IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовна поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовна поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 31323334>
Автор
Порака
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 16:39
„Аманет“ Јас знам дека скоро од мене ништо нема да остане
Ќе ми се врати сето она што го истрчав дури спокојно си го одеа другите
Знам jас тоа ...
знам јас тоа девојче...
Знам дека ќе остарам oдеднаш и сакам да те замолам само едно.
Сакам да ти оставам само еден аманет.
Да не ми се лутиш!
Да не ми се лутиш - ете тоа.
Да не ми се лутиш ако од мене остане покрај тебе само еден сенилен слаб старец.
Старец кој само ќе ти се смешка и ќе ти се радува како детенце кога наутро ќе го види лицето твое.
Дури го галиш „за добро утро“ по главата штом седне на масата спроти тебе.
Дури ти иде на смеeње што го гледаш збунет заради таа проклета болест и eте и денес не знае кај е.
Дури ти иде на смеење ама од жал не го правиш тоа
не го правиш ти тоа дури му вариш кафе зошто се сеќаваш каков беше - каков човек беше овој старец кој сега те прашува после неговото „фала девојче“ - колку треба да платиме? (иако нит ти си веќе девојче, а нит вашата кујна е кафуле)
овој ист старец кој секое утро сега ти вели само :„Еее види кој ни дошол лелее“ (ѓоа првпат после долго време се гледате!)

Да не му се лутиш на тој старец кој некогаш ќе знае и да заплаче.
Да заплаче и со тупаници да се мава во слепоочниците - во лицето свое.
Штом гневно запелтечи, штом гревно ги насолзи очите со бес
кога на името твое тој нема да може да се сети
кога ќе го здоболи
кога ќе го здоболи што на името твое тој проклетник нема да може да се сети,
а топлината од твоето младо тело и секоја црта надолу по усните,
и мирисот на душата твоја и боите нејзини тој ги памети сеуште!
И трепетот од твоето младо срце на твојата вратна жила како невидлива пеперутка која катаден слетува кај него на усните.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 21:19
ЉУБОВ 

Милувам прашинка да си, 
тих повеј да ми те донесе... 

Прашинка љубов,прашинка ништотна, 
прашинка невидна, 
но сепак љубов,сепак љубов. 

Дај да те имам во дланкиве 
Нетежина,Несетило. 
Дај да поверувам дека си во мене, 
стуткана некаде во мене. 

Милувам прашинка да си, 
тих повеј да ми те донесе... 

Како што напролет цветниците зачнуваат 
дај да те заплодам, 
за да се родиш во мене 
љубов богатница,љубов имовита, 
љубов плод љубов надрочена. 

Милувам прашинка да си 
тих повеј да ми те донесе... 

Но,јас те имам немаштино 
најтрајна недостиг, 
најблиска недофат, 
најголем недорек, 
па,место грижата за тебе 
поначесто сум доволен од себеси. 

Гане Тодоровски
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 18:35
Кошмар

Што тажно да заспиваш сам
По ноќ на желби и трескот.
Јас таа тага ја знам.
И зошто тогаш сиот баран блескот
И сета веселба барана?
И зошто, повеќе од тоа, благост
Во погледот и зборот наш
За час макар дочарана?
Ах, зошто, зошто?
кога се враќаме ти пак си студна.
Разочарана
Се леди од тебе душава блудна.
Јас сум груб,
Јас сум луд
Од тој студ!
Не, нејќам јас да биде така.
Ме дави сува рака.
Јас страдам дека сум сам,
Во кошмар дека се губам —
А сакам да љубам,
Сакам да љубам!

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 10:22

Двоумење


Се двоумам,

Пак не знам што да облечам,

Навлекувам змиска кожа

Па ја менувам во јагнешка

И додека ти седиш на два стола

Јас стојам на два ума

Незнаејќи со какви усни ќе те пречекам

Ни со какви очи ќе те испратам

А да те видам

Умирам.


Од Русалката - Снежана Стојчевска



Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:43
 
                          Тајна

Да се сретневме во некои други времиња…

Мистериозно, но познато лице.

На некое добро познато место, нова личност.

Случајна средба на погледи.

Кога животот поинаку би ги исцртал околностите…

Кога пред нас би имало еден пат, а не сосема спротивни приказни…

Jас знаев, знаеше и тој.

Се разбравме со погледи.

Душите ни разговараа.

Знаевме.

Сме се сакале во некој минат живот.

Ќе ни се спојат пак патиштата.

Во некои други времиња.

Ние сме една совршена приказна.

За таа приказна сега не е време.

Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2014 во 04:00
Do Kemal Ataturk
Nekade i nekogas

Pominaa tolku godini, a jas, ete, uste sekoj den cekam aber od tebe. Ako nekogas go dobies pismovo, seti se, vidi gi solzive na hartijava... Godinite si vrvat. Ovdeka se zboruva za tebe. Nesto se slucuva.

Ako gi citas ovie redovi dodeka ljubis nekoja druga zena, iskini go pismovo i prasaj ja nea dali veruva deka nekoja si Eleni Karinte od Bitola go poarcila cel zivot za eden covek so kogo bila samo eden den. Ako ja ljubis nea, kako sto jas te ljubam tebe, ne i kazuvaj nisto, neka bide srekna ako si i ti.

Ako, pak, uste ja pamtis devojkata od Balkanot i ne ljubis druga, znaj deka te cekam. Ke te cekam sekoj den, cel zivot... Znam deka ke se vratis, deka ne si zaboravil.

Tatko mi umre. Ima veke cela godina. Onoj den koga me grabna od tebe, me zakluci doma. Ne me pusti cel mesec. Ne placev. Znaev deka dzabe ke se site katanci i zatvori. Covekot so koj toj sakase da se zemam go vidov samo ednas. Me prasa dali nekogas ke mozam da go ljubam... mu rekov: ne! Si go ljubam prvoto libe. Poveke ne go vidov.

Tatko mi nikogas ne mi prosti. Ni jas nemu. Nekolku dena pred da umre me vikna kaj sebe... rece: "Znam deka zgresiv, ali i znam deka nikogas ne bev dobar tatko. Ne baram da mi prostis, ne baraj ni ti! Bog neka ni prosti na dvajcata. Sakav najdobro, a ti napraviv najloso."
Tatko mi ne bese los covek!

Ne sum veke mlada i ubava kako togas.

Cel zivot vo eden den...

Vecno te saka i sekogas ke te ceka vecno tvoja

Eleni Karinte
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2014 во 22:50
It Is Forbidden
 
It is forbidden to cry without learning
to wake up one day not knowing what to do, 
to be afraid of your memories.
It is forbidden not to smile at problems, 
not to fight for what you want, 
to abandon everything because of the fear, 
not to transform your dreams into reality.
It is forbidden not to show your love, 
to make someone pay for your debts and the bad humor.
It is forbidden to leave your friends, 
not to try to understand what you lived together, 
to call them only when you need them.
It is forbidden not to be yourself in public, 
to feign with people you don't care about, 
to fake being funny just to make them remember you, 
to forget all the people who love you.
It is forbidden not to make things by yourself, 
not to believe in God and forge your fate, 
to be afraid of life and its engagements, 
not to live each day like it was a last sigh.
It is forbidden to miss someone without 
cheering, to forget his eyes, his smile, 
just because your paths stopped being embraced, 
to forget his past and paying it with his present.
It is forbidden not to try to understand people, 
to think that their lives are more valuable than yours, 
not to know that each one has his way and his happiness.
It is forbidden not to create your history, 
not to have a moment for the people who need you, 
not to understand that whatever life gives to you, it takes it away as well.
It is forbidden not to search for your happiness, 
not to live your life with a positive attitude, 
not to think that we can be better, 
not to feel that, without you, this world wouldn't be the same.
Pablo Neruda
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2014 во 01:17
VICE VERSA
 Исправи ја неправдата
Измазни ја надвиснатата кожа
истегни ги свитканите коски
минусирај од сеќавањата
па почни да додаваш од минутите
спротивно од стрелките на часовникот
распакувај ги сите води во морињата
подврзи ги чекорите со папочна врвка
врати ме во Адамовото ребро.

и никогаш,никогаш не ме залажувај со слобода.
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 11:37
krenuću usamljenim,
pustim ulicama,
tamnom stranom
predgrađa iz mojih snova,
,,Razapetih
između dva okvira
polupanih prozora,
jer niko ne živi,
jer niko ne stanuje,
Tako daleko,
od tebe,
od mene..
.Ovo nije molitva,,,
.....
Ovo nije put,
kojim bi trebali
drugi da idu,
Put sa hiljadu
raskršća,
Ovo su bolna sećanja,
preplitana
sa sudbinom...
..gorki
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2015 во 22:01
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2015 во 01:28
Таа уличка, тоа место
се моите топли спомени
на кои се враќам често.
Времето и местото-
мислите не' бираат,
а сега и солзите
сами ми навираат.

Срцево чука, бие на глас,
се обидувам во спомените 
да си најдам спас.

Очите наши копнежливи
срамежливо се љубат,
а погледите заљубени
во минатото се губат.

Некој спомен, нечие име
во мене остана,
а без тебе се' на светов-
во миг како да застана.

Низ мене и радоста,
а и тагата минува,
но не знам дали љубовта
доаѓа или заминува.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 20:31

   мечтаење

Вечерва пред да склопиш очи 
сокри ме во своја прегратка-стопли ме!
вечерва пред да заспиеш 
шепни ми на уво-колку ме сакаш!
-но не ти должам 
секоја ноќ....
секое утро....
секој ден......
секоја минута и час....
се молам за нас!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 23:38

Во ноќта што чиниш вечна е и не минува кога треба,
Чекајќи да дојде утре и да трае и трае…

Зошто времето е толку непостојано,
Да се сопре не може, да се забрза уште помалку,
А желбата немоќна е…

Среќата ја зажарува исчекувањето,
Толку секојдневно, за некого толку вообичаено, а се посилно.
Турка и засмејува…

Чуден е овој копнеж,
Се задоволува само лице в лице,
Зашто тука си , а како да не си,
Среќа си, а те слушам молкум…

Ми требаш како што дождот и треба на земјата,
сонцето да ги ослободи замрзнатите езера.
Ми требаш дека си среќа.
Ете затоа ми фалиш

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2015 во 14:18
Те предизвикувам на двобој
да бидеш она што си
без глумење сила
и без празни муабети
од кои ќе ни се лоши и на двајцата
со душата на мегдан
соголен
угол гол и бос
без лажна храброст
и искривена реалност
најди слики за моите стихови
и себе во нив смести се
убиј го минатото
и џари и’ се на иднината право во очи
како на животно со беснило пред себе
смеј им се на раните
и барај подлабоки да бидат
стави го срцето на тацна
и сервирај го со скромен прилог
биди свој
кажи дека ме љубиш
а потем кажи дека ми се плашиш
води љубов
како никогаш досега врескај од бол
избегни ја стапицата на секојдневието
избегај од туѓите сенки
а својата гушни ја како дете да ти е
можеш ли слободно да дишеш?
во овој свет во кој се’ е искривено
во кој животот се слави
а смртта оплакува
како да не е поразумно обратно да биде
наполни го умот со ветар
а маглата остави ја за друго време
и држи ме за рака додека врне
дур не се истопам
дур ме снема
можеш ли?
имаш ли сила за оваа игра
во која победник нема
и ниту еден поразен не излегува
те предизвикувам на двобој
сега и одма
оти се’ ми се може
а башка што и ми се сака
и колку ми е покусо времето
толку ми е храброста поголема
да те гледам право во очи
и да те предизвикам
да живееш

Ана Бунтеска
едно е - не се две
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 31323334>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.