IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 07:30

Пржен зеленчук на кинески начин

Прво морам да напоменам дека користените состојки можат да се менуваат...според вашиот вкус и според сезоната... или според тоа што го имате во фрижидер :)

Исечкајте го зеленчукот на тенки ленти (не важи за брокулата, карфиолот, боранијата). Загрејте ја вок тавата, па потоа додајте малку масло и оставете убаво да се загрее.  И почнете со пржење: прво кромидот (2 минути), па додадете го морковот (2 минути),  па пиперките, па карфиолот, боранијата, тиквичката, брокулата и на крај зелката. Постојано промешувајте со дрвена лажица и внимавајте зеленчукот да не се препржи (бидејќи сепак треба да се сервира малку крцкав).  Зачинете со малку сол и бибер и готово!

Супер оди во комбинација со пилешко во слатко-кисел сос...или ориз на кинески начин...Пријатно!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 16:34

Гвакамоле

Гвакамоле е намаз од авокадо и изворно потекнува од Мексико. Значи ‘авокадо сос’, а буквално тоа и претставува. Традиционално се подготвува со авокадо, домат и кромид, а може да се прават и различни варијации. Во поголем сад се става зрелото излупено авокадо, претходно исчистено од семката. Се додава лимонов или сок од лајм, а потоа авокадото се гмечи да се добие пире маса. Во масата се додава претходно излупен домат исецкан на ситни коцкички. А потоа и кромидот и лукот излупен и исецкан ситно на коцкички. Се додава ситно секан магданос, потоа сол, мелен кориандер, мелен бибер, ким, по желба копар, босилек или друг зачин кој го користите и сето тоа добро се меша. Доколку сакате луто може да се додаде и ситно сецкано чили пиперче или лута пиперка. Варијациите може да се прават со краставица или друг сезонски зеленчук. Се остава малку да отстои, а потоа може да се консумира. Остатокот од Гвакамолто се чува во фрижидер. Главниот трик во подготвувањето на рецептот е во авокадото кое мора да биде сосема зрело и меко. Зрелоста ќе ја проверите со нежно притискање на плодот. Доколку купите тврдо авокадо оставете го на собна температура неколку дена целосно да омекне. Одличен оброк за време на пост затоа што авокадото е доста масен и свеж плод. Може да се консумира со готов тортиља чипс (доритос) или топол леб од фурна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 14:22

Посни ѓевречиња

Во длабок сад ги ставаме брашното, солта, шеќерот, маслото за готвење и квасецот претходно растопен со малку млака вода. Ја додаваме водата млака и замесуваме тесто. Оставаме да стаса тестото 20-30 минути. Потоа го делиме тестото на мали топчиња и секое топче го расукуваме со сукалка. Од едната страна го сечеме тестото до пола на линии на растојание од пола сантиметар и ги виткаме гевречињата. Ги макнуваме во тањирче со вода, а потаоа ги валкаме во сусам и ги редиме во тепсија. Печеме во загреана релна околу половина час.




Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 20:18
Eve edna idea ...Za dorucek mozete cahjche i lebce so puter od kikiriki koe sami ke si go podgotvite среќа
 
Домашен путер од кикирики
Дали сте знаеле дека кикириките се едни од најпознатите хранливи продукти. Тие содржат од 50% масла и 25% протеини. Во кикириките има повеќе протеин отколку во повеќето видови на месо. На пример, кикириките содржат поголем број на минерали и витамини одошто во говедско црниот дроб, па затоа тие се омилена храна на вегетаријанците и фото моделите. Поради високата содржина на прехранбени влакна, тие даваат чувство на исполнетост. Го снабдувааат човечкото тело со масни киселини, кои пак ја подобруваат меморија. Тие се идеален извор на енергија, особено се корисни за луѓето кои избегнуваат холестеролот, бидејќи кикириките, како растителен продукт, НЕ СОДРЖАТ ХОЛЕСТЕРОЛ.
puter-od-kikiriki
Токму затоа, ви предлагам еден мноооогу едноставен рецепт за домашен путер од кикирики, барем ќе знаете што јадете.
  • Подготовка: 15 мин.
  • Готвење: 15 мин.
  • Вкупно: 30 мин.
  • Состојки

    • 200 г кикирики (непечени или печени, лупени и несолени)
    • 3 лажици мед
    • 4-6 лажици масло (сончогледово или маслиново, на најдобро е масло од кикирики)
    • малку сол

    Подготовка

    1. Ако кикириките се непечени, тогаш тие се печат, се оставаат да се оладат и им се отстранува лушпата (ова е најмачниот и најдолгиот дел).
    2. Излупените кикирики и солта се ставаат во блендер и се блендираат.
    3. Потоа се додава маслото и медот и се продолжува да се блендираат додека се добие убаво хомогенизирана и мазна смеса.
    4. Ако се добие густа смеса која тешко се блендира тогаш слободно додадете уште 1 или 2 лажици масло. Се чува во затворен сад, на темно место.
    Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
    Кон врв
    Kastro Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 17.Јули.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 11937
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 20:22
    Salata so tuna (ovaa jas si ja podgotvuvam )
     
    Marula iseckana ,kromdice seckano ,tuna 1 konzerva ,1 kesence kubeti so vkus na kechap,maslo maslinovo ili od soncogled (po vas izbor sekako),balzamiko, sol ,malku biber ,sosema malku morsko orevce i 2-3 supeni lazici majonez posen (go ima po marketite)
     
    Dosta vkusno, ne se cuvstvuva deka e posna голема насмевка
     
    p.s. sekako samo za onie denovi koga se jade riba
    Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 06:08

    Мусака со тиквички и сирење

    1. Во поголем сад се ставаат брашното,и сите зачини кои ги сакате и сето тоа добро се соединува.
    2. Компирите се лупат се сечат на тенки кругови, се валкаат во брашното од двете страни и се редат во огноотпорен сад подмачкан со масло.
    3. На тиквичките им се сечат краевите се сечат на тенки кругови и тие се провалкуваат во брашното од двете страни(за еден ред од тиквички е потребно една ипол тиквичка)
    4. Преку тиквичките ставаме од сирењето или урдата па малку бибер и веѓета па домат исечкан на коцки и преку него исечканите магдонос и нане и на крај секаде по малку се става од исечканото лукче.
    5. На крај се завршува со остатокот од тиквички извалкани во брашно.
    6. Добро се залива со маслиново масло се покрива со фолија и добро се затвара од сите страни.
    7. Се пече во загреана рерна на 200 Ц. 1 час.потоа се открива и се пече додека благо не порумени.

    Многу вкусен и лесен ручек и се служи со големи количини свежа салата или јогурт Ч))




    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 13:12

    Подгответе: Посни, кремасти торти


    Ако до сега посните десерти не важеа за едно од омилените, по овие торти мислењето потполно ќе ви се промени.

    podgotvete-2-posni-kremasti-torti-01

    Ќе ве освојат со префинетиот вкус, богатата арома и интересните состојки.

    Без оглед на тоа дали постите или не, ќе вреди секој залак кој ќе го вкусите.

    Медена торта

    Состојки

    За кора:

    • 250g мед
    • Чаша пиво
    • Лажичка сода бикарбона
    • ½ шолја масло
    • Брашно по потреба

    За фил:

    • 250g шеќер
    • 250g мелени ореви
    • 2 реда посна чоколада

    Подготовка:

    Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него.

    Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите.

    Држете се до правилото еден ден ред тесто - еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова.

    Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.

    podgotvete-2-posni-kremasti-torti-02


    Торта од портокал

    Состојки

    За кора:

    • 1 шолја масло
    • Шолја кисела вода
    • 400g брашно
    • Прашок за печиво
    • 100g шеќер

    За фил:

    • 4-5 портокали
    • 0,5l вода
    • 350g шеќер
    • 2 пудинзи од ванила
    • 4 лажици густин
    • Маргарин

    Подготовка:

    Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.

    Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.

    Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.

    Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.

    podgotvete-2-posni-kremasti-torti-03

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 04:41

    Посна мусака со тиквички

    Сојата ја оставаем во ладна вода да откисне 20 минута. Потоа водата ја истураме и тураме нова, па ја ставаме сојата да зоврие.
    Тиквичките ги сечкаме на тркалца.
    Во тепсија редиме ред тиквички, ред соја ( низ која ставаме од оризот и морковот исечен на тркалца). Додаваме зачини по желба.
    Ставаме да се пече во загреана рерна. Кога убаво ќе порумени го рендаме кашкавалот и враќаме уште малку во рерна за да се растопи.




    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 15:54
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 15:59

    ПОСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА

    0

    Состојки

    За кората:

    250 гр мелени ореви
    200 гр шеќер
    200 гр брашно
    1 ванилин шеќер
    1 прашок за пециво
    1/2 лажиче сода бикарбона
    1 лажиче цимет
    малку мелено каранфилче
    3 дцл вино (бело или црвено)

    За филот и глазурата:

    4 лажици џем од кајсии, јагоди, праски или шипки
    150 гр чоколадо за готвење
    малку маргарин
    малку рум

    Подготовка:

    - Во садот во кој ќе матите измешајте ги брашното, содата бикарбона и прашокот за пециво. Во тоа додадете го шеќерот, мелените ореви, каранфилчето, ванилиниот шеќер и циметот. Измешајте убаво.

    - Во тоа додадете го виното и измешајте со дрвена лажица да добиете компактна смеса.

    - Оваа смеса сипете ја во округла тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

    - Кога тестото ќе биде печено извадете го од тавата, оставете да се излади и пресечете го по должина на половина за да добиете две округли кори. Едната кора ставете ја на украсна чинија за торти.

    - Загрејте го малку џемот и со него премачкајте ја кората. Одозгора ставете ја втората кора која исто така ќе ја премачкате со џем, одозгора и од страните.

    - За глазурата, истопете го чоколадото на пареа со малку маргарин и рум.

    - Прелијте ја врелата глазура над тортата и оставете да се излади пред да ја послужите.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:04

    ПОСНА ТОРТА СО ЈАБОЛКА

    6

    Состојки:

    • 5 средни јаболка  или 600 гр излупени јаболка се рендаат на крупно ренде.
    • 900 гр шеќер
    • 2 лажичиња сода бикарбона
    • 2 филџани зејтин
    • 650 гр брашно


    Подготовка:

    Изренданите јаболка и содата бикарбона се мешаат во пластичен сад со дрвена лажица и се оставаат да стојат 30 минути. За тоа време се промешува 2-3 пати.

    На оваа смеса се додава зејтинот, па се меша. Потоа се додаваат брашното и шеќерот и се меша. По желба може да се додаде половина кесичка цимет, ореви и суво грозје.

    Добиената смеса се пече во подмачкан плех од шпорет на 1800C, 30 – 40 минути.

    Изладената посна торта се сече на коцки и се декорира со шеќер во прав.

    На здравје!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:05

    ПОСНА КРЕМ ТОРТА СО МЕД

    2

    Состојки:

    За кора:

    • 250g мед
    • Чаша пиво
    • Лажичка сода бикарбона
    • ½ шолја масло
    • Брашно по потреба

    За фил:

    • 250g шеќер
    • 250g мелени ореви
    • 2 реда посна чоколада

    Подготовка:

    Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него.

    Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите.

    Држете се до правилото еден ден ред тесто – еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова.

    Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:06

    ПОСНА ТОРТА СО ПОРТОКАЛ

    1

    Состојки:

    За кора:

    • 1 шолја масло
    • Шолја кисела вода
    • 400g брашно
    • Прашок за печиво
    • 100g шеќер

    За фил:

    • 4-5 портокали
    • 0,5l вода
    • 350g шеќер
    • 2 пудинзи од ванила
    • 4 лажици густин
    • Маргарин

    Подготовка:

    Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.

    Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.

    Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.

    Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:08

    ПОСНИ КРОФНИ

    25

    Состојки:

    400 гр брашно

    250 мл млака вода
    25 гр свеж квасец
    4 лажици шеќер
    1 чаша зејтин

    Подготовка:

    Замесете тесто од состојките и оставете го на топло, да нарасне. Размесете тесто со дебелина од 2 см и со помош на чаша извадете ги крофничките. Остaвете ги да отстојат уште малку и потоа печете ги во загреан зејтин. Посипете ги со шеќер во прав.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,297 секунди.