|
DIY-Велигденски декорации |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:56 |
|
Сите им се радуваме на Велигденските празници, но секако дечињата
најмногу…Да ги израдуваме со необична кочничка за јајцето кое ќе им го
подариме.
Потребен материјал:
1. Пластичната чаша обложете ја со бела хартија(користев лист од
кујнски бришачи за раце превиткан дупло) или бела ткаенина и залепете со
лепак.Од белиот картон исечете лентичка која ќе има улога на рачка,
преку неа залепете украсна лентичка или цик-цак лентичка, двата краја
премачкајте ги со лепак,па залепете ја рачката од внатрешната страна на
чашата.
2. Од белиот картон искројте 2 елипсести форми за очи и исцртајте
им зеници со фломастерот. Од дезенираната ткаенина исечете срценце за
носот и лентичка за пеперутка машничката за „машкото“ и машничка за
коса на „женското“ зајаче. Залепете ги очите на обложената пластична
чаша, со фломастер исцртајте уста, залапете ги парченцата од цик-цак
лентички како мустачиња, а во средината залапете го срценцето за нос. Од
белата хартија исечете 2 елипсести форми за уши, во долниот дел малку
засечете ги, залепете ги малку преклопени во средината, па секое уво
залепете го од внатрешната страна на чашката.
3. Чашата наполнете ја со малку природна или вештачка слама, додајте го јајцето за подарок и тоа е с`е.
НАПОМЕНА: јајцето е малку претешко за нежната рачка на оваа кошничка, затоа препорачувам да се држи одоздола.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2014 во 17:13 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште малку па ќе почнам да се играм ...
|
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам - Велигденска декорација во домотОстана уште малку време до почетокот на велигденските празници, токму толку за пробате да направите нешто интересно во вашиот дом и да му дадете празнична магија. Токму во таа насока, ви нудиме интересни предлози за тоа како да ја декорирате велигденската трпеза и сами да направите оригинални и несекодневни детали во вашиот дом. Верувајте дека за тоа нема да ви треба ништо посебно, освен малку слободно време и трпение, а резултатите ќе бидат одлични.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Време е за Велигденски декорации!;Подготовките за Велигден секогаш се возбудливи и интересни, особено кога станува збор за велигденските јајца. Црвени, жолти, зелени, ги има во сите бои, а оние со малку повеќе трпение и креативен дух знаат да направат навистина оригинални декорации за велигденските јајца. Во пресрет на Велики Четврток, денот кога ги бојадисуваме јајцата, само за ваше задоволство издвоивме неколку интересни идеи кои можеби ќе ве поттикнат да се обидете да направите малку поинакви Велигденски јајца. Сè што ви е потребно е желба, време и малку повеќе трпение. За овие прекрасни јајца потребно ви е лепило и конци во боја. И секако, многу, многу трпение!
Темперни бои, четка, малку трпение и креативност, и ќе ги имате овие прекрасни весели јајца.
Тантела и лепило – едноставно, лесно, а толку нежно и елегантно.
И ние не знаеме како точно се обоени овие јајца, но тоа воопшто не нè спречува да се обидеме. На јајцето се ставаат лепливи ленти, може да се обидете со изолир, па јајцето се става во бојата. Е сега, како се добиени различни бои без да се помешаат, ќе провериме годинава, па доколку откриеме, ќе ја споделиме тајната со вас.
Овие јајца се добиени од парчиња ткаенини, поточно стари машки кравати. Јајцето се витка во ткаенината, потоа се вари во вода со оцет, а бојата од ткаенината останува на него. Обидете се само со едно јајце, доколку е успешно, продолжете!
Јајцето се става во чаша во која има малку подготвена боја. Оставете малку да прими од бојата, потоа додадете малку вода, повторно оставете да прими вода и така додавајте по малку вода додека не се покрие јајцето. На овој начин, при секое додавање на вода, еден дел од јајцето се обојува со посветла нијанса од претходната.
Повторно чипка или нежна тантела! Јајцата се виткаат со чипка, па се ставаат во бојата. Потоа, чипката се отстранува.
Уште неколку интересни декорации од хартија, кои лесно и успешно ќе ги совладате. За што и да се одлучите, запомнете, декорирањето на јајцата треба да ви претставува задоволство, дури и ако не ги добиете очекуваните резултати. И нас не ни успева секогаш да ја реализираме идејата, но важна е посветеноста и љубовта со која се пристапува кон подготовките за Велигден. Изменето од Valerija - 28.Март.2014 во 15:14 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
10 идеи за уникатни велигденски јајцаЕдноставните шарени јајца изгледа веќе не се во мода. Сега е одлично време да ја искористите вашата креативна страна и сите материјали кои ги поседувате да ги претворите во уникатна декорација за велигденските јајца. Ова се неколку едноставни идеи кои веруваме ќе ви се допаднат, а и ќе ги изведете со голема леснотија. Начинот за изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Обојте го јајцето со темперни бои и ишмукајте ја внатрешноста. Оставете да се исуши неколку часа, а потоа во дупчињата ставете ја љубовната порака.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука.
Начинот на изработка погледнете го тука. Си одбравте омилени? Кој предлог ќе го пробате? |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вака правев лани, со салфетки. Интересни се, планирам и оваа година.
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
24 апр 2013 Декорација-Велигденска треваПрано оваа декорација за велигденска трева беше хит и често ја правевме. Потоа во продажба излезе вештачката трева, па овој начин се занемари. Сепак, решив да ви ја презентирам како идеја за предстојните празници, па можеби некому ќе му се допадни ако не знаел или пак ќе се потсети оној кој веќе знае. Забелешка |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Брзи и евтини велигденски декорацииВреме е да ги започнете велигденските подготовки и украсувања. За околу десетина дена го очекуваме еден од најголемите христијански празници Велигден. Покрај религиозното значење овој празник е голема радост и за дечињата кои ги обожуваат игрите со кршењето на јајцата, интересно украсениот дом и шарените бои. Токму затоа постојат најразлични начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново. Но, за тоа не ви треба да потрошите уште една плата, туку само малку поголема доза креативност и трпение. Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова. Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа. Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте им очи, уста, нос. Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно. Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца. Може да направите и кошничка во вид на јајце само со помош на лепило, конец и балон околу кој ќе го залепите конецот и ќе го пукнете балонот, а во шуплината ќе ги сместите јајцата. Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца. Домот може да го украсите со многу зајчиња и пиленца кои се сметаат за симболи на овој празник. Трпезата украсете ја со интересни салфетки и украси. Изменето од Valerija - 19.Април.2016 во 08:27 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да не отвараме посебна тема околу приготвување на бои за фарбање јајца во домашни услови, ќе ја искористиме оваа тема Kaко да приготвите природни бои за јајцаАко не сакате да ги користите традиционалните бои за јајца кои се продаваат во продавниците и оваа година сте решиле да преминете кон еколошки велигденски обичаи , тогаш користете природни бои за јајца . Погледнете како да си ги направите .Природните бои за јајца се подготвуваат од природни материјали – сокови од овошје , листови или лушпи од некои зеленчуци, како и зачини. Листовите и лушпите задолжително се варат , потоа течноста се цеди и додека е уште топла, во неа се раствораат 1 – 2 с.л. оцет . Сокот пак се меша со топла вода и кон него се додава оцет , а кај зачините – 1 с.л. од неа се раствора во 300 метри топла вода и 1 с.л. оцет . Другата опција е да поставите веќе варени јајца во сад со природната боја , да ја вклучите плочата и да почекате додека течноста врие – така јајцето стекнува заситена боја. Трети пак препорачуваат да ги поставите садот со природната боја и јајцето во фрижидер и да почекате некое време, за да впие од бојата . Не заборавајте да ставите оцет во бојата , бидејќи токму тој помага за позаситено боење на јајце. Исто така, колку повеќе време го чувате натопено јајцето во бојата , толку полна боја ќе се добие. За зелена боја се варат исечени листови од спанаќ или коприва, а потоа течноста се цеди . За црвена природна боја се користат лушпи од црвен кромид кои се варат, сок од калинка или сируп од малини. 3с.л. црвен пипер , растворен во 250 – 300 метри топла вода со 1с.л. оцет , пак прават керамидно -црвена боја. Направете си силно кафе со помалку вода и ставете во него јајце со посветла школка за да се офарба со кафеава боја . Сина природна боја може да си приготвите од сок од боровинки или сок од грозје. Другата опција е да свариш листови од црвена зелка и да оставите напивката да отстои некое време, додека се олади – тогаш добивате комбинација помеѓу сина и темнолилаво . За заситено розово пак може да користите сок од цвекло, а зажолто-зелена нијанса – боја од сварени лушпи од жолти и зелени јаболка. За жолта може да користите зачини како К*ркума или шафран. Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 09:23 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПАСТЕЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕКОРАЦИИ: БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ И ВНЕСЕТЕ ЈА МАГИЈАТА НА ВЕЛИГДЕН И ВО ВАШИОТ ДОМ (ФОТО)Пастелните нијанси се совршен избор за велигденски декорации во домот. Нежни, пролетни и свежи, овие слатки бои најверодостојно го прикажуваат будењето на пролетта, па се вистинската палета за да постигнете убава празнична атмосфера во животниот простор. Потребни ви се само неколку расцутени пролетни гранчиња или покривка за масата со цветен дезен – вашата велигденска трпеза ќе мами воздишки. Комбинирајте ги со вашите омилени тонови, а не заборавајте да додадете и нешто свое, уникатно и неочекувано во декорацијата, за истата да биде забавна, весела и разиграна. Во продолжение, ви претставуваме неколку прекрасни предлози: велигденски декорации во пастелни бои, кои се едноставни и минималистички, но сепак мошне впечатливи и идилични. Инспирирајте се во пресрет на празниците, бидете креативни и внесете ја магијата на Велигден и во вашиот дом. Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:42 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |