|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 3435363738 56> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црно-бели топчињаПреубави, фантастични, лесни, брзи, вкусни и декоративни. Најпрво се топи чоколадата со маргаринот. Потоа се додаваат изматените јајца со шеќерот и ванилата и се додава после брашното, солта и пецивото. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕВКУСЕН КОЛАЧ СО ПАЛАЧИНКИСостојки: Околу 35-40 палачинки 2 л млеко 2 пудинг од чоколадо 2 пудинг од ванила 20 лажици шеќер 200 гр шлаг крем Подготовка: Направете палачинки. Се филуваат со мармалад или еурокрем. Се подредуваат палачинките во подлабок плех. Во 1 литар млеко сварете 2 пудинга од ванила и 10 лажици шеќер. Добиениот крем се додава врз палачинките додека е сеуште врел. Потоа ставете уште еден ред палачинки. Другиот пудинг се вари на истиот начин, само што е од чоколадо и се додава врз редот палачинки. Оставете да се олади. Изматете 200 гр шлаг крем и украсете ја тортата. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпански ветерТортава си ја правам почесто, лесна, а особено вкусна. По некој пат кога немам лешници, знам да ја направам и само со ореви....Исто така вкусна... Прво го правам филот за да има време убаво да се излади. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штрудла со јаболка и рогачЗа една штрудла е потребно 4 кори, јас имав 16 кори и направив 4 штрудли. Филување Напомена |
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕСЕН И МНОГУ ВКУСЕН ДЕСЕРТ ОД КРОАСАНИСостојки:7 кроасани полнети со чоколаден крем 1 литар млеко 6 јајца 2 филџани шеќер Исечете ги кроасаните на покрупни парчиња и внимателно подредете ги во тава, чие дно претходно сте го карамелизирале со дел од шеќерот. Изматете ги добро јајцата, па во тоа додадете го млакото млеко и преостанатиот шеќер. Кремот се загрева на водена пареа се додека не се згусне. сипете ја смесата врз кроасаните и печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека се стегне кремот. Откако ќе се олади десертот, се превртува и се сече. Се сервира со топка сладолед или карамел топинг. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РЕЦЕПТ ЗА БАЈАДЕРА: БЕЗ МИКСЕР И РЕРНА, ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИОва е рецепт за највкусната Бајадера. За неа, дури не треба печка , ниту миксер, да ја направите ќе треба да издвоите околу 20 минути.состојки: За Бајадера ● 9 лажица вода За глазура : ● 100 грама темно чоколадо подготовка: 1 Во тенџере , додадете вода и шеќер и гответе на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори. 2 Додадете путер , отстранете од шпоретот и мешајте додека не се раствори. 3 Кога путерот е безмалку истопен , додадете ореви и бисквити – се меша додека не се добие еднаква густа маса . 4 Добиената смеса се дели на два еднакви делови. 5 Се топи чоколадо на пара и помешајте го во првиот дел од смесата, а во втората додадете малку рум. 6 На послужавник или тацна ставете мрсна хартија за печење и и ставете го првиот дел од смесата (таа со чоколадо) и со рацете оформете коцка – а за да биде правилна потоа оформете ги рабовите со нож. 7 Над неа, на ист начин додадете ја и друга смеса и сторете го истото со ножот. 8 Остатокот од чоколадото се топи на пара во него додадете малку масло и се прелива врз Бајадерата Толку – оставете малку да се стврдне и може да се ужива во неа. 9 Bajadera се остава во фрижидер да се стегнат и следниот ден се сече на коцки ако сакате. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАПРАВЕТЕ СИ САМИ КАРАМЕЛ ПРЕЛИВ – РЕЦЕПТСостојки
Начин на подготовкаВо длабока тава ставете ги шеќерот и водата, и гответе на среден оган се додека шеќерот не се растопи. Зголемете ја температурата додека растопениот шеќер не зоврие. Кога сирупот ќе добие златна боја тргнете го од оган и внимателно додавајте ја хоплата со постојано мешање. На крај додадете ги солта и путерот. Ставете ја карамелата во тегла и оставете ја теглата отворена додека сосот не се олади. Вака подготвената карамела можете да ја чувате во фрижидер до 2 седмици. Пред сервирање повторно загрејте го сосот. Доколку сакате, можете да ја изоставите солта, бидејќи таа не е една од виталните состојки за правење на овој сос. По желба можете да додадете малку екстракт од ванила. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РЕЦЕПТ ЗА CRONUT:КОЛАЧИТЕ ШТО ГО ПОЛУДЕА СВЕТОТПекарот Доминик Ансел кој го измисли овој десерт, неодамна мораше да го заштити името бидејќи се прошири низ интернетот и многумина почнаа да го копираат низ Америка. Се започна кога се обидувал да направи новина и експериментирал со она што најдобро го знае – француски кроасан и американска крофна – резултатот е cronut. Откако прв пат ги послужил веста мослкавично се ширела низ Њујорт а пред пекарницата имало редови за да купат од овој десерт – се чекало и по 2 часа. Со оглед на фактот дека пекарница правела само 300 парчиња дневно, дури мораше да воведат ограничувања на две тортички по лице. Торта чини $ 5, а имало и случаи кога купувачи се обиделе да ги купат давајќи и по 30 долари Што е cronut?Тортичката што предизвика хистерија е ниту крофна ниту кроасан, но комбинацијата на двата познати деликатеси, француско лиснато тесто и крофна тесто, крем полнење и слатка глазура. Еве како да ја направите дома оваа интересна тортичка по која полуде светот. Состојки: За тесто: 250 мл топло млеко 1 лажица сув квасец 1/3 чаша шеќер 2 јајца 1 лажица ванилин шеќер 2 ½ чаша брашно 1 кафена лажичка сол 1 чаша путер на собна температура За прелив: ½ чаша шеќер во прав 3 лажици јаворов сируп или мед 1-2 лажици млеко, павлака или вода Во поголем сад се меша млекото и квасецот и се чека да втаса. Додадете шеќер, јајца и ванила, па добро измешајте. Додадете една чаша брашно и сол, па постепено додавајте брашно мешајќи и месејќи го тестото неколку минути, додека не стане меко и еластично. Преместете го тестото во сад и покријте го со пластична фолија, па ставете го во фрижидер 30 минути. во меѓувреме изматете го путерот и преостанатото ¼ брашно со миксер неколку минути додека се изедначи. Кога тестото ќе се олади префрлете го на маса поросена со брашно и растегнете правоаголник со димензии 33х46 см и дебелина 1 см. Премачкајте го тестото со путер и превиткајте го на 3 дела, еден врз друг. Покријте со пластична фолија и повторно ставете го во фрижидер уште 30 мин. Кога ќе го извадите повторно развлечете го во правоаголник со истите димензии и превиткајте го на три дела како и првиот пат. Повторно вратете го во фрижидер. Повторете го ова уште два пати за да добиете повеќе слоеви. Значи, вкупно треба да ја повторите постапката 4 пати и тестото да отстои во фрижидер 4 пати. Кога ќе завршите со слоевите ставете го тестото повторно во фрижидер, но еден час или во текот на ноќта. Тестото е веќе подготвено за печење. Разлечете го во слој со дебелина 3-5 см, па со чаша вадете крофни. Во длабок сад добро загрејте го маслото како за обични крофни. Додадете ги крофничките во врелото масло и пржете од двете страни се додека не добијат златно-кафена боја. Се служат топли со прелив. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црната чоколада всушност може да биде одлична за регулацијата на шеќер во крв, па само едно парче може да направи чуда. Тогаш, зошто да не ја искористите за неколку слатки делиции? Колач со двојно чоколадо Потребно ви е:
Од дадената мерка ќе добиете 24 колачи, за кои потребни ќе ви бидат 25 минути за подготовка и половина час за печење. Подготовка: Ставете хартија за печете во тава, а рерната загрејте ја на 180 степени. Истопете го путерот и ¾ шолја чоколадо, па оставете го да се олади. Изматете 2 јајца, додајте им го шеќерот, а кога ќе добиете пенеста смеса додајте го екстрактот од ванила и оладената мешавина на чоколадо и путер. Преку смесата истурете го какаото, брашното, оревите и парчињата преостанато чоколадо, па мешајте со лажица. Намачкајте ја тавата со малку путер и смесата истурете ја во неа. Печете 30 минути. Изладете го колачот, па исечете го на 24 вкусни чоколадни коцки кои може да ги прелиете со бел крем и сезонско овошје. Преклопете ги како мини слатки сендвичиња.
Потребно ви е:
Подготовка: Во длабок сад измешајте го млекото со шеќерот, додајте го какаото и ванилата додека состојките не се соединат. Додајте го чоколадото и загревајте на пареа додека чоколадата не се растопи, за што потребни се 10тина минути. Послужете ситно сечкано овошје и во мал сад претурете ја чоколадната смеса.
Потребно ви е:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата и покријте ја со хартија за колачи. Исечкајте ја чоколадата, измешајте ја со путерот и топете ја на пареа. Во меѓувреме во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете густа смеса. Растопеното чоколадо додадете го во јајцата и на крајот измешајте го и брашното. Смесата истурете ја во тавата и израмнете ја површината. Печете 15 до 20 минути, а потоа оладете го колачот. Исечкајте го на ситни парченца и прелијте го со растопено црно чоколадо или овошен сируп. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадни лава колачи: Едноставен рецепт од само три состојкиСостојки: - 3 јајца Подготовка: 1. Скршете ги јајцата во сад за мешање и додадете брашно. Измешајте со миксер сè заедно. 2. Се топи чоколадото и се меша со состојките во садот додека не се формира еднаква кремаста смеса. 3. Истурете 1/3 од смесата во калапите за мафини. 4. Се пече во рерна на 180 степени околу 20 минути, или додека колачињата не се запечат однадвор, а средината да остане мека. Совет: Украсете ги колачињата со шеќер во прав и послужете ги во комбинација со сладолед од ванила или шлаг. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одличен рецепт за еклериОдличен предлог за домашен десертСтавете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои 2 минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади. Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно. Има два начини на одлагање на смесата во плехот Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора, особено барем најмалку првите 20 мин. Млекото и 4те лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица избиената смеса од брашно јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер. Се вари крем и се осатва да излади. Во изладениот крем се миксира предходно изматен маргаринот со шеќерот во прав. Еклерите се засекуваат и се филоваат со кремот. Одозгора можи да ги прелиете со чоколаден прелив, подготвен од маргарин, малку шеќер, какао и млеко, а по желба можи да додадете и некое ребро чоколадо за готвење. Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сникерс штанглиВо време на подготовки за празниците што следуваат еве еден фантастичен колач кој вашите најблиски ќе го сакаат.Потребни состојќи: 300 g шеќер За глазура: 150 g чоколадо Подготовка Ставете на шпорет шеќер и вода, толку што шеќерот ќе се истопи. Додадете маргарин и чоколадо да се стопат. Тргнете ги од оган и додадете 400 г. раздробени бисквити и 300 грама кикиритки. Топлата смеса ставете ја во тепсија. Израмнете ја и премачкајте со две лажички мед, па ставете глазура: на тивок оган стопете 150 г. чоколадо, 4 лажички зејтин и 20 грама маргарин, па глазурата нанесете ја врз колачот. Додека не е зацврстено чоколадото, додадете ги кикириките. Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕТСКА РАДОСТ – ДОМАШНИ КРЕМ БАНАНЧИЊА
1. Шеќерот измешајте го со 2дл.вода и варете околу 5 минути, додека не се растопи. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИТАЛИЈАНСКА ТОРТА СО БИСКВИТИ – ЛЕСНА И БРЗА ТОРТА ОД НАШЕТО ДЕТСТВОСостојки: 3 јајца 130 гр шеќер 130 гр лешници 130 гр путер 40 парчина бисквити 1 чаша кафе со млеко 1 ванилин шеќер 1 мала чашка рум Жолчките се матат со шеќерот, додека не се добие пена. Лешниците се печат во рерна на умерена температура, околу 15 минути. Откако ќе се испечат се мелат или се сецкаат ситно. Путерот се мати, па се додава смесата со жолчките. Се додаваат и лешниците. Целата смеса се мати повторно со миксер. Додека сеуште матите со миксер, додадете рум, а на крај додадете ги матените белки, но многу бавно и внимателно, за да не спласнат. Бисквитите се потопуваат во кафето со млеко во кое претходно сте го додале ванилиниот шеќер. На дното од тавате ставете еден ред бисквити. Потоа додадете дебел слој од кремот. Се ставаат ред бисквити, ред крем, се додека не се потрошат состојките. На крај треба да завршите со бисквити. Тортата се покрива со алуминиумска фолија и треба да отстои 5 часа во фрижидер. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Внеси реплика | страница <1 3435363738 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |