IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Свадбени обичаи!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свадбени обичаи!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Свадбени обичаи!
    Испратена: 02.Март.2014 во 23:21
najnov adet...poklon vo plik.газење од смеење
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 20:03
МАРИОВСКИ ОБИЧАИ: КАНЕЊЕ НА ЗЕТОТ И НЕВЕСТАТА ПО КУЌИ

Во понеделеникот, по водењето на невестата на вода, почнувале со канењето. На канење оделе со гајдаџијата сите закониити луѓе, како и свадбарите. Прво го канеле нункото, ако е од исто село, потоа оделе со ред кај сите. Секој докаќин каде што влегувала невестата за канење навреме си имал подредено маси и столови за седење. На масите имало пиење: ракија и вино, за јадење: погачи, питулици, мазник, кисело или благо млеко (според времето во кое се правела свадбата). Невестата и зетот не седнувале на трпеза. Од благата ракија што ја носеле, му турале на домаќинот и другите од куќата – со што ги канеле да му дојдат на прегозбата. За време на канењето играјќи пееле:

Женил се Петре војвода
Женил се Петре војвода,
леле, женил се, Петре војвода,
сета си рода поканил,
леле, сета си рода поканил.
До девет сестри поканил
леле, до девет сестри поканил,
постара сестра не канил
леле, постара сестра не канил.
Сам пошол Петре да кани,
леле, сам пошол Петре да кани.
- Повели сестро на свадба,
леле повели сестро на свадба.
- Не можа брате да дојда,
леле не можа брате да дојда.
Тешка ми куќа суредба,
леле, тешка ми куќа суредба.
Имам си клета свекрва,
леле, имам си клета свекрва,
имам си кучка јатрва,
леле, имам си кучка јатрва.
Машко ми дете на раце
леле, машко ми дете на раце
не можам брате да дојда,
леле, не можам брате, да дојда.
Ќе ти ја пуштам внука ти,
леле, внука ти, бела Марија.
Мајка Марија плетеше,
леле, мајка Марија плетеше,
ем си ја ука учеше,
леле, ем си ја ука учеше:
-Марике, ќерко, Марике,
леле, Марико ќерко Марике
не реди леси до пети,
леле, не реди леси до пети,
не ми се бело променуј,
леле, не ми се бело променуј
не носи киска на глава,
леле, не носи киска на глава,
беќари бесни палави
леле, беќари бесни палави.
Ќе ти ја земат киската
леле, ќе ти ја земат киската.
Вујко ти не е војвода (беќар)
леле, вујко ти не е војвода,
да му ја земи киската,
леле, да му ја земи киската.

 


Собирање прегозба

Во понеделникот  по пладне се собирале сите канети роднини. На прегозбата си носеле ракија, вино, погача, благ мазник и тепсија со месо од кокошка, од јагне или од свиња. Редот на седењето бил ист како и порано. Жените седеле на женскиот тланик,  а мажите на машкиот. Зетот и невестата пред јадење, пак гувееле по трпеза и им бакнувале рака на сите. Свекорот давал знак кога да се почне со јадењето.

Прво на трпезата се ставало јадењето од домаќинот, а потоа деверите го донесувале јадењето од секој свадбар што си носел. Свадбарите почнувајќи од нункото, се прекрстувале и го пуштале пагурчечто со својата ракија на секој да се напие, а потоа секој од присутните го правел истото. Погачите и мазниците се раздавале по трпезата. По раздавањето почнувале да јадат. По ручекот невестата дарувала. Даровите што ги давала невестата биле од свекрвата. Зетот му бакнувал рака на оној кој требало да биде даруван, а невестата му го префрлала дарот преку рамо.

До пред Балканските војни, нункото старосватот, деверите, стричевите и вујчевите, како и другите почесни луѓе се дарувале со бели крпи, а нунката, старосватицата, девериците, стрините и вујните со обруси. Ако не им доставувале обруси, ги дарувале со фути. На другите канети свадбари им се давале дарови калемарки – шамии, сатрачиња – шамивчиња. Исто така, ги дарувале и сите јабанџии што биле поканети, без разлика што не им биле роднини.

По Балканските војни почнало да се укинува собирањето прегозба. Обичаите од прегозбата ги поместиле во неделата вечерта. Исто така, настанале промени и во дарувањето. Белите крпи и обруси ги замениле со кошули. Овие промени настанале како резултат на новите општествени политички и економски услови.

Испраќање на законити луѓе

Законитите луѓе ги испраќале во понеделникот по ручекот. Свекрвата на сите законити луѓе во торбите им клавала погача и јаболка. Прво го испраќала нункото, потоа старосватот и старосватицата, постариот девер и на крајот малиот девер. За време на испраќањето, гајдаџијата свирел. Откако ќе излезеле во дворот, на патот, зетот и невестата за последен пат им гувееле. Откако ќе ги испрателе сите свадбари, невестата сосе венец на главата, колку за адет, заметувала, а свекрвата на трипати и фрлала пара во ѓубрето. Невестата си ги земала парите, а едно машко дете и го растурало ѓубрето. Потоа на невестата и го фаќале венецот од главата. Бршленот од венецот го носеле во јаслите.Н местото од венецот и виткале чалма со црвена киска.

Посвадбени обичаи

До годината невестата пред јадење им бакнувала рака на свекорот и на свекрвата и им потурувала вода да се мијат раце. Ако свекорот пушел, тогаш му го палела лулето, а кога ќе си дојдел од работа – му ги собувала опинците. Во вторникот по свадбата, зетот одел на дрва и правел плаз (дрво на кое се прицврстувал паличникот и ушите од ралото). Невестата влачела волна на гребни, ја предела и плетела гаќник, потоа замесувала леб. По месењето откако ќе се измиела раце, свекрвата ја турала водата на бочва или каца со повеќе обрачи – за невестата да има по веќе деца. Според обичаите, невестата до годината не одела со свеќа кај мртовец, за да не се раѓаат мртви деца. Кога прв пат ќе се сретнеле две невести на чешмата, а немале сторено шест недели, не смееле да си проговорат додека не си променеле прстен. Двете невести ваделе по еден прстен од левата рака и го клавале на чевелот од десната нога. Потоа се наведнувале и во замена си ги земале прстењето, се бакнувале в лице и потоа разговарале.

Во постаро време постелата на невестата се кревала  до неделата. Во саботата невестата одела на саботнина кај старосватот. Во постелата каде што спиела невестата, се клавала пиралка. Со невестата на саботнина оделе, свекорот, свекрвата, золвата и машко дете. Ноќта спиела кај старосватот. Старосватот им давал вечера и во неделата сабајле појадок. Во текот на годината невестата ја канеле сите роднини. Со неа оделе свекорот и свекрвата.

Калесници

Во четвртокот вечерта кај зетот иделе калесници: братот на невестата и некои најблиски братучеди, односно сите што ќе ја повраќале невестата на првиче по еден канач – калесник. Секој калесник носел погача за канење, а брат и носел и киска од пердуви вапцани во црвена боја. Киската и ја давал на невестата и ја канел да појде кај мајка и на гости.

Дојди кало дојди кај мајка на гости
Дојди Кало дојди кај мајка на гости,
мајка ќе те гости шчо си мало јало,
шутар матеница, сребрена лажица.
- Мале, мила мале, мака се сторила,
со кого да дојда, момче е малечко,
момче е малечко, шега е голема.
Качи го на коњот, најди го под коњот,
коњот го зоба како леблебија,
како леблебија, како суво грозје.
И тоа ми вика, мале, мила мале.
јазе су му рекла, мале мила мале,
мака да те пали, јас не сум ти мајка,
туку си ти жена, желки да те јадат.

Зетот ги собувал и ги обувал калесниците. калесникот додека не му загувееле зетот и невестата, не им давал да го собујат или да го обујат. Ако невестата била чесна тогаш калесниците пребарувале јадење и го срамеле зетот. Бараното јадење или пиење го кажувале со други имиња. Така барале коњски плочи за ковање на коњите, а мислеле на питулици, барале вода од стрнка, а мислеле на мед, а откако ќе се поднапиеле – барале зетот да им заколе бивол со дваеаесет кожи (кромид). Зетот го терале да цепи борина под ноќви. Фаќале петли, ги колеле и барале да им ги пржат со сало, а за пиење барале врела вода преварена (мислеле на топла ракија). Пред јадење зетот и невестата им гувееле.

Во петокот по ручекот калесниците си оделе. Свекрвата на секој калесник му испраќала погача. На испраќање гајдаџијата свирел, а зетот и невестата му гувееле на патот.

Зетот кај дедото на првиче

Во саботата навечер зетот одел со невестата кај дедото на првиче. Со нив оделе уште и свекорот, свекрвата, золвите, а покрај куќните оделе уште и некои поблиски роднини. Вкупно се собирале барем 25 првичари. Со себе си воделе и гајдаџија. Вечерта оделе кај татко и на невестата пиеле, јаделе и таму спиеле. Во неделата изутрината оделе по другите куќи што му се мешале во првичето. Обично му се мешале вујчевите на невестата, стричевите и тетиновците. Така, кај еден појадувале, кај друг ручале, кај некој оделе на ракија, кај друг на вино. Свекорот (за секој сват каде што оделе на првиче) носел погача, со која ги канел и тие да му дојдат на првиче. Во понеделникот се враќале пак кај татко и  на невестата, тука ручале и си заминувале. На заминување зетот се повратувал и ги канел со картата вино, за да му дојдат на првиче.

Дедото кај зетот на првиче

Татко и на невестата одел на првиче веднаш во наредната недела. Исто и тој водел првичари колку што му дошле. Домаќинот на секоја куќа од каде што имало првичари, носел погача за сватот. Истите адети и обичаи се повраќале (како што ги чекале, така сега ги пречекувале). Зетот и невестата биле облечени во своите носии од свадбата. За цело време додека се јадело, пиело, свирело, пеело и играло, зетот и невестата стоеле на нозе, а вечерта последни си легнувале. Првичарите што оделе, а и тие што чекале, си имале свој гајдаџија. На првичињата најмногу се пееле хумористични и јуначки песни.

Невестата на поседок

Велигденските пости биле најтешки и тогаш младенците се одрекнувале од повеќе работи. Невестата овие пости ги користела за одделување од зетот. Таа одела три недели на поседок кај мајка си. Со зетот немала никаков допир. На поседок ја водел свекорот, а од поседок ја враќал татко и. На Велигден зетот (со невестата) одел на гости кај бабата и се дарувале. Зетот ја дарувал со минтан, а таа го дарувала со ќемер.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2013 во 11:17
Свадбени обичаи од Галичник

а) Вршење (вршачка, завршување, договарање)

Татко му на теја момче шо пораснало за женење, заједно со сите куќни му избират девојка. Му кажуват на момчето која девојка му избирајет за вршење. По теја, по општото нивно согласување, татко му сам одит или праќат некого од женатите своји синови, или некој други свој роднина шо је кадар да ја свршит таја работа, вршењето, т.е. да ја свршит (испросит) таа девојка што ја избрале. Пратеникот се викат стројник. Понекогаш и жена бидуват стројница. Стројникот еднуш појдуват тамо и го прашат татко је на девојката Тој му велит тога: „Да се допрашаме.“ Татко је на девојката се допрашуват со куќните своји да ја дајет девојката коде што је сакајет (просит) или не. Девојката ја прашајет браќа је (или сестри је постари, можени)., дека се страмит од татка си и мајка си. Таја ако неќет да ја дајет коде што ја сакајет им велит: „Неќу“. А ако сакат, м’лчит, т.е. не им одговарат никако, дека је страм да им речит сакам. И таке ќа се научит браќа је и ќа кажет на татка си, сакат или неќет девојката.
galicka-svadba-makedonium2
На второто прашање му кажувајет на стројникот: „Ја деаваме девојката или не.“ Ако не ја давајет, стројникот веќе не се повраќат, токо ќа си тражит друга девојка. Ако ја давајет, тога му кажувајет во кој ден да дојет да ја врзет ризата. Во одреденијот ден стројникот го земат со себе нишанот (тој је едно ризинче и во него врзан еден алтин) и одит тамо. Седнувајет в чардак на постала заједно со стројникот и татко је на девојката и други негови родниње. Пред нив куќните ставувајет софра, а на неја клавајет една погача, особено за тога месена и над неја едно калениче плно) со суво грозје. Тога стројникот го изваѓат од пазува нишанот и го клават на лебот. Таткото девојкин го земат нишанот, го погледуват (го погледувајет и сите седнати) и тој час го праќат на девојката, која је в клед, заедно со нејзините другачки, девојки. А куќните донесувајет на софра една риза и во неја врзувајет еден косај лебец, земен от стреде од погачата, неколку зрнца пченични, неколку зрнца од суво грозје, едно строче босилек непресаден и со корен и едно строче расад непресаден, и ја давајет на стројникот.
galicka-svadba-makedonium
По теја донесувајет на софра ракија и мезиња. На пијење ракијата го честитат вршењето, а по теја се напивајет и кафе. После стануват стројникот и си појдуват у момчето.

Кога ќа дојет стројникот у момчето, ја дават ризата на татка и ја чувајет в ковчег. По теја седнувајет на постела стројникот, татко му на момчето и сите нивни посвои родниње шо, по нивни позив, дошле на честитање вршењето. Куќните ставувајет пред нив софра и на неја клавајет секакви мезиња и ракија. Еден од куќните тој час одит да му кажет на попот да запишит во кој ден је сторено вршењето. Тога зафаќајет да фрлајет пушки за да го огласат вршењето. На овеја огласување со пушки идет на честитање вршачка сите нивни родниње, комшији и пријатели. На пиење ракија давајет секакви куси молитви, здравици. А откако ќа се напијет кафе, после си идит секој дома, а по некој од најсвојите родниње остануват и на ручек. Од тога дур до свадбата момчето свршено се викат свршеник, а девојката свршеница.

Момчето немат време (ни пак му се пристојит) само да избират девојка, дека кога се берет оро зиме, теја не је дома, токо је на туѓина, а пак лете, кога је дома теја, немат ора. Зате му избирајет девојка мајка му и снаји му. И по тој ред татко му се допрашуват со куќните си и му избират девојка. Вршење бидуват во овије два месеца: во јунија и во јулија, а ретко и во другите месеци. Време за вршење до свадба бидуват за една година или за две. За теја стројникот и татко је се договарајет за една ли или за две години ја вршат девојката. Стројник е од старословенски глагол: стројон, иш, ит (овја глагол у нас је заменат со глаголите: права, иш, ит – правит договор и врша, иш, ит.). Првијот пот празна риза не се праќат, не фелат, зате во неја клавајет леб и пченица, за касмет, босилек и расад, за плодност, непреседен (т.р. непреместени од коде шо расле) – да не овдовет и да се не преможуват од една куќа во друга, грозје за да имајет милост можот и невестата. Со запишување денот на вршењето, еве каков ред имаме за да немат кавга: како шо се со ред запишани вршачките, таке и со ред се венчавајет (во еден ден), и таке со ред се фаќајет на оро младите невести. По вршењето после, роднињето девојчини свршеников го викајет зету, а целијот му род сватошчина. А пак на зетот, таткото на девојката му је дедо, мајка му је баба, брат му је шура (или шуреви во множина), сестра је му је свеска (или свески). Таке и татко му на зетот и сите родниње татка је на девојката го викајет свату, мајка је сваќе, а сијот род нејзин сватошчина.

б) Со живо стребро

По седом-осом дни по вршењето после куќните од свршеникот: невести, девојки и деца пратени од постарите одит у свршеницата и је носит една општа куќна праќаница, т.е. еден алтин и едно ризинче и други куќни праќаници – пари (закачени на јаболко или заврзани за цвеќе). Тога је носит на свршеницата и малу живо стребро во едно цевче или шишуле. Зате овеја одење се викат одење со живо стребро. (Свршеницата овеја живо стребро го носит кај себе за да ја не фаќат маѓија). Тије кога дојдувајет у свршеницата одит в клед коде неја. Таму тије се здравувајет со неја и ја дарувајет пари; а праќаниците и давајет на некоја жена од куќните. А пак мајка је од свршеницата им дават дарови: на свекорот и деверите по една бела риза, на свекрвата дарпна кивчена, а на друѓите по едно ризинче шарено. Тога тије не ручајет у свршеницата, токо ’и пречекувајет саде со мезе. И по теја кинисувајет и си дојдувајет дома. Даровите претани од девојкина роднина ’и давајет на свекрвата, а таја ’и раздават на куќните кому како шо се пратени.

Од неколку години овамо зафатије живо стребро да го не носит осоле, токо го носит стројникот на вршењето, за да им не одит арч (трошок) на обете сватошчиње.

Од книгата „Галилчник и Мијаците“ од Риста Огњанович – Лоноски, Скопје 2004 г
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2013 во 11:15
Свадбени обичаи од Лазорополе

Колку и да е тежок животот во Лазорополе, и другите села, гурбетчиите кои заминале на печалба во други далечни градови, имаат голема желба да се вратат за кратко време и пак да тргнат на печалба обратно. Враќањето секогаш се случува во пролета.

Додека престојуваат дома работат на подготовка на потребите на домашните за преку зимата, за кога ќе одат на работа да бидат спокојни, дека домашните имаат со што да ја истераат зимата до другото нивно враќање.

За тоа време во семејствата во кои има стасани за женидба се пристапува кон свршување и набрзо оженување. Другите момчиња што се стигнати во зрела возраст за женидба се вршат и следната година се женат обично на Илинден во Лазорополе, Селце и Росоки, а во Тресонче и Галичник – на Петровден, во Гари на Св. Богородица (голема) и во Осој на Св. Пантелеј.

Пред да се пристапи кон самото свршување, таткото и мајката се советуваат која мома да ја изберат за снаа, мајката која веќе знае која е соодветна за синот ја одбира и определува. Во многу случаи самиот ерген си одбира и со голема тврдоглавост им кажува на родителите да појдат на тоа место и да се распрашаат со родителите на момата за да им ја дадат. Гледајќи ја упорноста на синот родителите се согласуваат и ја исполнуваат неговата желба.

Одењето се прави со некој близок роднина на момата кого што го наречуваат стројник.

Со негова настојчивост, ако нема претходна согласност, годежот се прави  со негово посредување, со посредувањето на стројникот, а ако има согласност тоа одење со стројникот е само форма. Стројникот кога ќе пристигне веднаш меша во огнот за да има успех неговата мисија. Кога ќе се договори годежот се прави „врзување риза“. Во една бела крпа се врзуваат пари, по три зрна пченица, шеќер, грозје (суво) три мали парчиња леб и три страка расад од зелка.

Крпата со парите ја зема момата, по кое, забулена им бакнува рака на гостите. На момата и се дава цевка со жива која ја зашива и ја носи до првата брачна ноќ. Истото го прави и момчето. На првата брачна ноќ живата ја растураат. Тоа се прави за здравје.

Не тропоти коње, ја не те продава.
ја не те продава, коње, стројник ќе те прата
стројник ќа те прата до попа Ивана,
до попа Ивана, по бела Марија. Ако ти ја дает 
на стол да им седнеш, збор да им зборуваш,
збор да им зборуваш, прстен да им даеш,
ако ти ја не дает на стол да не седнуваш
на стол да не седнуваш, назад да се вратиш
назад да се вратиш, мене да ми кажеш,
мене да ми кажеш, куќа ќа запала,
куќа ќа запала, манастир ќа права,
манастир ќа права кауѓер ќа ода.

Тогаш ги договараат некои од  условите, главно кога да се прави официјалниот годеж. Родителите се враќаат од малиот годеж со нишани, китка од рози, наречени џунџулиња за јунака, од годеникот дар на свекорот, свекрвата и стројникот – по една риза (крпа) кое е знак на согласност.

Дома јунакот чека, како ќе се вратат тие што отишле на годеж – весели со успешно завршена мисија или не. Тој чека со неколку од најинтимните другари кои се посветени на прашањето. Еден од нив оди да дознае и се враќа среќен или не според исходот, му соопштува и започнува веселбата за која се дознава пошироко и започнува мала веселба. Мисионерите (стројниците) при враќањето ја затечуваат веселбата, која со нивното идење уште повеќе се засилува.

Истата веселба е и во домот на свршеницата.

На договорената недела со повеќе годежари, тогаш веќе сите се стројници, составени од многу роднини и пријатели одат на строј (на годеж). Роднините на свршеницата ги пречекуваат на подалечно место и така до пристигнувањето во домот се прави голема веселба. Веќе пристигнуваат пред домот. Таму се наредени таткото и мајката на свршеницата, таа придружена од две момичиња на нејзина возраст, од најблиските роднини и многу други нивни роднини, ги пресретнува стројниците и по вообичаениот поздрав со добре дошле, да е аирлија, да се ќердосаат итн. ги седнуваат на веќе одредените места во кои се поставени долги софри врз кои има ракија, мезиња и цели погачи со леб. Свршеницата со влегувањето на сите стројници во домот и целува рака а другите со вообичаениот поздрав: добре дошол, ги седнуваат. Откако сите ќе седнат, свршеницата повторно започнува да бакнува рака, што значи истото: добре дошол, добре дошла, добре дошло. Потоа од софрата станува свекрвата со неколку од стројничките, најблиски нејзини роднини, одат кај свршеницата и ги даваат пратените од свршеникот дарови, цел кат руво (облека) за носење цело време до свадбата. Таа тоа го зема со бакнување рака и свекрвата во образ, што значи благодарност.

Свекрвата се враќа кај сите гости радосна, дека снаата ги примила принесените дарови. Потоа се става погачата од свекрвата пред свекорот и гостите што седат до него (стројници). Свекорот врз погачата ги става алтаните кои ќе треба да ги носи како свршеница до свадбата, а тие по број и вредност се колку што им дозволуваат условите. Тие се поставуваат врз риза везена од свршеницата специјално за тој чин и заедно со погачата се разнесува по целата софра за да може да ги видат сите стројници, потоа става пари кое го следат сите.

По обиколката на погачата по трпезата погачата се враќа пак кај свекорот. Иде и свршеницата, а свекорот со свекрвата ги принесуваат алтаните, едниот, а другиот ги принесува собраните пари и и ги дава на годеницата (свршеницата). Таа ги зема со тоа што им бакнува рака и ги подава на една од нејзината придружба за да ги однесе  во нејзината соба.  Потоа на сите им бакнува рака во знак на благодарност и си оди. Се облекува со донесеното руво и се дотерува (нагиздува)  со алтаните, ја донесуваат кај гостите за да биде видена и тогаш веќе на сите им бакнува рака по кое и се дава бакшижот.

Им се дава ручек на гостите, кои  откако ќе се нахранат започнуваат со песни и веселби. Мажите пееја стари и современи песни. Меѓу нив беа: „Зората се зазори,“ „Овчарче младо пастирче,“ „Девет години, Тинке ле, аман,“ „А бре Кољо, мамин Кољо, мамина комито,“ „Ирино Пирин планино, многу си Пирин хубава,“  и многу други, а жените пеат песни соодветни на случајот.

Најпосле станувајќи испеваа некои специјални за случајот песни како: Станувајте гости пријатели, и тргнуваа да си одат. На заминување свршеницата на секого му целува рака, но сега не е задолжително да и се даваат пари, туку така за збогум. Подалеку од дворот ги испраќаат некои со по едно шише вино од кои пиеја, пееја и се искажуваше најубаво расположение. На одредено место се поздравуваа и разделуваа и секој тргнуваше во својата насока.

Свршеникот ги чека стројниците. Сите се упатуваат кон него и сите му ја стискаат раката со значење: честито. Пеењето на стивнуваше до доцна во ноќта по кое сите си одеа во своите домови.

Три дена по годежот, годеникот со двајца од најинтимните другари и еден свој роднина кој ќе му биде стар побратим, приквечер кога добро ќе се стемни по традиција и по претходен договор одеа при годеницата која само со присуство на мајката, а не и на таткото и најблиските свои роднини (снаа, золва, сестра) ги пресретнувала и го земала свршеничкиот прстен од годеникот, а тој пак од годеницата. По кратка и скромна церемонија годеникот и тие што го придружувале си оделе задоволни. Со ова завршувале церемониите за годежот (свршувачката).

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 11:10
Рекански регион
 
 
Во животот на исламизираните Македонци, свадбата има видно место како традиција исполнета со низа специфични фолклорни карактеристики својствени за македонскиот народ. Се разбира, под влијание на исламот, некои обичаи се трансформирани или изоставени, но во реканската средина наполно се зачувани од предисламскиот период.
Исхраната и јадењата поврзани со повеќето фази на свадбата (од свршувачката до првичето) се мошне специфични, кои не се менуваат и на свадбата ù даваат посебна реканска карактеристика што не се среќава во другите области со исламизирани Македонци.
При свршувачката, се практикува еден интересен обичај од минатото во селата на Река. Имено, стројникот носи во пазувата шамија од умрен човек (кој бил врзан со шамијата на вилицата и главата – рекански муслимански погребен обичај), а со себе носи и шеќерче, бидејќи одел за добра работа. Улогата на шамијата има магијско својство во смисла: „Колку што зборет мртовецот толку да зборет бабото (таткото) на цуцата, просто устата да му се врзе.“ Притоа стројникот постојано мешал со машата во огнот или собата (шпоретот) да искрат дрвата со цел цуцата да му ја дадат. Како добри денови за стројници се сметаат недела навечер спроти понеделник и среда навечер спроти четврток.
Обично под свадба се подразбира денот кога се зема невестата. Според тоа, свадба е церемонијата што се прави кај машката страна, бидејќи во реканскиот регион за женската страна не е задолжително да се изложува на трошоци и да прави свадбарски јадења. Невестата може да биде и бегалка, и во тој случај свекорот за својот син прави свадба. Свадбата е задолжителна само за машката страна.
Неколку дена пред овој свечен церемонијал, од страна на свадбаленот, а тоа се таткото и мајката на младоженецот, се праќаат золеми (повикувачи). Тоа се или деца или возрасни кои одат од куќа до куќа во селото и околните села и им се обраќаат со зборовите „Имаш селам од бабо ми, те викаме на свадба“ и се соопштува денот кога е свадбата.
Сите подготовки за свадбата се завршени. На денот уште рано изутрина се коле крупен добиток (вол, јунец или крава) во зависност од тоа колку куќи се поканети на свадбата. Месото се сече пред почетокот на свадбата и се става во казанот за варење.
За свадбата по традиција се прават следните јадења: чорба, месо, пилав и алва.
Свадбата најчесто се одвива под ведро небо, од утринските часови па сè до доцна навечер. Неизоставен дел од свадбата е и традиционалната реканска музика со зурли и тапани.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 11:07
Свадбени обичаи од Дебарско
 
 

debar-svadba

Последната ноќ девојката кај татко и не ја минува сама. Дента едно моимче или девојче ги повикува сите нејзини другарки вечерта да дојдат, да ја чуваат девојката. Бидејќи секоја женска челад додека е девојка уште је викаат цуца па и овој обичај се вика чување цуца. Нив има се дава поголема и одвоена соба. Во средината на собата седи свршената девојка и околу неа се поредуваат нејзините другарки. Во знак дека свршената девојка жала што ја остава родителската акуќа и своите другарки, почнува да плаче, а тоа плачење преоѓа и во умерено кукање. Во плачењето се придружуваат и другарките. Откако добро ќе се наплачат, во некоја доба на ноќта почнуваат да се веселат и да тупаат на дајре. Во исто време се игра и оро. Вака трае до зора. За сето време на играњето и пеењето никој од машките не смее кај нив да отиде. Утрото некои другарки си одат во своите куќи, а некои остануваат да и се најдат за време на облекувањето во невстинската облека.

Оваа иста вечер додека девојките се веселат, една жена меси погача која се вика сваќа. Родителите на девојката и нејзините роднини, таткото на момчето го викаат сват, а мајката – сваќа, та по нејзиното име и погачата се вика сваќа. Така, иста погача со исто име се меси истата вечер и кај момчето, бидејќи и родителите на момчето и неговата роднина, родителите на девојката ги викаат: сват и сваќа. Додека погачата се меси и во црепна под сач се пече, жените и девојките пеат разни песни. Овие две погачи за време на свадбата се изменуваат и се ставаат на чело на свадбената софра.

Истата ноќ, додека девојките ја чуваат цуцата кај момчето се наоѓа целата роднина. Машките се веселат, пеат и играат ора, а само жените подготвуваат за утрешниот ден се што е потребно.

Утредента во закажаното време почнуваат да се собираат сватовите. Ако патот е долг, сватовите доаѓаат со коњи. На секој коњ се обесува по една проста риза. Сватовите се собираат во една одредена соба, тука пеат и играат, а нив роднината весело ги служи со ракија или вино.

Додека сватовите се собираат и се веселат, побратимот кој е оженет и има живи родители, го зема свршеното момче за рака и го одведува во собата, каде што ќе го бричат и облекуваат, насобраната женска роднина му пее различни песни. Честопати побратимот нема што да обриче, но пак тој обичај точно се прави.

Свршеното момче и девојка мора да имаат нова свадбена облека.

Облекувањето почнува по овој редослед: прво момчето облекува убаво извезена кошула со јакна, која под грлото се закопчува со убаво копче. По кошулата облекува џамадан со или без ракави, кој е однапред на градите и ракавите ишаран со срмен или свилен гајтан. Над џамаданот облекува долама, која секогаш се шие од клашна (волнен шајак); и, и таа е со црн гајтан, од свила, волна или памук по краевите и секаде каде што е потребно заради симетрија е ишарана, а пак полите (левата и десната) под колената правилно се составауваат. Потоа се опашува со еден волнен појас, а преку тој појас доаѓа друг, поубав и поскап појас. на главата става фес, а околу вратот обесува сребрен синџир со саат, и после тоа облекува ќепе. Ако е зима облекува бечви, а ако е лето тозлуци од волна и ги врзува со свилени или срмени потколенки, а најпосле обува отворени чевли за да му се гледаат и чорапите.

Откако вака ќе го спремаат му даваат во рацете еден убав извезен пешкир за и тој да се страми како невестата. А друг пешкир му закачуваат на десната страна од појасот. Една убава свилена шамија му се врзува на вратот, а напред, каде што се закопчува кошулата на свилен конец виси еден алтан (златна пара).

Коњите на кои ќе јава кумот старосватот, побратимите и момчето на гривата имаат од едната и од другата страна везени долги и убави крпи (ризи).

Побратимите го земаат момчето за рака и го водат кај родителите да им бакне рака, а тие него во челото; откако ќе им бакне рака на родителите, потоа им бакнува рака и на другите сватови, а на прво место на кумот и на стариот сват.

Кога и тоа ќе заврши им се јавува на сите да заминат по девојката.

Бајрактарот напред го носи бајракот, кој на врвот има големо закачено јаболко, украсено со цвеќе. Околу бајрактарот, кој не е женет, се собираат сите момчиња кои по патот пеат и ги веселат другите сватови. По нив на коњите доаѓа роднината на момчето, а по нив кумот, старосватот, сватовите, побратимот (постариот). зетот и младиот побратим.

Лицето што го носи бајракот се смета и како побратим. Побратимот што одел по куќите и ги канел сватовите, таа иста карта ја носи со себе, а стариот сват ја носи погачата, која се вика сваќа.

На поаѓање жените и девојките чукаат на дајре и им пеат на сватовите. Кога нив ќе ги испратат од градот или селото, тие на едно место, ако е летно време, застануваат да ги чекаат невестата и сватовите. Целото време на чекањето го минуваат во играње и пеење.

Во исто време кога побратимите го облекуваат момчето, тогаш младите жени и девојките ја облекуваат девојката во невестинска облека, за да биде невеста. Облеката се облекува по овој редослед: прво, се облекува долга кошула, која на ракавите е со разнобојна, доста вкусно везена со свила, таа е десет прсти оддалечена од петиците, долу на кошулата везот е памучен и секогаш бел. По кошулата облекува елек, кој може да биде со ракави или без ракави, однапред тој е украсен како и машкиот џамадан, а од него се разликува по тоа што од десната и од левата страна се наредени по еден, два па и три реда копчиња. Над елекот се облекува зобанче, кое не смее да биде подолго од кошулата, туку за неколку прсти покусо, како би можела да се гледа и кошулата; кратките долакти ракави се украсени со гајтани, а на крајот шест прсти подвиткани за да може да се стават пари или нешто друго. Откако ќе ги подигне полите, прво се опашува со еден прост појас. Во левата и десната пола става реси од друг појас, кој се ткае, и две жени почнуваат да ја опашуваат. Ресите пак, се едно до друго начичкани како чичка. Овој појас подоцна во животот многу ретко се носи. бидејќи премногу е тежок за носење и е неудобен. За појасот закачуваат бовча и таа го трга предниот дел на кошулата. Бовчата личи на кецела и неа на разбој ја ткаат. Над бовчата за појасотр уште повеќе напред да трга, се закачуваат неколку убави шамии. Над тие шамии се стават павти. Најпосле облекува џока, која може да биде двојна: ако е зима- зимна, (од волна), а ако е лето – летна (од чоја). Става шарена капа, а над неа дарпна, која ја прават од бело платно, а од страните е везена, тој вез се вика ветка. Најпосле обува жолти чевли кои ги викаат – филари.

По облекувањето настанува китење. На ушите и обесуваат по еден или два чифта неудобни обетки; на челото и стават чомра, која е украсена со стари бели пари, а на средината на тие пари, на челото и обесуваат по пет до петнаесет алтани со разна големина, на прстите и ставаат по неколку сребрени неудобни прстени.

А над сето ова и обесуваат дулек, кој се шие од чоја, од едната страна тој личи на вреќа, а пак од другата страна, каде што е главата постепено се стеснува во едно подебело и околу со цвеќе и босилек ишарано возвишение, кое личи на китка цвеќе. Штом девојката се облече во невестинска облека, доаѓаат родителите, роднините и пријателите, да ја видат невеста и да се опростат од неа. За цело време на спремањето другарките и пеат песни. Пред да стигнат сватовите кај невестата, еден побратим кој јава на коњ, со картата во торбата, поаѓа и им јавува на родителите на девојката дека доаѓаат сватовите, ја вади од торбата картата со вино и им дава да се напијат. После ова побратимот кој го викаат мустулџија, добива една крпа и се враќа кај сватовите.

Кога ќе дојдат сватовите и ги воведат в куќи, слегуваат од коњите влегуваат во собата и по старешинство седнуваат на софрата во два реда. Двајцата побратими со момчето, кои се наоѓаат во средината или седат на истата софра со сватовите или пак малку подалеку стојат од нив, чекајќи што порано да ја изведат невестата од девојкината соба – за да се појде. Кога невестата ќе биде спремна за поаѓање, побратимите, зетот и неколку роднини и оддалечени од куќата, каде што е свадбата, на едно место спремаат софра, ракија и вино та околу неа наседнуваат малку да ручаат, заради обичај. Тука тие се веселат додека сватовите со невестата не тргнат после им се придружуваат и одат понатаму.

Сватовите ги послужуваат неколку момчиња кои на девојката и се роднина со ракија, со вино и со кафе. Некаде се дава мал ручек или ужина.

Старосватот ја дава својата сваќа (погача), а ја зема девојкината, и после тоа се јавува за тргнување. Сватовите се редат онака како што дошле. Невестата јава на коњот, а од страните ја држи роднината на момчето. Кога сватовите ќе тргнат од куќата на девојката, едно момче го води коњот на невестата, и кое за тоа добива од кумот јаболко, во кое има неколку гроша. После уздата на коњот ја зема кумот, и тој така ја води до куќата на момчето.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 11:01
Свадбените обичаи се различни од село до село, од град до град. Некаде вака - некаде така ..
 
Ајде да видиме какви обичаи има во Македонија!
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 03:43
Во врска со Галичката свадба..ако не му е место тука слободно бришете...

Обичаи од Галичка свадба

Секој Петровден, повторно е празник за очите и воздишка за душата, раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на унеско.

Чинот на свадбата

Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи.

Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар.

На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото украсување.

Пречек на тапаните

Спроти Петровден, од спротивната страна на селото, тапаните со специјална мелодија го најавуваат своето доаѓање, со свирење на езгија. Помладите - побратимите на момчето, момите и други роднини изгледуваат да ги пречекаат. Пред куќата на младоженецот се изведува обичајот играње на свекрвиното оро. Свекрвата излегува пред куќата со сито на глава, во кое е ставен специјален леб месен за оваа пригода. Исто така, се изнесува и вино во чинија која е искитена како и другите свадбени ритуални предмети. Лебот значи благодет за невестата - да биде цел живот во куќата на мажот и од се срце да дојде кај него. Во оваа пригоа тапаните ја изведуваат мелодијата со која започнуваат свдбените обичаи.

Одење на вода

Овој обред се смета за еден од најзначајните на свадбата, затоа што младата поминува од едно доба во друго - од моминство во зрелост на жената. Тој ден вечерта роднините на зетот, без него, одат во куќата на невестата, ја земаат со нејзините роднини и сите заедно одат на вода на три чешми од кои невестата црпи вода и по малку испива од неа.При одењето на вода, сите учесници носат запалени борини. Водалените по три чешми ја враќаат девојката во домот на таткото, а тие се враќаат во куќата на младоњенецот и се веселат. Пред куќата на невестата младите играат оро околу огнот. Тоа е симбол и желба во огнот да изгорат сите нејзини девојчински гревови


Канење на мртвите

Утрото на Петровден, зетото со најблиските роднини оди на гробишта да им направи чест на мртвите, да ги покани на свадбата, да побара изин - дозвола за женење. Кога ќе пристигнат на гробиштата, свирачите остануваат отстрана, свирејќи жална мелодија, специјално посветена за овој момент - канење на мртвите.

Зовење на роднините

Зетот со неколку другари оди на зовење кај кумот, побратимот и бајрактарот. При зовењето тапаните изведуваат езгии.
Роднините ги кани специјална зовачка, млада невеста со придружба. Зовачката носи со себе карта полна со вино и накитена со цвеќиња.

Бричење на зетот

На денот на земањето на невестата се повикува бербер или побратим да го бричи зетот. Пред да почне бричењето младоженецот зема прошчење од своите домашни и од најблиската рода и на сите им бакнува рака. За тоа време роднините плачат, особено најблиските од куќата, бидејки овој настан претставува одвојување од своето семејство и поклонување кон невестата т.е. кон основање на свое семејство, на што уптатуваат и зборовите од песните што се пеат при оваа пригода:
Одклони се од мајка, од татко, приклони се кон млада невеста. По бричењето зетот се мие со вино до три пати и обично го мие стариот побратим.

Тргнување на строј по невестата

Побратимите и младпженецот со коњи, на чело со бајрактарот први тргнуваат на строј. Тие со коњите бодинаат и преку старата црква со стројниците се среќаваат на патот за домот на невестата. По тргањето на побратимите од куќата на младоженецот тргаат и стројците на чело со свекрвата и свекорот. Свекорот во торбата ја носи сваќата - свадбена погача, која ќе ја менуваат кај сватоштините, а свекрвата пак ја носи торбата со разни подароци со кои ќе ја даруваат невестата. По нив одат кумот и старостватот, а најодзади одат тапаните. Кога свадбената врволица ќе се приближи до куќата на невестата мушчулџијата - побратим аберџија ќе се одвои од стројот и оди кај невестата за да видат дека стројниците доаѓаат по невестата. Во нејзината куќа мушчулџијата го даруваат со бела риза која ја врзуваат на гривата на коњот. Откако ќе ги извршат обичаите, тој се враќа кај другите побратими. Го известува младоженецот дека патот е чист и може да се појде до невестата. Заедно со побратимите и стројниците се упатуваат кон невестата каде ги пречекуваат домашните.

Изведување на невестата

Откако ќе ја промената невестата, пред вратата на кледот доаѓа стариот побратим, чука на вратата да му ја отворат, за да ја поведе невестата. Од внатре жените што ја поведуваат невестата бараат бакшиш, велејќи илјади илјади. Тој се погаѓа со нив и им пушта под врата некоја ситна пара. Тие не отвараат се додека не изнудат повеќе пари. Потоа се отвара вратата, ја поведуваат невестата, од едната страна братот, а од другата страна побратимот. Други од побратимите на момчето го земаат чеизот - ковчезите ги товарат на коњ носејќи ги надесно. Тоа го прават за среќа на невестата за да не се поврати назад во татковиот дом, т.е. да не му се случи нешто лошо на момчето и пеат за разделба од нејзините најблиски. Кога тргнува, невестата до три пати се поклонува на куќата, по неа тргнуваат стројниците а по нив свадбарите и овој пат предводени од бајрактарот. По него се носат ковчезите со невестинскиот чеиз, а потоа оди невестата, по нив сватовите, а на крајот тапаните. До половина пат невестата постојано плаче тука таа се простува од својата најблиска рода. Откако невестата ќе се поздрави со својата рода тие се враќаат назад а коњот со невестата го поведува свекорот.

Во домот на момчето невестата ја пречекува свекрвата со сито и погача на глава, а во десната рака со бокал вино. Свекрвата се врти три пати околу коњот со невестата потоа со лебот ја удира невестата и и вели “жити лебов да ме слушаш“. Невестата ја поведуваат со уздата од коњот а на главата и ја ставаат капата од момчето за да го слуша и да му биде верна во заедничкиот живот. Стариот побратим и побратимицата и ги ставаат венците на глава и ја водат кон огништето и со синџирот ја удираат по главата. Со ова всушност ја венчаваат за куќата да биде вечна и да остари колку што е стар оџакот. Вечерта во дворот на куќата на младоженецот младите играат, а невестата заедно со младите девојки од куќата легнуваат да спие.

Утредента сите заедно со невестата одат во црква за да ги венчаат младите. Невестата е покриена со дулак и така влегува во црква. Од црквата по венчавањето невестата излегува откриена. Свекрвата оди пред младоженците, врака држи бело котле накитено со коприна и жолто париче, со босилек и вода ги прска младите неколку пати додека стигаат до дома. Свекорот ги носи висаѓите со погача, леблебии и пченица. Стариот побратим по излегувањето од кледот зема едно грне полно со ореви, шеќер, леблебии и го крши од вратата на кледот. Младите се натпреваруваат кој ке земе од оревите за да им се врати таа радост. Утрото се оди на вода, невестата ја носат на чешма, каде на сите роднини и гости им потура за да се измијат, а потоа им ги предава даровите на најблиските роднини од момчето. Попладне доаѓаат поклонари кои ги носат своите подароци за невестата а притоа ја даруваат и со пари. На поклонарите им се дава вечера и се пее и се игра до доцна во ноќта. Утредента тапанџиите со посебни мелодии и езгии ја напуштаат куќата на младоженецот, се поздравуваат со сите домашни при што и тие ја даруваат невестата.

Ова се само дел од богатите свадбени обичаи...

Изменето од ФорумскаБаба - 02.Јули.2010 во 03:43
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.