|
ИНДИГО деца |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јака работа ова индигово.
Пред некое време гледав на ХТВ1 емисија за индиго децата... Интересно беше што еден човек, кажуваше за случај со малечко девојче кое на своите родители можело да им ја препознае болката, им кажувало за вселената, за Бог, за неговите патувања во претходните животи... Детето имало 5год. Во секој случај интересна работа, има мнооогу да се дискутира за ова, али ја не сум нешто премногу запознаена со темава, па да не тресам зелени, I'm out of here. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Луѓето Индиго.... тие носат исклучително богата душа, суперинтелигентни се, а нивната мисија е да бидат лидери и да им го покажат патот на другите. Се смета дека имаат мистични способности кои често не ги осознаваат и не секогаш успеваат да ги развијат. А знаете ли дека можеби вие сте еден од нив? Еве како ќе препознаете… Се чувствувате различни Како да не сте од овој свет. Не разбирате зошто луѓето размислуваат и се однесуваат на тој начин. Општо кажано, како да не припаѓате тука. И најверојатно е така! Луѓето Индиго имаат одредена мисија која треба да ја реализираат на одредено место. Затоа ќе треба да направите промени. Престанете да контактирате со луѓето кои ви носат немир, бидејќи во спротивно никогаш нема да најдете хармонија. Чувствувате постојан гнев Луѓето Индиго се многу умни и способни. Токму затоа и самодовербата им е многу висока. Тие се дразнат од глупоста и недостатокот на амбиции кај другите. Најмногу се нервираат кога нивните способности не се деоволно оценети. Имајте во предвид дека треба да го совладате тој гнев и да го трансформирате во нешто добро. Вечно сте во опозиција Индигото е постојано против хиерархијата. Не поднесуваат наредби и контрола. Обично стануваат лидери и ги организираат другите за да си ги заштитат правата и интересите. Никој не може да ве излаже Типично за луѓето Индиго е да ја намирисаат лагата од километри. Понекогаш се фаќаат за јадицата поради општествено наментнатите верувања или добрината. Но секогаш еден внатрешен глас им вели дека нешто не е во ред. Тие имаат многу силно развиена интуиција. Вие сте навистина уникатни Чувствувате дека сте различни и специјални. А и другите ви велат дека ретко среќаваат луѓе како вас. Освен тоа имате голема потреба за да ја изразите својата автентичност но ретко среќавате разбирање. Најдобро е да се поврзете со друг Индиго, за да има човек кој ќе ве разбере и со кој ќе споделувате. Многу силни емоции Знаете да сакате толку силно, што понекогаш не знаете што да правите со целата таа љубов. Обично наоѓате објект на кој да ја дадете – човек од семејството, партнер или миленик. Вие сте крајно емотивна личност и ја чувствувате болката и плачот на целиот свет. Имате проблем со сонот Индиго речиси никогаш не си легнуваат рано. Тие размислуваат. Дури и да немаат конкретен проблем, во свеста буквално им лутаат илјадници мисли, идеи, разигуруваат ситуации и евентуални идни настани. Чувствувате дека не сте дошле случајно на овој свет Внатрешно знаете дека не сте случаен човек. Дека имате некаква мисија. Чувствувате дека наблизу е денот кога јасно ќе го видите својот пат. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Такви деца имало секогаш, но модерново "new wave" време одново "ја открива Америка". Што мислите, зошто од пред иљадници години луѓето знаеле за реинкарнација, живеење други животи во минатото, живеење на други енергетски нивоа во Универзумов и т.н. Зошто тоа е вплетено во секојдневниот живот и религии на многу народи во светов? И ако не сте знаеле, тоа беше дел и од христијанското учење до 500 години после Христа кога беше анатемисано на еден Вселенски (како импонзатно звучи тоа ) Собор. Така наречените индиго деца (ама етитикета им залепија ) не почнаа да се раѓаат од вчера и денес, но ние од вчера и денес станавме РЕЦЕПТИВНИ и СВЕСНИ за нештата. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |