IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Беснило
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Беснило

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Беснило
    Испратена: 21.Февруари.2014 во 11:54

 Еве нешто од информативен карактер


Што е беснило?

Беснилото е смртоносно заболување кај животните (цицачите) и човекот предизвикано од вирус кој го напаѓа нервниот систем. Вирусот се наоѓа во плунката на заболените животни и се пренесува на луѓето и животните преку каснување, гребeње или лижење од болно животно. Вирусот го напаѓа нервното ткиво – мозокот и предизвикува симптоми карактеристични за пореметување на нервниот систем. Штом ќе се појават симптомите, болеста завршува фатално и кај животните и кај луѓето, но доколку навремено и соодветно се третира, болеста се спречува со сигурност. Веднаш по контакт со заболено или сомнително животно раната (местото) треба темелно да се измие со големо количество на вода и сапун и да се прими соодветен третман против беснило.

Приближно 55.000 луѓе годишно умираат од беснило ширум светот. Најголем број од овие случаи се во Азија и Африка, а 60% од жртвите се деца до 15 години.


Распространетост

Болеста е широкораспространета во светот. Во Европа главен домаќин и преносител на вирусот на беснило е лисицата. Во Азија, делови од Америка и поголем дел од Африка главен резервоар (домаќин) и преносител на вирусот се кучињата, додека во Америка лилјаците, ракуните, творовите и лисиците.

Во Европа беснилото е присутно во Бугарија, Естонија, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово.

Во Македонија првиот позитивен случај на беснило е регистриран на крајот на јули 2011 година кај лисица во регионот на Велес. Заклучно со април 2012 година регистрирани се вкупно 8 случаи на беснило кај дивите животни (лисици и волци) во околината на Велес, Виница, Кочани, Гевгелија, Македонска Каменица и 1 случај кај домашните животни (мачка) во околината на Радовиш.


За вирусот

Вирусот на беснилото припаѓа на родот Lyssavirus, фамилијата Rhabdoviridae, групата РНК вируси.

Вирусот е во облик на куршум, со должина од околу 180 nm и напречен дијаметар од околу 75 nm. На едниот крај е заоблен или конусен, а на другиот крај е рамен или конкавен. Обвиткан е со липопротеинската обивка на која се наоѓаат израстоци составени од гликопротеин G кој е носител на патогеноста и имуните својства на вирусот.

Процесите на транскрипција и репликација се одвиваат во цитоплазмата на вирусот во т.н. негриеви телца (според Аделчи Негри) чиј дијаметар е 2–10 µm. Нивното присуство во мозокот е типично за инфекција со беснило.

Вирусот не може да опстане во надворешна средина, надвор од телото на домаќинот. Кај угинати животни вирусот може да опстане и до 48 часа. Отпорен е на најголем број средства за дезинфекција, осетлив е на сапун и јодни препарати.


Пренесување

Во Европа главен резервоар (домаќин) и преносител на беснилото е лисицата. Таа го пренесува вирусот на други домашни, диви животни и човекот, освен на птиците.

Беснилото најчесто се пренесува преку кожата со каснување или гре**ње од заболено животно. Болеста може да се пренесе и кога плунката ќе дојде во директен контакт со слузокожа или свежа рана. Во ретки случаи болеста може да се пренесе преку инхалација на аеросол кој го содржи вирусот или при трансплантација на инфициран орган. Не е забележано пренесување од човек на човек. Болеста не се пренесува преку конзумирање на сурово месо или други ткива од заболено животно.





Изменето од evangeline - 21.Февруари.2014 во 11:57
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 11:57

Симптоми (клинички знаци) кај луѓето

Првите симптоми кај луѓето, зголемена телесна температура и болка или вкочанетост на местото на повредата, најчесто се јавуваат за 20-90 дена по изложување на вирусот. Во фазата на размножување на вирусот во мозокот се развива прогресивено воспалување на мозокот (енцефаломиелитис). Кога се работи за фуриозно беснило се јавуваат страв од вода (хидрофобија) и страв од воздух (аерофобија). Смрт настапува за неколку дена заради затајување на кардиореспираторниот систем. Во паралитичката форма на беснило која се јавува во 30% од вкупниот број на случаи клиничката манифестација е помалку драматична, болеста трае подолго, но секогаш завршува со смрт. Оваа форма на беснило често се заменува со други болести.

Во текот на болеста може да се јават следните симптоми кои често се манифестираат и при други состојби и болести:

  • треска, кашлица, болки во стомакот
  • болка, горење, чешање, пецкање или вкочанетост на местото на каснувањето или контакт
  • страв или немир кои постепено се зголемуваат и може да дојде до јака вознемиреност

Во понапредната фаза на болеста се јавуваат следните симптоми:

  • халуцинации
  • бунило
  • страв од вода (хидрофобија) или страв од воздух (аерофобија)
  • грчеви на мускулите на лицето, вратот и/или дијафрагмата
  • парализа
  • јаки осцилации на телесната температура, пулсот и крвниот притисок
  • кома и смрт заради престанок на работата на срцето и дишните органи

Симптоми (клинички знаци) кај животните

Првите симптоми не се специфични и се карактеризираат само со промена во однесувањето, намален апетит, треска и дијареа.

Во понатамошниот тек на болеста се јавуваат следните симптоми:

  • отсуство на страв кај дивите животни, ноќните животни (лисици, волци) талкаат преку ден, не се плашат од луѓето (невообичаена питомост)
  • повлеченост кај домашните животни
  • вознемиреност, плашливост, агресивност, чувствителност на звуци и светлина, нагли промени на расположението и некоординирано движење
  • пореметен апетит (животните јадат предмети коишто не се за јадење)
  • невообичаено лаење и завивање
  • отежнато голтање, прекумерно лигавење, појава на пена на устата
  • некоординирано движење, парализа, кома и смрт
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 11:59
Дијагноза

Точна дијагноза може да се постави само со лабораториско испитување, затоа што симптомите кои ги покажуваат животните и луѓето заболени од беснило се јавуваат и кај други заболувања и состојби.

За таа цел се користат следните дијагностички методи: тест на флуоресцентни антитела (FAT), изолација на вирусот на клеточни култури (RTCIT), полимеразна верижна реакција (PCR).


Превенција кај луѓето

Единствен начин да се спречи појавата на болеста е со примена на навремен и соодветен третман.


Превенција кај животните

Кучињата и мачките задолжително треба превентивно да се вакцинираат секоја година. Се аплицира една доза од вакцината интрамускулно. Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува вакцинација на дивите животни (лисиците) двапати годишно.



Изменето од evangeline - 21.Февруари.2014 во 11:59
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 12:01
Вакцинација 

Домашни животни

Домашни кучиња

Согласно законските одредби сите кучиња и мачки постари од 4 месеци треба редовно да се вакцинираат против беснило, еднаш годишно.

Паралелно со вакцинацијата против беснило, кучињата задолжително треба да бидат и дехелментизирани со средство кое делува против ехинококозата.

Кучиња скитници

Надлежни за вакцинација на кучињата скитници против беснило се општините во Република Македонија и градот Скопје. Кучињата скитници кои се привремено задржани во прифатилиштата задолжително ќе бидат вакцинирани против беснило, дехелментизирани со средство кое делува против ехинококозата, испитани на лајшманиоза и обележани со ушна маркица.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2014 во 09:33
,,,poeke ima besni lugje od besni zhivotinki,,,a i lugjevo spagjale vo grupata na zhivotni,,ama demek pametni ,,,de,,,рамнодушност
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.