|
Бројаницата е молитвен меч против злото |
Внеси реплика |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Февруари.2014 во 20:18 |
Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол. Според преданието, ѓаволот не може да ја расплете бројаницата направена со по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот... Господи Исусе Христе, сине божји, помилуј ме грешниот! Собирајќи ги мислите од лутање, со тивок шепот, верниците ја повторуваат оваа Исусова молитва, допирајќи го посебно секое топче од бројаницата. Велат дека целта на молитвата е да го соедини човекот со Бог и да го исполни неговото срце со светлината на божествената благодат. Вака теолозите го објаснуваат значењето на молитвата со бројаница, која многумина ја сметаат само за украс на раката, без да го знаат нејзиното суштинско значење. Интересна е, пак, појавата на оние што се декларираат како атеисти, а носат накит со верски симболи, како што се синџирчињата и алките со бројаници. Инаку, бројаницата се смета за еден од најстарите начини на молитва, која особено ја негуваат православните монаси, а со која се брои изговорената молитва, а секој јазол од бројаницата означува едно кажување на молитвата. - Бројаницата е молитвено оружје на монасите, монахињите и на сите христијани. По замонашувањето секој монах добива бројаница од својот духовен отец. Таа е молитвен меч за прогонување нечисти сили – напишал теологот Ратомир Гроздановски, професорот на Богословскиот факултет на својата интернет-страница. Освен молитвите што се наоѓаат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, црквата ги благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат. Сметаат дека токму бројаницата може да им помогне во тоа. Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол. - Бројаниците најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец, поради црната боја, која се смета за симбол на покајанието. Но можат да се најдат и во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли, што ги симболизираат годините на Исус. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1.000 јазли – објаснува свештеник од скопската епархија. Според преданието, свештениците раскажуваат дека околу четвртиот век по Христа, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да ги одбројува своите молитви. Демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Еднаш му се јавил ангел господов и го научил да плете јазли, кои се состоеле од по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот. Се смета дека така направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете. Теологот Гроздановски истакна дека е добро молитвата да се кажува редовно, во одредено време на денот, односно наутро и навечер. Тоа помага умот полесно и побрзо да се концентрира на зборовите од молитвата. Верниците можат да се молат секогаш и насекаде, а тоа да не го знае никој друг, освен Господ, кому и му е посветена молитвата. Молитвата, според Гроздановски, треба да се извршува во покајание и смирение.... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бројаницата не е христијанска инвенција, туку постои многу одамна, а таа е симбол на каузалноста на нештата во светот и нивно постојано (непрекинато) движење без почеток и крај. Во источните цивилизации се користи за смирување на умот со повторување мантра (како и христијанската молитва). Трикот во тоа е со едноличноста на повторувањето да се потиснат другите мисли (оние од кои сакаме да се дистанцираме) и во моментот кога монотоното повторување ќе стане единственото нешто што постои во нашиот ум одеднаш да се отфрли и тоа со прекинување на броењето и повторување на мантрата. Во тој миг човек останува потполно чист, отворен и рецептивен во СЕГАШНОСТА, оноа што Е, неконтаминирано од умот (контролиран од Егото - на арамејски кажано , јазикот на кој говорел Исус, "Ѓаволот"). Тоа е процепот меѓу мислите кое директно поврзува во Еднобитието (верски кажано -Бога). |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ukazhuva na mokjta - Ovde i Sega (shto i da se sluchuva "nadvor")
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
,,,,brojanicata,,,mha,,,,a shopraime ako e polna so ego ,,,,,,,odnimi nisho,,,tiki mora da bidat blagosiljani,,,nekade od drug svet,,,inaku nashiov tuka epten rasipan ,,, pa se chudam koja budala ,bi doshla od drug svet vo ovoj svet,,a inaku brojanicite,,,e tie kilibarnite imaat navistina mok ,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
pajsi chedo bozhje milo vo sega i ovde nema ego
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
,,,zheno bozhja,,,,,,ccccc,,,,vo egoto go ima toa sega i ovde,,,,,,, |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a ne!!! vo egoto go ima samo vchera i utre...
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,epa da de ,,,vo toa vchera i utre e sodrzhano toa denes,,i zatoa ako denes se zavrtat brojanicite ke fatat maja,,inaku ke mora da se pocheka,,do pominalo dojdelo,,, |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
znachi vaka, nepobiten fakt!- ne prazna filozofija
postoi samo sega a brojanicata postojano podsetuva ........ Изменето од viktorija123 - 25.Февруари.2014 во 15:32 |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,eeeeeeee,,,dobro de ne se izleguva na kraj so zenckiov rod,,,,,aj ke me podsetuva,,,,,ama mora da se ojt,,, |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу пати сум гледала луѓе како држат бројаница во рака
ама не сум знаела дека додека ја 'вртат' кажуваат молитва.... се сум си мислела дека тоа го прават онака од ... досада....
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги има и такви. Ако забележиш ќе видиш дека многумина вртат броеница и истовремено си прават муабет. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja sum od ovie ... edno vreme si vrtev broenica za da se relaxiram......
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |