|
Свадбени обичаи од сите краеви на светот |
Внеси реплика |
Автор | |
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Март.2014 во 12:52 |
Црвена венчаница, младоженец мие садови: Свадбени обичаи од сите краеви на светотКоја девојка ќе извлече прстен од торта ќе биде следната невеста, младите пробуваат 4 различни зачини и проверување на младоженецот кога се во прашање куќните работи се само некои од обичаите. Иако најпопуларни се венчавките во кои младата носи бела венчаница, а младите носат бурми на рацете, одредени краеви на светот се држат до нивните, тотално спротивни традиции. Додека во повеќето западни земји света традиција е невестата да носи бела венчаница, како симбол на невиност и чистота пред бракот, во бројни азиски култури се верува дека ведрите бои на венчаници носат среќа. Така, јако црвената венчаница е најпопуларен избор, која наводно, предизвикува среќа и успех во бракот. Во Велика Британија, според традицијата, младата треба да носи потковица украсена со чипка за среќа, а свадбената торта мора да е од марципан чиј горен дел се чува додека парот не добие деца. Перуански прстен од торта За сите слободни дами на венчавките во Перу се подготвува посебна торта во која се вметнати бели траки (врвци), а само на една трака се наоѓа лажна бурма. По старото верување таа што ќе ја извлече бурмата е следна невеста. Дегустација на четири елементи Според западно-африканската традиција дегустацијата на зачини е еднакво важна како и разменување на брачни завети. Зачините треба да бидат слатки, лути, горки и кисели, како симбол на се она што ќе поминат во бракот. Така киселиот зачин претставуваат компромисите кои ќе морат да ги направат, горкиот е недостаток на разбирање, слаткото вечната љубов и лутото е страста меѓу нив. Во Кина видовит човек го одредува датумот на венчавката Според традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и гатач за да го одбере најпогодниот ден за својата венчавка бидејќи тоа ќе влијае на успехот на бракот. Колку е фамилијата побогата толку свадбата подолго трае, а неизоставен дел е чајанката за членовите на фамилијата. Донесете прстен за нога Како што според западната традиција се носат прстени на раце, така хиндусите имаат своја традиција. На нивните венчавки прстенот се става на нога поточно на прстот до палецот и тоа е знак дека жената е зафатена. Секој кој не е венчан не смее да носи прстен на нога, дури ни како моден детал.
Супа за душа На традиционална чешка венчавка задача на парот е да научат нешто за подобро функционирање во пар. Заради тоа цврсто ги замотуваат во ќебе и им оставаат по една слободна рака. Така замотани мораат да се нахранат меѓусебно со супа, а таа традиција е симбол на соработка за да се наминат тешкотиите. Танц во престилки Доказ дека на престилките не им е место само во кујната се полјаците кои ја започнале традицијата според која невестата танцува со престилка, а секој кој сака да танцува со неа треба да остави пари во џебот. Ако не ги измие добро садовите, ништо од бракот. На Филипините, младоженецот пред венчавката оди во куќата на невестата за да добие дозвола за брак, а тој обичај се вика „памаманхикан”. Понекогаш ќе треба да изврши и некој од домашните обврски како миење садови или пеглање, а се со цел да покаже дека е спремен за брак и да се грижи за идната сопруга.
Сами одат по поклони Во Финска невестата сама е задолжена за собирање поклони и мора да оди од куќа до куќа и да ги собира. Нејзиниот сопруг за тоа време стои до неа, а ако врне тој го држи чадорот како симбол дека секогаш ќе и пружи „кров над глава” Ако знаете или имате прочитано и вие некои свадбени обичаи распространети на различни делови во светот слободно споделете. Изменето од Schatzii7 - 17.Март.2014 во 13:11 |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во традиционалната свадбена церемонија во Иран најбитен дел играат симболичните предмети. На подот се ставаат предмети и сувенири кои се пренесуваат од мајка на ќерка. На средината се наоѓаат два свеќници кои ја претставуваат светлата иднина на младенците. Невестата и младоженецот се заштитуваат од лошите духови со седум билки и зачини и светата книга. Свадбите во Тунис се весели и раскошни и траат повеќе денови. Невестата добива тетоважи „хена“ на рацете и стапалата додека во средувањето и' помагаат нејзините пријателки и семејството. Среќната двојка седи на трон за време на прославите, а на една вечер од прославите невестата носи златен фустан. За време на церемонијата, невестата, младоженецот и нивните родители пијат саке од исти чаши. Со ритуалот се создава врска помаѓу двете семејства. Мексиканската традиција вклучува врзување на партнерите. Тие се врзуваат околу рамениците откако ќе ги кажат заветите за да ја зајакнат нивната врска и да ја симболизираат вечната љубов. На крајот од церемонијата, врвката се дава на невестата како спомен. Невестата и младоженецот носат цветни венци како физична претстава на нивната взаемна љубов. Освен тоа, за време на церемонијата се врзуваат рацете на младенците за зајакнување на врската. Понекогаш, тие се облекуваат во наметка наречена капа која е благословена и треба да им донесе здравје, богатство и многу деца. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонски традиционални свадбени обичаи: Китење, гледање низ бурма, кршење погача...Свадбените обичаи се дел од традицијата на секој народ. Тие се главен белег на секој крај и она што ја прави секоја свадба различна и посебна. Во деновите пред свадбата и на самиот ден се прават обичаи кои имаат за цел, според народните верувања, да ги заштитат младите, да им донесат среќа и љубов и да ги соединат во едно семејство. Постојат различни начини на изведување, различни верувања и обичаи кои се наследени од различни краеви. Во Македонија, речиси секој град има барем по некој различен обичај кој се прави пред или за време на свадбата. Често младите и не знаат што мора, што треба и каде – како се изведува. Но, она што ги обединува сите е верувањето во среќата и традицијата. Тука ги издвојуваме повеќето македонски свадбени обичаи од различни краеви како наше посебно културно богатство: - Замесување лепче за среќа на младите ден пред свадбата. Тоа треба да биде немажено девојче од женска страна. - Китење на куќите на младите во четвртокот пред свадбата со поставување венец на надворешната врата кој ќе стои цела година, како знак дека таа фамилија правела свадба. - Кога доаѓаат сватовите кај невестата две девојчиња стојат пред влезот и ги китат со китенки, мажите на лева страна, а жените на десна, а тие оставаат пари. - Сватовите и кумот прво одат во домот на младоженецот, играат ора, пеат песни, па тргнуваат по невестата. - На вратата на невестата стојат машките членови на фамилијата кои не го пуштаат младоженецот веднаш да влезе додека не плати или не биде упорен во туркањето на вратата. - Кога ќе влезе мора три пати да ја бакне невестата. - Во некои краеви пред да влезе младоженецот, невестата од прозорецот или од вратата го гледа низ вереничкиот прстен три пати изговарајќи: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам!“ - Откако ќе влезат младоженецот, кумот, деверот и сватовите, едно немажено девојче од женската страна треба на деверот да му врзе машна на едната рака. Кога ќе заврши со врзувањето еден од двајцата треба да биде побрз, или девојчето да му удри шлаканица на деверот или тој да ја бакне. - Деверот ги носи невестинските чевли кои се еден број поголеми, па за да ѝ бидат точни на невестата треба да ги полни со пари. - Невестата треба да ги дарува комовите, старосватите, свекорот, свекрвата, деверот или золвата и некои од сватовите со подароци. - Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба. -Над главата на младите се крши погача за среќа. -Сите седнуваат на трпеза да наздрават, па со ора и песни ја пречекуваат невестата надвор додека ја изнесува нејзиниот татко. - За лесно да им „оди“ во бракот, на излезот, невестата треба да шутне стаклена чаша со вода. - Кога одат во црква, покрај пеењето и венчавањето на попот, кумот носи платно кое им го врзува околу рацете и колку пати ќе го врзе - толку деца ќе имаат. - Кога излегуваат од црквата свекрвата фрла по патот ориз, бонбони и парички кои треба да ги собираат мали дечиња, како симбол за богатство и благосостојба. - Во матично по склучувањето на бракот сите присутни им честитаат на младоженците, поздравувајќи се и им даваат пари, а на излезот се почестуваат со бонбонче. - Во ресторанот, младенците ги пречекуваат гостите, па го играат првиот свадбен валцер на нивната омилена песна. - Заедно со кумовите и старосватите наздравуваат со шампањско. - Потоа почнуваат сите ора кои траат сè до послужувањето на вечерата. - По вечерата се сече невестинската торта и се делат невестинските бонбончиња. Ред за торта треба да чекаат сите немажени и неженети. - На крај невестата го фрла бидермаерот, оној кој ќе го фати се верува дека следен ќе прави свадба. Изменето од Valerija - 18.Септември.2014 во 08:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова се дефинитивно најчудните свадбени обичаиСите знаат за обичајот фрлање на бидермаерот и за првиот танц, но постојат и некои обичаи кои се специфични само за одредени земји и одредени култури. Ова се некои од најчудните обичаи ширум светот. Во многу краеви бидермаерот и венчаницата не се дел од свадбената церемонија. Шкотска Невестата и малдоженецот се полиени од глава до пети со било која супстанца која нивните пријатели можат да ја држат во раце. Кисело млеко, расипани јајца, рибји сосеви, колбасици, се одвратно што може да ви падне на памет. Потоа, луѓето кои им посакуваат среќа парадираат околу извикувајќи ги на глас своите желби. Во зависнот од регионот, понекогаш само невестата а понекогаш само младоженецот, присуствуваат на овој обичај пред самата свадба. Ритуал на плачење: Сечуан Триесет дена пред сбвадбата, невестата поминува по еден час во текот на денот плачејќи. Десет дена подоцна, во тоа и се придружува и нејзината мајка, а по десет дена и нејзината баба. Овој обичај кај нив претставува изразување на радост и длабока љубов. Одложување на одење во тоалет: Индонезија По венчавката на младоженецот и на невестата не им е дозволено да одат во тоалет цели три дена. Не смеат ниту да излегуваат од дома. Брачниот пар е под надзор, а дозволено им е минимална храна и пијалок. Доколку не го почитуваат обичајот, се верува дека тоа ќе им донесе несреќа, прекинување на бракот, неверство или смрт на детето. По три дена младоженците можат да продолжат со нормален начин на живот и да го започнат својот брак. Плукање на невестата: Кенија Кога се венчаваат во Масаи, таткото ја плука невестата по лицето и градите за да на тој начин и посака среќа. Потоа таа заминува со својот сопруг не завртувајќи се, бидејќи се плаши да не се претвори во камен. Традиција на бакнување: Шведска Доколку малдоженецот од било кои причини ја напушти просторијата, на сите останати мажи на венчавката им е дозволено да ја бакнат невестата. Истото важи и за младоженецот и за женските гости доколку невестата ја напушти просторијата. Удирање на невестата: Кина Едно етничко малцинство во Кина има обичај во текот на кој младоженецот пука три стрели (без врвови) на невестата. После тоа, тој ги крши тие три стрели во текот на церемонијата, што значи дека ќе се сакаат и ќе живеат еден со друг засекогаш. Без смеење: Конго На свадбата се гледа како на многу сериозен настан во овој дел на Африка. Младенците за време на свадбата не смеат да се смеат, а не им е дозволено да се насмевнат дури ни кога се фотографираат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значењето на најпопуларните свадбени традиции и адетиДали сте се запрашале за значењето на свадбените традиции. Секој адет си има своја приказна зад себе, па затоа решивме да ви го откриеме значењето зад некој од свадбените традиции кои се практикуваат насекаде во светот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Необични свадбени обичаи ширум светот!Свадбените обичаи се разликуваат од земја до земја, па дури и од град до град. Некои ги почитуваат и строго се придржуваат на нив, а некои бегаат од нив. Ако сте од оние кои не ги пратат строго старите обичаи и сакате вашиот најважен ден да биде поинаков, прочитајте ја листата на свадбени обичаи од земјите ширум светот. Применете некои од нив и така направете незаборавна венчавка за која сите ќе зборуваат. Кој знае, можеби ќе бидете иницијатор на некои нови обичаи. Невестите во Пред Уште еден „ Конфети “ имаат ист корен како италијанскиот збор за слаткарство. Во паганско време венчаните двојки биле опсипувани со зрна и лешници со шеќерен прелив. Дел од традиционалната И конечно, на |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 свадбени традиции и нивните значењаОд фрлање букети до пренесување преку прагот – ова се само дел од свадбените обичаи кои ги поврзуваме со среќата (и несреќата), но дали знаете кое е нивното вистинско потекло? Ова се дел од свадбените традиции и нивното значење: Во дамнешните времиња кога голем дел од браковите биле однапред договорени младенците понекогаш не се гледале и цели денови пред свадбата, а тогаш свадбата во главно симболизирала договор помеѓу двете семејства. Таткото на невестата не дозволувал младоженецот да ја види невестата пред свадбата затоа што се плашел дека може да се откаже од договорениот брак, ако не му се допаднела девојката и така да нанесат голем срам на семејството. Поради тоа, младенците се „запознавале“ на самата церемонија кога било веќе премногу доцна за откажување.
Во Средниот Век, после свадбата, гостите ги следеле младенците до нивните одаи и се обиделе да ја оттргнат венчаницата од невестата затоа што се сметало дека тоа носи среќа. Така невестинските фустани честопати биле потполно уништени. Поради тоа, невестите започнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција. Започнале да им фрлаат букети за да ги замаат и да побегнат, а на вратите од одаите младоженецот почнал да го фрла жартиерот.
Во древните култури постоело верување дека прагот на заедничкиот дом е местото каде демнат зли духови, а ранливите невести биле предмет на нивната желба. Се сметало дека духовите лесно можат да влезат во невестата преку нејзините стапала. Поради тоа младоженецот имал должност да ја пренесе преку прагот за да ги спречи духовите да влезат во внатрешноста на домот. Во времето на Средниот век во западна Европа се верувало дека невестата ќе внесе несреќа во домот и бракот ако сама влезе во заедничкиот дом. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЛАШКИ ОБИЧАИПорано, влашката свадба се правела повеќе денови, во куќата на младоженецот и невестата. Обичајот бил, најпрвин да се сретнат родителите или пак роднините на младоженецот и невестата (најчесто на пазар) за да се договорат за денот кога треба да се даде збор, на кој присуствуваат најблиските од семејствата на младите. Потоа се правело веридба, на која биле поканувани најблиските роднини од двете страни, а веридбата се правела во куќата на невестата. Двете страни се договарале за денот на свадбата, а едно момче, (деверот) со пагур (шише со ракија, украсено со цвеќиња) одело од куќа на куќа и ги канело роднините, пријателите и соседите. Роднините се собирале кај младоженецот. Свекорот ги пречекувал гостите, а потоа започнувале со обичаите. Најпрвин се сеело брашно и тогаш се пее песната: Засејте го брашното, Потоа доаѓа берберот за да го избричи младоженецот. И за тој обичај има посебна песна: Добро ни дојде берберот, Додека се пее песната, берберот го бричи младоженецот. Потоа мајка му го поведува со себе. Шиј го терзијо, бајракот, море, Бајракот е готов и деверот му го дава на кумот. Овде се пазарат двајцата за бајракот. Додека тие се пазарат, гостите се покануваат да го даруваат бајракот и во тавата фрлаат пари. Тогаш се пее песната: Чести го куме, чести, Кумот фрла пара во тавата, а потоа сите по ред фрлаат пари кои на крај ги собира деверот. Тој може да го подели парте со деверушите кои му помагаат. По дарувањето на бајракот, сите излегуваат во дворот, а кумот со бајракот, прв го поведува орото. На бајракот е означено Сонцето, за кое Власите веруваат дека е семоќно и животот им е врзан за него. На врвот на бајракот се ставаат три јаболка кои симболизираат плодност. Кумот сам си избира песна и започнува првото оро. Потоа се пее песната: Коле бре, ја дојди ми малку, Орото се раширува и се пејат стари влашки песни. Потоа свекорот и свекрвата, заедно со гостите тргнуваат кон куќата на невестата. Тогаш се пее песната: Седум момчиња, сите еднакви, Од сватовите, први кај невестата стигнуваат свекорот и свекрвата, кои ги пречекуваат родителите на невестата. Се поздравуваат, си честтаат, се крстат бидејќи стануваат роднини и им посакуваат среќа на младите. Невестата седи во една соба, заклучена, заедно со нејзините другарки. Ја доведуваат пред свекорот и свекрвата за да им бакне рака. Таа се поклонува пред нив три пати, им бакнува рака и тие ја даруваат со златници кои се пренесуваат од генерација на генерација. Родителите на невестата го пречекуваат младоженецот, го бакнуваат и тоа е знак дека стануваат свои. Тогаш пристгнуваат и сватовите. Сите и пејат на невестата да злезе надвор за да ја видат, да ја поведат со нив. Ја пејат песната: Излези Месечино, момчето те вика, Роднините на невестата возвраќаат: Си имам татко, не ме дава, Тие обичаи завршуваат, се шири орото и се пее песната: Дољани, влашко село, На орото сега игра и невестата и со тоа сватовите ја поведуваат и ја водат кај младоженецот. Во куќата на младоженецот, невестата ги дарува сватовите. Сватовите, на чело со кумот, го поведуваат орото на даровите и на невестата. Сега игра и невестата, заедно со момчето, се пее песната: Бавно, бавно, орото, газдин сине, Потоа, невестата ја водат на чешма, заедно со малдоженецот, деверот, деверушите, сватовите и свадбарите зад нив, и сите заедно пејат песни. Кај чешмата, невестата, полни бокал со вода (три пати), а младоженецот ја истура. Потоа тој полни вода, а невестата ја истура и се пее песната: Полни ми брате, сипи ми сесто, Кога се завршува со овој обичај, сите што пееле, скокнуваат да ги земат јаболката од бајракот кој е во рацете на кумот. Власите веруваат дека јаболката од бајракот носат среќа за ерѓенте и за немажените, и дека тие што ќе земат јаболко од бајракот, ќе имаат среќа таа година (да се омажат или да се оженат). Свекрвата фрла бонбони и други слатки работи, да им биде сладок животот на младите. Потоа свекрвата ја пречекува невестата на влезната врата од куќата. Невестата се поклонува три пати, ја мачка вратата со маст од трите страни (како да се прекрстува), а свекрвата и дава волна и по еден леб да стави под пазувите (како смбол за плодност). Невестата треба да внимава, во новиот дом да влазе со десната нога, што симболизра среќа во жвотот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 уникатни свадбени традиции од целиот свет Најпопуларниот избор е црвен фустан кој наводно привлекува љубов, среќа и успех во бракот. Освен оваа, прочитајте уште 9 најуникатни традиции од целиот свет: Перуански прстен од тортаЗа сите слободни дами на венчавките во јужноамериканскиот Перу се припрема специјална торта со бели панделки. На само една лента се наоѓа лажен венчален прстен, а според старото верување, онаа која ќе го пронајде ќе биде следната девојка која ќе застане пред олтарот. Дегустација на четири вкусовиСпоред западноафриканската традиција, вкусот на зачините е подеднакво важен како и брачните завети. Зачините треба да бидат слатки, горчливи, лути и кисели, како симбол на сè што ќе доживее парот заедно во брак. Така, киселиот вкус ги претставува компромисите кои ќе настанат, горчливиот недоразбирањата, а слаткиот трајната љубов и страста помеѓу нив. Во Кина, јасновидец го одредува датумот на венчавкатаСпоред традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и јасновидец за да избере најсоодветен ден за својата венчавка, бидејќи тоа ќе го одреди успехот на нејзиниот брак. Колку е побогато семејството, толку подолго трае свадбата, а неизбежен дел е и чајанката на членовите на семејството. Торта која се чува навистина долго времеВо Велика Британија, според традицијата, невестата како среќна добитничка треба да носи потковица украсена со чипка, а како свадбена торта е задолжителна онаа направена од марципан, чиј горен дел треба да се чува додека парот не го добие своето прво дете. Носење прстен на ногаКако што во западната традиција се носат прстени кои младоженците ги ставаат на рацете, така и хиндуистите имаат своја традиција. На нивната венчавка, прстенот се става на стапалото, поточно на прстот од десната страна на палецот, и тоа е знак дека дамата е зафатена. Ако не сте во брак, не треба да носите прстен на ногата, дури и како моден додаток. Супа за душатаНа традиционална чешка свадба, задача е парот да научи нешто за подобро заедничко функционирање. Поради тоа, цврсто ги замотуваат со чаршаф и ги оставаат со само една слободна рака. Парот треба да се храни еден со друг со чинија супа, а оваа традиција е симбол на соработка со цел да се надминат потешкотиите. Танцување во престилкиДокажувајќи дека престилките не се единственото место во кујната, Полјаците започнале традиција според која невестата танцува со престилка на свадбата, а секој што сака да танцува со неа треба да ѝ стави пари во џебот. Ништо од бракот ако не ги измие добро садовитеНа Филипини, младоженецот пред венчавката оди во куќата на семејството на невестата за да добие согласност за брак, а овој обичај се нарекува „памаманхикан“. Понекогаш тој мора да изврши некои домашни работи, како што се миење садови или пеглање, сè со цел да му докаже на семејството дека е спремен да се грижи за својата идна сопруга. Невестата сама оди по подароциВо Финска, невестата е задолжена сама да ги собира подароците и поради нив мора да оди од куќа до куќа. За тоа време, постар оженет маж оди покрај неа, држејќи ѝ чадор над главата како симбол на заштита и засолниште. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |