IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 13:12
1. Мусака од тиквички
Тиквички се сецкаат на тркалца и се пржат колку да заруменат, се ставаат на салфетки да ја впијат мрснотијата.
Соини трошки се варат да омекнат и се цедат.
Во тавче се пропржува малку млад кромид, се додаваат соините трошки, ориз и зачини по желба (вегета, сол и оригано е мојот избор).
Во ватростално тавче се редат пржените тиквици, се става зајрето и пак се редат тиквици. Се полева со вода исто како мусака.
Се пече додека не испари водичката.
При крај се вади тавата и се прелеваат со посна урда или пак се реди посен кашкавал (а може и двете, тоа по желба).
Се враќа пак во релна и откако ќе зарумени урдата т.е. се стопи кашкавалот се вадат од релна и спремно е за јадење.

*Количината на сите продукти е од во зависност од количината на храна која се подготвува.(пр. 2-3 тиквици, 1 чаша за млеко -ориз, 200 гр. соини трошки-јадење на четворица.)

2. Посни канелони
Спанаќот (400 гр.) се обарува и се пржи во тавче со претходно обарени и сцедени соини трошки (200 гр.). Се додаваат зачини по желба.
Се полнат канелоните (неварени) и се редат во ватростално тавче претходно премачкано се посен маргарин.
Томателото-500 мл. се меша со посна урда-1/2 канче и со добиената смеса се прелеваат канелоните.
Се реди посен кашкавал и се покрива со ал. фолија.
Се пече околу 30-40 мин. со фолија и 10-на мин. без фолија на 180 степени.

Бон апетит :)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 13:13
Посна торта од спанаќ

23лаж. брашно
200г.варен спанаќ
1дл. зејтин
1дл. кисела вода
1дл. пиво
1 прашак за пециво, сол по потреба

Со 20 лаж. брашно помешани со прашокот за пециво, зејтин, кисела вода и пиво се замесува тесто. Потоа се додава ситно сецкан обарен спанаќ и сол по вкус, па со останатите 3 лаж. брашно уште малку се домесува тестото. Во рецептот пишува дека овие состојки се за 3 кори, меѓутоа мене смесата ми се виде ептен малку за толку кори па јас правев една и ја печев во четвртаст плех обложен со хартија за печење. Оладената кора се филува со следниот фил:

200г. посен мајонез
150г. варен ориз
100г. маргарин
4 кисели кратставички
2лаж. сенф
50г. печен сусам (кој се користи за декорација врз филот).
бибер и сол по потреба.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 19:56

САЛАТА ОД ЦВЕКЛО

3-4 варени или печени корени цвекло
1-2 живи моркови

Прелив:
2 лажици таан
1 лажица сенф
Млака превриена вода
Малку сок од лимон
Сол по вкус

Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.

Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 19:56

САЛАТА ОД БОРАНИЈА

200-300 гр. варена боранија или брокула
1-2 варени моркови
Плус варен зеленчук по желба:
Грашок од конзерва или варен
Пченка од конзерва или варена 
Варено папудо или сл.

Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 19:57

САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР

4-5 компира
1 средно голема марула

Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 20:00
МАРИНИРАНА БРОКУЛА
 

1 кг. брокула
5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада:
1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 20:04

БЛАГИ МАКАРОНИ

250-300 гр. макарони
2-3 лажици сечкани ореви
4-5 лажици шеќер
1-2 лажици мед
3-4 лажици кокос
1/2 посно чоколадо за готвење

Макароните се варат на вообичаен начин во вода со малку сол. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 20:06

ГРИЗ – ТОРТА

1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба
 
1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супрни лажици шеќер
6 супени лажици соини млеко во прав

1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче средна големина. 
Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење. Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз. 
Може одозгора да се поспе со кокос или цимет.
Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 20:07

Бомбички со суво грозје

Потребни состојки: l250 г суви смокви l100 г суви урми l100 г суви сливи l100 г сечкани ореви l300 г шеќер l50 г вода l200 г чоколадо за готвење l2-3 лажици масло

Начин на приготвување:
 Сувото овошје се сечка и заедно со сечканите ореви се става во шербет приготвен од 300 грама шеќер и 50 грама вода. Смесата треба да се излади толку за да може да се обликуваат топчиња. 200 грама чоколадо за готвење се растопува со 2-3 лажици масло, на пареа. Со глазурата се преливаат бомбички.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 20:11

ТУТИ-ФРУТИ

1 чаша интегрално (или некое друго) брашно
1 чаша пченични никулци
1 чаша овесни снегулки
1 чаша сечкани суви урми
1 чаша сечкани суви смокви
1 чаша суво грозје
1 чаша рендан морков
1 чаша кокос
1 чаша сечкани ореви 
Рендано јаболко или сок од јаболко (вода од варена пченица, друг овошен сок и сл.) колку да се замеси
Малтекс (слад од јачмен) или друг слад/шеќер по вкус
Ванилин шеќер, цимет 
Убаво се измесува, се обликуваат салами и се пече не на јако (до 200 °С) најмалку 40 минути во претходно загреана рерна.

Напомена: состојките се по избор, само да се води сметка замената да биде слична на заменетата состојка (на пр. ако не ставиме никулци, да се додаде снегулки или брашно и сл.). Саламите подобро ќе се испечат ако се со помал обем. Може откако ќе се изладат да се премачкаат со џем и да се стави чоколаден прелив.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:39

Почнува времето на постите и ќе трае во наредните 6 недели, сè до Божиќ. За сите оние кои планираат да се придржуваат до постите, режимот на исхрана се менува од основата. Токму затоа, ви помагаме како да избалансирате помеѓу потребите и постите.

pravila-na-ishrana-za-vreme-na-postite-02

1. Денот треба да ви започне со појадок и задолжително треба да го предвидите времето за следните 2 дневни оброци.

2. Важно е секојдневно да јадете свежи овошје и зеленчук, но и свежо цедени сокови.

3. Задолжително еднаш во денот јадете зелена салата или кисел зеленчук, како и динстан зеленчук.

4. Секој ден внесувајте оброк од мешунки (грашок, грав, леблебија, боранија, печурки) кои имаат низок гликемиски индек, а ви овозможува доволно енергија.

5. Секојдневно внесувајте по најмалку 2 литра вода или чај.

6. Една чаша вино или било каков друг алкохол е сосема доволна, ако сакате да ги запазите дозволените дози, а сепак да уживате на посните слави.

* Важно е да јадете здрави грицки и намирници на секои 2 часа, за да го избегнете проблемот со варење, промената на расположение или апетит, кои многу често се појавуваат на самиот почеток на постот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:41
може риба и морски дарови
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 16:09

Ако мислевте дека посното е здодевно - грешите. Потребни ви се само неколку поздрави состојки и силна желба да создадете вкусно ремек-дело.

3-posni-specijaliteti-za-vasata-praznicna-trpeza-01

Ова се 3 вкусни предлози кои можете да ги испробате уште денес:

Ослич во бело вино

Потребно ви е: 1kg филети оослич, 2 моркови, целер, бибер, чаша бело вино, чаша вода, брашно, масло, сечкан магдонос, сол

Подготовка: Морковите и целерот исечкајте ги на кругови. Рибата наредете ја во тава и прекријте ја со зеленчукот, а потоа додајте малку масло, сол и бибер. Ставете ја да се пече.

Сосот подгответе го така што на тивок оган ќе загревате 2 лажици масло, ќе додадете 2 лажици брашно, малку сол и бибер. Смесата разредете ја со чаша вино и чаша вода. Кратко варете ја течноста со постојано мешање.

На крај, прелијте ја рибата и допечете уште 10тина минути. На крај, исечкајте го магдоносот и зачинете по желба.

3-posni-specijaliteti-za-vasata-praznicna-trpeza-02

Компир салата

Потребно ви е: 500g компири, 200g целер, 50g маслинки, 1 црвена пиперка, 100g посен мајонез, кромид, сол и бибер

Подготовка: Компирот добро сварете го и исечкајте го на кругови. Целерот исчистете го и исечкајте го на кришки, исто како и кромидот. Пиперката ситно исечкајте ја, а на маслинките извадете им ги семките и пресечете ги на половина.

Промешајте ги сите состојки со мајонезот и по желба посолете и зачинете.

3-posni-specijaliteti-za-vasata-praznicna-trpeza-03

Ролат од кокос

Потребно ви е: 200g мелени посни бисквити, арома од портокал, 200g брашно од кокос, 200g шеќер, вода

Подготовка: Половина шолја вода сварете ја неколку минути, па додајте го шеќерот. Поделете го шербетот на два дела.

Во првата половина додадете ги бисквитите и аромата од портокал, а во другата половина додадете го брашното од кокос.

Смесата од бисквити растапкајте ја на тава обвиткана со хартија за печење, а од горе додајте ја смесата од кокос. Потоа замотајте го во вид на ролат.

Оставете го да се олади, проросете уште малку брашно од кокос и колачот е подготвен за служење.

3-posni-specijaliteti-za-vasata-praznicna-trpeza-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:47

Унгарски лечо

Лечо во Унгарија го служат како главен оброк. Јас првпат го пробав како прилог кон скара, може и така да се служи. Едноставен е за подготовка, многу вкусен и по желба може да додавате т.е да одземете некои состојки.
Подготовка
Пиперките измијте ги и исечете им го горниот дел кај рачките, исчистете го семето. Исечете ги на осминки по должина. Доматите излупете ги и исечкајте ги на покрупно.
Кромидот исечкајте го ситно и ставете го во една поголема и длабока тава на малку зејтин да се пржи. Кога ќе омекне, додадете го црвениот пипер малку да се пропржи па ставете ги пиперките да се пропржат.
Доволни се 5 минути за малку да омекнат, па потоа додадете ги и доматите. Посолете и побиберете, додадете ги и останатите зачини (шеќер, ловоров лист, киселината).
Откако доматот ќе пушти сок ставете го доматното пире и оризот и оставете на тивко да се динста. Промешувајте од време на време и проверете дали има доволно течност. По потреба додадете малку вода.
Кога оризот ќе се свари, ставете го истиснатото чешне лук и изматените јајца. Готово е кога јајцата ќе бидат испржени.
Доколку сакате може оризот да го изоставите...наместо тоа да додадете сланина или сечкани домашни колбаси.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.