|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 9192939495 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС ЌЕ ДОЈДЕ!!!
„Јас сум Бог, и нема друг Бог, никој не ми е сличен! Оној сум, кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам, Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам се што ми е по волја...Слушајте Ме, вие кои ја губите смелоста и кои сте далеку од победата, не е веќе далеку, Моето спасение не ќе се забави. Ќе го ставам спасението на Сион, својата слава во Израел.“ Исаија 46,9-13 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм
105:3 Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа! 106:1 Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е благ! Зашто е вечна Неговата милост! 113:1 Алилуја! Господови слуги фалете Го, фалете Го Господовото Име! 117:1 Фалете Го Господа, сите народи, Славете Го, сите племиња! 135:1 Алилуја! Фалете Го Господовото име, фалете Го, Господови слуги, 135:3 Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило. 147:1 Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба. 148:1 Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 148:2 Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 148:3 Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 148:4 Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 148:7 Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 150:1 Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СПОРЕДБА НА НЕБЕСНОТО ЦАРСТВО СО ДЕСЕТ ДЕВОЈКИ
Матеја 25 1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот. 2 Петте од нив беа неразумни, а петте мудри. 3 Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло; 4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници. 5 Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. 6 А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’ 7 Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки. 8 А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’ 9 Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’ 10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори. 11 А потоа дојдоа и другите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’ 12 Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’ 13 И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Читај ја Библијата со длабока почит, знаејќи дека во секој напишан ред, Бог ти зборува директно тебе.
ПСАЛМ 119:14 Се радувам на патот на Твоите прописи, повеќе отколку на сето богатство. 119:27 Покажи ми го патот со Твоите правила и ќе размислувам за Твоите чудеса. 119:29 Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон. 119:30 Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки. 119:32 Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
МОЌТА НА МОЛИТВАТА
Јаков 5 13 Страда ли некој меѓу вас, нека се моли; весел ли е некој, нека Го фали Бога. 14 Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа, 15 и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени. 16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. 17 Илија беше човек по природа ист како и ние, и се помоли со молитва да нема дожд и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. 18 И пак се помоли, па небото даде дожд, и земјата го произведе својот плод. 19 Браќа мои, ако некој се отклони од вистината, и некој го го поврати, 20 нека знае дека оној, кој ќе го врати грешникот од неговиот заблуден пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие мноштво на гревови. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1 Од каде се војните и од каде се борбите меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите страсни желби, што се борат во вашите членови?
2 Сакате и немате, убивате и завидувате, и не можете да постигнете; се борите и војувате. Немате, зашто не молите. 3 Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби. 4 Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога. 5 Или, мислите ли дека Писмото вели напразно: „До ревност го љуби духот, кој живее во нас?” 6 Но дава поголема благодат. Затоа вели: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.” 7 И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. 8 Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; Исчистете ги рацете, грешници, и очистете ги срцата, луѓе со разделена душа! 9 Бидете нажалени, тагувајте, и заплачете: вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост! 10 Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2 ТИМОТЕЈ2:15
Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Матеја 12 1 Во она време, Исус минуваше низ посевите во сабота; а Неговите ученици огладнеа и почнаа да кинат класје и да јадат. 2 А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: „Гледај, Твоите ученици прават, што не е дозволено да се прави во сабота.” 3 А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него? 4 Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците? 5 Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во сабота во Храмот, ја осквернуваат саботата и не се виновни? 6 Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот. 7 Ако би сте знаеле што значи: ‘Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините. 8 Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС И САМАРЈАНКАТА
Јован 4 5 Исус дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, во близина на земјиштето, што Јаков му го даде на сина си Јосифа; 6 таму беше Јакововиот Извор. А Исус, изморен од патот, седеше така на кладенецот; беше околу шестиот час. 7 Дојде една самарјанка, за да нацрпи вода. Исус и рече: „Дај Ми да пијам!” 8 Зашто учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. 9 Самарјанката Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, Самарјанка, да пиеш?” Имено, Јудејците не општеа со Самарјанците. 10 Исус и одговори и рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.” 11 Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода? 12 Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!” ИСУС Е ЖИВОТВОРНАТА ВОДА 13 Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни. 14 А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.” 15 Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!” 16 Исус и рече: „Оди, повикај го мажа си и врати се тука!” 17 Жената му одговори и рече: „Јас немам маж.” Исус и рече: „Право кажа дека немаш маж; 18 зашто си имала петмина мажи и тој, кого го имаш сега, не ти е маж. Тоа го рече вистинито.” 19 Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк. 20 Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.” 21 Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. 22 Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. 23 Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. 24 Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” 25 Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.” 26 Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.” 27 Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?” 28 Тогаш жената ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето: 29 ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?” 30 Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него. 31 Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!” 32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.” 33 Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?” 34 Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело. 35 Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва! 36 Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37 Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!” 38 Јас ве испратив да жниете, каде што не сте се труделе. Други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд. 39 И мнозина самарјани од градот поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Тој ми кажа сè што сум направила.” 40 Па кога Самарјанците дојдоа при Него, Го замолија да остане кај нив; и остана таму два дена. 41 И уште повеќе од нив поверуваа заради Неговото слово, 42 а на жената и велеа: „Сега не веруваме заради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека Тој е навистина Христос, Спасителот на светот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЕРЕМИЈА 9
23 Господ зборува вака: „Мудрите нека не се фалат со мудроста, ни јунакот нека не се фали со смелоста, ни богатиот нека не се фали со богатството. 24 А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милостта, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,” зборува Господ. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПСАЛМ 4:8
Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИЗВОРОТ НА РАДОСНАТА ВЕСТ
Галатјаните 1 11 Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, 12 бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа. 13 Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував. 14 и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци. 15 А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, 16 да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв, 17 ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск. 18 А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена. 19 А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов. 20 А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам. 21 Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија. 22 А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат, 23 тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нè гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.” 24 И го славеа Бога во мене. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС Е ЛЕБОТ НА ЖИВОТОТ
Јован 6 50 Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него. 51 Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека; а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА УПОРНОСТА ВО МОЛИТВАТА
Лука 18 1 А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. 2 И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. 3 А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4 Тој нејќеше некое време; после си рече во себеси: ‘Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето; 5 ќе и го дадам правото на оваа вдовица, зашто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.’” 6 И Господ рече: „Чујте, што зборува неправедниот судија!” 7 Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 9192939495 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |