![]() |
|
DIY-Велигденски декорации |
Внеси реплика ![]() |
страница <123> |
Автор | ||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Уникатни идеи за декорирање на велигденски јајцаТрадиционално утре на Велики четврток се бојадисуваат велигденски јајца, рано во зората уште пред првите зраци. Како и секоја година така и оваа, првите јајца секогаш се во црвена боја, а нешто подоцна почнуваме со украсување и декорирање на останатите велигденски јајца. Доколку ви се досадни досегашните декорирања, ви нудиме неколку уникатни идеи кои ќе може да ја развеселат вашата велигденска кошничка. ![]() Земете најразлични хартии, може да ги позајмите од вашите деца и исечете парчиња во вид на крила и клун. Залепете ги на јајцето, нацртајте очи со црн фломастер и јајцето е готово. ![]() Оние јајца кои ви излегле посветли или потемни од посакуваната нијанса, секогаш може да ги наредите во ред од најсветла кон најтемна нијанса. На овој начин ќе покажете дека сте постигнале некој омбре ефект. ![]() На јајцата напишете различни имиња или иницијали, украсете ги со акрилни боички, точки и различни форми. ![]() Јајцата не мора да ги фарбате, туку само сварете ги. Купете самолеплива хартија, која ќе ја исечете во различни форми и почнете да си играте. Ќе добиете мошне убави и уникатни јајца. ![]() Сѐ што ви треба е перманентен маркер и бели јајца. Истото како и со претходната идеја, треба да си играте со најразлични форми, онака како што сакате. Јајца со цвеќиња ![]() Многу урбанистички, но мошне интересно декорирање на јајца. Скинете свежи цвеќиња, земете коноп и заврзете ги цвеќињата на јајцата. ![]() Едноставно нацртајте очи, мустаќи и носе за вашето јајце да се претвори во мал џентлмен. ![]() Купете лепило со светки и на бојадисаните јајца капнувајте по неколку капки. Оставете лепилото да се исуши и вашите јајца се подготвени за изложување.
Животни ![]() Како што спомнавме погоре, со листови освен пиленца може да направите повеќе животни. Жаба, мече, свинче, сѐ што сакате. Само изрежете хартија и разиграјте ја фантазијата. ![]() Земете шарена и тенка волница. На јајцето ставете силинконско лепило и полека поминувајте од врвот до крајот на јајцето со волницата со цел целото да го опфатете. Изменето од Valerija - 13.Април.2017 во 13:34 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Невообичаени идеи за бојадисување и украсување на велигденските јајцаСе ближи Велигден, па интензивно започнуваат подготовките за овој голем христијански празник. Домаќинките ја активираа креативноста за развеселување и украсување на трпезата и внесување на празничен дух во своите домови. Се разбира, фокусот е ставен на велигденските јајца. Во продолжение погледнете креативни идеи за бојадисување и украсување на јајцата: „ПОЗЛАТЕНИ“ ПАСТЕЛНИ ЈАЈЦА![]() Вапсајте ги јајцата и оставете ги да се исушат. Во мал сад, измешајте бело лепило и вода во сооднос 1:1, а исечената украсна хартија ставете ја во вдлабнатините од влошката за јајца (како на фотографијата). Со четка земете од лепливата течност и премачкајте само на долната половина од јајцето. Премачканиот дел „макнете“ го во златните исечоци и оставете да се исуши. ![]() ![]() МОЗАИК![]() Премачкајте ги сварените јајцата со лепило и внимателно наредете врз нив мали парчиња од искршена лушпа од друго јајце. ![]() ![]() ![]() МРВИЦИ![]() Сварете бели јајца и оставете добро да се изладат. Потоа со тенка четкичка земајте од боите и нанесувајте мали цртички кои ќе наликуваат на разнобојни мрвици. Искористете 5-6 различни бои. ![]() ЗАЈАЧИЊА![]() ![]() ![]() ![]() МЕРМЕРНИ ЈАЈЦА![]() Во сад со вода, ставете лак за нокти. Потопувајте ги јајцата. За да ги заштитите рацете, носете хируршки ракавици. ![]() ![]() ![]() Колоритна варијанта![]() ![]() АНАНАСИ![]() Бојадисајте ги сварените јајца во жолта боја или обојте ги со темперна боја и оставете ги да се оладат и исушат. Во меѓувреме, исечете листови од ананас од зелена хартија. Препорачливо е листовите да бидат со различна големина (погледнете на фотографијата). Подвиткајте ги сосем малку „листовите“ во долниот дел, само за да можете да ги залепите на врвот од јајцето. Започнете од најголемите, а потоа лесно ќе можете да ги надополните помалите листови. За кратко време имате уникатни јајца со кои ќе ги радувате најблиските. ![]() ЦВЕТНО ВОЛШЕПСТВО![]() ![]() ![]() ПИЛИЊА![]() На бојадисаните јајца во жолта боја залепете им очи и клунови од самолеплива хартија и дел од пердув за да добиете неодоливи пилиња. ![]() КОРНЕТИ СО СЛАДОЛЕД![]() ![]() ![]() ЛУБЕНИЦИ![]() Вапсајте ги јајцата во црвена или розова боја. Откако ќе се изладат, едната половина обојте им ја со зелена боја. Со црн маркер нацртајте „семки“. ![]() ЗАБАВНИ ДРЖАЧИ ОД ПЛАСТЕЛИН![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ГАЛАКСИЈА![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ЕМОТИКОНИ![]() ![]() ![]() ![]() ТОЧКИЧКИ![]() За умешно да ги направите точките со еднаква големина, најлесно е да употребите молив со гума. Натопете ја гумата во бојата и нежно нанесувајте точки на јајцето. ![]() ![]() ![]() СО ВЕНЕЦ![]() ![]() ВРЕМЕ Е ЗА ЗАБАВА![]() ![]() ![]() ![]() ЗБОРОВИ, ЗБОРОВИ![]() ![]() ![]() ![]() Изменето од Valerija - 10.Април.2017 во 16:52 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Свежо цвеќе замотано со конецМозаик од хартија во бојаКонфетиЈајца обоени со нежни темперни бои и разни додатоциОбложени со украсна вуницаКапчиња од хартијаПропрскани со темперниПриродна боја украсена со бели акцентиЗалепени пердуви |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
18 идеи за шарени Велигденски јајца, без да користите боиПодготовките за Велигден веќе започнаа, а за неколку дена сите ќе се опседнеме со шарените, дезенирани и декорирани велигденски јајца. Насекаде ќе гледаме кошнички и рачни изработки, па зошто и вие да немате уникатен проект на таа тема? Овие 15 идеи не вклучуваат бои за вапцање на јајцата, туку сосема поинакви техники и различни материјали. Одберете ги омилените и пробајте: Декупаж техника со салфеткиЗајчиња од бели јајцаСветкави јајцаДекорации со хартијаПриродни јајца со цветно венчеЈајца со облека3Д цветчињаБели јајца со уши од украсна жицаХартиени реси |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Велигденски декорации: Интересни и лесни за правењеЗошто да украсувате само за Нова година и Божиќ, кога можете да го направите тоа и за Велигден? Без разлика дали веќе имате купено неколку украси или не, ние ќе ви претставиме неколку идеи за декорација, кои ќе го внесат велигденскиот дух во вашиот дом.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
10 „направи сам“ декорации за Велигден со кои ќе поминете многу поевтиноВелигден е одлична причина да го развеселите домот со шарени декорации во облик на шарени јајца, зајчиња, пилиња и сè што ве асоцира на овој празник. Но, секоја година не мора да запаѓате во трошоци. Наместо да ја наполните кошничката со готови производи, кои реално чинат 3 пати повеќе од реалното, наполнете ја со материјали и вклучете ја креативноста. Декорациите можете да ги правите со најблиските или со дечињата и внуците, па потоа да се гордеете на заедничкото ремек дело. Ако ви требаат идеи, слободно искористете ги следниве: 1. Зајче од шарени чорапи2. Корпа од конец во облик на јајцe3. Венче - зајче за на врата4. Зајче од волница за декорација помеѓу боените јајца5. Или пиле со истата намена6. Честитка за блиските7. Вештачки кактус од јајце8. Шарена корпа за јајца9. Јајца од коноп или волница, залепена со течен лепак< ="https://www.youtube.com//iShgTth8ZWg?rel=0" width="630" height="354" border="0" allowfullscreen="allowfullscreen" style="margin: 0px auto; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: initial; display: block;"> 10. Кошничка за чоколадни јајца |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ПАСТЕЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕКОРАЦИИ: БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ И ВНЕСЕТЕ ЈА МАГИЈАТА НА ВЕЛИГДЕН И ВО ВАШИОТ ДОМ (ФОТО)Пастелните нијанси се совршен избор за велигденски декорации во домот. Нежни, пролетни и свежи, овие слатки бои најверодостојно го прикажуваат будењето на пролетта, па се вистинската палета за да постигнете убава празнична атмосфера во животниот простор. Потребни ви се само неколку расцутени пролетни гранчиња или покривка за масата со цветен дезен – вашата велигденска трпеза ќе мами воздишки. Комбинирајте ги со вашите омилени тонови, а не заборавајте да додадете и нешто свое, уникатно и неочекувано во декорацијата, за истата да биде забавна, весела и разиграна. Во продолжение, ви претставуваме неколку прекрасни предлози: велигденски декорации во пастелни бои, кои се едноставни и минималистички, но сепак мошне впечатливи и идилични. Инспирирајте се во пресрет на празниците, бидете креативни и внесете ја магијата на Велигден и во вашиот дом. Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:42 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да не отвараме посебна тема околу приготвување на бои за фарбање јајца во домашни услови, ќе ја искористиме оваа тема ![]() Kaко да приготвите природни бои за јајцаАко не сакате да ги користите традиционалните бои за јајца кои се продаваат во продавниците и оваа година сте решиле да преминете кон еколошки велигденски обичаи , тогаш користете природни бои за јајца . Погледнете како да си ги направите .Природните бои за јајца се подготвуваат од природни материјали – сокови од овошје , листови или лушпи од некои зеленчуци, како и зачини. Листовите и лушпите задолжително се варат , потоа течноста се цеди и додека е уште топла, во неа се раствораат 1 – 2 с.л. оцет . Сокот пак се меша со топла вода и кон него се додава оцет , а кај зачините – 1 с.л. од неа се раствора во 300 метри топла вода и 1 с.л. оцет . Другата опција е да поставите веќе варени јајца во сад со природната боја , да ја вклучите плочата и да почекате додека течноста врие – така јајцето стекнува заситена боја. Трети пак препорачуваат да ги поставите садот со природната боја и јајцето во фрижидер и да почекате некое време, за да впие од бојата . Не заборавајте да ставите оцет во бојата , бидејќи токму тој помага за позаситено боење на јајце. Исто така, колку повеќе време го чувате натопено јајцето во бојата , толку полна боја ќе се добие. За зелена боја се варат исечени листови од спанаќ или коприва, а потоа течноста се цеди . За црвена природна боја се користат лушпи од црвен кромид кои се варат, сок од калинка или сируп од малини. 3с.л. црвен пипер , растворен во 250 – 300 метри топла вода со 1с.л. оцет , пак прават керамидно -црвена боја. Направете си силно кафе со помалку вода и ставете во него јајце со посветла школка за да се офарба со кафеава боја . Сина природна боја може да си приготвите од сок од боровинки или сок од грозје. Другата опција е да свариш листови од црвена зелка и да оставите напивката да отстои некое време, додека се олади – тогаш добивате комбинација помеѓу сина и темнолилаво . За заситено розово пак може да користите сок од цвекло, а зажолто-зелена нијанса – боја од сварени лушпи од жолти и зелени јаболка. За жолта може да користите зачини како К*ркума или шафран. Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 09:23 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Направи сам: Брзи и евтини велигденски декорацииВреме е да ги започнете велигденските подготовки и украсувања. За околу десетина дена го очекуваме еден од најголемите христијански празници Велигден. Покрај религиозното значење овој празник е голема радост и за дечињата кои ги обожуваат игрите со кршењето на јајцата, интересно украсениот дом и шарените бои. Токму затоа постојат најразлични начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново. Но, за тоа не ви треба да потрошите уште една плата, туку само малку поголема доза креативност и трпение. Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова. Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа. Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте им очи, уста, нос. Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно. Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца. Може да направите и кошничка во вид на јајце само со помош на лепило, конец и балон околу кој ќе го залепите конецот и ќе го пукнете балонот, а во шуплината ќе ги сместите јајцата. Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца. Домот може да го украсите со многу зајчиња и пиленца кои се сметаат за симболи на овој празник. Трпезата украсете ја со интересни салфетки и украси. Изменето од Valerija - 19.Април.2016 во 08:27 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() 24 апр 2013 Декорација-Велигденска треваПрано оваа декорација за велигденска трева беше хит и често ја правевме. Потоа во продажба излезе вештачката трева, па овој начин се занемари. Сепак, решив да ви ја презентирам како идеја за предстојните празници, па можеби некому ќе му се допадни ако не знаел или пак ќе се потсети оној кој веќе знае. Забелешка |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вака правев лани, со салфетки. Интересни се, планирам и оваа година.
![]() |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
10 идеи за уникатни велигденски јајцаЕдноставните шарени јајца изгледа веќе не се во мода. Сега е одлично време да ја искористите вашата креативна страна и сите материјали кои ги поседувате да ги претворите во уникатна декорација за велигденските јајца. Ова се неколку едноставни идеи кои веруваме ќе ви се допаднат, а и ќе ги изведете со голема леснотија. Начинот за изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Обојте го јајцето со темперни бои и ишмукајте ја внатрешноста. Оставете да се исуши неколку часа, а потоа во дупчињата ставете ја љубовната порака.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука. Си одбравте омилени? Кој предлог ќе го пробате? |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Време е за Велигденски декорации!;Подготовките за Велигден секогаш се возбудливи и интересни, особено кога станува збор за велигденските јајца. Црвени, жолти, зелени, ги има во сите бои, а оние со малку повеќе трпение и креативен дух знаат да направат навистина оригинални декорации за велигденските јајца. Во пресрет на Велики Четврток, денот кога ги бојадисуваме јајцата, само за ваше задоволство издвоивме неколку интересни идеи кои можеби ќе ве поттикнат да се обидете да направите малку поинакви Велигденски јајца. Сè што ви е потребно е желба, време и малку повеќе трпение. За овие прекрасни јајца потребно ви е лепило и конци во боја. И секако, многу, многу трпение!
Темперни бои, четка, малку трпение и креативност, и ќе ги имате овие прекрасни весели јајца.
Тантела и лепило – едноставно, лесно, а толку нежно и елегантно. ![]()
И ние не знаеме како точно се обоени овие јајца, но тоа воопшто не нè спречува да се обидеме. На јајцето се ставаат лепливи ленти, може да се обидете со изолир, па јајцето се става во бојата. Е сега, како се добиени различни бои без да се помешаат, ќе провериме годинава, па доколку откриеме, ќе ја споделиме тајната со вас. ![]()
Овие јајца се добиени од парчиња ткаенини, поточно стари машки кравати. Јајцето се витка во ткаенината, потоа се вари во вода со оцет, а бојата од ткаенината останува на него. Обидете се само со едно јајце, доколку е успешно, продолжете!
Јајцето се става во чаша во која има малку подготвена боја. Оставете малку да прими од бојата, потоа додадете малку вода, повторно оставете да прими вода и така додавајте по малку вода додека не се покрие јајцето. На овој начин, при секое додавање на вода, еден дел од јајцето се обојува со посветла нијанса од претходната. ![]()
Повторно чипка или нежна тантела! Јајцата се виткаат со чипка, па се ставаат во бојата. Потоа, чипката се отстранува.
Уште неколку интересни декорации од хартија, кои лесно и успешно ќе ги совладате. За што и да се одлучите, запомнете, декорирањето на јајцата треба да ви претставува задоволство, дури и ако не ги добиете очекуваните резултати. И нас не ни успева секогаш да ја реализираме идејата, но важна е посветеноста и љубовта со која се пристапува кон подготовките за Велигден. Изменето од Valerija - 28.Март.2014 во 15:14 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |