|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 110111112113114 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денот на вљубените според хороскопот: Рибите посакуваат филмско сценарио, а Скорпиите очекуваат добар сексЗа романтиката на Денот на вљубените најмногу се радуваат водените знаци. Додека, земјените најмногу се радуваат на подароците и вечерата. Огнените знаци, пак, гледаат што може да искористат по тој повод. Воздушните знаци не му придаваат големо значење. Темпераментните припадници на овој знак сакаат големи и екстравагантни докази за љубов, па Денот на вљубените им изгледа како вистинска прилика за тоа. Со оглед на тоа што и самите ќе се потрудат, истото го очекуваат и од партнерот кој ќе има проблем ако не допринесе за идилична љубовна атмосфера.
Со оглед на тоа што Денот на вљубените подразбира вкусна романтична вечера, припадниците на овој знак токму тоа го очекуваат. Не патат за големи демонстрации на љубов или филмски сценарија, туку Св. Валентин го гледаат како можност за хедонистичко уживање со партнерот.
Припадниците на овој воздушен знак не се поборници за романтика, а Св. Валентин не им претставува нешто големо. Едно поинакво излегување кај нив е секогаш добредојден план, па така и овој ден. Но, не сакаат типично сценарио со ружи и свеќи. Нема премногу да драматизираат ниту ако не добијат подарок.
Припадниците на овој знак едвај го чекаат Денот на вљубените, под услов да се заљубени и да имаат со кого да го слават. Од партнерот најмногу очекуваат да ужива со нив и да се препушти на романтиката. Нивната идеална романтична вечер почнува со вечера, а завршува како во филм, со водење љубов и нежни зборови.
Личностите родени во знакот на Лав не се имуни на романтиката, но повеќе би сакале секојдневно да уживаат во неа, а не поради комерцијализација само на овој ден. Со оглед на тоа што сакаат подароци, нема да се бунат против нив, но нема ниту предвреме да ги очекуваат. За нив идеално поминување на овој ден е со добар филм во прегратка на саканиот.
Припадниците на овој приземјен и аналитичен знак не се претерано романтични и повеќе сакаат конкретни убави дела, отколку подароци и само зборови. Ако не им честитате или не им дадете ништо за Денот на вљубените сепак ќе се чувствуваат повредено, бидејќи таков е редот. Во пораката која сте им ја напишале, ќе бараат грешки, но сепак ќе им измамите насмевка на лицето.
Припадниците на овој знак ја сакаат секоја прилика во која можат убаво да се облечат, да посетат некој отмен ресторан и да уживаат со одлично вино. Тие не очекуваат толку романтика, колку целокупно доживување на уживањето. Ако ништо од тоа не организирате ќе ги разочарате и ќе сметаат дека не сте доволно емотивни, иако и самите тие не се нешто подобри и поромантични.
За припадниците на овој знак прославата на Денот на вљубените е асоцијација за добар секс. Секси долна облека, смислено сценарио и ноќ посветена на партнерот за нив е врв на романтиката, а приликата како Св. Валентин за тоа одлично им служи. Не очекуваат скапи подароци бидејќи повеќе од тоа ги радува еротската масажа.
Иако не гледаат на Денот на вљубените како симбол за љубовта, припадниците на овој знак со задоволство би се препуштиле на романтиката. Изненадувањата може да ги освојат, особено ако се работи за нови работи кои немале прилика претходно да ги пробаат или имаат. Не се чудете ако претходно зборуваат дека ништо не сакаат за Св. Валентин, тие само сакаат да остават впечаток на разумност.
Како и Девицата и Јарците си поминуваат на редот за Денот на вљубените. Но, ако партнерот ги заборави, тогаш би се налутиле. Не сакаат ниту да добиваат, ниту да даваат скапи подароци. Подобро би ја поминале цела вечер во разговор, прегратки и добар секс. Допирите им значат повеќе од комплиментите, бидејќи тоа е нивниот начин на искажување емоции.
Припадниците на овој знак дефинитивно се најголем противник на комерцијализацијата на Денот на вљубените. Не сакаат ништо да се очекува од нив, без разлика дали е цвеќе или романтична порака. Ако се тазе заљубени можеби и би посакале да го прослават, но немаат идеја како тоа да го изведат.
Св. Валентин е ден за остварување на сите љубовни соништа за романтичните Риби. Со оглед на тоа што премногу вложуваат во емотивниот однос и нивните очекувања се големи. Сонуваат за патување, романтична вечера или танц на зајдисонце. Ако нивниот партнер не го сака истото ќе бидат тажни и разочарани и ќе мислат дека не ги сака доволно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влијанието на планетите е различно врз здравјето на секој хороскопски знак поединечно. Ракот има големи проблеми со варењето, Водолиите со срцето, а Биковите патат од болки во ушите. Во продолжение откријте ја вашата слаба точка според хороскопскиот знак. Овенот пати од главоболка Ушите се болна точка за Бикот Близнаците имаат чувствителни дишни патишта Раковите имаат проблеми со варењето Лавот мора да внимава на срцето Девицата ја мачат алергии и чирови Вагата има слаб мочен меур Скорпијата се бори со инфекции и дијабетес Стрелците имаат проблем со црниот дроб и ‘рбетот Јарецот би требало да внимава на коските Водолијата ја мачи срцето Рибите имаат слаб имунитет и болки во нозете |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас...
у хороскоп... не веруем... ама у човечка глупост... да... |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лекување според хороскопскиот знакАстрологијата отсекогаш била поврзана со здравјето. Луѓето без разлика дали веруваат или не во астрололозите и астролошките предвидувања и совети, скоро секогаш сакаат да прочитаат нешто за својот хороскопски знак, каква љубов и какво здравје ги очекува.
ОвенСпоред астролозите, со овните управува планетата Марс, па доколку не се движите редовно и имате намалена физичка активност подложни сте кон алергии, воспаленија на очите и главоболки. Физичката активност е особено важна за вас, па така за овните според астролозите најдобро е лекувањето со физиотерапија и кинезитерапија, а освен тоа бакарот и железото се олигоелементи кои се секогаш им се потреби на овните. БикБикот обично е смирен и стрплив, но ова се пренесува на неговиот биоритам. Планетата која раководи со вас, Венера, владее со бојата и со звукот, па затоа според астролозите најдобра терапија за припадниците на овој хороскопски знак е хромотерапијата и музикотерапијата. Терапијата со бои и музика одлично ги стимулира вашите жлезди и го одржува организмот. БлизнациНавистина сте подложни на нервози и стресови. Со вашиот хороскопски знак управува планетата Меркур и затоа вие повеќе размислувате со главата отколку со срцето. Вие сте подложни кон многу заболувања и проблеми со срцето и дишењето поради секојдневниот стрес, па затоа макробиотиката е вашата најправилна терапија односно превентива. Само со елементи кои се од природно потекло и не претрпеле преработка ќе спречите појава на опасни хронични заболувања. РакРакот е специфичен хороскопски знак. Луѓето родени во овој знак се предводени од месечината. Според астролозите, хомеопатијата е нивна најделотворна терапија. Со овој вид на терапија луѓето ја лекуваат нарушената енергија на создадената болест, па така на ефикасен начин доаѓаат до излекување. ЛавСо вашиот хороскопски знак владее Сонцето. Вие не сакате да се лекувате, воопшто не сакате да одите на лекар, не сакате да пиете таблети, но затоа сте многу склони кон топлина. Затоа на лавот совршено му одговара термотерапијата. Со термотерапија, која вклучува топла вода, разни купки, или било каква терапија која вклучува топлина лавовите ја црпат силата и многу лесно ја излекуваат болеста. ДевицаИнтересен хороскопски знак отпорен на хируршки интервенции или барем така велат астролозите. Овие хороскопски знаци најдобро се лекуваат со фитотерапија. Лековитите растенија одлично влијаат на нив, а според астролозите девицата е хороскопски знак кој може да го исцрпи максималното корисно од лековитите билки. ВагаНа овој знак одговараат многу терапии. Со овој знак владее планетата Венера и затоа според астролозите најповолно за вагата е ароматерапијата. Мирисите имаат посебна моќ кај припадниците на овој хороскопски знак и со ароматерапија тие многу лесно се исправаат на нозе. Но, поради дејството на Сатурн во вашиот знак вие можете лесно да ја прифатите и металотерапијата и