IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Велигденски декорации
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Велигденски декорации

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: DIY-Велигденски декорации
    Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:56

Детски кошнички за Велигден


Детски кошнички за Велигден
Сите им се радуваме на Велигденските празници, но секако дечињата најмногу…Да ги израдуваме со необична кочничка за јајцето кое ќе им го подариме.

Потребен материјал:

  • 1 пластична чаша (од јогурт, пудинг и сл.)
  • 1 лист од  кујнска хартија или бела мека ткаенина
  • мало парче тенок бел хамер, малку бела хартија
  • украсна цик-цак лента,
  • дезенирана ткаенина,
  • слама,
  • лепак,
  • црн фломастер
1. Пластичната чаша обложете ја со бела хартија(користев лист од кујнски бришачи за раце превиткан дупло) или бела ткаенина и залепете со лепак.Од белиот картон исечете лентичка која ќе има улога на рачка, преку неа залепете украсна лентичка или цик-цак лентичка, двата краја премачкајте ги со лепак,па залепете ја рачката од внатрешната страна на чашата.
2. Од белиот картон искројте 2 елипсести форми за очи и исцртајте им зеници со фломастерот. Од дезенираната ткаенина исечете срценце за носот  и лентичка за пеперутка машничката за „машкото“  и машничка за коса на „женското“ зајаче.  Залепете ги очите на обложената пластична чаша, со фломастер исцртајте уста, залапете ги парченцата од цик-цак лентички како мустачиња, а во средината залапете го срценцето за нос. Од белата хартија исечете 2 елипсести форми за уши, во долниот дел малку засечете ги, залепете ги малку преклопени во средината, па секое уво залепете го од внатрешната страна на чашката.
3. Чашата наполнете ја со малку природна или вештачка слама, додајте го јајцето за подарок и тоа е с`е.
НАПОМЕНА: јајцето е малку претешко за нежната рачка на оваа кошничка, затоа препорачувам да се држи одоздола.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2014 во 17:12

Слика
Слика
Слика
Слика
Слика


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2014 во 17:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:54
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:56
Уште малку па ќе почнам да се играм ... голема насмевка

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 14:53

Направи сам - Велигденска декорација во домот


Остана уште малку време до почетокот на велигденските празници, токму толку за пробате да направите нешто интересно во вашиот дом и да му дадете празнична магија. Токму во таа насока, ви нудиме интересни предлози за тоа како да ја декорирате велигденската трпеза и сами да направите оригинални и несекодневни детали во вашиот дом. Верувајте дека за тоа нема да ви треба ништо посебно, освен малку слободно време и трпение, а резултатите ќе бидат одлични.

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-1

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-3

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-4napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-5

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-6

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-7

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-8

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-9

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-10

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-11

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-12

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-13

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-14

 

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-15

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-16

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-17

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-18

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-19

 

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-20

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-21

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-22

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-23

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-24

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-25

 

napravi-sam-veligdenska-dekoracija-vo-domot-26

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 15:10

Велигденски јајца цртани со восок од пчели


Велигденски јајца цртани со восок од  пчели
Деновиве забележав дека и кај нас во продажба за прв пат се појави комплет за восочни јајца. Еве како тоа јас го правам од лани:

Потребно Ви е: подебело перце поставено на дрвена дршка, или некое старо пенкало кое може да се полни со мастило(ги викаа и налив перо), восок од пчели, една свеќа, мала лименка во која ќе ставите од восокот и многу голема желба да направите нешто восхитувачко. Во комплетите кои ги споменав има посебна алатка со која се нанесува восокот,а личи како овие чудни дрвца со конусчиња од мојата слика. Во неа всушност, се става малку од тврдиот восот,а со загревање на свеќата тој истекува низ тесниот отвор од металното конусче за да може да се црта по јајцата.

Лани јас постапив вака:
  • Во лименката ставете малку од восокот и на слаб оган загрејте го кратко време. Восокот ќе се стопи и ќе го покрие дното,а набргу потоа ќе се стврдне.
  • Малку загрејте го перцето со кое ќе цртате, гребнете маклу од восокот и почнете да цртате по површината на несварените јајца.
Восок
  • За шарите убаво да се познаваат после боењето, потребно е линиите кои ги исцртувате да бидат убаво,јасно исцртани,да забележите дека со цртањето оставате видлива трага од стопениот восок.

Пишување врз јајцата

  • На интернет на многу места може да најдете најразлични идеи за шари ако веќе немате свои идеи.Јас немав идеја, не знам ни многу да цртам,па затоа повеќето шари ги гледав кај поискусни од мене.
  • Ви уверувам дека ова е навистина постапка,а кога еднаш ќе исцртате едно јајце, станува вистинска “зараза“ следното да биде уште поинтересно и поубаво исцртано.

Велигденски јајца цртани со восок од пчели


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 15:12

Време е за Велигденски декорации!;

Време е за Велигденски декорации!

Подготовките за Велигден секогаш се возбудливи и интересни, особено кога станува збор за велигденските јајца.

Црвени, жолти, зелени, ги има во сите бои, а оние со малку повеќе трпение и креативен дух знаат да направат навистина оригинални декорации за велигденските јајца.

Во пресрет на Велики Четврток, денот кога ги бојадисуваме јајцата, само за ваше задоволство издвоивме неколку интересни идеи кои можеби ќе ве поттикнат да се обидете да направите малку поинакви Велигденски јајца.

Сè што ви е потребно е желба, време и малку повеќе трпение.
Фатете се за работа и уживајте во подготовката на Велигденските јајца.

За овие прекрасни јајца потребно ви е лепило и конци во боја. И секако, многу, многу трпение!велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Темперни бои, четка, малку трпение и креативност, и ќе ги имате овие прекрасни весели јајца.велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Тантела и лепило – едноставно, лесно, а толку нежно и елегантно.

 

И ние не знаеме како точно се обоени овие јајца, но тоа воопшто не нè спречува да се обидеме. На јајцето се ставаат лепливи ленти, може да се обидете со изолир, па јајцето се става во бојата. Е сега, како се добиени различни бои без да се помешаат, ќе провериме годинава, па доколку откриеме, ќе ја споделиме тајната со вас.

 

Овие јајца се добиени од парчиња ткаенини, поточно стари машки кравати. Јајцето се витка во ткаенината, потоа се вари во вода со оцет, а бојата од ткаенината останува на него. Обидете се само со едно јајце, доколку е успешно, продолжете!велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Јајцето се става во чаша во која има малку подготвена боја. Оставете малку да прими од бојата, потоа додадете малку вода, повторно оставете да прими вода и така додавајте по малку вода додека не се покрие јајцето. На овој начин, при секое додавање на вода, еден дел од јајцето се обојува со посветла нијанса од претходната.

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Повторно чипка или нежна тантела! Јајцата се виткаат со чипка, па се ставаат во бојата. Потоа, чипката се отстранува.велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Уште неколку интересни декорации од хартија, кои лесно и успешно ќе ги совладате.велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

За што и да се одлучите, запомнете, декорирањето на јајцата треба да ви претставува задоволство, дури и ако не ги добиете очекуваните резултати. И нас не ни успева секогаш да ја реализираме идејата, но важна е посветеноста и љубовта со која се пристапува кон подготовките за Велигден.
Пријатна работаsmiley



Изменето од Valerija - 28.Март.2014 во 15:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 15:39

10 идеи за уникатни велигденски јајца


10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-001

Едноставните шарени јајца изгледа веќе не се во мода. Сега е одлично време да ја искористите вашата креативна страна и сите материјали кои ги поседувате да ги претворите во уникатна декорација за велигденските јајца.

Ова се неколку едноставни идеи кои веруваме ќе ви се допаднат, а и ќе ги изведете со голема леснотија.

1. Цветни јајца за кои ќе ви биде потребна интересна ткаенина.

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-1

Начинот за изработка погледнете го тука.


2.
 Или пак дезенирани јајца од шарени салфетки

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-2

Начинот на изработка погледнете го тука.


3.
 Светкави јајца со точки

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-3

Начинот на изработка погледнете го тука.


4.
 Омбре велигденски јајца

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-4

Начинот на изработка погледнете го тука.


5.
 Искористете ги принтовите од свилата за да ги обоите јајцата

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-5

Начинот на изработка погледнете го тука.


6.
 Љубовна порака во јајце со точки

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-6

Обојте го јајцето со темперни бои и ишмукајте ја внатрешноста. Оставете да се исуши неколку часа, а потоа во дупчињата ставете ја љубовната порака.


7.
 Сошиени јајца

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-7

Начинот на изработка погледнете го тука.


8.
 Половично обоени јајца во неонски бои

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-8

Начинот на изработка погледнете го тука.


9.
 Јајца налепени со текстури од самолепливи траки

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-9

Начинот на изработка погледнете го тука.


10.
 Јајца на кои ќе ја искористите преостанатата шарена вода

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-10

Начинот на изработка погледнете го тука.

Си одбравте омилени? Кој предлог ќе го пробате?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 14:28
Вака правев лани, со салфетки. Интересни се, планирам и оваа година.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 21:29

Велигденска декорација

Интересна идеја за велигденска декорација што можете да ја направите сами дома. Ќе ви треба конопбалонбело течно лепилопојаки ножици, украсна лента, алуминиумска и најлонска фолија. Откако ќе ги снабдите потребните материјали, процесот на креирање е веќе лесен, само следете ги чекорите на сликата!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 21:35
Декорација-Велигденска трева
24
апр
2013

Декорација-Велигденска трева

Прано оваа декорација за велигденска трева беше хит и често ја правевме. Потоа во продажба излезе вештачката трева, па овој начин се занемари. Сепак, решив да ви ја презентирам како идеја за предстојните празници, па можеби некому ќе му се допадни ако не знаел или пак ќе се потсети оној кој веќе знае.
Најдобри се стиропорните подлоги од куповните колачи како модли или барем јас така мислам дека нив често сме ги користеле. Но, доколку немате таква при рака, можи и во керамичка рамна чинија. Овој пат пробав и во капаче од дезодоранс и беше исто така интересно. Можи да пробате и во оние картонски подлоги од јајцата, па кога ќе ги редите на нив обоените јајца да бидат со затревен мотив... Но, исто така, добра идеја да се примени овој начин е и во шуплива лушпа од јајце, па истата да ја избоите, исшарате. За жал, јас не успеав во тоа да пробам во интерес на времето и да ви покажам тука.
За да се припреми оваа декорација, се зема парче памук од прилика со големината на модлата која ќе се обложува. Со рацете се подраширува на местата каде е потребно за убаво да се покрие цело дно и убаво се израмнува. Се налева малку вода, колку само да се натопи памукот, но не и да плива во него и одозгора се ставаат зрната жито. Колку густо ќе ги посеете, толку густа трева ќе добиете, но сепак не претерувајте. Според мене, најдобар изглед на трева дава пченицата, но можи да пробате и со овес, `рж, јачмен...
Најдобро е да се чува во просторија со собна температура и повремено да се прати влажноста на памукот и да се додава вода. Можеби ќе треба уште еднаш до два пати да додавате. Зависно од температурата и влагата, после 10 дена до 2 недели треба да имате израстена убава трева за велигденската декорација.
Уживајте во празниците!

Забелешка
Доколку користите картонска подлога, пред да отпочните со процесот, прво ставете алу фолија, бидејќи картонот ќе ја впива влагата и памукот често ќе останува сув, па нема да се добие резултат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 09:05

Направи сам: Брзи и евтини велигденски декорации


Време е да ги започнете велигденските подготовки и украсувања. За околу десетина дена го очекуваме еден од најголемите христијански празници Велигден.

napravi-sam-brzi-i-evtini-veligdenski-dekoracii-za-domot-01

Покрај религиозното значење овој празник е голема радост и за дечињата кои ги обожуваат игрите со кршењето на јајцата, интересно украсениот дом и шарените бои.

Токму затоа постојат најразлични начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново.

Но, за тоа не ви треба да потрошите уште една плата, туку само малку поголема доза креативност и трпение.

Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова.

Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа.

Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте им очи, уста, нос.

Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно.

Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца.

Може да направите и кошничка во вид на јајце само со помош на лепило, конец и балон околу кој ќе го залепите конецот и ќе го пукнете балонот, а во шуплината ќе ги сместите јајцата.

Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца.

Домот може да го украсите со многу зајчиња и пиленца кои се сметаат за симболи на овој празник. Трпезата украсете ја со интересни салфетки и украси.



Изменето од Valerija - 19.Април.2016 во 08:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 18:06
Да не отвараме посебна тема околу приготвување на бои за фарбање јајца во домашни услови,
ќе ја искористиме оваа темасреќа

Kaко да приготвите природни бои за јајца


Ако не сакате да ги користите традиционалните бои за јајца кои се продаваат во продавниците и оваа година сте решиле да преминете кон еколошки велигденски обичаи , тогаш користете природни бои за јајца . Погледнете како да си ги направите .

Природните бои за јајца се подготвуваат од природни материјали – сокови од овошје , листови или лушпи од некои зеленчуци, како и зачини. Листовите и лушпите задолжително се варат , потоа течноста се цеди и додека е уште топла, во неа се раствораат 1 – 2 с.л. оцет . Сокот пак се меша со топла вода и кон него се додава оцет , а кај зачините – 1 с.л. од неа се раствора во 300 метри топла вода и 1 с.л. оцет .

Другата опција е да поставите веќе варени јајца во сад со природната боја , да ја вклучите плочата и да почекате додека течноста врие – така јајцето стекнува заситена боја. Трети пак препорачуваат да ги поставите садот со природната боја и јајцето во фрижидер и да почекате некое време, за да впие од бојата .

Не заборавајте да ставите оцет во бојата , бидејќи токму тој помага за позаситено боење на јајце. Исто така, колку повеќе време го чувате натопено јајцето во бојата , толку полна боја ќе се добие.


За зелена боја се варат исечени листови од спанаќ или коприва, а потоа течноста се цеди .

За црвена природна боја се користат лушпи од црвен кромид кои се варат, сок од калинка или сируп од малини. 3с.л. црвен пипер , растворен во 250 – 300 метри топла вода со 1с.л. оцет , пак прават керамидно -црвена боја.

Направете си силно кафе со помалку вода и ставете во него јајце со посветла школка за да се офарба со кафеава боја .

Сина природна боја може да си приготвите од сок од боровинки или сок од грозје. Другата опција е да свариш листови од црвена зелка и да оставите напивката да отстои некое време, додека се олади – тогаш добивате комбинација помеѓу сина и темнолилаво .

За заситено розово пак може да користите сок од цвекло, а зажолто-зелена нијанса – боја од сварени лушпи од жолти и зелени јаболка.

За жолта може да користите зачини како К*ркума или шафран.




Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 09:26

ПАСТЕЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕКОРАЦИИ: БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ И ВНЕСЕТЕ ЈА МАГИЈАТА НА ВЕЛИГДЕН И ВО ВАШИОТ ДОМ (ФОТО)


0011

0021

0031

0041

0051

Пастелните нијанси се совршен избор за велигденски декорации во домот. Нежни, пролетни и свежи, овие слатки бои најверодостојно го прикажуваат будењето на пролетта, па се вистинската палета за да постигнете убава празнична атмосфера во животниот простор. Потребни ви се само неколку расцутени пролетни гранчиња или покривка за масата со цветен дезен – вашата велигденска трпеза ќе мами воздишки. Комбинирајте ги со вашите омилени тонови, а не заборавајте да додадете и нешто свое, уникатно и неочекувано во декорацијата, за истата да биде забавна, весела и разиграна. Во продолжение, ви претставуваме неколку прекрасни предлози: велигденски декорации во пастелни бои, кои се едноставни и минималистички, но сепак мошне впечатливи и идилични. Инспирирајте се во пресрет на празниците, бидете креативни и внесете ја магијата на Велигден и во вашиот дом.

0071

0091

0101

0111

0121

0131

0141

0151

0161

0171



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.