IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 110111112113114 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2014 во 12:46

Денот на вљубените според хороскопот: Рибите посакуваат филмско сценарио, а Скорпиите очекуваат добар секс


За романтиката на Денот на вљубените најмногу се радуваат водените знаци. Додека, земјените најмногу се радуваат на подароците и вечерата. Огнените знаци, пак, гледаат што може да искористат по тој повод. Воздушните знаци не му придаваат големо значење.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-01

Овенот посакува внимание

Темпераментните припадници на овој знак сакаат големи и екстравагантни докази за љубов, па Денот на вљубените им изгледа како вистинска прилика за тоа. Со оглед на тоа што и самите ќе се потрудат, истото го очекуваат и од партнерот кој ќе има проблем ако не допринесе за идилична љубовна атмосфера.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-1


Бикот го смета Св. Валентин за уживање

Со оглед на тоа што Денот на вљубените подразбира вкусна романтична вечера, припадниците на овој знак токму тоа го очекуваат. Не патат за големи демонстрации на љубов или филмски сценарија, туку Св. Валентин го гледаат како можност за хедонистичко уживање со партнерот.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-2


Близнаците не сакаат типичен Ден на вљубените

Припадниците на овој воздушен знак не се поборници за романтика, а Св. Валентин не им претставува нешто големо. Едно поинакво излегување кај нив е секогаш добредојден план, па така и овој ден. Но, не сакаат типично сценарио со ружи и свеќи. Нема премногу да драматизираат ниту ако не добијат подарок.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-3


Ракот го обожава Денот на вљубените

Припадниците на овој знак едвај го чекаат Денот на вљубените, под услов да се заљубени и да имаат со кого да го слават. Од партнерот најмногу очекуваат да ужива со нив и да се препушти на романтиката. Нивната идеална романтична вечер почнува со вечера, а завршува како во филм, со водење љубов и нежни зборови.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-4


Лавот не му придава значење на Св. Валентин

Личностите родени во знакот на Лав не се имуни на романтиката, но повеќе би сакале секојдневно да уживаат во неа, а не поради комерцијализација само на овој ден. Со оглед на тоа што сакаат подароци, нема да се бунат против нив, но нема ниту предвреме да ги очекуваат. За нив идеално поминување на овој ден е со добар филм во прегратка на саканиот.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-5


Девицата очекува романтика колку да си помине на редот

Припадниците на овој приземјен и аналитичен знак не се претерано романтични и повеќе сакаат конкретни убави дела, отколку подароци и само зборови. Ако не им честитате или не им дадете ништо за Денот на вљубените сепак ќе се чувствуваат повредено, бидејќи таков е редот. Во пораката која сте им ја напишале, ќе бараат грешки, но сепак ќе им измамите насмевка на лицето.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-6


Вагата сака посебни прилики

Припадниците на овој знак ја сакаат секоја прилика во која можат убаво да се облечат, да посетат некој отмен ресторан и да уживаат со одлично вино. Тие не очекуваат толку романтика, колку целокупно доживување на уживањето. Ако ништо од тоа не организирате ќе ги разочарате и ќе сметаат дека не сте доволно емотивни, иако и самите тие не се нешто подобри и поромантични.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-7


Скорпиите на Денот на вљубените очекуваат добар секс

За припадниците на овој знак прославата на Денот на вљубените е асоцијација за добар секс. Секси долна облека, смислено сценарио и ноќ посветена на партнерот за нив е врв на романтиката, а приликата како Св. Валентин за тоа одлично им служи. Не очекуваат скапи подароци бидејќи повеќе од тоа ги радува еротската масажа.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-8


Стрелецот вистински го сака Св. Валентин

Иако не гледаат на Денот на вљубените како симбол за љубовта, припадниците на овој знак со задоволство би се препуштиле на романтиката. Изненадувањата може да ги освојат, особено ако се работи за нови работи кои немале прилика претходно да ги пробаат или имаат. Не се чудете ако претходно зборуваат дека ништо не сакаат за Св. Валентин, тие само сакаат да остават впечаток на разумност.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-9


Јарецот повеќе сака допири отколку убави зборови

Како и Девицата и Јарците си поминуваат на редот за Денот на вљубените. Но, ако партнерот ги заборави, тогаш би се налутиле. Не сакаат ниту да добиваат, ниту да даваат скапи подароци. Подобро би ја поминале цела вечер во разговор, прегратки и добар секс. Допирите им значат повеќе од комплиментите, бидејќи тоа е нивниот начин на искажување емоции.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-10


Водолиите го сметаат Св. Валентин за глупост

Припадниците на овој знак дефинитивно се најголем противник на комерцијализацијата на Денот на вљубените. Не сакаат ништо да се очекува од нив, без разлика дали е цвеќе или романтична порака. Ако се тазе заљубени можеби и би посакале да го прослават, но немаат идеја како тоа да го изведат.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-11


Рибите сакаат филмско сценарио

Св. Валентин е ден за остварување на сите љубовни соништа за романтичните Риби. Со оглед на тоа што премногу вложуваат во емотивниот однос и нивните очекувања се големи. Сонуваат за патување, романтична вечера или танц на зајдисонце. Ако нивниот партнер не го сака истото ќе бидат тажни и разочарани и ќе мислат дека не ги сака доволно.

sv-valentin-spored-horoskopot-ribite-o-ekuvaat-filmsko-scenario-a-skorpiite-ocekuvaat-dobar-seks-12

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 15:14

Влијанието на планетите е различно врз здравјето на секој хороскопски знак поединечно. Ракот има големи проблеми со варењето, Водолиите со срцето, а Биковите патат од болки во ушите.

od-kakvi-bolki-strada-sekoj-horoskopski-znak-01

Во продолжение откријте ја вашата слаба точка според хороскопскиот знак.

Овенот пати од главоболка
Овенот е склон кон размислување и претерани анализи, па заради тоа најчесто го мачат болести врзани за главата. Најчесто има проблем со силни главоболки, поретко му се јавуваат болки во забите, но затоа никогаш нема да пати од црвенила или осипи на кожата.

Ушите се болна точка за Бикот
Бикот најчесто заболува од воспаленија на грлото и има проблеми со вкочанетоста во вратот. Воспаленијата и инфекциите во ушите се нешто од што најмногу треба да се чува.

Близнаците имаат чувствителни дишни патишта
Близнаците се секогаш во движење, па не е ни чудо што се жртви на воспаленија на мускулите и тетивите. Доста проблеми имаат и со хроничната кашлица, чести настинки, бронхитис и болки во рамениците.

Раковите имаат проблеми со варењето
Емотивниот Рак е доста чувствителен како на своите, така и на туѓите проблеми, па можеби затоа секогаш пати од болки во желудникот и стомакот. Неговата лутина и тага е тесно поврзана со варењето на храната во желудникот, па секој стрес влијае негативно на нивното варење.

Лавот мора да внимава на срцето
На Лавот најголем проблем му задава срцето и циркулацијата проследена со болки во грбот. Заради тоа овој хороскопски знак мора да внимава на холестеролот, да избегнува масна храна и да зајакнува со кардио вежби.

Девицата ја мачат алергии и чирови
Исто како и кај Близнаците, така и Девиците имаат проблем со варењето на храната. Токму затоа тие најчесто страдаат од чирови на желудникот, алергии на храна, болка и мачнини во стомакот.

od-kakvi-bolki-strada-sekoj-horoskopski-znak-1

Вагата има слаб мочен меур
Припадниците на овој знак се склони кон неумерено јадење и пиење, па затоа често ги мачи мокрењето, каменчиња во бубрезите и неправилна работа на бубрезите која често пати може да предизвика анемија.

Скорпијата се бори со инфекции и дијабетес
Негативните емоции и песимизмот кој е карактеристичен за Скорпиите може значајно да влијаат на нивното здравје, особено на работата на мочниот меур и бубрезите. Припадниците на овој знак често пати се во силна борба со инфекции и дијабетес, а женските Скорпии имаат и болни менструални циклуси.

Стрелците имаат проблем со црниот дроб и ‘рбетот
Јупитер кој доминира во знакот на Стрелецот ги контролира колковите, бедрата, ‘рбетот и црниот дроб, па заради тоа овој хороскопски знак е склон кон широк спектар на болести. Од реума, артритис, па сè до проблеми со излачувањето. Заради осетливиот црн дроб им се препорачува да избегнуваат големи количества на алкохол.

Јарецот би требало да внимава на коските
Упорниот Јарец секогаш води војна со слабите коски, болките во колениците, забите и зглобовите. Припадниците на овој знак најчесто заболуваат од артритис и остеопороза, а истегнувањата се нивно секојдневие.

Водолијата ја мачи срцето
Брзите Водолии никогаш немаат време за одмор што негативно влијае на здравјето. Исто како и Јарците, припадниците на овој знак се склони кон артритис, но и имаат големи проблеми со срцето, проширените вени, астма и алергии.

Рибите имаат слаб имунитет и болки во нозете
Кога чувствителните Риби им се препуштаат на емоциите, најчесто страда нивниот имунитет. Што полошо се чувствуваат, толку повеќе имунитетот и јачината им опаѓа, а најчесто се жртви на болки во нозете и областа на очите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 17:26
Јас...
у хороскоп...
не веруем...

ама у човечка глупост...
да...изненадување
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:33

Лекување според хороскопскиот знак

Лекување според хороскопскиот знак

Астрологијата отсекогаш била поврзана со здравјето. Луѓето без разлика дали веруваат или не во астрололозите и астролошките предвидувања и совети, скоро секогаш сакаат да прочитаат нешто за својот хороскопски знак, каква љубов и какво здравје ги очекува.

Овен

Според астролозите, со овните управува планетата Марс, па доколку не се движите редовно и имате намалена физичка активност подложни сте кон алергии, воспаленија на очите и главоболки. Физичката активност е особено важна за вас, па така за овните според астролозите најдобро е лекувањето со физиотерапија и кинезитерапија, а освен тоа бакарот и железото се олигоелементи кои се секогаш им се потреби на овните.

Бик

Бикот обично е смирен и стрплив, но ова се пренесува на неговиот биоритам. Планетата која раководи со вас, Венера, владее со бојата и со звукот, па затоа според астролозите најдобра терапија за припадниците на овој хороскопски знак е хромотерапијата и музикотерапијата. Терапијата со бои и музика одлично ги стимулира вашите жлезди и го одржува организмот.

Близнаци

Навистина сте подложни на нервози и стресови. Со вашиот хороскопски знак управува планетата Меркур и затоа вие повеќе размислувате со главата отколку со срцето. Вие сте подложни кон многу заболувања и проблеми со срцето и дишењето поради секојдневниот стрес, па затоа макробиотиката е вашата најправилна терапија односно превентива. Само со елементи кои се од природно потекло и не претрпеле преработка ќе спречите појава на опасни хронични заболувања.

Рак

Ракот е специфичен хороскопски знак. Луѓето родени во овој знак се предводени од месечината. Според астролозите, хомеопатијата е нивна најделотворна терапија. Со овој вид на терапија луѓето ја лекуваат нарушената енергија на создадената болест, па така на ефикасен начин доаѓаат до излекување.

Лав

Со вашиот хороскопски знак владее Сонцето. Вие не сакате да се лекувате, воопшто не сакате да одите на лекар, не сакате да пиете таблети, но затоа сте многу склони кон топлина. Затоа на лавот совршено му одговара термотерапијата. Со термотерапија, која вклучува топла вода, разни купки, или било каква терапија која вклучува топлина лавовите ја црпат силата и многу лесно ја излекуваат болеста.

Девица

Интересен хороскопски знак отпорен на хируршки интервенции или барем така велат астролозите. Овие хороскопски знаци најдобро се лекуваат со фитотерапија. Лековитите растенија одлично влијаат на нив, а според астролозите девицата е хороскопски знак кој може да го исцрпи максималното корисно од лековитите билки.

Вага

На овој знак одговараат многу терапии. Со овој знак владее планетата Венера и затоа според астролозите најповолно за вагата е ароматерапијата. Мирисите имаат посебна моќ кај припадниците на овој хороскопски знак и со ароматерапија тие многу лесно се исправаат на нозе. Но, поради дејството на Сатурн во вашиот знак вие можете лесно да ја прифатите и металотерапијата и кристалотерапијата.

Шкорпија

Владетел со вашиот знак е планетата Плутон, уште позната и како планета на регенерацијата и затоа вие лесно се опоравувате од болестите. Не се плашите да примате никаква терапија, па дури и да се работи за хируршки третман вие тоа ладнокрвно го прифаќате. Вашиот живот е навистина остар и бара острина, па затоа според астролозите најприменлива на вас е акупунктурата.

Стрелец

Овој хороскопски знак често има проблеми со некој орган и некоја функција. Кентаурот е симбол на знакот, што значи знаење, па според астролозите на стрелците најмногу им одговара астролошката медицина, која укажува кога односно во кој период каква терапија да се спроведе, но исто така и хомеопатските лекови се делотворни но треба да се знае за секој лек кога точно да се употреби.

Јарец

Сатурн е ваша планета и таа управува со вашиот локомоторен систем. Затоа на вас дефинитивно најмногу ќе ви одговара хиротерапија, металотерапија и кристалотерапија. Според  астролозите, оваа терапија која одлично влијае на коските, мускулите како и зглобовите е одличен начин за ослободување од болести на овој хороскопски знак. Оваа терапија ги штити јарците и од други заболувања како и заболувања на половиот систем кон кој се склони.

Водолија

Благодарејќи на вашата планета Уран, вие едноставно владеете со чувствата, па вас ориенталната медицина најмногу ви одговара. Медитација и јога се одличен избор за вас. Освен нив, кај водолијата одлично делуваат и лековитите растенија, а се препорачува честа употреба на ѓумбирот.

Риби

Навистина сте многу нежни. Најнежен и најчувствителен знак. Тешко се лекувате, не сакате агресивност и многу сте склони кон нервози. Ова се должи на вашата планета Нептун. Затоа пранотерапијата најмногу ви одговара. Вие ја сакате биоенергијата, односно некој што ќе ја стави раката на вас и ќе ве лекува со неговата енергија. Вие не сакате да се замарате со инвазивни медицински методи за кои воопшто не сакате да слушнете.

Како и во секој друг хороскоп и во здравствениот се она што го напишавме сфатете го ориентационо и како забава и никогаш буквално, а горенаведените алтернативни медицински решенија се наменети само како превентива, никако како замена за стандардна терапија или стандарден лекарски или специјалистички преглед!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 23:23

Музикотерапија, шуќур да ми погодат нешто.задоволство
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:23

Кога станува збор за љубовта и емоциите, најпрво ви текнува на емотивните Ракови, а на крај на оваа листа, по некое непишано правило, секогаш се наоѓаат егоцентричните Лавови. Но, реалноста е малку поразлична.

koi-se-pette-horoskopski-znaci-koi-najlesno-se-vljubuvaat-01

Листата на петте најлесно заљубливи хороскопски знаци е следнава:

Број 1: Стрелец - Можеби се спонтани и индивидуалци, но ги сакаат долгите врски кои ги подигнуваат до небо. За момент, сакаат да побегнат од реалноста и да отпатуваат на некоја романтична дестинација. Вечно сонуваат по личност која ќе ги заведе и ќе ги заинтересира до крајот на животот.

Број 2: Бик - Обожава долги врски, но сака да влегува во кавги за работите во кои е цврсто уверен. Романтичен е и грижлив. Сè ќе даде само за да го задржи вниманието на саканата личност. Сака забава и авантури, но подготвен е да се „жртвува“ за љубовта на својот живот.

Број 3: Водолија - Можеби се ексцентрични, но се почувствителни отколку што сите мислат. Под креативниот оклоп се кријат личности кои сакаат да бидат сакани, чувани и разгалени. Колку и да звучи контрадикторно, Водолиите сакаат мирна врска.

Број 4: Рак - Зачудувачки, но Ракот не е првиот на оваа листа. Сепак, одлично се бакнува, добро изгледа и е една од најгрижливите личности во хороскопскиот знак. Сексот е нивно емотивно поврзување, а доколку стигнете до тој чекор со некој Рак - нема назад.

Број 5: Лав - Уште еден знак кој се очекуваше да биде на 12то место, под сите, но и Лавовите знаат безусловно да сакаат. Страстен знак кој ужива во освојувањето, шармирањето и заљубувањето, само ретко кога признава. Ако не сте подготвени за врска, во никој случај не си поигрувајте со срцето на Лавот, затоа што тоа е покревко од што мислите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 11:53
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 15:11
Како се снаоѓате во љубовните авантури?

Љубовните авантури не се карактеристични за сите луѓе, затоа што некои и не се снаоѓаат најдобро со нив.

Овен 
Вие сте лесен плен за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротскиот повик за авантура. Приликите за флерт се достапни од сите страни, на пример тоа може да биде слаткиот колега или згодниот сосед. Грижата на совеста поради постојаниот партнер ја чувствувате дури кога ќе заврши авантурата.

Бик 
Иако вие сте тврдина која е тешка за освојување, оној што добро ќе се помачи околу вас, може да ве заведе. Шансите му се зголемуваат ако е упорен, нежен и ве опсипува со подароци, чоколади и цвеќе, и ако е крај вас кога ви треба поддршка. Ако со часови ве гали и бакнува, нема толку да мислите на постојаниот партнер.

Близнаци 
Вас е лесно да ве заведат, тоа вие секогаш го посакувате, затоа што без флерт и авантура животот не ви е доволно интересен.Дури и тогаш кога ќе се заколнете на верност кон партнерот, големи се шансите да паднете на нечиј шарм.

Рак 
Иако сте посветени, копнеете за авантура и грев, особено ако партнерот постојано ве запоставува. Тивка музика, опуштена атмосфера, искусен додворувач кој ништо не препушта на случајот, ве влечат во авантура. За секој случај, останете во контакт со освојувачот или фаталниот заводник.

Лав 
Иако сте многу темпераментни, не скршнувате туку-така од вистинскиот пат. За да ве освои некој, мора да ви пружи многу повеќе од постојаниот партнер, затоа што за „кралицата“ треба доста да се потруди. Дури кога ќе се уверите дека „жртвата е принесена“, додворувачот може да се надева на еротски состанок со вас.

Девица 
Ви сте тврд орев кој не е лесно да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност спречува да влетате во непромислена авантура. Но и тој ваш „стегнат“ ерос еднаш може да попушти, и вие тогаш се препуштате на уживањето.. можеби со оној шарматен насмеан колега од работа.

Вага 
Сакате долго да ве освојуваат и шармираат. Сепак на шармантен џентлмен со убави манири, тешко дека ќе одолеете. Ако е дискретен и страстен, роден е за романса со вас. Иако уживате во целата игра на заведување и предавање, постојаниот партнер не го испуштајте од вид, а ни од рака.

Шкорпија 
Вие секогаш, па и во љубовта играте на сѐ или ништо, и сакате кога некој се бори за вас. Одолевате дури и на долготрајно додворување на згодниот фраер кој секогаш ве голта со поглед. Ако барем малку се посомневате во верноста на партнерот, без грижа на совеста, се препуштате на тој што е ваша тајна еротска опсесија.

Стрелец 
Како што рибата не може без вода, така и вие не можете без слобода, особено кога сте зафатени. Вашиот огнен темперамент и топлата еротска природа, кај многумина будат желба да ви се приближат. Уживате во флерт и авантури, кога додворувачите се трудат околу вас, или кога колегата јасно ви става до знаење дека ве сака.

Јарец 
Склони сте кон авантури, но ви мислите. Сепак, вашите соништа некогаш и се остваруваат. Оној што ќе успее да ве фасцинира со професионалните успеси и друштвениот статус, има шанси и да ве освои. Но, тоа не е доволно. Повеќе од романса посакувате сродна душа.

Водолија 
Вие најчесто „паѓате“ на прв впечаток и физички изглед. Незадолжителна авантура ве привлекува, така што секогаш го задржувате она што ви е најважно, а тоа е личната слобода. Понекогаш ви е доволна и пријателска насмевка и зборување на заеднички теми, па обичниот флерт прераснува во нешто друго.

Риби 
Вие не можете да живеете без љубов. Авантурите за вас се само бегство од суровиот свет кој ве плаши. Вашиот топол, искрен пристап и искрите во вашите очи можат да го распалат еротскиот жар кај повеќето додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, кому никогаш не му е доста од нежности и љубов.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 20:22
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 23:52

Високо котирам на топ-листата смешен
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 15:43
Овен (21. III – 19. IV)

Општи карактеристики за овен

Овенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели.

Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба.

Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието.

Во љубовните односи сте многу романтични. Умеете да уживате во секоја минута, страсни сте и никогаш не го разочарувате партнерот. Страв ви е од досадата и спремни сте да го оставите вашиот партнер, ако страста во вашата врска исчезне.

Како огнен знак вие сакате да одговарате на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Најголемата ваша слабост е што многу често се откажувате пред самиот крај, особено кога сте избрзале и не сте размислиле пред да започнете.

Секогаш кога не можете да ги контролирате работите и вашиот живот станувате неподносливи. Понекогаш по малку се однесувате „шефовски“, особено кога работите не се одвиваат по ваша волја. Но, дозволете од време на време и некој друг да ја преземе водечката функција, во спротивно се оддалечувате од потенцијалните сојузници. Фокусирајте ја вашата натпреварувачка енергија кон цел достојна за еден лидер, делегирајте задачи на вашата војска и брзо ќе го достигнете врвот.

Симбол:
Овен

Симболизира:
Почеток, авторитет, насилство, амбиција, сексуална енергија, импулсивност, младост, мажественост.

Елемент:
Оган

Планета:
Марс - планетата на војната и енергијата.

Ден од седмицата:
Вторник

Боја:
Црвена

Број:
1, 7 и 9.

Скапоцени камења:
Рубин, дијамант, гранат, аметист.

Најдобри професии:
Војници, управници на фирми, лидери, спортисти, месари, инженери, производители на оружје, натпреварувачи со автомобили и сè што е поврзано со ризик и предизвици.

За да се спријателите со нив:
Не им се спротивставувајте. Пробајте да го следите нивниот ритам!

Дел од телото:
Глава, лице, горните заби.

Добри карактеристики:
Енергични и динамични, борбени, страсни, ентузијасти, оригинални, охрабрувачки и херојски настроени, незапирливи, посветени, грижливи, реагираат брзо, веруваат во своите способности и не се плашат од бариерите, имаат голема самодоверба и самодисциплина.

Лоши карактеристики:
Горди, егоцентрични, импулсивни, тврдоглави, невнимателни, љубоморни, непостојани, нетолерантни, агресивни, им недостигаат дипломатски способности.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Високо чело; агресивно поведение.

Омилени работи:
Видео игри, нова облека, патувања во брзи коли, логички игри, да им се обрнува внимание, да разговараат.

Работи кои ги мразат:
Зборот „не“, да делат работи со некој друг, да бидат игнорирани, тесни места, да губат.

Можете да ги најдете:
Обидувајќи се да победат на „Music idol“; работејќи напорно за црн појас; пишувајќи и продуцирајќи соло албум.

Скриена желба:
Да бидат број еден!



Изменето од Kastro - 15.Март.2014 во 15:45
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 15:45

Бик (20. IV – 20. V)

Општи карактеристики за бик

Чувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто - сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат.

Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини - или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта.

Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите.

Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа.

Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате.

Симбол:
Бик

Симболизира:
Силата на волјата, тврдост, стабилност, издржливост, чувствителност, конкретност, музика.

Елемент:
Земја

Планета:
Венера - планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Зелена и сина.

Број:
2 и 6.

Скапоцени камења:
Аквамарин, смарагд.

Најдобри професии:
Пејачи, музичари, оратори, администратори, сметководители, градинари, еколози, ветеринари, економисти, банкари.

За да се спријателите со нив:
Не се спротивставувајте на нивните идеи! Често канете ги на некое место да јадете заедно.

Дел од телото:
Врат, грло, вилица.

Добри карактеристики:
Трпеливи, практични, внимателни со парите, одговорни, организирани, романтични, внимателни, посветени, грижливи, секогаш подготвени да дадат морална поддршка, добри кулинари.

Лоши карактеристики:
Премногу попустливи, инаетчии, бавни, мрзеливи, тврдоглави, суетни, премногу претпазливи, евтини, завидливи, љубоморни, материјалисти.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Длабоки и сентиментални очи; долг и елегантен врат; карактеристична вилица.

Омилени работи:
Фотографирање, планини, добра музика, добра храна, сатенски чаршафи.

Работи кои ги мразат:
Хотели, утра, валкани работи, да бидат избрзувани, бесцелно трошење пари.

Можете да ги најдете:
Споредувајќи ги цените при купување на луксузни работи; пеејќи во бенд или хор; работејќи три работи едновремено; изложувајќи слики во уметничка галерија.

Скриена желба:
Да го поседуваат најдоброто!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 15:49

Близнаци (21. V – 20. VI)

Општи карактеристики за близнаци

Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од МерК*р, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот.

Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани.

Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи.

Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни.

Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот.

Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време.

Симбол:
Близнаци

Симболизира:
Комуникација, дволичност, трговија, интелектуална дејност, пријатели од детството, кратки патувања, јазици.

Елемент:
Воздух

Планета:
МерК*р – планетата на комуникацијата и интелектот.

Ден од седмицата:
Среда

Боја:
Жолта и небесно сина.

Број:
5

Скапоцени камења:
Опал и ахат.

Најдобри професии:
Преведувачи, писатели, оратори, адвокати, новинари, учители, политичари, трговци, дипломати, шофери, пилоти и секаква професија сврзана со комуникација.

За да се спријателите со нив:
Однесувајте се меко со нив, постојано галете ги и бидете трпеливи! Тие секогаш ќе си останат мали деца.

Дел од телото:
Рамена, раце, дланки.

Добри карактеристики:
Забавни, фасцинантни, оригинални, шармантни, авантуристи, снаодливи, интелигентни, комуникативни, весели, љубопитни, љубезни.

Лоши карактеристики:
Непостојани, често лажат, дволични, депресивни, лесно совладливи, недискретни, неверни, нервни, брбливи.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Палави очи, изразувајќи се со нивните раце.

Омилени работи:
Мобилни телефони, брзи коли, тренди облека, гитари, мрачна музика, книги, клуб за комедија.

Работи кои ги мразат:
Рутина, тишина, луѓе со авторитет.

Можете да ги најдете:
Зад камерата, зад диџејскиот штанд, на двете страни од тимот за дебатирање, разговарајќи.

Скриена желба:
Да имате одговор за сè!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 15:50

Рак (21. VI – 22. VII)

Општи карактеристики за рак

Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.

Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.

Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.

Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.

Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.

Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.

Симбол:
Рак

Симболизира:
Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки.

Елемент:
Вода

Планета:
Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло.

Ден од седмицата:
Понеделник

Боја:
Бела, сива и виолетова.

Број:
2

Скапоцени камења:
Сребро и перли.

Најдобри професии:
Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози.

За да се спријателите со нив:
Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење.

Дел од телото:
Гради, стомак.

Добри карактеристики:
Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни.

Лоши карактеристики:
Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице.

Омилени работи:
Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии.

Работи кои ги мразат:
Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани.

Можете да ги најдете:
Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо.

Скриена желба:
Да се грижат за своето семејство и пријателите!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 110111112113114 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.