|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 112113114115116 157> |
Автор | ||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
....navistina togas se nadminuvam sebe si i se cudam od kaj mi nadoshle vo pametot nekoi nesta za da napravam takvo nesto.... Изменето од Kastro - 16.Март.2014 во 23:26 |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
me ima mene
|
||
vivi
|
||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Подгответе се за бакнежот со личноста која ви се допаѓа. Секој хороскопски знак се бакнува на различен начин, и секој сака и очекува одредена подготовка пред да настапи спојувањето на усните. Погледнете како да ѝ се приближите на личноста и како да ѝ пристапите кога ќе дојде моментот да ја бакнете, според нејзиниот знак во хороскоп.
podgotvete-se-za-sovrsheniot-baknezh-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mk Овен Енергични и снажни, овните се водени од Марс, а ако нешто се знае за оваа планета, тоа е дека ја покачува температурата. Овните умеат да ја канализираат сета таа неверојатна енергија преку еден бакнеж. Овој знак го доживува бакнувањето како и сѐ друго – многу импулсивно. Ако сте во врска со овен, подгответе се за огномет. Бик Бавно, сензуално и цврсто – тоа е бикот, и баш затоа врските им траат многу подолго отколку на останатите знаци. Другата причина е во нивното чувство за допир – начинот на кој ве допира бикот по раката точно ви дава до знаење дека се подготвува да ве бакне. Со биковите има само романтика. Близнаци Ако сте интересни и весели, вие сте по мерка на близнаците. Но, прво мора да го привлечете нивното внимание. Процесот изгледа вака: прво ги погледнувате, па им намигнувате или се насмевнувате и потоа им велите нешто духовито и шармантно. Близнаците обожаваат луѓе кои знаат да одржат конверзација. И на крајот следува бакнежот. Ако сте брзи, секси и забавни, близнаците ќе сакаат уште повеќе. А, ако ве одбијат, тогаш знајте дека сте ја оплескале работата. Рак Раковите се топли и брутално искрени. Го сакаат домот и семејната атмосфера. Кога се бакнува, ракот е топол и прекрасен и веројатно нема да сакате да останете само на еден бакнеж со него. Лав Со лавовите секогаш се чувствувате како да сте на натпревар од типот „кој ќе ја освои слободната риба“. Ако ви се допаѓа лав, знајте дека сигурно не сте единствените кои чекаат во редот за бакнеж. Ќе победите само доколку максимално се потрудите да ги покажете вашите чувства. Многу едноставно. Девица Девиците мразат валканост, неорганизираност и хаотична околина, така што потрудете се да бидете целосно средени за да би можеле да ја придобиете девицата да ве бакне. Ако сте на забава, тргнете се на страна за да бидете на само кога ќе се бакнете. Потрудете се бакнежот да биде нежен, но цврст. Сочувајте ја страсната размена на плунка за некоја друга прилика. Вага Вагата е еден од најромантичните знаци во зодијакот. Тие живеат за да ги задоволуваат другите. Финтата е во тоа што истото го очекуваат за возврат. Ако сте личност која максимално му се посветува на партнерот, вагата е идеален избор за вас. Уште ако ѝ покажете дека сакате врска со неа, дефинитивно ќе биде ваша. Излезете на романтичен состанок и потоа пружете ѝ го најромантичниот и најстрастниот бакнеж што некогаш сте го дале. Добрата вест е што таа ќе ви врати во иста мера. Скорпија Постои еден збор која ја опишува скорпијата во кое било доба од денот или ноќта – страст. Скорпиите пристапуваат со многу страст. Затоа можете само да замислите што ќе се случи кога ќе застанат лице в лице со личност која им се допаѓа. Скорпијата не може да не ве бакне. И на тој бакнеж ќе се сеќавате многу, многу години. Стрелец Стрелците секогаш сакаат повеќе, особено кога се во прашање бакнежите. Затоа, ако сакате да ве бакне стрелец, знајте дека тоа нема да биде воопшто тешко. Но, потрудете се да биде незаборавно, бидејќи ќе имате многу соперници. За да му го задржите вниманието на стрелец, важно е да се бакнувате со него, и тоа постојано! Јарец Јарците можат да бидат многу тешки кога е во прашање романтиката, но сепак тоа не е невозможна мисија. Единствено, ќе ви требаат челични нерви и многу трпение за да го постигнете тоа. Мора многу долго време да го подготвувате теренот пред да тргнете во акција, но ќе биде вредно да се потрудите. Нека вашиот бакнеж биде елегантен, префинет и секси. Водолија Водолиите се ексцентрични и горди на тоа, но се многу неупадливи кога е во прашање романтиката. Иако тоа нема да го признаат, водолиите не се врзуваат сѐ додека не го најдат вистинскиот партнер. Тоа може да бидете и вие, во зависност од тоа како ги бакнувате. Водолиите сакаат изненадувачки, страсни и поинакви бакнежи. Ако сте за предизвик, пријдете им, погледнете ги продорно во очи и „нападнете“. Риби Во умот на рибата, првиот чекор кога треба да одлучи дали да ви дозволи да ѝ се приближите или не, зависи од тоа дали им е пријатно во ваше друштво. Тоа неретко има врска со начинот на кој мирисате, не се шегуваме. Затоа, пред да ѝ пријдете на риба, добро напарфемирајте се, но не пренападно. Нека бакнежот биде нежен и мек и потоа полека запловете во романтика со ова многу чувствително и романтично суштество. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Богот на мудроста и учењето; луѓето родени под овој знак умеат лесно да ги решат проблемите и се познати како добри организатори. Сепак, ако добијат подобра понуда, ќе го шутнат започнатото. Автентични, оригинални и спокојни.
Негативни страни: На моменти поостри, нестрпливи, преоптеретени со работа. Професии: Тие можат да бидат одлични професори, актери и адвокати. Месецот на Хорус: 29 септември – 27 октомври Хорус е богот на светлото сонце. Луѓето родени под влијание на сонцето, се храбри, смели и агресивни. Оптимистички и исклучително мотивирани да ги постигнат целите. Сакаат да го добијат најдоброто од животот. Слаби страни: нереалистичност, тврдоглавост и неподготвеност да се соочат со другите, лице во лице. Професии: Политика и професии поврзани со печатот. Месецот на Ваџет: 28 октомври – 26 ноември Ваџет е симбол на мудрост и знаење. Родените под овој знак се разумни, претпазливи, внимателни, амбициозни, самостојни и подготвени да помогнат. Тие се силни и лојални кон семејството и семејните вредности. Слаби страни: песимизам и ароганција. Професии: Инженери, претприемачи, архитекти, уредници и ментори. Месецот на Сехмет: 27 ноември – 26 декември Сехмет е богот на војната и ривалството. Родените под овој знак поседуваат брилијантен ум, имагинација и оптимизам. Исклучително се весели и зборлести. Духовити и гостопримливи, нивната сила е во добронамерниот карактер. Слабости: бес, нетрпение, аргументативност и кавгаџиство. Професии: Занимавање со некоја уместност. Месецот на Сфинкс: 27 декември – 25 јануари Сфингата е чувар на богатството и може да го менува својот облик, кога ситуацијата го бара тоа. Од оваа гледна точка, тоа се суштества-камелеони, подготвени да се прилагодат на секакви тешки ситуации. Силни страни им се издржливост и проникливост, самодисциплина. Тие се сериозни и дискретни. Слабости: премногу горди, вообразени и желни при донесување одлуки. Професии: Онаму каде самите си си шефови. Месецот на Шу: 26 јануари – 24 февруари Шу е богот на сончевата светлина и ветрот. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се високо креативни индивидуи, многу нетрадиционални. Исто така, можат да бидат доста успешни во својата професија. Нивната сила е во фактот дека поседуваат чувство за хумор, принципиелни се и директни. Слабости: Слабостите им се нестабилност и одложувањето да пресечат, што е потребно во разни ситуации. Професии: Социјална работа, добротворна организација, земјоделство, грижа во болничкиот сектор и консултантски професии. Месецот на Изида: 25 февруари – 26 март Божицата Изида ја заштитува дисциплината. Луѓето под овој знак се чесни, горди и идеалистични; многу логични и интуитивни. Нивната сила лежи во активноста и самостојноста. Популарни се меѓу пријатели. Слаби страни: Арогантни, претерано убедително настроени. Професии: Уметност и маркетинг. Месецот на Озирис: 27 март – 25 април Озирис е богот на подземното царство. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се исклучително комплексни и неразбрани. Силните страни им се динамичност, интелигенција, снаодливост и приемчивост. Слабост: Се обидуваат да се одбегнуваат одговорност. Професии: Тие се добри наставници и трговци. Месецот на Амон-Ра: 26 април – 25 мај Амон е богот на изградбата. Под неговиот знак спаѓаат силни, строги, атлетични и вредни луѓе. Силите им се силна волја, храброст и доверба во себе. Прекрасни лидери и организатори. Слаби страни: Нетолеранција и бес. Професии: Физичка работа или финансии Месецот на Хатор: 26 мај – 24 јуни Хатор е божица на небото и земјата. Луѓето кои родени под нејзиниот знак, се експресивни и грижливи. Водечка сила е нивниот шарм и романтизмот. Слабости: завист, љубомора, понекогаш омраза. Професии: Многу се силни во социјалните сфери, изведувачки уметности, цртање и комуникации. Месецот на Феникс: 25 јуни – 24 јули Птицата на животот, енергијата и преродбата. Овие луѓе ја користат секоја добра можност да бидат успешни. Оптимистични, флексибилни и загрижени за другите. Слабости: изолација, инает и нереалистичност. Професии: Можат да достигнат врвови во професии на сопствени принципи и други сфери кои се предизвик за нив. Месецот на Анубис: 25 јули – 28 август Анубис е божество на подземниот свет. Можеби со најмногу елан и најтолерантен од сите знаци. Луѓето кои се родени под знакот на Анубис, се самостојни, сигурни во себе и своите вештини да се справат со секоја задача. Ти се дарежливи, топли и грижливи. Слабости: Склони се да бидат изманипулирани, или да ги искористуваат поради нивната добрина. Соодветни професии: рекламни дела и мода. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Месецот на Озирис: 27 март – 25 април
Озирис е богот на подземното царство. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се исклучително комплексни и неразбрани. Силните страни им се динамичност, интелигенција, снаодливост и приемчивост. Слабост: Се обидуваат да се одбегнуваат одговорност. Професии: Тие се добри наставници и трговци. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne mu se smej ti mnogu mnogu na Oziris ...(jaziche) hihihi
|
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да погодам кај си ти?
Хатор
|
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Od prva pogodi
|
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како вашиот хороскопски знак се забавува во кафана?Овенот во кафана ужива како риба во вода, Биковите сакаат да имаат своја, додека на Ракот омилената кафана му е втора дома. Иако е Овен, во кафана ужива како риба во вода, без оглед на забавата. Кога малку повеќе ќе се напие станува директен во контактот со спротивниот пол и монотонијата ја разбива со разговори и вицови. Понекогаш жените во овој знак сакаат да ја „накитат“ музиката, посебно ако слават роденден. Бикот би сакал да има своја кафана, што не е редок случај. Но ако ја нема, тогаш во неговото омилено место сите го познаваат - од музичар до келнер. Ја собира музиката околу својата маса и нарачува песни, а сака и да им угодува на девојките/момците околу него. Неретко знае да запее и дополнително да ја загрее атмосферата. Со Близнаците ќе го имате најдобриот помин во кафана, без оглед на тоа дали сте отишле како заљубен пар, пријател или сосема случаен познаник. Близнаците се друштвени, шармантни и хумористични, па не им е проблем да бидат забавувачот во друштвото. Иако најмногу уживаат во својот дом, Раковите често знаат да се упатат кон својата омилена кафана. Никаде на друго место не може да се опуштат со чаша вино и пријатели, да заиграат, да запеат и да останат до раните утрински часови. Не се љубители на кафаните во друштво на својот партнер/партнерка, па повеќе го ценат друштвото во вакви случаи. Кралот на забавите, игрите и сите можни прослави, ужива кога тој ја организира и води вечерта. Тогаш се подразбира огромна количина на алкохол и гласна музика. Атрактивни и провокативни, какви што вообичаено се, Лавовите обожаваат да запознаваат нови лица во оваа ситуација. Родени за мерак и опуштање, Девиците знаат да бидат немирни кога ќе испијат малку повеќе. Кога атмосферата ќе се загрее, вообичаено Девиците се тие кои нарачуваат нови тури и досипуваат пијалаци. Звучи несвојствено за воздржаните, приземни Девици, но тие обожаваат кога се во центарот на вниманието, посебно ако пеат и играат. Боеми и префинети гости, Вагите сакаат кога уживаат во тивка музика и вкусна пијачка. Не е ни чудо што често одбираат елитни кафани и настојуваат да ја платат сметката. Секогаш се грижат дали чашите се полни и дали музиката е по нивна желба, за утре со задоволство да може да го раскажат настанот. Елегантни, но гласни, Скорпиите секогаш уживаат во кафанската атмосфера и нема да ви дозволат да ја напуштите забавата до последен момент. Знаат добро да се напијат, но барем се пријатно друштво во таква ситуација. Обожаваат кога музиката се врти околу нив, посебно во големо друштво. Обожаваат кафани, но само оние кои ги бие добар глас, во централната градска зона, каде што ќе може да уживаат, но и да ја покажат својата моќ. Кога пие знае да се контролира и секогаш сакаат да дегустираат нови јадења или алкохоли. Авантуристи се, па ретко се појавуваат во иста кафана повеќе пати. Јарците умеат да се опуштат само ако има тивка музика и црно вино, па дури може и нежно да заиграат. На прв поглед се повлечени и мирни, но по неколку часа знаат да се опуштат до непрепознатливост. Сакаат кога се во помали групи на луѓе, па најчесто ги одбираат најблиските пријатели за ваков тип на излегување. Каде и да се појават се добредојдени, па така и во сите кафани. Водолиите не пребираат, сакаат алкохол и флерт и тоа им е сосема доволно за незаборавна вечер. Неретко знаат да го гледаат изгрејсонцето на пат кон дома. И ако вечерта некој ги покани во истата кафана - без размислување ќе кажат да! Тие се чувствуваат добро во кафана, само ако се со своите пријателки или со своето машко друштво. Избегнуваат претерано гласна музика, нападен флерт и умерени се со алкохолот. Но, тоа не значи дека не знаат да се заборават со часови. Боеми, со стил! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Карактеристики: Стаорците најдобро се снаоѓаат на позиции каде што се бара голема активност. Колку повеќе напор ќе вложат во работата, толку поголеми награди ќе добијат. За нив најдобро е да поседуваат сопствен бизнис или да се занимаваат со продажба на луксузни предмети. Треба да избегнуваат работни места кои ги изолираат од околината (на пример, чувар или оператор во кабина). Исто така, треба да избегнуваат професии поврзани со коцкање (работа во казино). Лични особини: имагинативни, решавачи на проблеми, привлечни, набљудувачи, себични, мотивирани Професии кои им одговараат: менаџери, советници, адвокати, дописници, писатели Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009) Карактеристики: Родените во знакот Вол најдобро се чувствуваат кога работат во домашни услови, а сепак имаат солидни приходи. Сакаат постојано да имаат обврски, па затоа им одговара да бидат уредници или писатели. Треба да избегнуваат работни места кои бараат врвни технички знаења или позиции кои наложуваат одење на службени патувања. Лични особини: доверливи, знаат што сакаат, внимаваат на детали, вредни, лојални Професии кои им одговараат: механичари, сликари, банкари, агенти за недвижности Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010) Карактеристики: Тигрите имаат две страни. Можат да бидат мирни, но и хиперактивни. Потребни им се периоди на интензивна активност, а веднаш потоа имаат потреба од мир и тишина. Одлично се снаоѓаат во професиите кои бараат веднаш да се дејствува (на пример, брза помош или противпожарна служба). Тие, исто така, се и одлични музичари (кои целиот интензитет го вложуваат во живите настапи) и организатори на настани. Лични особини: имаат натпреварувачки дух, сигурни се, добри лидери, авантуристи, често избрзуваат Професии кои им одговараат: писатели, пилоти, продавачи, канцелариска работа Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011) Карактеристики: Зајците се трпеливи, понекогаш дури и повеќе отколку што е потребно. Тие најдобро се снаоѓаат во мирна работна средина, каде што секогаш се во интеракција и со соработниците и со клиентите. Зајците, исто така ја познаваат вистинската вредност на нештата, па затоа им одговараат професии поврзани со продажба на накит, дизајнирана облека или недвижнини. Тие се и добри туристички водичи. Лични особини: дружељубиви, искрени, сочувствителни, избегнуваат конфронтации Професии кои им одговараат: терапевти, професори, писатели, односи со јавност Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) Карактеристики: На змејовите им е потребен простор за да напредуваат во работата. Не поднесуваат да бидат поставени на едно место. Ги разбираат трендовите и веднаш ја препознаваат насоката по која треба да се движат за да успеат. Одлични се како пилоти. Им одговара и професија поврзана со маркетинг и/или телевизија. Сакаат теренска работа, па затоа се одлични како истражувачи на животната средина или водичи. Лични особини: амбициозни, имаат слободен дух, иновативни, ентузијасти, независни, нетактични Професии кои им одговараат: архитекти, продавачи, менаџери, адвокати Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) Карактеристики: Змиите се најпаметните помеѓу сите знаци во кинескиот хороскоп, но често своето мислење си го задржуваат за себе. Нивните емоции секогаш се под површината и на тој начин тие ја заштитуваат својата приватност. Поради тоа, змиите се одлични писатели, уметници и композитори. Им одговараат и професии поврзани со научните и медицинските истражувања. Лични особини: паметни, интуитивни, решителни, работите брзо им здосадуваат Професии кои им одговараат: социолози, аналитичари, истражувачи, диететичари Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) Карактеристики: Коњите ја сакаат својата слобода. Имаат натпреварувачки дух, па дури и кога губат, тие остануваат чесни играчи до крајот. Најчесто, припадниците на овој знак поседуваат одреден талент. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со автомобили, патишта или мостови. Тие, исто така, се и одлични адвокати. Можат да напредуваат доколку нивната професија е поврзана и со спортот. Лични особини: енергични, бараат внимание, тимски работници, авантуристи, комуникативни Професии кои им одговараат: новинари, публицисти, шанкери, библиотекари Овен (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) Карактеристики: Припадниците на овој знак се доста чувствителни и одлични дипломати. Го обожаваат својот дом и сакаат да бидат опкружени со истомисленици. Одлични се како научници и програмери. Одлично се снаоѓаат во професиите поврзани со медицината. Овие луѓе најчесто се актери, чии улоги се идентични на нивниот начин на живеење. Лични особини: тимски работници, креативни, мирни, интелигентни, сензитивни Професии кои им одговараат: уредници, илустратори, педијатри Мајмун (1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) Карактеристики: Мајмуните се полни со енергија и сакаат да прават повеќе работи истовремено. Работите кои се одвиваат полека предизвикуваат нервоза и досада кај родените во овој знак. Како доста интелигентни, мајмуните секогаш имаат избор кога се работи за нивната професија. Напредуваат доколку имаат ментор, некој кого ќе можат да го копираат. Одлични се како менаџери на ресторани. Им одговараат професии поврзани со градежништво, берза, маркетинг или односи со јавност. Лични особини: интелектуалци, брзо ги разбираат работите, љубопитни, прилагодливи, играчи Професии кои им одговараат: филмски режисери, трговци, инженери, златари Петел (1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) Карактеристики: Петлите се секогаш зафатени. Организираат одлични забави и секогаш им помагаат на пријателите. Постојано се во согласност со енергијата на другите луѓе околу нив и затоа најдобро се снаоѓаат како социјални работници и други слични професии (на пример, поддршка на клиенти, забавувачи или професори). За својата работа сакаат да бидат наградувани, па исто така им одговараат и професии како доктори или директори на училишта. Лични особини: мотивирани, чесни, сигурни, вредни, организирани Професии кои им одговараат: книговодители, заболекари, агенти за осигурување Куче (1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) Карактеристики: Кучињата се верни и многу вредни работници. Многу се креативни, посебно ако се наоѓаат пред некој предизвик. Секогаш ги имаат потребните информации. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со спорт, храна и менаџмент. Тие се тимски работници кои често работат на разни проекти, како што е развој на софтвер, посебно софтвер за игри. Лични особини: верни, љубезни, прилагодливи, тврдоглави, морални Професии кои им одговараат: медицински сестри, полициски службеници, научници, дизајнери на ентериери Свиња (1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) Карактеристики: Припадниците на овој знак се грижливи и сериозно си ги сфаќаат одговорностите. Си го сакаат семејството и не сакаат да бидат одделени од него. Затоа ним најмногу им одговараат домашните бизниси. Имаат талент за дизајн и одлично се снаоѓаат во професии поврзани со маркетинг, облека и додатоци. Талентот за готвење ги прави добри угостители. Лични особини: вредни, искрени, креативни, забележуваат детали Професии кои им одговараат: ветеринари, доктори, продавачи во малопродажба |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денес е ден кога шеги фрчат на сите страни. Можеби веќе наседнавте на неколку, можеби сѐ уште планирате вие да насамарите некого. Во секој случај, имајте предвид дека хороскопските знаци различно реагираат на првоаприлските шеги.
kako-horoskopskite-znaci-reagiraat-na-prvoaprilski-shegi-kafepauza.mk Овенот не обрнува многу внимание на првоаприлските шеги и него тешко е да го измамите. Бикот се труди да не наседне на првоаприлските шеги, но тоа е посилно од него. Тој е од оние кој ќе поверува дури и во најмалата лага. Близнаците размислуваат двапати за сѐ што ќе чујат. Затоа нив е малку потешко да ги измамите. Ракот веднаш ќе поверува, бидете сигурни. Лавот е вообичаено оној кој ги смислува шегите во друштвото, па затоа не се лути кога и тој ќе биде измамен. Девицата е упорна во напорите да измами некоја блиска личност, но поразот не го прифаќа лесно. Затоа, внимавајте како ќе се пошегувате со некоја неа. Вагата толку многу сака шеги на туѓа, но и на своја сметка, што ќе ви биде многу лесно да ја уверите во некоја лага. Скорпијата постојано има недоверба, па и на 1 април. Затоа, не сме баш сигурни дека денес ќе успеете да измамите некоја скорпија да падне на вашата шега. Но, не пречи да се обидете. Стрелецот ќе изреагира како шегата да ја знаел од претходно, за да ви даде до знаење дека демек залудно сте се труделе. Јарецот ќе наседне на фората, но подоцна ќе се потруди да ви врати со иста мера. Водолијата не сака да се служи со туѓи фори, па затоа нема да ѝ биде интересна некоја измама доколку не е оригинална. Рибите се вечно насмеани личности. Обидете се денес да ги воодушевите со нова шега и само следете како ќе реагираат. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свиња? |
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Петел - во женски род шефице ...
|
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
Внеси реплика | страница <1 112113114115116 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |