|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 3334353637 56> |
Автор | |
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете си дома Киндер чоколадоСостојки
ПодготовкаШеќерот и водата да зовријат, па на исклучена рингла уште 3 мин. да доварат. Се трга од оган, се додава маргаринот и се меша се додека тој не се стопи-околу 5 мин. Во оваа смеса се додава млекото во прав наеднаш и се мати со миксер додека се добие еднолична смеса, не подолго од 5 мин.. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: 1 кг бутер тесто 1,5 пакетчиња пудинг од ванила 750 мл млеко 15 супени лажици шеќер 100 гр путер 200 мл слатка павлака 150 гр чоколадо за готвење Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: 7 кроасани полнети со чоколаден крем 1 литар млеко 6 јајца 2 филџани шеќер Исечете ги кроасаните на покрупни парчиња и внимателно подредете ги во тава, чие дно претходно сте го карамелизирале со дел од шеќерот. Изматете ги добро јајцата, па во тоа додадете го млакото млеко и преостанатиот шеќер. Кремот се загрева на водена пареа се додека не се згусне. Исипете ја смесата врз кроасаните и печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека се стегне кремот. Откако ќе се олади десертот, се превртува и се сече. Се сервира со топка сладолед или карамел топинг. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: Подлога: 300 гр мелени бисквити 2 дл чоколадно млеко 1 ванилин шеќер Бел крем: 300 мл павлака за шлаг 3 лажици шеќер 100 гр бело чоколадо 0,5 пакетче желатин Темен крем: 300 мл павлака за шлаг 100 гр чоколадо за готвење 3 лажици шеќер 0,5 пакетче желатин Декорација: 200 мл павлака за шлаг и малку чоколадо Подготовка: Од мелените бисквити, ванилиниот шеќер и чоколадното млеко направете кора, која се формира во длабок калап. На пареа се топи белата чоколада. Се матат павлаката и шеќерот во што ја додаваме и стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме филот врз кората. Треба да отстои во фрижидер додека се стегне. На пареа се топи црното чоколадо. Се матат павлаката и шеќерот па ја додаваме стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме црниот фил врз белиот. Тортата треба да отстои 1 час во фрижидер. Со матениот шлаг на крај се декорира тортата. На крај поросете со рендано чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: За кора: 6 јајца 150 гр шеќер 150 гр брашно Желе: 1 л сок од црвен портокал 3 пудинг од ванила 6 лажици шеќер Бисквити Крем: 500 мл млеко 6 лажици шеќер 6 лажици густин 200 гр маргарин Подготовка: Кора – се матат жолчките со шеќерот, па се додава брашно. Желе – изматете го пудингот со шеќер и малку сок. Остатокот од сокот ставете го на оган да проврие. Во врелиот сок додадете пудинг и при тоа мешајте постојано се додека не се добие потребната густина. Врелото желе додадете го врз врелата кора. Потоа врз желето додадете ред бисквити натопени во млеко. Крем – густинот и шеќерот се матат со малку млеко. Остатокот од млекото треба да проврие. Во врелото млеко додавајте густин и при тоа непрастано мешајте додека не згусне. Во ладниот крем додадете 200 гр матен маргарин, и добро измешајте. Кремот се додава врз редот со бисквити. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: За кора: 8 жолчки 200 гр шеќер 40 гр чоколадо 160 гр бадеми 80 гр брашно 8 белки За фил: 4 јајца 150 гр шеќер 150 гр чоколадо 250 гр маргарин 3 лажици рум За прелив: 100 гр чоколадо 80 гр маргарин 2-3 капки масло Подготовка: Жолчките се матат со шеќер на што се додава стопената чоколада, мелените бадеми, брашно и на крај снег од белки. Кората се пече во плех врз хартија за печење околу 20 минути на 180 степени. Кога ќе се олади, кората се сече на три дела. За фил изматете јајца со шеќер, ставете ги на пареа, додадете чоколадо и кога филот ќе се изедначи тргнете го садот од оган и оставете да се олади. На филот се додава рум и матен маргарин, а потоа поделете го на два дела и ставете го помеѓу корите. За прелив стопете маргарин, тргнете го од оган, додадете чоколадо и масло и мешајте додека смесата не се изедначи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: Кора: 6 белки 6 лажици шеќер 5 лажици мелени ореви 2 лажици брашно Прелив за кора: 300 гр чоколадо 125 гр маргарин Фил: 1 л млеко 18 жолчки 10 лажици брашно 10 лажици шеќер 250 гр маргарин 200 гр Несквик Топ фил за цела торта: 300 гр шлаг крем 400 мл минерална вода Подготовка: Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори. Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: За кора: 3х5 белки 3х10 лажици шеќер во прав 3х5 лажици мелени ореви 3х2 лажици брашно За крем: 1 л млеко 15 жолчки 10 лажици шеќер 9 лажици брашно 250 гр шеќер во прав 250 гр путер/маргарин 150 гр мелени ореви Малку млеко за попарување на оревите 200 гр чоколадо 3 пакетчиња шлаг крем од ванила 200 мл млеко или кисела вода за шлаг кремот Подготовка: Направете 3 кори од по 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици ореви и 2 лажици брашно. Измешајте ги брашното и оревите и внимателно додадете ги во матените белки. Се пече на 180 степени околу 25 минути, секоја кора. Кога ќе се испечат, покријте ги корите со крпа додека го подготвувате кремот. Крем: 7 жолчки се мешаат со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно и се вари кремот во 1 литар млеко. Изматете 8 жолчки со 250 гр шеќер во прав. Посебно изматете 250 гр маргарин, па измешајте го со матените жолчки и сето тоа изедначете го оладениот крем. 1/3 од филот извадете и на тоа додадете 150 гр ореви попарени со млеко (потребно е само малку млеко ). Во преостанатите 2/3 од филот додадете 200 гр топено чоколадо. Изматете ги шлаг кремите од ванила со млеко или кисела вода. Редослед: кора, шлаг, црн фил, кора, шлаг, бел фил, кора, шлаг, црн фил. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес, 5ти февруари е светскиот ден на најчоколадната делиција која го носи името Нутела. Интернационално познатиот крем секој 5ти февруари го слави како „свој ден” од 2007 година, па во нејзина чест вреди да одвоите неколку минути во кујната. Ако до сега ја немавте традицијата за прославување на Нутела денот, време е да ја усвоите. Повикајте ги најблиските и послужете домашна Ferrero Rocher торта и шолја топло кафе. За подготовка потребно ви е: За бисквит:
За фил:
Одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Со електричен миксер белките матете ги додека не добиете цврста пена, а потоа додајте малку сол и лажица шеќер. Изматете ги и жолчките. Стопете го чоколадото и спојте го со жолчките, па рачно, внимателно истурете ја смесата во изматените белки. На мрсна хартија за печење, во калап истурете ја густата смеса и печете 15-20 минути на 200 степени. Во меѓувреме подгответе го филот. Со миксер изматете го сирењето, Нутелата и 150 грама од лешниците. Откако бисквитот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа кремот премачкајте го внимателно. Од горе проросете ги преостанатите лешници и тортата оставете ја да се лади 2 часа. Послужете и декорирајте со чоколаден прелив или свежо овошје, по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колачиња од бадем со топло ладен прелив
Порции16 лице/а Состојки
Прелив
УпатствоЗагрејте ја рерната на 170 степени. Намачкајте едно тавче со малку маргарин и обложете го со хартија за печење. Во тавче на слаб оган постепено растопете го чоколадото заедно со путерот со постојано мешање. Кога ќе се растопи чоколадото остранете го од ринглата, додадете ги шеќерот и ванилата, добро промешајте и оставете го да се излади. Кога ќе се излади чоколадото додајте ги мелените бадеми и јајцата и добро промешајте. Додадете ја хоплата, кафето и медот. Растопете ги на рингла на тивок оган со постојано мешање, додека да добиете изедначена смеса. Колачето ставете го врз чинија за сервирање. Ставете врз него една топка сладолед од ванила, прелијте го со топлиот чоколаден сос и по желба декорирајте со рендано чоколадо или сецкани бадеми. Изменето од Valerija - 06.Февруари.2014 во 21:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Коцкасти тортици1. За тесто: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовни колачиГотови се за 2 мин во микро. Јајцето и шеќерот се матат, потоа се додават сите останати состојки. Се става во корпици за колачи, пола од корпиците се полнат, потоа се ставаат во микобранова пречка да се печат 1-2 минути. Се декорираат со локум измесен со шеќер во прав и обоен со црвена боја Изменето од емил - 15.Февруари.2014 во 08:20 |
|
Внеси реплика | страница <1 3334353637 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |