|
Детската соба |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 15> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ееее ко да ги гледам детските соби од моите ќерки: розево со црвено, играчките сите распостелени на кревет, на биро, на земја, уште по таванот што нема... Сега се во фаза на манекенки, па почнаа да бесат насекаде постери, ташнички, ланци -трапатанци. Ѕидовите едно време беа во розева боја. Сега веќе не можам да видам боја на нив, нема празно место кај што нема нешто закачено. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инспиративни детски собиСловачка е една од земјите од источниот блок која полека оживува и се развива во поглед на архитектурата и дизајнот. Архитектонското студио "Rado Rick Designers" го презентираше својот проект кој се содржи од две соби за најмладите, односно за 6-годишниот обожавател на "Star Wars" и двегодишната принцеза. Имено, главната цел на родителите кои го нарачале овој проект била да се создаде простор за живеење кој ќе биде интересен за децата дури и во периодот на пубертетот, но и за да добијат катче и за нив, каде што ќе стапат во контакт со детето во себеси и да поминуваат време играјќи видео игри со своите деца. Мебелот е посебно дизајниран за нивните потреби, па така, сликата на ѕидот во собата на момчето е вистински, рачно нацртан графит. Библиотеката исто така е направена за комплетно да се вклопи во опремениот простор, а целта на клиентите била да се подели кујната од дневната соба, истовремено задржувајќи ја можноста да внимаваат на своите деца. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!

Креативен концепт за современа детска собаУредувањето на детската соба и дизајнирањето за деца не поминува без доза авантура, креативно размислување и весел спој на динамични, интензивни бои и смели концепти. Оваа креативна игра се забалежува и во дизајнот за детска соба на дизајнерски тим на италијанската компанија за мебел „Nidi Design“, уредена во современ стил. Дизајнот е спој од елементи што се истовремено и практични, но и со современ и естетски привлечен лик. Уреден во комбинација од сиви, црвени и бели тонови, детскиот ентериер има едноставна современа дизајнерска естетика, сепак носи со себе и дел од детската безгрижност, фантазија и желба за авантура. Колекцијата мебел што дизајнерите од „Nidi Design“ специјално ја дизајнираа за оваа детска соба преку едноставни форми и детали внесува смелост, светлина и воздушност во детскиот простор. Собата делува делумно сериозно, за да одговори на барањата кога малото дете ќе стане тинејџер, но и еднакво забавно преку внесувањето елементи како гардеробер на кој може да се прави пиши-бриши на цртежи со маркери. Мебелот е со мазни структури извајани од дрво и тенки ногарки од метал, кои ѝ даваат леснотија на структурата штто изгледа како да лебди во воздухот. Сите парчиња мебел се комбинација од бела и специфична црвена нијанса со пастелна нота, што создава контраст наспроти ѕидните и подните површини во груба индустриска сива нијанса. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бајковити детски соби за безгрижна играБезгрижниот, весел и шарен детски свет претставува неисцрпна инспирација во уредувањето на ентериерите на детските соби. Без разлика на стилот во кој се уредуваат другите простори во домот, дизајнерите и архитектите кога ќе зачекорат во просторот резервиран за детската соба несомнено инспирацијата и идеите за дизајнот ги бараат во детските желби и мечти со идеја во ентериерот да креираат весело детско царство. Њујоршкото студио за дизајн на ентериери „Chango & Co.“ неодамна го преуреди домот на семејство со четири мали деца. Петтособната куќа на плажа располагала со простран простор, но со лоша организација и со непрактична искористеност на просторите. Семејството, освен што сакало освежување на дизајнот на својот дом, барало и промена на просторите и нивната функција. Во овој огромен простор нивните деца немале соодветно место за играње и за дружење. Оттука дизајнерите од „Chango & Co.“ развиле проект во кој дел од просторот е пренаменет за две детски детски соби и голем заеднички простор за дружење на децата.
Едната детска соба е наменета за двете мали девојчиња и плени со светол, весел ентериер во кој преовладуваат розови и портокалови нијанси, ѕидни површини покриени со разиграни тапети со лубеници и мебел со силна розова боја. Во ентериерот на втората детска соба наменета за двете момчиња, пак, преовладуваат сини, зелени и жолти тонови, тапети со геометриски форми и декоративни винтиџ авиончиња што висат од таванот. Двете детски соби се приспособени на потребите на девојчињата и момчињата и на нивните детски интереси и желби. Заедничкиот детски простор за игра, дружба и едукација се карактеризира со неутрален ентериер уреден со удобен мебел со меки душеци и перници, интересни дрвени лулашки што со јажиња висат од таванот, црно-бел шатор што ја развива и ја охрабрува детската фантазија и катче полно со детски играчки, плишани животни за девојчињата и колички и дрвени бротчиња за момчињата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Детски соби декорирани со апликации од филмски и цртани карактериДецата сонуваат за дружба со своите омилени филмски или цртани херои. Поради ова и се радуваат кога нивните омилени филмски или цртани карактери успеваат да се интегрираат во ентериерот на детската соба. Ах, на дружбата ќе ѝ нема крај. Како да се изведе ова? Суперхероите обично пристигнуваат преку постери за ѕидот од детските списанија, добар обид се и завесите и постелнините со елементи од омилениот цртан и суперхерој. Меѓутоа, највпечатлив за децата е мебелот со апликации од нивните омилени цртани и играни филмови, дури и во форма на ликовите. Компанијата „Cia International“, добрата вила што ги остварува детските желби, дизајнира мебел за детски соби во кој се вметнати апликации од суперхероите на „DC Comics“, како шкафови со апликации од различни сцени на стриповите со суперхерои и кревет со рамка во форма на главата на познатото цртано маче „Hello Kittу“. Покрај огромната насмевка кај детето, ваквите елементи го трансформираат едноставно и брзо детскиот простор во привлечно катче за играње, спиење и за учење. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |