|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 109110111112113 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Додека Јарецот постојано штеди и го исклучува бојлерот, Лавот и Вагата се борат за позицијата пред огледалото. Девицата цеди свежи сокови, Близнаците постојано нешто губат, а Рибите безгрижно спијат... Еве како ќе изгледа едно утро ако сите знаци живеат во еден стан: 6:00 Девицата станува и пред туширањето го чисти тоалетот. По перењето на заби, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место подалеку од сите останати. 6:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Истече терминот за евтина струја. 6:20 Водолијата оди на утринско трчање. 6:30 Вагата и лавот се пред огледалото и се во расправија за хидратантната крема и гелот за коса. 6:40 Бикот појадува Нутела со супена лажица. 6:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот. 7:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон. 7:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот - Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака. 7:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката. 7: 11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката. 7:15 Бикот со лажицата уште шкрипи по теглата. Нема веќе Нутела. 7:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот. 7:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот. 7:40 Сите излегуваат. 7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот. 8:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ahahahah ovenot ,ima po nesto vistina
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопот открива: Каква жена стои пред вас?За да дознаете каква е една жена во однос со мажите освен нејзиниот хороскопски знак треба да ја дознаете и позицијата на Венера во наталната карта. За да го направите тоа ви е потребен датумот на раѓање кој ќе го внесете на следниот линк и од таму ќе ја одредите позицијата на планетите меѓу кои и онаа на Венера. Венера во бик Венера во лав Венера во скорпија Венера во водолија |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква е долната облека на хороскопските знаци?Сите хороскопски знаци ја нагласуваат својата моќ на заведување преку својата долна облека која сакале или не игра голема улога во нивниот интимен живот. Лавиците екстравагантни, скорпиите едноставно еротични, додека раковите преферираат женственост. Жената овен заведува директно и едноставно. Бидејќи има малку трпение
вообичаено преферира еротична долна облека која треба да биде доволно
провокативна за носење и лесна за соблекување. Сака црвена, но добро се
снаоѓа и во понежни бои. Понекогаш ужива да облече корсет и да го
надополни со подвезици. Женствениот рак избира модели кои со својата еротичност ќе го бутнат
на колена нејзиниот избраник. Сака розови, црвени и сини нијанси и не
ретко оди од една во друга крајност. Дамата рак можете да ја видите во
прекрасна свилена ноќница, но и во дрска танга. Се зависи од нејзиното
расположение и од она што го буди мажот во неа. Префинетите ваги се верни на квалитетните материјали и гаќичките во
француски стил. Сакаат тантела, свила, а понекогаш и плетени детали.
Оние кои се малку похрабри без проблем носат и кожни гаќички како и
модели кои повеќе откриваат отколку што покриваат. Еден од нивните
препознатливи знаци се и чорапите кои секогаш се со по некоја интересна
шара. Конзервативните јарци сакаат долна облека која пред се ќе биде
изработена од луксузен материјал. Поседуваат повеќе ноќници од сатен,
меки градници со многу детали и по некоја танга. Најмногу им се допаѓа
кога долната облека која што ја носат им создава чувство на моќ и
доминација. Жената јарец сака се во кое што освен што изгледа убаво,
остава впечаток дека е скапо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој од нас има некој порок на кој тешко му одолева. Откријте какви предиспозиции ви доделиле ѕвездите, на што ве направиле неверојатно слаби... Овен Како огнен знак, овенот сака се што се случува брзо, па попрво бира пијалаци како виски и ракија, а кога е во можност да посети некои вински подрум сака да пие црвено вино повеќе од дозволеното. Прилично се тврдоглави, па припадниците на овој знак сакаат се што им е забрането. Само на тој начин може да ја почувствуваат слободата. Цигарите се составен дел од ноќните излегувања, од кој тешко дека Овенот некогаш ќе се откаже. Бик Прва асоцијација кога ќе здогледате дебел готвач кој сака да јаде е дека е роден во знакот на Бик. Ова се личности кои сакаат да уживаат во сетилата, па храната и пијалоците им се на прво место. За Биковите и љубовта е неопходна, па се што е поврзано со неа ги тера на пороци. Телефонскиот или сајбер секс, како и секси приказните се она што Биковите го практикуваат, но само со вистинскиот партнер. Близнаци Близнаците се склони кон бегање од реалноста, па ги привлекуваат порнографските снимки, доколку се чувствуваат сигурни во себе. Во друг случај, може да бидат претерано провлечени од некој паралелен свет во кој сакаат да живеат сосема нов живот. Близнаците ги обожаваат предметите со материјално значење, па не е реткост да потрошат еден куп пари на некоја глупост која во моментот им изгледа неодолива. Рак Никотинот е составен дел од воздухот неопходен за нормално функционирање на човештвото, според мислењето на Раковите. Овие личности да можат, би ги јаделе цигарите. Ракот би престанал да пуши само ако тоа влијае на неговиот физички изглед. Тие имаат и слабост кон попусти и често знаат да купуваат под влијание на некоја моментална емоција. Лав Лавовите веруваат дека на овој свет се е дозволено па алкохолот, цигарите, дрогата и сексот се составен дел од неговиот бурен живот. Веруваат во својата бесмртност, па им недостасува дисциплина кога консумираат нездрава храна. Огнените знаци ги возбудува она што се случува многу брзо, па баш затоа Лавовите се слаби на коцкање и изненадни добивки. Девица Девиците по природа се перфекционисти и нивните склоности се телото да го доведат до совршенство. Многу претставници од овој знак се толку опседнати со својот изглед што консумираат огромни количини витамини и таблети. Девиците се склони кон бегство од реалноста, па многу лесно се предаваат на опојни дроги. Вага Вагите имаат неверојатна потреба за трошење на пари, па доколку имаат кредитна картичка при рака нема да им одолеат на новите парчиња гардероба. Сакаат никотин и цигарите за нив се статусен симбол. Често остануваат приврзани за скапоцените цигари иако нивниот буџет не може да ги истрпи. Вагите ги привлекува и сексот, па како воздушен знак сакаат да гледаат т.е. се огромни воајери. Скорпија Скорпиите несомнено се најстраствениот знак на хороскопот, кога сексот е во прашање. Можат да бидат претерано опседнати со одредена личност и подготвени се да потрошат многу пари за да создадат совршена атмосфера за незаборавен секс. Склони се кон неверство и бројни афери. Цигарите, алкохолот и разните опиуми се само дел од предиграта, барем за Скорпиите. Стрелец Уште еден огнен знак во низата кои заради својата храброст запаѓа во голем број пороци. Стрелците сакаат патувања, па подготвени се да трошат огромни суми на пари на луксузно уживање. Доколку финансиската ситуација не му го дозволува тоа, од стварноста бега со помош на филмови. Склон е кон лаги и симулирањето на болест за да ги избегне обврските. Овој знак не може да му одолее и на никотинот. Јарец Јарецот е опседнат со потребата да биде прв и најдобар, па неговата опсесија неретко се претвора во порок. Без оглед на тоа каква е неговата опсесија, обичните проблеми лесно може да се претворат во екстремни. Оптеретени се и со својот изглед, па не е чудно ако патат и од анорексија, мислејќи дека се одржуваат витки и убави. Водолија Водолиите поседуваат револуционерен ум кој никогаш не мирува. Тие сакаат да тестираат се што можат на себе, па баш затоа се склони кон авантури. Ги приблекуваат сите супстанци кои инспиративно влијаат на работата на нивниот мозок, па пороците неретко ги сметаат за верски ритуали кои им овозможуваат духовен развој. Риби Со Рибите владее Нептун, а со самото тоа нивни пороци се оние кои се поврзани со алкохолот, дрогите и супстанците кои било како влијаат на мозокот. Многу Риби може да бидат заисници од мисловни игри затоа што се сконцентрирани кон внатрешниот развој, па лесно посегнуваат по инспирација во секој облик. Раковите да можат би ги јаделе цигарите Хаххахха...сигурно,нема што! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вашиот хороскопски знак покрај другите работи, го открива и тоа какви сте во брак – дали сте традиционални, посветени на семејството или пак брачниот живот не ви е силна страна. Секако, се зависи од тоа дали сте маж или жена. Овен Маж Тој е изразено мажествен. Лесно се одлучува да стапи во брак. Не бега од одговорности и сака да доминира. Крај себе сака да има паметна и убава жена, која нема да му ја ограничува слободата. Често се случува да посака „дополнително“ задоволство вон домот. Жена Жената родена во овој знак секогаш ќе ги поддржува амбициите на партнерот и крај себе сака успешен маж. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да се откаже ни од нејзините приватни интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е кон љубоморни испади.
Маж Жена
Маж Жена
Маж Жена Лав Маж Жена
Маж Жена
Маж Жена
Маж Жена Стрелец Маж Жена
Маж Жена
Маж Жена
Маж Жена |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мажите сакаат комплименти исто колку што сакаат девојките. Пофалба дека направил нешто добро може позитивно да влијае на односот. Секој знак е посебен затоа треба внимателно да се одберат комплиментите. Овен Фантастично. Никој не сум видела вака добро да го прави ова. Амбициозни, полни со енергија и отворени. Тие се кралеви на
индивидуалните спортови, но умеат да бидат и лидери на тим. Способни се
да дадат максимум од себе во секоја ситуација. Бик Само ти знаеш да направиш нешто да изгледа вака добро! Бикот има око за убави, префинети работи. Никој не цени уметност и
убавина како него. Дозволете му да ужива во вашето друштво, и тој со
сигурност ќе возврати. Близнаци Што ќе пробаме следно? Каде ќе одиме? Близнаците се непресушен извор на идеи и постојано се во движење кон
нешто ново. Креативноста и менталната стимулација им се најголеми адути.
За да биде твој, поддржи ги неговите идеи и ентузијазам и потикни го на
некои нови. Рак Можеме да останеме дома. Јас ќе готвам. Иако Ракот е одличен готвач, за да го освоите треба да му зготвите
нешто. Само на овој начин ќе допрете до неговото срце, бидејки до таму
се стигнува преку стомакот. Лав Одлично постапи! Ти се воодушевувам на храброста! Никој како Лавот не сака толку многу успех и восхит. Тој сака да
добива пофалби, но само ако се од срце. Слободно давајте комплименти, а
за возврат ќе бидете обожавани. Девица Немам веќе трпение. Те молам, помогни ми да го сфатам ова. Девицата е многу трпелива кога се во прашање проблеми и детали. Сака
да работи, и не постои математички проблем кој не може да го реши.
Покрај ова, тој сака и да помага. Вага Што мислиш за ова? Првакот во партнерските односи е Вагата. Верувајте му безусловно и
дозволете да учествува во секој ваш проект. Со време ќе забележите како
очите му светкаат од љубов. Тој сака компромиси и ужива да дели важни
моменти со други луѓе. Скорпија Ти си единствената личност со која можам да го споделам ова. Се што треба да направите за Скорпијата да биде ваша, е да споделете
некоја своја тајна. Тој е крал на дискрецијата и знајте дека тајните со
него се сигурни. Стрелец Зошто не ги спакуваме торбите и да одиме некаде? Дури и во моментите кога патување не доаѓа во предвид, помислата на
истото го развеселува. Покажете ентузијазам и авантуристички дух за да
го освоите. Јарец Никој друг не би се решила на ваков чекор! Јарецот поседува ретка комбинација на одговорност, амбиција и способност. Ласкајте му и тој ќе ви возврати со задоволство. Водолија Сакаш да го пробаме да го средиме ова на друг начин? Овие индувидуалисти се среќни кога слободно можат да чекорат по
сопствениот пат. Љубители се на модерна технологија, па ако се изгубат
по пат, понудете им го вашиот GPS и сметајте дека е веќе ваш. Риби Ти ме правиш подобар човек! Сочуствителноста и емпатијата се главни особини на Рибите. За да се поврзат со вас посилно, треба само да ги потсетите на нивните карактеристики. Но бидете внимателни да не им потечат солзи на очите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водолиите сакаат слатки мириси, Скорпијата користи интензивни парфеми, Рибите се верни на традиционалните парфеми, а Стрелецот е маѓепсан со мирисите на Далечниот Исток. Огнените Овни се склони кон опојни мириси Бикот е верен на еден мирис Близнаците не можат да одолеат на цветни и цитруси ноти На Ракот му одговараат префинети ноти Лавот сака да се истакнува Девицата сака само свежи и транспарентни мириси Вага сака необични ноти Скорпијата не се откажува од интензивните мириси Стрелецот е маѓепсан од мирисите од Блискиот исток Јарецот одбира здрави парфеми Водолијата ќе ја препознаете по слаткиот мирис Романтичните Риби одбираат традиционални ноти од сандаловина и темјан. Тие се верни на еден парфем, но затоа сакаат да експериментираат со мирисни лосиони и кремови. Сепак во посебни прилики сакаат да носат парфеми инспирирани од Африка и Индија со тонови од даб, лотус и јанта |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овенот, Стрелецот и Лавот се најчесто мускулесто градени. Девиците и Јарците се ковчести, а Биковите и Вагите склони кон дебелеење. Очите се најистакнати кај Водолија, Риби и Близнаци. 1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер. 2. Биковите се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно, најчесто во зелено и кафено. 3. Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена боја жолта и сребрена. 4. Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела. 5. Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит. 6. Девиците се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе. Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена. 7. Вагите имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот. Сакаат нијанси на сина и црвена. 8. Иако се слаби, Скорпиите делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива. 9. Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои. 10. Јарците имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се иски или со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на зелена и кафена. 11. Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина. 12. Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како да ме опишувал некој ,кражба на идентитет
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Карактеристиките кои се наведени за Вага...точни 99%
|
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
повисока си од просекот
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како гледате на работите и случувањата во животот? Знаете ли да се утешите и да го видите светлото на крајот од тунелот или мислите дека е крај на светот? Овенот си го попречува патот низ сите непријатни ситуации, оптимизмот на Бикот се темели врз верата во своите способности, а на Лавот ретко кој може да му го наруши оптимизмот.. Дали сте песимист или оптимист според хороскопскиот знак? Овен Вие сами си го попречувате патот низ непријатните ситуации кои ви ги носи животот, а при тоа воопшто не се вознемирувате дека може да бидете истуркани или отфрлени. Сето тоа е дел од животот си велите себеси и продолжувате понатаму. Во моментите кога ви е намален оптимизмот добро е да изброите до 10 , за да застанете и да го послушате внатрешниот глас, а тој ќе ви каже дека сте некој кој е вреден за почит и тоа ќе ве врати во колосек. Вашето мото е: Утре е нов ден! Бик Вашиот оптимизам се заснова на силата на вашата добра волја и вербата во сопствените способности, таленти и знаење. Поседувате моќ да го маѓепсате спротивниот пол, поради што и самодовербата ви е на високо ниво. Вашата посесивна природа може да биде камен кој ќе ве сопне во однос на љубовта, семејството или пријателските односи, па дури и работните. Ако почувствувате дека некој сака да ви одземе нешто, почнувате да се сомневате во себе. Во таквите моменти утеха за себе може да најдете во прошетка низ природа или во некој креативен амбиент. Близнаци Сè додека околу себе можете да видите различни можности за да се занимавате со некоја работа која ја сакате или врска со некој кој ви се допаѓа, нема причини за песимизам. Вашиот оптимизам се заснова на промени, бидејќи ве плаши досадата, а самотијата никако не ви одговара. Интелигентни сте и снаодливи, прилагодливи и духовити, па во секоја ситуација успевате да најдете своја светла страна. Вашиот оптимизам извира од вашата љубопитна природа. Постојаното трагање по нови идеали и потребата за дружење со другите луѓе. Рак Сите мислат дека сте премногу грижливи, а всушност сè околу себе длабоко преживувате, па речиси е неизбежно да се грижите околу реални или нереални навреди. Тоа можете да го надминете доколку успеете да воспоставите малку поинаков однос кон својата околина. Престанете да се грижите околу тоа што мислат другите за вас. Иако вам ви е важно мислењето на блиските, сепак треба да бидете искрени кон себе и да сфатите дека не можат сите да ги прифатат вашите погледи на светот. Лав Ретко што може да го загрози вашиот оптимизам бидејќи уживате во животот сфаќајќи дека се состои и од позитивни и од негативни искуства. Освен тоа, длабоко се почитувате себе. Сепак имате и вие свои слаби точки, а тоа најчесто се љубовта или децата. Меѓутоа, дури и во лошите ситуации успевате да го извлечете најдоброто. Кога ќе почувствувате дека ве обзема песимизам, сетете се дека целиот свет е една голема сцена, на која судбината вам ви ја доделила главната улога. Штом излезете да прошетате или во шопинг, повторно се враќа во вас оптимистичниот Лав. Девица Поради вродениот перфекционизам и критицизам често имате проблем за светот околу вас да го гледате од поведрата страна. Чашата попрво ќе ја видите како полупразна, отколку како полуполна. Не можете да одите против својата природа која секогаш бара влакно во јајцето. Дури и самите понекогаш сте изморени од темните облаци зад кои не можете никако да видите сонце. Сепак, ако еднаш се потрудите да ја побарате посветлата страна ќе сфатите колку подобро ќе се чувствувате и физички и психички. Тогаш до израз доаѓа вашата исклучителна смисла за хумор со која ја освојувате околината. Вага Во вас се менуваат сјајниот оптимизам и нерасположението. За среќа, мрачните периоди се секогаш пократки од ведрите, иако понекогаш може да ве извадат од колосек, да предизвикаат кавга. Доколку сте нерасположени обидете се да ги одложите обврските барем на некое време за да не ви го уништат дополнително расположението. Доброто расположение искористете го за работа и она што бара истрајност. Не барајте утеха во слатките, туку потсетете се на она што досега сте го постигнале, испразнете се со вежби или одете на прошетка со некој кој сакате. Скорпија Горчливите и непријатни моменти во животот едноставно не умеете да го гледате од друга перспектива од онаа реалната. Исто така, поседувате доволно сила и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение. Кога ќе почувствувате дека ве обзема црнилото сконцентрирајте се на љубовта, работата која ве исполнува и пријателите кои ги имате во изобилие. Оној кој страствено сака, како што тоа го знае вашиот знак, многу лесно ќе најде утеха во емотивниот стил на живот. Стрелец За вас може да се каже дека го измисливте оптимизмот. Тој е една од главните карактеристики на вашиот знак. Сепак, животните удари може да ви нанесат големо нерасположение и турбулентни периоди. Најсигурен начин повторно да се здобиете со самодоверба и да го вратите оптимизмот е да се спротивставите на она што не ви се допаѓа. Ништо не може да ве расположи подобро од убедувањето дека човечката слабост е моментална. Јарец Доколку сакате да уживате во животот, мора да се сконцентрирате на неговата ведра страна, што и самите го знаете. Заради тоа, претставниците на вашиот знак се задоволни личности, со дух многу помлад од своите врсници. Иако вашиот вроден реализам никогаш не ве напушта, можете да бидете и огромен оптимист дури и кога стоите цврсто на земјата. Луѓето често бараат совет од вас, па неретко може да се уловите во улога на вечен оптимист кој упорно се обидува да ги развесели другите. Водолија Вие знаете како да уживате во животот, па не е ни чудо што во секој момент наоѓате убавина и надеж. Енергични сте, имате богата фантазија и вечни оптимисти. Иако не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак знаете да воспоставите лична контрола. Одлична помош ви се уметноста, природата и домашните миленици. Затоа, колку почесто можете, своето уживање во животот споделувајте го со другите. Риби Лесно е да ве повредат, затоа што сте чувствителни и склони кон промена на расположението. Но, во моментите кога најголемата тага ве обзема, планирате како да се извлечете, што е добар почеток. Сè додека не е проследено со често нуркање во фрижидерот или постојаното налевање со кафе, имате шанси да го задржите оптимистичкиот став. Потрудете се да ги избегнувате оние кои ја користат вашата љубезност, а кога веќе тоа ќе го сфатите предоцна, утешете се со омилената литература, музика или присуството на искрениот пријател. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 109110111112113 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |