IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 56>
Автор
Порака
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:22

ДЕСЕРТ МУХАЛЕБИ СО КАЈСИИ

Припрема:

desert1 литар млеко се меша со смесата од кесичката Др.Оеткер Мухалеби, се вари на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе зоврие мешајте уште 4 до 5 мин., и оставете да се олади. Во еден прикладен сад наредете суви кајсии на дното и малку оладениот десерт сипете го врз кајсиите.

Потоа ставете го во фрижидер да се олади. При послужување превртете го десертот, дополнително може да декорирате со сецкани ореви, лешници по ваша желба.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 07:45

Чоколадни срца

Оревите се мелат доколку не се смелени.
Исто така се мелат и бисквитите.
Кората од лимонот се ренда.

Чоколадото се растопува. Најдобро е да се растопи со методата „сад во сад“.

Сите состојки се мешаат и се меси тессто со средна дебелина.

Од неа се вадат форми, нормално во срца и се прелеваат со топена чоколада. Се оставаат да се стврднат малку.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 14:44

Благи сусамки

Сусамот се пропржува додека да добие румена боја.

Во друг сад се топи шеќерот исто така додека добие румена боја. Кога ќе се стопи шеќерот се додава медот , ванилиниот шеќер и сусамот и добро се меша се заедно.

На плех премачкан со масло за јадење се распределува смесата со влажни раце.

Додека е сеуште топла смесата се сече во форма на коцки или правоаголници




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 14:58

Баклава со чоколадо

Секоја кора се попрскува со зејтин, па врз неа се става уште една кора, повторно зејтин и уште една кора. Вкупно три кори една врз друга. По ивица на корите се ставаат три лажици од филот (ореви и чоколада) и се мота кората како ролат,
Така се прави со сите кори. Кога се наредени во тавче се сечат сите кори да
се добијат парчињата,се полива со растопен путер и се става да се
пече на 200степени окулу 20-30 мин Кога е печена ја попаруваш со врел шербет.

Шербетот се прави со зовривање на водата и шеќерот и додавање на сок од еден лимон, а филот се преви со топење на чоколадото на тивок оган и додавање на оревите




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:35
            Чоколаден колач со портокал     
                                                          
Комбинацијата од чоколадо и портокал е неодолива, исто како и овој рецепт.
Потребно:
6 јајца
200 г. шеќер
150 г. мелени ореви
5 лажици мелени бисквити,
3 поголеми портокали
4 реда од чоколадо за готвење

За глазура:
150 г. чоколадо
0,5 - 1 л. вода
100 г. путер


Подготовка:
Портокалите добро измијте ги, а потоа заедно со кората измиксајте ги во блендер.

Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги оревите и промешајте. Со постојано мешање додајте ги и мелените бисквити, портокалите и истопената чоколада.

Посебно изматете ги белките, додајте ги во претходната смеса и промешајте, па сипете ја смесата во тепсија намачкана со масло и посипана со брашно.

Печете во рерна на 180 степени околу 20 минути.

За глазурата, во тенџере ставете ги водата и шеќерот и направете шербет, додајте го чоколадото и путерот, па мешајте додека смесата да се соедини. Со глазурата прелијте го колачот, ставете го во фрижидер добро да се олади, па пред да послужите исечете на коцки.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:42

Пауново око

1.Посебно се матат жолчките со шеќерот,се додава брашното,сода бикарбона ,какаото и снегот од белките.
2.Полека се се меша и се става во голем плех и се печи.
3.Кога ке се испече се завиткува во влажна крпа и се витка во ролат.
4.Крем-Се мешаат јајцата, шеќерот, ванилата ,брашното и се вари со млекото .Кога ке се олади се меша со избиениот маргарин.
5.кремот се дели на 2 дела.Едниот останува бел, а во другиот се додава растопеното чоколадо.
6.На ролатот се премачкува прво белиот крем ,па врз него црниот и се витка како ролат.Озгора се премачкува со крем или чоколада.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:44

Јо-Јо коцки

На тивок оган,или над пареа,истопете го црното чоколадо,маргаринот и еурокремот.Тргнете од оган и додадете ги пченичните снегулки.Добро соединете
Калапот обложете го со фолија или хартија за печење,истурете ја смесата и израмнете.
Повторете ја истата постапка и со смесата од бело чоколадо.Нанаесете врз првиот дел.
На крај,прелијте со предходно итопено млечно чоколадо.Оставете во фрижидер на 1 час.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 12:24

Неверојатна чоколадна „да го изедеш мониторот“ торта

Потребни состојки:

200g (1 чаша, цврсто спакуван) кафеав шеќер

185ml (3/4 шоља ) млеко

125g путер, сецкан

115g (3/4 шоља ) брашно + печиво + 1/4 сол

75g (1/2 чаша) чисто брашно

50g (1/2 чаша) какао во прав

3 јајца

185g или 13 лажици путер, екстра, на собна температура

345g (2 1/4 шолји ) смеса за благ шлаг

95g (3/4 чаша) слад млеко во прав

1 лажица млеко, дополнително

465g чоколадни топчиња

Состојки потребни за фил:

300g темно чоколадо за готвење, ситно сечкано

125ml (1/2 чаша) густ крем (хопла)

30g путер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 160 степени. Намачкајте ја со путер целата тава за печење, а потоа ставете пергамент хартија.

2. Ставете го кафеавиот шеќер, млеко и путер во сад, и над пареа мешајте додека не се стопат и соединат состојките.

3. Додадете го брашното и какаото во прав во смесата со путер и потоа ставете ги миксирајте ги јајцата. Ставете ја смесата во тавата за печење и печете околу 55 минути. Оставете да се излади, околу 5 минути, а потоа ставете го пандишпанот на чинија за торта.

4. За филот: Ставете го чоколадото, хоплата и путерот над пареа додека состојките не се стопат и соединат, мешајќи привремено.

5. Измиксирајте го останатиот путер (185g), додадете го шеќерот, млекото во прав и екстра млекото и миксирајте додека не се соединат.

6. Оставете го филот да се згусне околу час и половина.

7. Додека филот се згуснува, исечете го пандишпанот на четири хоризонтални слоеви.

8. Нанесете 1/3 од филот на секој слој, а потоа целосно премачкајте ја со останатиот фил. Оставете ја во фрижидер да се излади околу час и половина и потоа декорирајте со чоколадните топчиња.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 14:36

Пинк Пантер торта

Јагодите и малините сега може да се најдат секаде. Искористете ги во најубавата форма. Подгответе торта.

Состојки:

За кора

4 јајца
3 лажици топла вода
100г шеќер
1 ванилин шеќер
50г мед
100г брашно
2 лажици прашок за пециво
100г мелени бадеми

За фил

500г јагоди или малини
400мл слатка павлака
500г крем сирење
100г мед
1 ванилин шеќер
цимет
150г бела чоколада

За прелив

1 кесичка прелив за торта со вкус на јагода или малина

Подготовка

Цврсто сматете ги белките со шеќерот, медот и ванилиниот шеќер, па додавајте една по една жолчка и три лажици вода, а на крајот додајте ги бадемите и брашното измешано со прашокот за пециво. Од оваа смеса испечете две тенки кори во плех подмачкан со зејтин и брашно. Корите печете ги на 180 степени околу 10 минути.

Додека корите се ладат сматете ја павлаката и соединете ја со крем сирењето во кој претходно сте ги додале медот, ванилиниот шеќер, циметот и стопената бела чоколада.

Првата кора премачкајте ја со филот, распоредете го ситно исецканото овошје, одозгора повторно нанесете фил, поклопете со кора и на ист начин исфилувајте ја.

Тортата ставете ја во фрижидер добро да се олади, а пред да ја послужите прелијте ја со готов прелив од јагоди или малини.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:13

Дипломат торта



Лесен десерт, како измислен за топлите денови. Богата со овошје и витамини.

Состојки:

За пандишпан: 6 јајца, 150г шеќер, 50г какао, 100г ореви, 60г брашно, малку зејтин, ванилин шеќер

За фил: 1,5л слатка павлака, 100г шеќер, 300г свежо овошје (банана,киви, малини,јагоди), сок од портокал

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, па од белките сматете цврст снег со постепено додавање шеќер. Лесно измешајте ги во него една по една жолчка, брашното, зејтинот и ванилиниот шеќер. Дел од брашното може да се замени со мелени ореви во истата тежина. Кората печете ја во добро подмачкан калап на 200 степени, а кога ќе се олади исечете го на три дела.

Слатката павлака сматете ја со шеќер, па исфилувајте ја првата кора. Ставете сецкано овошје, па повторете ја постапката со останатите кори. Ако сакате помеки кори, натопете ги со сок од портокал. Пред сервирање добро оладете ја тортата.

Добар апетит!




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:35

Мохито торта



Љубителите на десерти тешко дека ќе ѝ одолеат на мохито тортата која поради лимонот е совршен избор за пролетните и летните денови.

Состојки:

За пандишпан: 4 јајца, 200г шеќер, 120г брашно, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 кесичка прашок за пециво
изрендана кора од зелен лимон

За фил: 500г свежо сирење, 500мл шлаг, кора и сок од 1 зелен лимон, 5-6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер

Плус: 2 лажици вода, 2 лажици бел рум

Подготовка:

Посебно изматете ги белките во цврст снег, посебно жолчките со шеќер и ванилин шеќер со постепено додавање вода.

Потоа додајте го брашното, прашокот за пециво и кората од зелениот лимон и лесно измешајте во снегот од белките.

Рерната загрејте ја на 180 степени. Ставете ја подготвената смеса во калап врз хартија за печење. Печете околу десетина минути и оставете да се олади. Оладениот пандишпан исечете го на пола, напрскајте со сок од зелен лимон и рум.

Свежото сирење испасирајте го додека не стане како крем, додајте шеќер, ванилин шеќер, сок и кората од зелениот лимон и шлаг крем. Нанесете ја смесата на првата кора, прекријте со другата и украсете со кришки зелен лимон и ливчиња ментол.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:46

Бадем торта


Состојки: 5 жолчки, 200г шеќер во прав, 600г мелени бисквити, 100г мелени бадеми, 125г путер, 2дл сок од праска, 250мл слатка павлака, 2 реда чоколада за готвење

Подготовка: Пенасто изматете ги жолчките, додајте го шеќерот во прав и матете додека не се соединат, па префрлете ја смесата во сад со дупло дно и ставете ја на оган. Гответе додека смесата не се згусне и додека не го видите дното на садот кога ќе помешате со лажица.

Мелените бискивити и мелените бадеми прелијте ги со сокот од портокал и добро соединете ги двете состојки додека ранмомерно не ја впијат течноста. Потоа додајте го подготвениот фил и путерот кој претходно сте го сматиле. Соединете убаво, ставете го во калап за торта со форма по желба.

Тортата украсете ја со сматена слатка павлака и изрендана чоколада или цели бадеми.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:49

Торта со малини


Летото е идеално за овошни торти. Оваа торта ќе изгледа толку убаво и е навистина штета да ја исечете. Но, вкусот е уште поубав. Па… и нема да ви биде толку жал ако ја снема.

Состојки 2 јајца, 9 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 7 лажици зејтин, 10 лажици брашно, 1/3 прашок за пециво, 1 лажица какао во прав, 10 лажици млеко, 2 лажици мармалад или желе од малини, 100-150г малини, 200мл слатка павлака за шлаг, 250г јогурт, 2 лажици шеќер во прав, неколку капки екстракт од лимон

Подготовка: Со миксер изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Постепено додавајте ги зејтинот и млекото, а на крај и брашното, прашокот за пециво и какаото. Од белките сматете цврст снег и измешајте го во смесата.

Смесата ставете ја во калап за торта кој претходно сте го намачкале со малку маргарин и сте го наросиле со малку брашно. Печете на 180 степени Целзиусови во претходно загреана рерна. По 15 минути, кога тестото ќе почне да се одвојува од калапот, извадете го од рерна.

Оладеното тесто ставете го на чинија за торта, премачкајте со мармалад и рамномерно по него распоредете ги малините. Преку малините додајте го кремот од цврсто сматените слатка павлака за шлаг, шеќерот во прав, лимоновиот екстракт и јогуртот.

Украсете по желба и оставете ја барем два часа во фрижидер да се олади и стегне.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:55

Сонце торта


Ако колачите или тортите со праски секогаш ги подготвувате на ист начин, збогатете го вашето мени со овој вкусен рецепт кој едноставно се нарекува Сонце торта.

Состојки: 400г пишкоти

За фил: 2 кесички пудинг од ванила, 1л млеко, 150г шеќер, 150г путер, 500г праски, 2 кесички шлаг, 100мл млеко

За декорација: 1 кесичка желатин, 200г праски, 2 лажици шеќер во прав, сецкани бадеми

Подготовка: Згответе го пудингот, а кога ќе се олади соединете го со путерот. Излупете ги праските, преполовете ги и извадете им ги семките. Едната половина исецкајте ја на коцки и додадете ги во пудингот и путерот.

Во округол сад наредете ги пишкотите, над нив наредете ги половините праски, а преку нив истурете го пудингот.

Праските за декорација излупете ги, исечете ги на кришки и гответе ги малку во вода засладена со шеќер. Желатинот растворете го во вода и лесно измешајте го во засладените праски. Од страните ставете ги исецканите бадеми.

Смесата распоредете ја по тортата, а пред служење оставете ја добро да се олади во фрижидер. Кога ќе ја служите одозгора ставете шеќер во прав.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.