|
Мачки (и мачори)... |
Внеси реплика | страница 123 14> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:20 |
Не сум приметила досега дека имаме посебна тема за кучиња, а немаме за мачки... Како сме дозволиле таква дискриминација? Ги сакате ли мачките, дали сте чувале/чувате во моментот, проблеми со исхрана, негување, болести, парење, паразити и се околу мачките на темава. Не мора да е само со слики. Имаат посебен карактер, независни, своеглави и каприциозни, можеби затоа и посебно сакам мачки. Знаат како да го добијат од тебе тоа што го сакаат, закачливи се и ќе те заиграат баш и кога не ти е до игра. Кој го интересира повеќе за мачките, да си прочита на викито оти мене ме мрзи да препишувам за увод Две сликички од мојот Мичо: каков го зедов и каков шкембар го направив за година ипол Изменето од Анастеа - 15.Февруари.2014 во 00:20 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто да чувате мачка? Мачките се неверојатно слатки, мили и нежни суштества. Постојат многу причини зошто да чувате едно такво животинче дома. Еве некои од најинтересните. Имаат меко крзноЕдна од најдобрите причини зошто да чувате маче е нивното убаво, меко крзно. Тие се толку нежни и рунтави што едноставно не може да им се одолее. Ќе сакате цело време да ги гушкате и да си играте со нив. Едноставно се прекрасни. Лесни се за одржувањеМачките се многу лесни за одржување. Тие се одлични за луѓе кои се премногу зафатени. Вие само ставете им доволно храна, тие самите се негуваат, си ги средуваат ноктите и се мијат. Независни сеДобрата работа кај мачките е што не мора секогаш да сте со нив. И да излезат надвор, паметните мачки секогаш ќе се вратат дома кога ќе бидат гладни. Затоа, нема потреба од грижи. Мирни чувариМачките имаат остри нокти, опасни очи и изострен слух на кој ништо не може да му избега. Можеби нема да ве разбудат со силен лаеж, но бидете сигурни дека држат сѐ под контрола. Сакаат да си играатМачките навистина сакаат да си играат. Тие на новиот, убав кауч гледаат како на ново место за истражување и играње, а секој предмет што им изгледа интересен, веднаш станува нивни плен. Мрзливи сеМачките се доста мрзливи суштества. Тие само зеваат, спијат, јадат и уживаат во топлата атмосфера на домот. Никако не смеете да им бидете љубоморни на тоа. Сакаат да се галатМачките уживаат да се галат, а најмногу ценат кога тоа го прават со вас. А, ако вие не сте расположени, ви го земаат мобилниот, далечинскиот управувач или што и да користите во моментот, само за слатко да ве нервираат. Дружељубиви сеМачките се многу опуштени животни. Не мора да се грижите ако донесете уште некој папагал или кученце дома. Тие веднаш ќе се приспособат на новата ситуација и срдечно ќе ги прифатат. |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Gabriela_S - 19.Февруари.2014 во 00:27 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како на мачката да ѝ го олесните долгото патување со автомобилЧесто може да прочитате совети за тоа како да го подготвите вашето куче за пат и како да му го олесните патувањето. Кучињата почесто ги носиме со нас на патување затоа што знаеме дека потешко го поднесуваат нашето отсуство. Меѓутоа, во некои ситуации и мачките треба да патуваа со нас Сместете ја во голем жичен кафез во кој ќе ставите многу предмети што ѝ се драги и до кои може да си легне За почеток, подгответе место во автомобилот што ќе ѝ се допадне, наместо да ја затворите во кафез што ја потсетува на одењето кај ветеринар. Наместо транспортер, пробајте со голем жичен кафез во кој ќе ставите многу предмети што ѝ се драги и до кои може да си легне во текот на патувањето. Страничните прозори од возилото можете да ги покриете со некаква хартија, секако, ако тоа не ви пречи во возењето, за мачката да не се плаши од брзото движење. За да ѝ го направите патувањето поудобно, можете дури и автомобулот да го попрскате со феромони, кои можете да ги купите во пет-шоповите. Погрижете се и за амбиентот. Ако знаете дека мачката е нервозна во автомобил, набавете музика и звуци што ѝ одговараат. Какви звуци сакаат мачките, можете лесно да најдете ако малку пребарате на Интернет. Правете паузи во текот на патувањето за да ја пуштите да прошета во возилото, но ако е вознемирена, внимавајте да не ви побегне. Додека возите, не вадете ја од кафез за да не ви пречи во возењето. Кога ќе стигнете на посакуваната цел, не пуштате ја да скита во околината, додека не се навикне на новата околина. Ставете и синџирче со адреса за да можете полесно да ја најдете во случај да се изгуби, истражувајќи го местото што ѝ е ново и непознато. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не сум патувала до сега со мачорот во кола. И не би се нафатила на таков потфат на подолг пат, освен ако не е нешто итно за до ветеринарот. Еднаш го носев на ветеринар, беше преплашен во колата и плачеше како што плачат малите деца. На враќање од ветеринарот до дома, не знам како издржав. Не расплача сите во колата, одвај чекав да стигнам дома. Едно жално завивање, ми се скина срцето. Кога си дојдовме дома, само што ја виде вратата, влезе и се смири, ама трепереше како лист. Мислам дека има трауми од патување, колку и да му го направам пријатен амбиентот во колата... Не можат да ги поднесат тие вибрации и не би го мачела повторно, а ни јас со него. |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Gabriela_S - 19.Февруари.2014 во 00:38 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одвај го видов мачето кај е. Ова е тоа без опавчето? |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе тоа без опавчето погоре го ставив, над постот од Емил...е тоа кратко време беше мое
па го дадов на посвојување
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е ова некое трето ли е? Колку мачиња врткаш околу тебе? |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова додека ми помагаше при новогодишното украсување... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојата мачка е многу слаба иако јаде нормалноМожно е да станува збор за едно од следниве три работи. Едната можност е дека вашата мачка има паразити. Тоа можете да го проверите со тоа што ќе отидете во Лабораторијата за паразитологија и паразитарни заболувања при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, каде што ќе се провери изметот на мачката и, откако ќе се утврди дали и каков паразит има вашата мачка, ќе ѝ се пропише соодветна терапија. Доколку досега ја немате прочистено мачката од паразити можете сега тоа да го направите. Втората опција е дека слабоста на вашата мачка е резултат на тоа што пред еден месец таа имала Третата опција е дека Проверете ги овие работи, а доколку вашата мачка и понатаму остане слаба, тогаш однесете ја на ветеринар за подетални анализи. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам мачиња и сум чувала. Добро е што не одземаат премногу време.
Омилена ми е руската сина мачка |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па што љубител ќе бидам само со една мачка
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е сега ми ја кажа... |
|
Внеси реплика | страница 123 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |