IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Струмички карневал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Струмички карневал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака
reuma Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 59
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај reuma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 12:10
Што ја слушаат таа црква -што се мешаат поповите кога правењето карневали за тримерите е пагански обичај, и православието не го признава. Ама друга беше работата па се вадат на црквата - таа вечер во вторник се маскираат сватовите на армасаните и ако има карневал - сакаат ем да се на гости ем да се на карневалот, а на две места во исто време не се оди....И така сега кој е на карневал - во сабота, а само струмичани ке си останат за во вторник - да си ги посетат сватовите , армасаните и сл. Досега имасе полно луге од надвор и старав да те фати да излезеш.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 05:55

СТРУМИЦА ПОДГОТВЕНА ЗА КАРНЕВАЛОТ, ХОТЕЛИТЕ ПОЛНИ

Во Струмица привршуваат подготовките за утрешната голема карневалска забава. Изминативе денови со изложба на фотографии од ланскиот карневал, концерт под маски и одбележувања годишнини  на големите карневалски групи, градот под Царевите Кули дише со...


slika

Во Струмица привршуваат подготовките за утрешната голема карневалска забава. Изминативе денови со изложба на фотографии од ланскиот карневал, концерт под маски и одбележувања годишнини  на големите карневалски групи, градот под Царевите Кули дише со вековната карневалска традиција. На новиот плоштад подигната е централната ложа, пред која учесниците во карневалот ќе ги претстават своите маски и креации. Трговците ги полнат рафтовите во продавниците, а излозите се украсени со најразлични маски.

 

Досега се пријавени над три илјади учесници со двесте групни и поединични маски, а организаторите најавуваат и учество на четиристотини гости од странство.

 

-Годинава очекуваме дванаесет групи да присуствуваат на големиот карневал во сабота навечер. Тоа се групи од Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белгија и Албанија. Се надевам дека Струмица ќе биде добар домаќин. Досега имаме одлични подготвки и ќе бидеме добри домаќини, вели Ванчо Ристов Патриков од Организациониот одбор на карневалот.

 

Карневалските празнувања во Струмица почнуваат вечерва

со маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на

карневалот, кои заедно со кралот утревечер ќе ја предводат големата поворка по улиците на градот. Манифестациите продолжуваат в недела со традиционалниот детски карневал, а завршуваат  в среда со празникот Тримери, кога се посетуваат домовите на свршените девојки.

 

Инаку, во Струмица сите хотелски капацитети се распродадени од пред една недела, а организаторите апелираат до посетителите сместување да побарат во околните градови.



Изменето од емил - 25.Февруари.2012 во 05:55
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2013 во 14:04
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери. Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија, посветена на армасаните (верени) девојки.

Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник. Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка, маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник.

Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија.

До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал, а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување, но по неколку годишна успешна организација, организираната форма е укината, но без разлика на се тој продолжил да се одржува спонтано.

Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот на Струмичкиот Карневал.

Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асоцијација на карневалските градови FECC, а во 1998 година беше домаќин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови. Како резултат на соработката со оваа асоцијација воспоставена е соработка и размена на групи со повеке земји.

Историски преглед на Струмичкиот Карневал

Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката, кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име к а р н е в а л, од римското c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови, треба да се направи реска дистинкција, односно треба да напоменеме дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински, бидејки по својата суштина тримерите се еден христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време.

Kарневалот во Струмица е доста долга традиција и него го спомнува патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година. Тој минувајќи низ Струмица запишал :...Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица.
Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските, носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ), како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови, желбата за здравје, плодност итн.)и кои се карактеристични само за неговата иницијална односно изворна, паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска, која што сеуште ја паметат најстарите струмичани, бидејки карневалот од кои и да е причини, кои се сеуште во сверата на претпоставки, се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните, а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот, кои ги симболизираат младенците односно верените, потоа циган и циганка со бебе, со значење како циганите имаат по многу деца, така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со, со опашка од вол или некое друго животно, со вила во рацете, кого сите го бркаат, а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно, со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.

Друга карактеристика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со предходната е наследството на бројните еротски елементи, песните исполнети со еротски мотиви, содржини и зборови, препознавањето на момчето по големиот фалус, направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка, односно упатување и припремање на невестата за идниот брачен и сексуален живот.

Тука се и музичките реквизити, односно музичките инструменти, гитарата, армониката, дајрето, кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки ги носи, на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба и расположение.

Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија, односно една посовремена, модерна димензија, со некои влијаниа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер, добива една друга посовремена конотација, меѓутоа тардиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува.

Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмот, иронијата, сатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани, кои се исто познати и како големи љубовџии, а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат, односно се вклучени сите структури, социјална, старосна и полова структура на учесниците. Маските се по избор на самите учесници. Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање, додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група.Маските ги изработуваат самите учесници и многу ретко се појавуваат готови фабрички маски. Спремањето односно изработката започнува многу порано, обично 2-3 месеци, па и повеќе пред самиот карневал. Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Во овие денови целиот град живее со и за карневалот. Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот, како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови во Републиката, па и од странство, кои ја гледаат оваа многу атрактивна и прекрасна традиција Така бројот на учесниците во карневалот, како и посетителите од година во година почна енормно да се зголемува.

Како што споменавм порано, времето на одржување на карневалот е во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост.

Тримерите по своето првобитно значење и форма се еден мошне стар христијански обичај, кој води потекло од многу одамна т.е од почетокот на христијанската вера. Самото име потекнува од грчките зборови tris meres во превод – три дена и е со значење тридневен пост. Тие се сместени во првата недела од Велигденскиот пост, наречена првопосна или Тодорова недела и претставуваат една построга односно најстара форма на постење, бидејки за овие три дена додека е пости, оние што почнале да постат не смеат ништо ниту да јадат ниту да пијат. Тримерите се всушност, почеток на големиот Велигденски пост, кој трае седум, односно со таканаречената сирна недела осум седмици. Тие почнуваат од Поклади односно Прочка, која секогаш паѓа в недела и траат до среда, што значи дека го менуваат датумот во зависност од тоа кога паѓа Велигден, но остануваат истите денови понеделник, вторник и среда.Најчесто овие пости ги постеле верените, армасаните девојки и девојки пред мажење или немажените девојки, момите. Обично по повеќе девојки се собирале да постат заедно во куќата на армасаната. Најчесто тоа биле другарки на таа верена девојка или девојки поканети од машката страна, кои тука заедно спијат и престојуваат додека трае постот. Останатите членови од фамилијата или гости кои доаѓаат во куќата каде што тие престојуваат строго избегнувале пред тримерџиките да пијат вода или да јадат, па дури и да зборуваат за јадење и пиење, бидејки го сметале тоа за голем грев.Исто така било грев некоја која почнала да пости да се откаже и почне да си апнува како што вели народот. Обичај било некоја девојка која ќе започне да тримерува, да тримерува три до пет години по ред.

Тие што ги издржале тримерите одат в среда рано изутрина во црква за да примат од попот ајазмо односно крстена вода од Водици и нафора.По земањето на ајазмото тие веќе можеле да пијат и да јадат секакви јадења, но пак посни и тој ден тие се поштедени од секаква работа. На армасаните девојки кои го издржале постот, свакрвите како еден вид понуда, награда за тој голем успех им донесувале синии со разни посни јадења, обичај кој знаеме и ден денес се одржува.Денес веќе овој тримерски пост многу ретко се пости.

Тримерите ја изгубиле својата првобитна односно изворна форма и значење, но тие како обичај во Струмица се уште се одржуваат и егзистираат со сите церемонии кои го придружуваат тој обичај. Целиот тој тримерски церемонијал или уште како што уште се нарекува празник на армасаните се одвива во куќата на невестата, во среда и тој ден го прославуваат исклучиво жени, кои одат на ручек кај верената. Гостите што ги кани свакрвата одат групно, односно се собираат прво кај свакрвата и од тука сите одат на ручек кај снаата. Секој што оди на ручек носи и подарок на невестата. На ручекот обично се собираат педесетина жени, но некаде таа бојка може да биде 150 па дури и 200 жени, бидејки од порано само свекрвата носела гости, додека денес и мајката на верената носи свои гости.

Ручекот е некаде по 12 часот и за таа пригода се готват специјално посни јадења и тоа, сарма од кисела зелка без месо со ореви, посен бел грав, варена пченка со ореви, а како десерт се служи зерде (сутлијаш без млеко со вода ), бела алва, овошје, локум и компот или ошав од црни сливи и суво грозје, додека наместо леб се кршат и се служат погачи, односно чуреци, месени со квас од наут т.н наутлии погачи кои што ги меси момата. За пиење се служи исклучиво боза која ја носи свакрвата, обично во ѓумови. Ручекот поминува во доста весело расположение, и бидејќи тука се собрани само жени, се прават разни безобразни муабети и се пеат разни песни со еротска содржина.

   
Празнување на Тримерите на Цареви кули 1937 година             Карневал 1963 година

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:53

Програмата за Струмички Карневал 2014

Оваа година Струмичкиот карневал официјално започнува на 27 февруари (четврток) со концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ во Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток во 20 часот. Наредниот ден (петок) ќе се случи свеченото отворање на карневалот со максенбал и со избор на принц и принцеза на карневалот со почеток од 21 часот.

Во сабота, на први март ќе биде главната карневалска вечер и веќе традиционалната карневалска поворка која ќе парадира преку Булеварот Маршал Тито, ул. „Ленинова“ , ул. „Благој Мучето“ и плоштадот „Гоце Делчев“. Карневалската забава ќе трае цела вечер. 

Во недела е традиционалниот детски карневал по повод „Прочка“. Парадата ќе биде на  улицата „Благој Мучето“ и плоштадот „Гоце Делчев“ со почеток во 11 часот. Во понеделник програмата продолжува според традициите на чист понеделник и варење на бел грав и организиран ручек на отворено со почеток во 13 часот. Како што беше најавено на овој ден ќе се одржи и изложбата на карикатури посветени на карневалот и доделувањето на наградите во Центарот за култура од 19:30 часот.

Во вторник од 19 часот ќе се одржи традиционалното „карневалско корзо“ со посета на домовите на армасаните девојки. Во среда завршуваат карневалските денови со одбележување на тримерските обичаи и настапот на„Распеани струмичани“.





Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:35

На „Струмичкиот карневал 2014“ ќе има над 2.500 маски

Ќе оди ли некој за Струмица на карневалот? плачење




Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:36
Јас























































не одам голема насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:37

плазење злонамерно

А си бил ли некогаш?

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:37
Никогаш,али планирам.....некогашсреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:38
Супер го преместија за викенд ама обврски чекаат тука нема мрдање
А сакааааам
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:38

Па ти не си свесен каква забава пропушташ! изненадување
Да одиш обавезно, тоа е лудница таму до рани зори.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:54
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Па ти не си свесен каква забава пропушташ! изненадување
Да одиш обавезно, тоа е лудница таму до рани зори.

 

Има ли допирни точки со прилепскиот пивофест или не ? Оти лудница е Цеца да ти пее : Заборави , заборави када сам те некад вољела лудо 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 12:02

Не сум била на Пиво фест, ама струмичкиот карневал е нешто лудо и незаборавно.
Кој бил знае.
Кој не бил - не знае што пропушта.да

До сабајле се шета низ градот под маски, луѓе има не само од цела Македонија туку и од околните земји.
Барови, кафеани, дискотеки, се тоа работи до сабајле... лудница...
мечтаење


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 12:10
И обавезно мора да си со маска ?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 13:11

Не мора, секако.
Маските не се задолжителни, но поубаво е кога си со маска и позабавно.забава

Не мора ни маска, доволно е некој детал, малку шминка, нешто исцртано на лицето... било што...
Кој како сака така се шета.
На карневалската вечер се е дозволено.голема насмевка



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.