене тоа ми е логично. Ако јас сум сигурна во себе дека образот ми е чист, тоа е првото нешто што би го направила. А што сега? Нови скандали за примени пари. Сега обвиненија за Гордана Јанкуловска дека земала на рака 500 илјади евра (како ги кажуваат и даваат овие сумиве, како да се работи за ситниш за мастики), па непријавени пари во партискиот имот, па писма и јавувања на некојси Загорец Тумбовец како што вика Љубчо... И пак смешни деманти, дека било монтажа, фалсификат печат, неетички разговор.... Не знам, ама мене ова ми стана премногу гнасно. Изменето од Анастеа - 24.Април.2014 во 00:58 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И мене ми е логично Заев да ја прати снимката на такво вештачење доколку таа е навистина оригинална. Зошто не го прави тоа ? Така ќе стави точка точно во центaр и ќе ги замолкне сите негирања за нејзината автентичност наместо, како сега, с'е да останува на празни реторики. Јас секогаш сум бил за почитување и следење на Законот. Секое негово кршење да биде санкционирано како што е препишано во него, без обзир кој е обвинетиот. Никакви помилувања, никакви аболирања !
Ама таква е политиката - гнасна! Не си го губи сонот околу тоа. И едните и другите пред гласањето ќе се гнасат едни со други, а потоа с'е ќе стивне. Не е ова прв пат, а нема да биде ниту последен. И така е насекаде, не само во Mакедонија. Изменето од Messenger - 24.Април.2014 во 15:21 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал, во светов има се помлаку џентламени! Ако некогаш тоа го работеле во бели раквици, денеска тоа се прави отворено, фронтално, без пардон.
Одстрана перципирано, биткиве им изгледаат, многу сурови, брутални и простачки. Да неречам сељачки! Кампањите се под секој критериум. Негативизмот и обвинувањата можат да работат на кус временски период, а потоа стануваат контрапродуктивни. Луѓето се заситуваат од сензациите и почнуваат да ги игнорираат. Манаџерите на политичките камапањи на западот тоа многу одамна го имаат сфатено, па затоа нивниот примарен фокус се става на тоа како нивиот кандидат ќе допринесе да се променат состојбите. Иако Македонија е спремна за промени, за жал, јас од опозицијата невидов, ама баш ништо. Ако има паметни луѓе во СДСМ, а верувам дека има, тогаш тие паметните би требало да ги посоветуваат нивните кандидати. Фрлањето со дрвја и камења по позицијата, верувајте, нема да им донесат поголем број на гласови. Посветувам внимание како јас да станам подобар, притоа не се срамам да учам од успесите на други, ама исто така и од нивните грешки. Сигурен сум дека нема да станам подобар, ако некого понижувам и навредувам. Ако не пред самиот себе, ама во очите на јавноста 100% ќе формирам прецепција за лош, гад, прост, опортунист.... човек кој не ги бира средствата за да ја постигне целта. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу се инвентивни овие од СДСМ
Банкноти кои ги издава веќе ликвидираната „Македонска банка“ со ликот на премиерот Никола Груевски, а во вредност од 1,5 милиони евра, се појавија денеска во центарот на главниот град. Вака активистите на опозициската партија СДСМ ја пародизираат аферата која ја обелодени лидерот на партијата, Зоран Заев, за, како што рече, вмешаноста на премиерот при продажбата на акциите во „Македонска банка“. Банкнотите им се делеа на граѓани кои минуваа покрај штандот на СДСМ на плоштад Македонија. Минувачите добиваа и промотивен материјал од предизборната програма на СДСМ, додека банкнотата во вредност од 1,5 милиони евра, како што рекоа активистите, треба да ги доближи до сознанијата за спорната продажба на акциите од „Македонска банка“. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
INTERCEPTOR
Нов член Регистриран: 09.Април.2014 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I sega sto praime, ako se dokaze deka e avtenticna snimkata? Dali togas pak ke se negira, i ke se galami deka e naracana ekspertizata? Naracana ekspertiza za snimkata Изменето од INTERCEPTOR - 24.Април.2014 во 18:22 |
||
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овој Грујо 1,5 милиони евра ,а па Заев 8 милиони евра
|
||
Train hard,Fight easy !
|
||
paracetamol
Група Регистриран: 11.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
за скептиците што мислат дека е монтажа.... Американски форензичари: Снимката не е монтажа!Американски форензичари ја започнаа експертизата на аудио снимката која ја објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, поврзана со случајот земање на кеш пари за македонска банка. Според првичните наоди, аудио снимката е веродостојна, односно не е монтажа. Иако целосното вештачење се очекува следната недела во изјава за 24 Вести Зоран Ивановски, кој долги години живее и работи во Америка и кој самоиницијативно со поддршка на Републиканската партија побара вештачење, вели дека има поклопување на гласот од снимката со гласот на премиерот Никола Груевски. http://a1on.mk/wordpress/archives/321476#.U1qjrQbwmjE.facebook |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...abe ajde,ja ne veruvam vo toa!..milion i pol avra!!!...toa se pari be!!!..sto ke mu se na coekov tolku pari za eden edinstven zivot?.
sto se nema da se izmisli ..vaka pred izbori.
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
“Кривичната пријава е поднесена, но обвинителот кој го води тој предмет е на пат, верувам во петок ќе имаме прес конференција на која на јавноста ќе и соопштиме за овој случај“ – рече Зврлевски за Либертас. Обвинителот бил на пат. Е па стварно си ги штеди ресурсите човеков. Можеби да се работеше за некој од (или близок на) опозицијата, немаше човеков да биде толку штедлив на ресурси. |
||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |