IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9293949596 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 12:24
2 Летописи 7:14

И ако се смири Мојот народ, кој се наречува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 10:34
СВЕТОВНА И БОЖЈА МУДРОСТ
1Коринтјаните 1


26 Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род.
27 Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните;
28 и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто,
29 за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога.
30 Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога, праведност, и осветување, и искупување,
31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 10:23
Еремија: 8:9

Мудреците ќе бидат засрамени, исплашени и фатени во примка. Ете, тие го презреа Господовото слово! А нивната мудрост - што им ползува?
9:24 А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милостта, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,” зборува Го
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2014 во 11:09
Римјаните: 6:13
И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!



Пословици: 2:6

Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 10:27
ЗА ПЧЕНИЦАТА И КАКОЛОТ
Матеја 13

24 „Царството небесно е слично на човек, кој посеал добро семе на својата нива.
25 Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде.
26 А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот.
27 А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’
28 А тој им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’Слугите пак му рекоа: ‘Сакаш ли тогаш да одиме и да го исплевиме?’
29 А тој рече: „Не, да не би корнејќи го каколот, да ја откорнете со него и пченицата.
30 Оставете ги нека растат двете заедно до жетвата. А во времето на жетвата ќе им речам на жетварите: ‘Соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за горење; а житото приберете го во мојата житница’.

ИСУС ИМ ОБЈАСНУВА ЗА КАКОЛОТ НА НИВАТА

36 И Неговите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Објасни ни ја параболата за каколот на нивата.”
37 А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38 Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот,
39 а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели.
40 Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот.
41 Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие,
42 и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби.
43 Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 10:37
Znaci nekolku pati se obiduvam da ja procitam ama stigam do odredeno mesto i ne mozam ponatamu...i toa koga doagjam do delot kade se nabrojuvaat potomcite ,dali mozebi gresam treba da prodolzam ponatamu i samo da gi citam potomcite bez da se obiduvam da se koncetriram na nabrojuvanjeto збунетост
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2014 во 10:35
ПРИНЦИПИ НА НЕОГРАНИЧЕНО ПРОСТУВАЊЕ
МАТЕЈА 18


21 Тогаш Петар пристапи и Му рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? До седумпати ли?”
22 Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.”
23 Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги.
24 А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти.
25 И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сè што имаше, за да се плати долгот.
26 Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сè.’
27 И поттикнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот.
28 Но штом слугата излезе, и најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто денарии, го фати, и го давеше, велејќи: ‘Исплати ми, тоа што ми должиш.’
29 Тогаш падна пред неговите нозе неговиот сослужител и го молеше, велејќи: ‘Имај трпение со мене, и ќе ти исплатам сè.’
30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека го исплати долгот.
31 А кога неговите сослужители видоа што се случи, мошне многу се нажалија, и дојдоа и му кажаа на својот господар сè што се случи.
32 Тогаш неговиот господар го повика и му рече: ‘Зол слуго! Ти го простив сиот оној долг, зашто ме молеше.
33 Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилив тебе?’
34 И неговиот господар се разгневи и им го предаде на мачителите, додека му исплати сè што му должеше.
35 Така и Мојот небесен Татко ќе ви направи вам, ако секој од вас не му ги прости од срце престапите на својот брат.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2014 во 10:34
ПСАЛМ 1


1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите;
2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:
3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.
4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.
5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните.
6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 10:41
ПРАШАЊЕ НА СУДБИНАТА

Еден млад човек живеел во Соединетите Американски Држави. Никогаш не направил ништо лошо. Но, еден ден играл карти и многу се изнервирал. Зел пиштол, пукал и го убил својот противник. Бил уапсен и осуден. Пресудата била: смрт со бесење.
Но, поради примерниот живот кој што го живеел, неговите пријатели и роднини решиле на напишат петиција, во овој случај, молба за помилување по пат на собирање на потписи. Секој имал желба да потпише. Набрзо и други градови слушнале за тоа, па така луѓето од целата држава почнале да ја потпишуваат петицијата.
На крајот петицијата му била предадена на гувернерот, кој бил христијанин. Солзи му надоаѓале на очи кога ги гледал корпите полни со петиции. Решил да го помилува тој млад човек. Го напишал помилувањето, го ставил во џеб, па облечен како свештеник се упатил кон затворот.
Кога се приближил до ќелијата на осудениот, младиот затвореник дошол до решетките; „Бегај одовде", викнал, „He сакам да те видам. Веќе седуммина како тебе дојдоа. Доста ми е од религијата што ја имав додека бев дома."
„Но, чекај малку, млад човеку," одговорил гувернерот, „имам нешто за тебе. Дозволи ми да ти кажам нешто."
„Слушај", викнал младичот налутено, „ако веднаш не си заминеш ќе го викнам чуварот и тој ќе те избрка."
„Но, млад човеку, имам една новост за тебе, најдобрата новост. Зарем нема да ми дозволиш да ти ја кажам?" викнал гувернерот.
„Слушна што реков," одговорил младиот човек, „ако веднаш не си одиш, ќе го викнам чуварот."
„Добро", одговорил гувернерот тажен се завртел и си заминал.
Набргу потоа дошол чуварот.
„Млад човеку, чув дека гувернерот те посетил".
„Што! Зарем оној човек што беше облечен во свештеничка облека беше гувернерот?" викнал затвореникот.
„Да", одговорил чуварот. „Тој во својот џеб имаше помилување за тебе, а ти не сакаше ни да го ислушаш".
„Дај ми брзо перо, мастило и хартија", повикал младичот. Потоа седнал и напишал: „Драги гувернеру, ви должам едно извинување. Жалам што така се однесував кон вас..." итн. Гувернерот го примил писмото, го завртел и на опачината напишал: „Случајот не ме интересира повеќе."
Осамнал и последниод ден за младиот човек.
„Сакате ли нешто да кажете пред да умрете?" го прашале
„Да", одговорил младичот, „кажете им на младите луѓе во Америка дека не умирам поради злосторство. He умирам затоа што сум убиец. Гувернерот ме помилува. Можев да останам жив. Кажете им дека умирам затоа што не сакав да ја ислушам понудата на гувернерот."
Пријателе мој, ако бидеш изгубен, тогаш тоа нема да биде поради твоите гревови, туку затоа што не сакаш да го примиш помилувањето, кое што Бог ти го нуди преку Својот Син. Бидејќи, ако сам го одбиеш Исус Христос, тогаш Бог не може ништо да стори за тебе? Ја одбиваш својата единствена надеж за спасение.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 10:19
ЦАРОТ НАВУХОДОНОСОР ПАСЕ ТРЕВА КАКО ГОВЕДО

ДАНИЕЛ 4
18 Ова е сонот што го видов јас, царот Навуходоносор. А ти, Валтазаре, кажи ми го неговото значење, зашто ниеден од мудреците на моето царство не може да ми го каже тоа; ти можеш, зашто во тебе е Духот на Светиот Бог.’”
19 Тогаш Даниел, наречен Валтазар, во миг се смаја и се исплаши во своите мисли. Царот рече: „Валтазаре, не се збунувај од овој сон и од неговото значење!” Валтазар одговори: „Господару мој, овој сон нека им биде на твоите непријатели, и неговото значење на твоите мразители!
20 Дрвото што си го видел, големо е и силно кое стигнува сè до небото и се гледа по сета земја,
21 со убава круна и со изобилни плодови, на кои имаше храна за сите, и под кое се одморуваа полските ѕверови, а на неговите гранки се гнездеа небесните птици:
22 тоа си ти, о цару, кој си голем и силен, величината ти се зголемила и стигнала до небото, а твојата власт до краиштата на земјата.
23 А тоа што царот виде како Стражар, Светец, слегува од небото та зборува: ‘Пресечете го дрвото, раздробете го, но неговата пенушка и корењата оставете ги во земјата, во железни и бронзени окови, во полската трева нека го мие небесната роса и делот нека му биде со полските ѕверови додека не поминат седум времиња над него’ -
24 ова е значењето, о цару, одлуката на Сèвишниот што ќе се исполни врз мојот господар цар:
25 Ќе те протерат од друштвото на луѓето, и ќе престојуваш со полските животни; ќе се храниш со трева како говедата, тебе ќе те мие небесната роса; седум времиња ќе поминат над тебе додека не познаеш дека Сèвишниот има власт над човечкото царство и дека го дава кому што Тој сака.
26 А што е речено: ‘Оставете ги пенушката и корењата’ - твоето царство ќе се обнови штом ќе сознаеш дека небесата ја имаат сета власт.
27 Затоа, цару, мојот совет нека ти биде мил: искупи ги своите гревови со правда и своите беззаконија со милосрдие спрема бедните, за да ти продолжи мирот.”
28 Сè тоа му се случи на царот Навуходоносор.
29 Дванаесет месеци подоцна, шетајќи по вавилонскиот царски дворец,
30 царот велеше: „Не е ли тоа големиот Вавилон што јас го изградив за да ми биде царска престолнина - со силата на својата моќ, за слава на моето величество?”
31 Уште тие зборови беа во неговата уста кога дојде глас од небото: „Тебе ти се објавува, цару Навуходоносору: царството ти е одземено;
32 ќе бидеш протеран од друштвото на луѓето ќе престојуваш со полските животни; ќе се храниш со трева како говедата, и седум времиња ќе поминат над тебе додека не сознаеш дека Сèвишниот има власт над човечкото царство и дека Тој го дава кому што сака.”
33 И веднаш словото се изврши над Навуходоносора: беше протеран од човечкото друштво, јадеше трева како говедата го переше небесната роса; влакната му пораснаа како во лав, а неговите нокти како птичји кан?и.
34 Откако се исполнија одредените денови, јас, Навуходоносор, ги подигнав очите кон небото, разумот ми се врати, тогаш Го благословив Сèвишниот, фалејќи Го и возвишувајќи Го Оној Кој живее довека: Неговото Царство е - Вечно Царство, Неговата власт е за сите поколенија.
35 Жителите на земјата - се како ништо; Тој постапува според Својата волја со небесната војска и со земните жители. Никој не може да ја запре Неговата рака или да Му рече: „Што правиш?”
36 Во истиот час ми се врати разумот, и за слава на мојата царска чест ми се вратија величеството и сјајот; моите советници и големци ме побараа, бев воспоставен во царска чест, и моето величество уште порасте.
37 Сега јас, Навуходоносор, Го фалам, Го возвишувам, и Го славам Небесниот Цар, чии сите дела се вистина, сите патиша правда, и Кој може да ги понижи оние кои одат во гордост.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 11:49
Псалм 12

1 Помогни, Господи, зашто ги снема побожните, нема повеќе верност меѓу луѓето.
2 Секој го лаже својот ближен, зборуваат со лажливи усни и со дволично срце.
3 Ќе ги истреби Господ сите лажливи усни, и јазикот што зборува горделиви нешта,
4 тие, кои велат: „Јазикот е наша сила, нашите усни се наши; кој е господар над нас?”
5 Господ говори: „Сега ќе станам, заради страдањата на угнетуваните и заради воздишките на бедните; и ќе го поставам во безопасност за која копнее.”
6 Господовите слова се чисти зборови, како сребро претопено во земјана печка, пречистено седумпати.
7 Господи, Ти ќе ги заштитуваш, ќе чуваш секого од нив, од овој род довека.
8 Нечесните одат наоколу, кога расипаните се издигаат меѓу синовите човечки.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 10:35
OЖИВЕНИ СО ХРИСТОС
Ефесјаните 2

1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -
6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,
7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
9 Не од делата, за да не се фали некој.
10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2014 во 10:19
Јован15

18 ”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!
19 Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази.
20 Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето.
21 Туку, сè ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил.
22 Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.
23 Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.
24 Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко.
25 Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’
26 ”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;
27 а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 10:30
ТРПЕНИЕ ПРИ СТРАДАЊА
Јавко 5


7 И така, бидете трпеливи, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд.
8 Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто е близу Госповото доаѓање.
9 Не плачете се, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.
10 За пример на злострадањата и на долготрпението земете ги, браќа, пророците, кои зборуваа во Господово име.
11 Ете, блажени ги наречуваме оние, кои претрпеа. Чувте за трпењето на Јов, а видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е многумилостив и сочувствителен.
12 А пред сè, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга клетва! Вашето „да”, да биде „да”, а вашето „не” - „не”, за да не паднете под суд.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9293949596 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.