кристалотерапијата. ШкорпијаВладетел со вашиот знак е планетата Плутон, уште позната и како планета на регенерацијата и затоа вие лесно се опоравувате од болестите. Не се плашите да примате никаква терапија, па дури и да се работи за хируршки третман вие тоа ладнокрвно го прифаќате. Вашиот живот е навистина остар и бара острина, па затоа според астролозите најприменлива на вас е акупунктурата. СтрелецОвој хороскопски знак често има проблеми со некој орган и некоја функција. Кентаурот е симбол на знакот, што значи знаење, па според астролозите на стрелците најмногу им одговара астролошката медицина, која укажува кога односно во кој период каква терапија да се спроведе, но исто така и хомеопатските лекови се делотворни но треба да се знае за секој лек кога точно да се употреби. ЈарецСатурн е ваша планета и таа управува со вашиот локомоторен систем. Затоа на вас дефинитивно најмногу ќе ви одговара хиротерапија, металотерапија и кристалотерапија. Според астролозите, оваа терапија која одлично влијае на коските, мускулите како и зглобовите е одличен начин за ослободување од болести на овој хороскопски знак. Оваа терапија ги штити јарците и од други заболувања како и заболувања на половиот систем кон кој се склони. ВодолијаБлагодарејќи на вашата планета Уран, вие едноставно владеете со чувствата, па вас ориенталната медицина најмногу ви одговара. Медитација и јога се одличен избор за вас. Освен нив, кај водолијата одлично делуваат и лековитите растенија, а се препорачува честа употреба на ѓумбирот. РибиНавистина сте многу нежни. Најнежен и најчувствителен знак. Тешко се лекувате, не сакате агресивност и многу сте склони кон нервози. Ова се должи на вашата планета Нептун. Затоа пранотерапијата најмногу ви одговара. Вие ја сакате биоенергијата, односно некој што ќе ја стави раката на вас и ќе ве лекува со неговата енергија. Вие не сакате да се замарате со инвазивни медицински методи за кои воопшто не сакате да слушнете. Како и во секој друг хороскоп и во здравствениот се она што го напишавме сфатете го ориентационо и како забава и никогаш буквално, а горенаведените алтернативни медицински решенија се наменети само како превентива, никако како замена за стандардна терапија или стандарден лекарски или специјалистички преглед! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Музикотерапија, шуќур да ми погодат нешто. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога станува збор за љубовта и емоциите, најпрво ви текнува на емотивните Ракови, а на крај на оваа листа, по некое непишано правило, секогаш се наоѓаат егоцентричните Лавови. Но, реалноста е малку поразлична. Листата на петте најлесно заљубливи хороскопски знаци е следнава: Број 1: Стрелец - Можеби се спонтани и индивидуалци, но ги сакаат долгите врски кои ги подигнуваат до небо. За момент, сакаат да побегнат од реалноста и да отпатуваат на некоја романтична дестинација. Вечно сонуваат по личност која ќе ги заведе и ќе ги заинтересира до крајот на животот. Број 2: Бик - Обожава долги врски, но сака да влегува во кавги за работите во кои е цврсто уверен. Романтичен е и грижлив. Сè ќе даде само за да го задржи вниманието на саканата личност. Сака забава и авантури, но подготвен е да се „жртвува“ за љубовта на својот живот. Број 3: Водолија - Можеби се ексцентрични, но се почувствителни отколку што сите мислат. Под креативниот оклоп се кријат личности кои сакаат да бидат сакани, чувани и разгалени. Колку и да звучи контрадикторно, Водолиите сакаат мирна врска. Број 4: Рак - Зачудувачки, но Ракот не е првиот на оваа листа. Сепак, одлично се бакнува, добро изгледа и е една од најгрижливите личности во хороскопскиот знак. Сексот е нивно емотивно поврзување, а доколку стигнете до тој чекор со некој Рак - нема назад. Број 5: Лав - Уште еден знак кој се очекуваше да биде на 12то место, под сите, но и Лавовите знаат безусловно да сакаат. Страстен знак кој ужива во освојувањето, шармирањето и заљубувањето, само ретко кога признава. Ако не сте подготвени за врска, во никој случај не си поигрувајте со срцето на Лавот, затоа што тоа е покревко од што мислите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како се снаоѓате во љубовните авантури?
Љубовните авантури не се карактеристични за сите луѓе, затоа што некои и не се снаоѓаат најдобро со нив. Овен Вие сте лесен плен за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротскиот повик за авантура. Приликите за флерт се достапни од сите страни, на пример тоа може да биде слаткиот колега или згодниот сосед. Грижата на совеста поради постојаниот партнер ја чувствувате дури кога ќе заврши авантурата. Бик Иако вие сте тврдина која е тешка за освојување, оној што добро ќе се помачи околу вас, може да ве заведе. Шансите му се зголемуваат ако е упорен, нежен и ве опсипува со подароци, чоколади и цвеќе, и ако е крај вас кога ви треба поддршка. Ако со часови ве гали и бакнува, нема толку да мислите на постојаниот партнер. Близнаци Вас е лесно да ве заведат, тоа вие секогаш го посакувате, затоа што без флерт и авантура животот не ви е доволно интересен.Дури и тогаш кога ќе се заколнете на верност кон партнерот, големи се шансите да паднете на нечиј шарм. Рак Иако сте посветени, копнеете за авантура и грев, особено ако партнерот постојано ве запоставува. Тивка музика, опуштена атмосфера, искусен додворувач кој ништо не препушта на случајот, ве влечат во авантура. За секој случај, останете во контакт со освојувачот или фаталниот заводник. Лав Иако сте многу темпераментни, не скршнувате туку-така од вистинскиот пат. За да ве освои некој, мора да ви пружи многу повеќе од постојаниот партнер, затоа што за „кралицата“ треба доста да се потруди. Дури кога ќе се уверите дека „жртвата е принесена“, додворувачот може да се надева на еротски состанок со вас. Девица Ви сте тврд орев кој не е лесно да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност спречува да влетате во непромислена авантура. Но и тој ваш „стегнат“ ерос еднаш може да попушти, и вие тогаш се препуштате на уживањето.. можеби со оној шарматен насмеан колега од работа. Вага Сакате долго да ве освојуваат и шармираат. Сепак на шармантен џентлмен со убави манири, тешко дека ќе одолеете. Ако е дискретен и страстен, роден е за романса со вас. Иако уживате во целата игра на заведување и предавање, постојаниот партнер не го испуштајте од вид, а ни од рака. Шкорпија Вие секогаш, па и во љубовта играте на сѐ или ништо, и сакате кога некој се бори за вас. Одолевате дури и на долготрајно додворување на згодниот фраер кој секогаш ве голта со поглед. Ако барем малку се посомневате во верноста на партнерот, без грижа на совеста, се препуштате на тој што е ваша тајна еротска опсесија. Стрелец Како што рибата не може без вода, така и вие не можете без слобода, особено кога сте зафатени. Вашиот огнен темперамент и топлата еротска природа, кај многумина будат желба да ви се приближат. Уживате во флерт и авантури, кога додворувачите се трудат околу вас, или кога колегата јасно ви става до знаење дека ве сака. Јарец
Склони сте кон авантури, но ви мислите. Сепак, вашите соништа некогаш и се остваруваат. Оној што ќе успее да ве фасцинира со професионалните успеси и друштвениот статус, има шанси и да ве освои. Но, тоа не е доволно. Повеќе од романса посакувате сродна душа. Водолија Вие најчесто „паѓате“ на прв впечаток и физички изглед. Незадолжителна авантура ве привлекува, така што секогаш го задржувате она што ви е најважно, а тоа е личната слобода. Понекогаш ви е доволна и пријателска насмевка и зборување на заеднички теми, па обичниот флерт прераснува во нешто друго. Риби Вие не можете да живеете без љубов. Авантурите за вас се само бегство од суровиот свет кој ве плаши. Вашиот топол, искрен пристап и искрите во вашите очи можат да го распалат еротскиот жар кај повеќето додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, кому никогаш не му е доста од нежности и љубов. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кои се петте хороскопски знаци кои најлесно се вљубуваат?
Me nema tuka....izmama
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Високо котирам на топ-листата |
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овен (21. III – 19. IV)
Општи карактеристики за овенОвенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели. Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба. Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието. Во љубовните односи сте многу романтични. Умеете да уживате во секоја минута, страсни сте и никогаш не го разочарувате партнерот. Страв ви е од досадата и спремни сте да го оставите вашиот партнер, ако страста во вашата врска исчезне. Како огнен знак вие сакате да одговарате на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Најголемата ваша слабост е што многу често се откажувате пред самиот крај, особено кога сте избрзале и не сте размислиле пред да започнете. Секогаш кога не можете да ги контролирате работите и вашиот живот станувате неподносливи. Понекогаш по малку се однесувате „шефовски“, особено кога работите не се одвиваат по ваша волја. Но, дозволете од време на време и некој друг да ја преземе водечката функција, во спротивно се оддалечувате од потенцијалните сојузници. Фокусирајте ја вашата натпреварувачка енергија кон цел достојна за еден лидер, делегирајте задачи на вашата војска и брзо ќе го достигнете врвот. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: Изменето од Kastro - 15.Март.2014 во 15:45 |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бик (20. IV – 20. V)Општи карактеристики за бикЧувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто - сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат. Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини - или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта. Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите. Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа. Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Близнаци (21. V – 20. VI)Општи карактеристики за близнациМозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од МерК*р, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот. Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани. Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи. Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни. Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот. Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рак (21. VI – 22. VII)Општи карактеристики за ракРакот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена. Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста. Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера. Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни. Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение. Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Внеси реплика | страница <1 110111112113114 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |