|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 9495969798> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПОТИК ЗА СВЕТ ЖИВОТ
1Петар 4 1 И така, бидејќи Христос пострада во телото за нас, вооружете се и вие со истата мисла - зашто кој пострадал во тело прекинал од гревот, 2 та останатото време на животот, во телото, да не го поминете според човечките страсти, туку според Божјата волја. 3 Зашто доста е што во минатото време ја вршевте волјата на народите со тоа што живеевте во разврати, во страсти, во пијанства, во гозби, во опијанувања и во беззаконско идолопоклонство. 4 Затоа сега и се чудат дека вие не трчате со нив во истата крајност на развратот, и ве хулат; 5 тие ќе Му дадат сметка на Оној, Кој е готов да им суди на живите и мртвите. 6 Имено, затоа им е проповедано Евангелието и на оние кои се сега мртви, за тогаш да беа судени по човечки во телото, а со духот сега да живеат според Бога. 7 А крајот на сè е близу. И така, бидете разумни и бдејте во молитвите. 8 Пред сè имајте постојана љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови. 9 Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување. 10 Бидејќи секој од вас добил дар, служете си со него еден на друг, како добри домоуправители на многукратната Божја благодат. 11 Ако некој говори, нека зборува како Божји зборови; ако некој служи, нека служи како по силата, која Бог ја дава, за да се слави во сè Бог преку Исуса Христа, Кому Му припаѓаат славата и силата во сите векови. Амин. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Римјаните: 6:13
И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЛУБОВ СПРЕМА БОГ И СПРЕМА ЛУГЕТО
Лука 10 25 И ете, еден учител на Законот стана да Го искушува Исус и Го праша: „Учителе, што треба да правам, за да наследам вечен живот?” 26 А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?” 27 А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!” 28 Му рече: „Право одговори! Прави го тоа и ќе живееш!” 29 Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС ПРВПАТ ЈА НАЈАВУВА СВОЈАРА СМРТ
Лука 9 21 Тогаш Исус им заповеда да не го кажуваат ова никому. 22 Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки , мора многу да страда, отфрлен од старешините , од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека на третиот ден че воскресне. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2 и не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја.
3 Зашто, преку благодатта, што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да мисли повеќе, отколку што треба да мисли; туку мислете скромно според делот на верата, што Бог на секого му ја одмерил. 4 Оти, како што во едно тело имаме многу органи, но сите членови не вршат една иста работа, 5 па така и ние сме едно тело во Христа, а посебно еден на друг сме му органи. 6 Според дадената благодат имаме разни дарови: ако е до пророштво, тогаш нека биде според верата; 7 служба ли, нека служи; учител ли е - нека учи; 8 наставник ли е - нека утешува; дарител ли е, нека дарува; управител ли е, нека управува, кој што прави, нека го врши тоа со добра волја. 9 Љубовта нека не биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто; 10 еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. 11 Во усрдноста да не сте мрзливи; духот да ви биде пламенен; служете му на Господа; |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован: 6:37
Сè што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам; 6:44 Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Ефесјани: 6:12
Нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
„Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Господа на Неговата душа. Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв, срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло, лажен сведок, кој шири лага, и човек кој сее раздори меѓу браќа!„
Пословици 6,16-18 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
КОЕ МУ Е ВИСТИНСКОТО СЕМЕЈСТВО НА ИСУС
Лука 8 19 А мајка Му и браќа Му дојдоа при Него, но не можеа да Му се приближат заради множеството. 20 И некој Му јави: „Мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Те видат.” 21 А Тој им одговори и рече: „Моја мајка и Мои браќа се оние, кои го слушаат Божјото Слово и го исполнуваат.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Лука 8
4 Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него, им рече во парабола: 5 ”Излезе сејач да сее свое семе. И додека сееше - едно падна покрај патот, и го изгазија и небесните птици го исколваа. 6 Друго пак падна на камен, изникна и се исуши, зашто немаше влага. 7 Друго падна меѓу трње и трњето - растејќи со него - го задушија. 8 А друго падна на добра земја, изникна и донесе стократен плод.” Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша нека слуша!” ОБЈАСНУВАЊЕ НА ЧЕТИРИТЕ ВИДОВИ ПОЧВА 11 А ова парабола значи: семето е Божјото Слово. 12 Оние крај патот - тие чуле; потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат. 13 На камен се тие, кои - штом чујат - со радост го примаат Словото, но ни тие немаат корен; веруваат некое време, но отпаѓаат во време на искушенија. 14 Паднатото меѓу трње, тоа се оние, кои слушале и кога си отидат ги задушуваат грижите, богатството и животните уживања, и не донесуваат зрел плод. 15 А она на добрата земја - тоа се оние, кои ќе го чујат Словото, го чуваат во добро и чисто срце и донесуваат плод во трпение.” 16 ”Никој - кој запалил светилка - не ја покрива со сад ниту ја става под леглото, туку ја става на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат. 17 Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту скриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
МИЛОСТИВИОТ САМАРЈАНЕЦ
Кука 10 30 Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа. 31 А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна. 32 Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна. 33 А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали. 34 Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. 35 Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.” 36 Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?” 37 Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.” Исус му рече: „Оди и ти п |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС ХРИСТОС ЌЕ СЕ ВРАТИ
ОТКРОВЕНИЕ 22 6 И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро. 7 И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга! 8 И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!” 10 И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу! 11 Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!” 12 И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! 13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот. 14 Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите! 15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.” 16 ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!” 17 Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој слуша нека рече: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот! 18 Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга. 19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга. 20 Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!” - Амин! Да дојди! Господи Исусе! 21 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЖИВЕЈТЕ ПРИМЕРНО
1 Петар 2 11 Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата. 12 Однесувајте се добро меѓу луѓето, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата. 13 Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, 14 било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро! 15 Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе, 16 како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги! 17 Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте ја власта! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Mateja 7
22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ 23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ 1Tимотеј 1:1 А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења, |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 9495969798> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |