Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 16:18 |
Една реклама за цигари предизвикува желба за пушење недела дена |
|
|
Гледањето на реклами во кои се прикажени цигари ја зголемува желбата за пушење, а таа желба може да трае и недела дена, потврдило ново американско истражување. При гледањето на реклами за цигари желбата за пушење расте за 22 посто, покажала студија на непрофитната американска организација RAND Corporation, спроведена на 134 студенти. Дури и една реклама кај тинејџерите и студентите предизвикува желба за цигара, која трае и недела дена. Иако таа желба се намалува со истекот на времето, таа трае полни седум дена, утврдиле научниците кои испитаниците ги изложиле на прикажување на 1112 реклами кои ја поддржуваат тутунската индустрија. „Резултатите на истражувањето во потполност не’ изненадија. Рекламите кои ја поддржуваат индустријата на цигари го зголемуваат ризикот од искушение најверојатно затоа што делуваат позитивно и ја намалуваат желбата, а бидејќи мозокот не е изложен на негативните страни желбата не се намалува“ – ибјаснил водачот на истражувањето, психологот Стивен Мартино. Рекламите со цигари се забранети на телевизија и радио, но индустријата на цигари и понатаму се огласува на интернет, во продавниците и на бензинските пумпи. Поранешните истражувања потврдиле дека најтешките случаи на пушачи се токму тинејџери и студенти на возраст помеѓу 18 до 25 години. Во оваа таргет група има 50 посто повеќе зависници од цигари отколку во која било друга. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 21:01 |
Четиринаесет најлоши факти за цигарите |
|
|
Веројатно на секој пушач му е смачено од разговорите за тоа колку е штетно пушењето, но сепак, убаво е повремено да се потсетиме на сите штетни влијанија кои што ги има овој најраспространет порок помеѓу луѓето. Во пресрет на Меѓународниот ден без чад од цигари, ве потсетуваме на лошите работи кои ги носат цигарите, заради кои треба сериозно да размислите да ја откажете оваа лоша навика. Можеби мислите дека е “кул“ да запалите цигара по ручекот или по секс, но сигурно знаете дека не е здраво. Еве ги основните 14 факти кои ќе потврдат дека пушењето полека ве убива. Факт број 1Дури и “пасивното пушење“ предизвикува бројни болести со фатални последици. Факт број 2Чадот од само три цигари, произведува повеќе штетни гасови од мотор на кола кој работи половина час. Факт број 3Многу отрови кои се наоѓаат во чадот на цигарите, се невидливи за околината, содржат гасови без мирис кои не можат да се тргнат од вентилацијата, ниту системите за филтрирање на воздухот. Факт број 4Во светот, дури 700 милиони деца се изложени на чад од цигари. Факт број 5Се проценува дека, секоја година, во светот умираат 200.000 работници, поради изложеност на чад од цигари на работното место. Факт број 6До сега, не е откриено безбедно ниво на изложеност на чад од цигари. Факт број 7Во една соба полна со чад од цигари, нивото на загаденост може да е и до 50 пати поголемо од нивото на загаденост во тунел каде поминуваат возила. Факт број 8Тутунската индустрија ги поддржува протестите против забраната на пушење во баровите, рестораните и клубовите, ширум светот. Факт број 9За оние кои се обидуваат да престанат со пушењето, пожелно е да седат во простории каде нема чад од цигари за да го олеснат процесот на одвикнување. Факт број 10Граѓаните се придржуваат на законот за забрана на пушење на јавни места. На пример, во италијанските градови, законот се почитува во 98,5 проценти, а во Њујорк во 97 проценти од случаите. Факт број 11Бремените жени, кои се непушачи но се изложени на чад од цигари, имаат поголеми шанси да родат бебе со мала тежина или да се породат предвреме. Факт број 12Дури ¾ од возрасните граѓани го поддржуваат Законот за заштита на сопствениците од изложеност на чад од цигари и забраната за пушење на работни и јавни места. Факт број 13Сите досегашни истражувања покажале дека законот за забрана на пушење не штети врз угостителските објекти. Факт број 14Има се поголеми докази дека целосна забрана на пушење води до намлена интервенција при акутни инфаркти на миокади за 10 до 20 проценти. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 21:02 |
Оставетe ги цигарите – намалете ја нервозата |
|
|
Погрешно е убедувањето дека пушачите со откажувањето од цигарите ќе ја зголемат својата нервоза на долг временски период, покажало едно истражување објавено во британскиот научен весник “Бритиш џурнал оф психијатри“. Пушачите кои успеваат да му кажат “не“ на тутунот долгорочнo ја намалуваат вознемиреноста, додека кај оние кои не успеваат доаѓа до нејзино зголемување, покажале резултатите од истражувањето на група британски научници од Кралскиот колеџ во Лондин и Универзитетот Саутемптон. Научниците дошле до овој заклучок следејќи 491 пушач, учесници во програмата за одвикнување од пушење во која се комбинира психотерапија, едукација и лечење со лекови. Тие низ прашалник го мереле нивото на стрес пред престанокот на пушење, а потоа шест месеци подоцна. Резултатите покажале дека кај пациентите кај кои одвикнувањето било успешно дошло до поголемо намалување на вознемиреноста, отколку кај пациентите на кои тоа не им успеало. Тенденцијата била изразена кај некои лица со психички болести. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 22:03 |
СЗО: Цигарите се најголема причина за смрт во светот |
|
|
Глобалната епидемија на пушење цигари секоја година предизвикува смрт на околу шест милиони жители на планетата, како и на околу 600.000 лица кои не се пушачи, но страдаат од пасивно пушење, предупредува Светската здравствена организација по повод утрешнот ден, 31 мај, што се одбележува како Светски ден без цигари. „Ако владите во светот не ги преземат неопходните мерки, до 2030 година директните жртви на употребата на цигари ќе се зголемат на осум милиони годишно“, сметаат експертите на СЗО, истакнувајќи дека пушењето цигари е првата и најголема причина за смрт во светски рамки. Истражувањата покажуваат дека во ЕУ пушењето ја причинува смртта на повеќе од половина милион лица секоја година. Се смета дека 25 отсто од сите смртни случаи, предизвикани од рак и 15 отсто од сите смртни случаи во ЕУ можат да бидат припишани на пушењето цигари. Според последните податоци на европската статистика - пасивното пушење ја причинува смртта на над 16.000 непушачи меѓу населението на ЕУ. Целта на претстојниот Светски ден без цигари е да ги натера земјите во светот да ја почитуваат Рамковната конвенција на СЗО за борба против пушењето цигари, да воведат строги мерки за луѓето кои почнуваат да пушат или продолжуваат да пушат со цел да се намали нивниот број во светски рамки, и да се воведе целосна забрана на стимулирање и спонзорирање реклами на тутунски производи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
gonzo
Сениор
Мачкозил
Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2014 во 20:07 |
Изгледа оние што не пушат ни умираат ни па болест ги фаќа.
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
svetosparki
Сениор
Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2014 во 20:29 |
PUSACI
BIDEJKI SAKAM DA IMAM POCIST GRAD PUSETE NESTO BEZ OTPUSOK I CAD
|
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2014 во 22:17 |
svetosparki напиша:
PUSACI
BIDEJKI SAKAM DA IMAM POCIST GRAD PUSETE NESTO BEZ OTPUSOK I CAD |
сигурна сум дека свето мислеше на вакви цигари...е-цигари ...создаваат пареа со никотин и не содржат штетни состојки кои се создаваат при пушење на вистинските цигари
|
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
|
svetosparki
Сениор
Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2014 во 19:14 |
pa...valjda drugo i ne postoi,a?
|
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Март.2014 во 13:41 |
не знам? кажи ти ако знаеш
|
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
|
svetosparki
Сениор
Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Март.2014 во 14:19 |
Bibi,dve zeni sabajle zborea u prodavnica i zamisli sto?nema da verues... imalo,Bibi,imalo... samo,koj ti znael...svasta ima u zivotov...
POZDRAV
|
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Март.2014 во 14:57 |
поздрав
|
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
|
svetosparki
Сениор
Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Септември.2014 во 20:16 |
probal li nekoj od tie e-cigari,da kaze kako e,mnogu me interesira...
|
|
fiks
Администратор
ПРАВДОЉУБЕЦ
Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Септември.2014 во 21:51 |
Јас пробав пред околу два месеца, и ич не ме бендиса, све ми гледа дека од една навика ќе заминеш во друга. Или пуши цигари или не пуши, нема трето.
|
Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
|
svetosparki
Сениор
Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Септември.2014 во 22:22 |
a,so e rabotata?Dali ke mi iskoci poevtino,dali tolku ne zagaduvaat ko obicnive,mozes li podetalno...
|
|