IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 109110111112113 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 15:17

Додека Јарецот постојано штеди и го исклучува бојлерот, Лавот и Вагата се борат за позицијата пред огледалото. Девицата цеди свежи сокови, Близнаците постојано нешто губат, а Рибите безгрижно спијат...

kako-bi-izgledal-eden-den-ako-site-horoskopski-znaci-ziveat-zaedno-01

Еве како ќе изгледа едно утро ако сите знаци живеат во еден стан:

6:00 Девицата станува и пред туширањето го чисти тоалетот. По перењето на заби, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место подалеку од сите останати.

6:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Истече терминот за евтина струја.

6:20 Водолијата оди на утринско трчање.

6:30 Вагата и лавот се пред огледалото и се во расправија за хидратантната крема и гелот за коса.

6:40 Бикот појадува Нутела со супена лажица.

6:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

7:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.

7:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот - Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака.

7:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката.

7: 11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

7:15 Бикот со лажицата уште шкрипи по теглата. Нема веќе Нутела.

7:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот.

7:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7:40 Сите излегуваат.

7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.

8:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 15:42
ahahahah ovenot ,ima po nesto vistina 
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2014 во 14:27

Хороскопот открива: Каква жена стои пред вас?

За да дознаете каква е една жена во однос со мажите освен нејзиниот хороскопски знак треба да ја дознаете и позицијата на Венера во наталната карта.

За да го направите тоа ви е потребен датумот на раѓање кој ќе го внесете на следниот линк и од таму ќе ја одредите позицијата на планетите меѓу кои и онаа на Венера.

Откако сте го пронашле знакот преминете кон толкувањето кое следи во прилог.

Венера во овен

Концентрирани главно на себе, жените со Венера во овен флертуваат директно, бестрашно и секогаш подготвени за предизвик. Имаат детски шарм и потреба да добијат се во моментот кога ќе го посакаат. Огнени се, импулсивни и полни со ентузијазам и не поднесуваат пасивни партнери. Повремено имаат изливи на бес и може да бидат мошне груби. Сакаат да бидат први и најдобри, па потребата за натпревар им е во крвта. Презираат рутина и постојано сакаат некој да им се додворува.

Венера во бик

Жената со Венера во бик ретко кога не носи квалитетна облека и импресивен накит. Таа е посесивна и сензуална партнерка која сака комфорна врска во која ќе може да им се препушти на задоволствата. Понекогаш материјалната сигурност и е поважна од емотивната, па бара партнер кој може да и е стабилна иднина. Не сакаат кога некој ги форсира да направат нешто што не сакаат бидејќи во суштина тешко се прилагодуваат на промени.

Венера во близнаци

Ова е жена со нагласена смила за хумор и досетливост. Потполно е отворена во комуникацијата, што остава впечаток дека постојано флертува. Но, нека не ве залаже нејзиниот детски шарм, затоа што под површината се крие личност која добро ја анализира секоја ваша постапка. Секогаш е во потрага по интересен тип на маж кој ќе ја привлече со својата интелигенција и способноста да дискутира на најразлични теми. Доколку сакате да ја задржите покрај себе секогаш изнаоѓајте нови начини со кои што ќе ја стимулирате нејзината љубопитност

Венера во рак

Ваквата позиција на Венера отсликува жена полна со емоции во потрага по вистинска љубов. Мошне е чувствителна, пожртвувана, а понекогаш дури и депресивна кога некој ќе си поигра со нејзините чувства. Може да биде каприциозна дама која лесно менува расположенија и не е задоволна од она што имате да и го понудите барајќи постојан доказ за вашата љубов. Најдобро се чувствува кога се грижи за некого без разлика дали тоа се партнерот, пријателите или децата.

Венера во лав

Бомбастичната Венера во лав открива дами кои се драма кралици. Сакаат се освен рамнодушност. Избираат претставителен партнер кој ќе го покажуваат пред другите луѓе и секогаш паѓаат на ласкање и комплименти. Кај нив љубовта и сексот одат рака под рака бидејќи сакаат врска која ќе биде исполнета со страст и меѓусебно разбирање. Што се однесува до физичкиот изглед, жената со Венера во лав како што кажува и самиот знак сака да биде во центарот на вниманието секогаш средена од глава до пети и во чекор со модата.

Венера во девица

Скромни и посветени, овие жени нема да ве заведат со флертување туку со отворен пријателски пристап на кој нема да можете да му останете рамнодушни. Нивното логично и приземно однесување остава впечаток дека ви се најдобри другарки со кои што можете да споделите буквално се. Лошата страна е во тоа што многу внимаваат на детали и ситници и лесно може да излезат од контрола кога нешто не е како што треба да биде. Иако изгледаат како чисти логичари, во суштина се полни со емоции кои вешто ги задржуваат за себе.

Венера во вага

Вистинска жена, елегантна и шармантна секогаш подготвена да остави најдобар впечаток пред другите луѓе. Ужива во уметноста и во префинетоста на животот. Мрази вулгарности и непристојно однесување. Знае одлично да флертува, но понекогаш се опседнува со изгледот. Иако сака стабилна врска, не е покажува голема страст во своите љубовни односи.

Венера во скорпија

Жената која има Венера во скорпија е мистична, таинствена и магнетно привлечна дури и кога физички не е посебно убава. Зрачи со харизма, па затоа каде и да оди мажите едноставно се лепат за неа. Љуби интензивно и длабоко, а исто толку знае да биде деструктивна кога има епизода на љубомора и посесивност. Ќе ве направи мошне среќен човек во креветот се додека сте подготвени да и бидете потполно лојални и посветени.

Венера во стрелец

Венера во стрелец дава особини на вечен оптимизам, отвореност и спонтаност. Оваа жена е интелектуалец кој ужива да патува, учи и истражува. Често кокетира и храбро се впушта во авантури, но си ја сака слободата, па поради тоа тешко може да се задржи во врска. Мрази рутина и предрасуди како и патетични емотивни сцени. Секогаш е отворена за нови предизвици, па можеби токму затоа стапува во брак во подоцнежните години од животот.

Венера во јарец

Вечната потреба за љубов е скриена под ладната надворешност на жената со Венера во јарец. Таа е стабилна, пристојна, не ретко резервирана, но и амбициозна и пресметлива. Тешко е да се заведе затоа што и треба многу време додека ги изрази своите емоции. Сака долги врски во кои ќе се чувствува сакана и материјално обезбедена. Освен тоа најчесто и се допаѓаат постари партнери за кои мисли дека се доволно зрели да и го понудат она што и е потребно.

Венера во водолија

Ориентирани кон иднината овие жени секогаш имаат специфичен и необичен пристап кон нештата. Два чекори пред сите, жените со Венера во водолија бараат партнер со либерални сфаќања кои се двојат од толпата и не ги следат правилата. Овие ексцентрични жени во еден миг се нежни, а веќе во другиот прават нешто сосема непредвидливо што ги шокира сите околу нив. Кога ќе почувствуваат дека партнерот се обидува на било кој начин да ги ограничи стануваат ладни и почнуваат со својата потрага по нова љубов.

Венера во риби

Оваа Венера им се припишува на жени кои се многу шармантни, тивки, со необично и меко срце. Изгледаат еротично и мистично како да кријат некоја голема тајна, но во суштина се многу едноставни. Се што треба да направите е безусловно да ги сакате. Рибата им ја нагласува фантазијата што прави да бидат едни од оние луѓе кои одат и со сонуваат со отворени очи. Ненаметливи се и постојано го идеализираат партнерот, дури и кога тој драстично се разликува од нивната претстава за вистинска и искрена љубов.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2014 во 13:24

Каква е долната облека на хороскопските знаци?

Сите хороскопски знаци ја нагласуваат својата моќ на заведување преку својата долна облека која сакале или не игра голема улога во нивниот интимен живот. Лавиците екстравагантни, скорпиите едноставно еротични, додека раковите преферираат женственост.

Жената овен заведува директно и едноставно. Бидејќи има малку трпение вообичаено преферира еротична долна облека која треба да биде доволно провокативна за носење и лесна за соблекување. Сака црвена, но добро се снаоѓа и во понежни бои. Понекогаш ужива да облече корсет и да го надополни со подвезици.

Бикот е сензуален знак кој сака долната облека да исполнува два критериума и тоа да е удобна и да е доволно секси за да привлекува внимание. Жените во знакот на бик уживаат во практични гаќички и градници во цветни дезени, весели бои и необични комбинации. Природата најчесто им дава облини, па така дури и најобичната долна облека на нив изгледа супер секси.

Близнаците се приказна за себе, во еден миг целосно класични во некоја црно бела комбинација, за да веќе во следниот ги видиме во нешто префинето како тантела или свила. Што и да носат сакаат долната облека да го маѓепса партнерот, па затоа секогаш избираат парчиња кои ќе бидат по вкусот на посилната половина.

Женствениот рак избира модели кои со својата еротичност ќе го бутнат на колена нејзиниот избраник. Сака розови, црвени и сини нијанси и не ретко оди од една во друга крајност. Дамата рак можете да ја видите во прекрасна свилена ноќница, но и во дрска танга. Се зависи од нејзиното расположение и од она што го буди мажот во неа.

Лавицата мора да биде екстравагантна без разлика дали тоа подразбира црн корсет со подвезици и накит или пак гаќички со тигрест принт и градник во некоја агресивна боја. Овој знак најчесто избира комбинации во кои се чувствува посакувано и посебно, па токму затоа изборот на бои и модели секогаш се сведува на нешто што ќе привлече внимание. Таа не се плаши да покаже што има ниту пак да ги истакне своите гради и задник во облека која открива буквално се.

Спротивна на лавот, девицата сака што е можно поедноставни парчиња облека. За посебни прилики најверојатно ќе избере корсет или нешто што има интересен дезен, додека во обичните денови најчесто може да се види во беби дол варијанта.

Префинетите ваги се верни на квалитетните материјали и гаќичките во француски стил. Сакаат тантела, свила, а понекогаш и плетени детали. Оние кои се малку похрабри без проблем носат и кожни гаќички како и модели кои повеќе откриваат отколку што покриваат. Еден од нивните препознатливи знаци се и чорапите кои секогаш се со по некоја интересна шара.

Најеротичниот знак во хороскопот, скорпијата, обожува црна боја која освен што е мошне секси, одлично се вклопува во нејзините едноставни модели од тантела. Скорпиите се предаваат на страста, па можете да ги забележите во тесни корсети, со подвезици, па дури и чизми над колена. Не се срамат да експериментираат, а телото го доживуваат како храм за сексуално задоволство.

Палавата жена стрелец лесно ќе се пронајде во градник и гаќички кои имаат елементи на врзување или пак се во весели комбинации од бои. Можете да ја видите и во секси спортски боксерки кои и се идеални за носење по цел ден, но и за будење на огнот во спалната соба. Слично како лавицата и таа е желна за внимание и затоа избира долна облека со која што може да ја постигне саканата цел.

Конзервативните јарци сакаат долна облека која пред се ќе биде изработена од луксузен материјал. Поседуваат повеќе ноќници од сатен, меки градници со многу детали и по некоја танга. Најмногу им се допаѓа кога долната облека која што ја носат им создава чувство на моќ и доминација. Жената јарец сака се во кое што освен што изгледа убаво, остава впечаток дека е скапо.

Водолијата избира откачени парчиња на кои што можеби никогаш не би ни помислиле. Нејзината весела и визионерска природа ја мотивира во изборот на долна облека да внесе малку хипи стил, а понекогаш и материјали како пластика. Традиционалниот градник и гаќички едноставно не се за неа.

Рибите поседуваат силна имагинација и затоа многу сакаат долна облека која како да е излезена од бајките. Обожуваат тантела во било која форма, градници со многу детали и гаќички со панделки. Црвената, розовата боја и виолетовата боја се како создадени за овој знак, па никогаш нема да погрешите ако им подарите долна облека во овие нијанси.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2014 во 14:17

Секој од нас има некој порок на кој тешко му одолева. Откријте какви предиспозиции ви доделиле ѕвездите, на што ве направиле неверојатно слаби...

horoskopski-poroci-ovenot-saka-da-pie-vagite-trosat-strelcite-preterano-pusat-01

Овен

Како огнен знак, овенот сака се што се случува брзо, па попрво бира пијалаци како виски и ракија, а кога е во можност да посети некои вински подрум сака да пие црвено вино повеќе од дозволеното. Прилично се тврдоглави, па припадниците на овој знак сакаат се што им е забрането. Само на тој начин може да ја почувствуваат слободата. Цигарите се составен дел од ноќните излегувања, од кој тешко дека Овенот некогаш ќе се откаже.

Бик

Прва асоцијација кога ќе здогледате дебел готвач кој сака да јаде е дека е роден во знакот на Бик. Ова се личности кои сакаат да уживаат во сетилата, па храната и пијалоците им се на прво место. За Биковите и љубовта е неопходна, па се што е поврзано со неа ги тера на пороци. Телефонскиот или сајбер секс, како и секси приказните се она што Биковите го практикуваат, но само со вистинскиот партнер.

Близнаци

Близнаците се склони кон бегање од реалноста, па ги привлекуваат порнографските снимки, доколку се чувствуваат сигурни во себе. Во друг случај, може да бидат претерано провлечени од некој паралелен свет во кој сакаат да живеат сосема нов живот. Близнаците ги обожаваат предметите со материјално значење, па не е реткост да потрошат еден куп пари на некоја глупост која во моментот им изгледа неодолива.

Рак

Никотинот е составен дел од воздухот неопходен за нормално функционирање на човештвото, според мислењето на Раковите. Овие личности да можат, би ги јаделе цигарите. Ракот би престанал да пуши само ако тоа влијае на неговиот физички изглед. Тие имаат и слабост кон попусти и често знаат да купуваат под влијание на некоја моментална емоција.

horoskopski-poroci-ovenot-saka-da-pie-vagite-trosat-strelcite-preterano-pusat-02

Лав

Лавовите веруваат дека на овој свет се е дозволено па алкохолот, цигарите, дрогата и сексот се составен дел од неговиот бурен живот. Веруваат во својата бесмртност, па им недостасува дисциплина кога консумираат нездрава храна. Огнените знаци ги возбудува она што се случува многу брзо, па баш затоа Лавовите се слаби на коцкање и изненадни добивки.

Девица

Девиците по природа се перфекционисти и нивните склоности се телото да го доведат до совршенство. Многу претставници од овој знак се толку опседнати со својот изглед што консумираат огромни количини витамини и таблети. Девиците се склони кон бегство од реалноста, па многу лесно се предаваат на опојни дроги.

Вага

Вагите имаат неверојатна потреба за трошење на пари, па доколку имаат кредитна картичка при рака нема да им одолеат на новите парчиња гардероба. Сакаат никотин и цигарите за нив се статусен симбол. Често остануваат приврзани за скапоцените цигари иако нивниот буџет не може да ги истрпи. Вагите ги привлекува и сексот, па како воздушен знак сакаат да гледаат т.е. се огромни воајери.

Скорпија

Скорпиите несомнено се најстраствениот знак на хороскопот, кога сексот е во прашање. Можат да бидат претерано опседнати со одредена личност и подготвени се да потрошат многу пари за да создадат совршена атмосфера за незаборавен секс. Склони се кон неверство и бројни афери. Цигарите, алкохолот и разните опиуми се само дел од предиграта, барем за Скорпиите.

horoskopski-poroci-ovenot-saka-da-pie-vagite-trosat-strelcite-preterano-pusat-03

Стрелец

Уште еден огнен знак во низата кои заради својата храброст запаѓа во голем број пороци. Стрелците сакаат патувања, па подготвени се да трошат огромни суми на пари на луксузно уживање. Доколку финансиската ситуација не му го дозволува тоа, од стварноста бега со помош на филмови. Склон е кон лаги и симулирањето на болест за да ги избегне обврските. Овој знак не може да му одолее и на никотинот.

Јарец

Јарецот е опседнат со потребата да биде прв и најдобар, па неговата опсесија неретко се претвора во порок. Без оглед на тоа каква е неговата опсесија, обичните проблеми лесно може да се претворат во екстремни. Оптеретени се и со својот изглед, па не е чудно ако патат и од анорексија, мислејќи дека се одржуваат витки и убави.

Водолија

Водолиите поседуваат револуционерен ум кој никогаш не мирува. Тие сакаат да тестираат се што можат на себе, па баш затоа се склони кон авантури. Ги приблекуваат сите супстанци кои инспиративно влијаат на работата на нивниот мозок, па пороците неретко ги сметаат за верски ритуали кои им овозможуваат духовен развој.

Риби

Со Рибите владее Нептун, а со самото тоа нивни пороци се оние кои се поврзани со алкохолот, дрогите и супстанците кои било како влијаат на мозокот. Многу Риби може да бидат заисници од мисловни игри затоа што се сконцентрирани кон внатрешниот развој, па лесно посегнуваат по инспирација во секој облик.


голема насмевказбунетостРаковите да можат би ги јаделе цигарите

Хаххахха...сигурно,нема што!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 14:15

Вашиот хороскопски знак покрај другите работи, го открива и тоа какви сте во брак – дали сте традиционални, посветени на семејството или пак брачниот живот не ви е силна страна.

horoskopskite-znaci-i-brakot-2

Секако, се зависи од тоа дали сте маж или жена.

Овен

Маж

Тој е изразено мажествен. Лесно се одлучува да стапи во брак. Не бега од одговорности и сака да доминира. Крај себе сака да има паметна и убава жена, која нема да му ја ограничува слободата. Често се случува да посака „дополнително“ задоволство вон домот.

Жена

Жената родена во овој знак секогаш ќе ги поддржува амбициите на партнерот и крај себе сака успешен маж. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да се откаже ни од нејзините приватни интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е кон љубоморни испади.


Бик

Маж
Биковите се посветени на жената и децата. Се трудат на своето семејство да му обезбедат што е можно подобри услови за живот. По природа се добродушни. Бикот важи за еден од најстрастните мажи. Ако жената не му пружи секакво физичко задоволство, склон е кон неверство.

Жена
Жената Бик е многу посветена на брачната заедница и спремна на жртва за да ја сочува хармонијата. Ја поддржува тезата дека љубовта доаѓа преку стомакот и е одлична домаќинка. Чувствителна е, а најголема слабост и се децата. Од мажот очекува да биде успешен и да и пружи материјална сигурност.


Близнаци

Маж
Овој маж и не е баш идеален за брак. Животот со него може да биде убав, интересен и релаксиран, но само под услов крај себе да има жена која нема да го „зауздува.“ Од друга страна, тој истата таа слобода ќе и ја пружи и на партнерката. Шармантен е и сака да флертува.

Жена
Оваа жена по природа е малку нестабилна, но спремна е тоа да го смени кога ќе влезе во брак. Многу се приврзува за својот сопруг. Си одговара со мажи кои можат интелектуално и вербално да и парираат. Оваа жена нема да се жртвува за семејството, бидејќи ја почитува и својата кариера.


Рак

Маж
Раковите се традиционални и врзани за своето семејство и за семејството од кое потекнува. Иако важи за добар партнер, со него не е лесно да се живее. Неговата жена освен што ќе треба цел живот да се бори со него, истото ќе треба да го прави и со неговата мајка. Поголем дел од времето сака да го минува дома и е добар домаќин.

Жена
Жената Рак е жена во вистинска смисла на зборот. Чувствителна и верна на својот сопруг. Пред се е мајка, полна со разбирање и љубов. Семејството и е најважно. Таа бара маж кој ќе и биде заштитник и на кого ќе може да се потпре. Лено стапува во брак и ја препушта иницијативата на партнерот.

horoskopskite-znaci-i-brakot-4

Лав

Маж
Лавот сака за својата жена, тој да е центар на светот. Смета дека сите во домот треба да му се покорат, за да тој може да напредува. Како родител не е строг, бидејќи и самиот е едно големо дете. Неговата жена мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Жена
Жената родена во овој знак е секогаш организирана и има време за се, а не ги занемарува ни куќните обврски. Идеална е за амбициозните мажи. Нејзината појава предизвикува воодушевување. Со гордост ќе им ја претставите на родителите и колегите. Лојална е и страстна.


Девица

Маж
Ова е највредниот маж во брак, кој би го посакале сите жени. Не е посесивен, но не е ни страстен, па најдобро се вклопува со жена од истиот знак. Многу е конзервативен и не  ебаш романтичен.

Жена
Оваа жена е многу анлитична. Ако не се одлучи за брак од интерес, ќе биде многу чувствителна мајка и сопруга. Способна е да држи се под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често знае да делува ладно. Физичкото задоволство не и е приоритет.


Вага

Маж
Вагите се вистински уметници во љубовта, но сепак не им одговара брачниот живот. Тешко се прилагодуваат. Го привлекуваат жени кои водат сметка за својот изглед и кои знаат да им се спротивстават кога треба. Добри љубовници се, но склони се кон неверство.

Жена
Жената вага е впечатлива, привлечна и женствена, секогаш опкружена со своите додворувачи. Таа е идеал по која мечтае секој маж. Сака хармоничен брак. Вистинска дама е и не ги сака куќните работи. Мажот мора да ја мази, пази и да и обезбеди луксуз.


Скорпија

Маж
Овој маж е многу љубоморен и посесивен. Со него не е лесно да се биде среќен во брак. Непријатните ситуации можат да се избегнат ако жената постојано му ја покажува и докажува својата љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека тој е глава на семејството.

Жена
Оваа жена многу сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го бира со своето срце, а не со разумот. Се ќе направи за да ги усреќи своите деца. Сака да биде сакана и почитувана. Многу е енергична и страстна. Ако мажот не е спремен да ги задоволи нејзините барања, спремна е да си замине.

horoskopskite-znaci-i-brakot-3

Стрелец

Маж
Стрелецот е роден авантурист и во животот и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата жена мора да биде елоквентна, забавна и способна да се снајде и без него. Тој на љубовта гледа сосема поинаку од сите други знаци. Нема да толерира ако неговата жена има испади на љубомора.

Жена
Жената стрелец е мудра и пријателски настроена кон својот сопруг. Во состојба е да го прати во чекор, својот избраник. Не поднесува монотонија во бракот и ќе направи се за да заедничкиот живот не западне во рутина. Потребен и е некој кој ќе ја забавува. Романтична е.


Јарец

Маж
Овој маж често се посветува на кариерата па во брак влегува многу покасно од останатите знаци. Жената покрај овој маж, ќе се чувствува сигурно, но ќе биде лишена од секакви изливи на нежност и емоции. Јарецот несвесно бира доминантни жени, но очекува да се почитуваат и неговите правила.

Жена
Жената Јарец е како создадена за маж кој сака убав брачен живот без потреси. Мажот може да биде комплетно сигурен во нејзината верност. Оваа жена е често воздржана, ладна и недопирлива. Не знае да ги покаже емоциите ни кога некој многу и значи.


Водолија

Маж
Овој маж е непредвидлив во брак. Неговата избраничка никогаш не треба да ги отвора сите карти, ако сака да го задржи само за себе. Тој лесно може да се сврти кон онаа која е поинтересна и поспособна од неговата жена.

Жена
Водолијата жена е едноставна и пријателски настроена. Од бракот бега, се додека не се појави вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа баш најдобро и не се срами да ги покаже своите емоции. Склона е кон авантури, во моментот кога ќе помисли дека животот и станал рутина.


Риби

Маж
Мажот роден во овој знак е еден од најдобрите кандидати за брак. Спремен е да и ги оствари сите желби на својата жена, ако има можност за тоа. Тој е еден од знаците кој најголем дел од времето го поминуваат со семејството. Ретко се решава да си ја жртвува семејната среќа, заради љубовница.

Жена
Оваа жена е вистинска дама која ги фрла сите останати во сенка. Често пати и недостасува сила и волја за да ги спроведе своите брилијантни идеи во пракса, па затоа и е потребен силен маж кој ќе ја води низ животот. Од бракот не се откажува дури ни кога ќе доживее пораз, бидејќи се надева дека ќе има повеќе среќа следниот пат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 14:16

Мажите сакаат комплименти исто колку што сакаат девојките. Пофалба дека направил нешто добро може позитивно да влијае на односот. Секој знак е посебен затоа треба внимателно да се одберат комплиментите.

kako-da-dadete-kompliment-na-maz-spored-horoskopot-01

Овен

Фантастично. Никој не сум видела вака добро да го прави ова.

Амбициозни, полни со енергија и отворени. Тие се кралеви на индивидуалните спортови, но умеат да бидат и лидери на тим. Способни се да дадат максимум од себе во секоја ситуација.

Бик

Само ти знаеш да направиш нешто да изгледа вака добро!

Бикот има око за убави, префинети работи. Никој не цени уметност и убавина како него. Дозволете му да ужива во вашето друштво, и тој со сигурност ќе возврати.

Близнаци

Што ќе пробаме следно? Каде ќе одиме?

Близнаците се непресушен извор на идеи и постојано се во движење кон нешто ново. Креативноста и менталната стимулација им се најголеми адути. За да биде твој, поддржи ги неговите идеи и ентузијазам и потикни го на некои нови.

Рак

Можеме да останеме дома. Јас ќе готвам.

Иако Ракот е одличен готвач, за да го освоите треба да му зготвите нешто. Само на овој начин ќе допрете до неговото срце, бидејки до таму се стигнува преку стомакот.

Лав

Одлично постапи! Ти се воодушевувам на храброста!

Никој како Лавот не сака толку многу успех и восхит. Тој сака да добива пофалби, но само ако се од срце. Слободно давајте комплименти, а за возврат ќе бидете обожавани.

Девица

Немам веќе трпение. Те молам, помогни ми да го сфатам ова.

Девицата е многу трпелива кога се во прашање проблеми и детали. Сака да работи, и не постои математички проблем кој не може да го реши. Покрај ова, тој сака и да помага.

Вага

Што мислиш за ова?

Првакот во партнерските односи е Вагата. Верувајте му безусловно и дозволете да учествува во секој ваш проект. Со време ќе забележите како очите му светкаат од љубов. Тој сака компромиси и ужива да дели важни моменти со други луѓе.

Скорпија

Ти си единствената личност со која можам да го споделам ова.

Се што треба да направите за Скорпијата да биде ваша, е да споделете некоја своја тајна. Тој е крал на дискрецијата и знајте дека тајните со него се сигурни.

Стрелец

Зошто не ги спакуваме торбите и да одиме некаде?

Дури и во моментите кога патување не доаѓа во предвид, помислата на истото го развеселува. Покажете ентузијазам и авантуристички дух за да го освоите.

Јарец

Никој друг не би се решила на ваков чекор!

Јарецот поседува ретка комбинација на одговорност, амбиција и способност. Ласкајте му и тој ќе ви возврати со задоволство.

Водолија

Сакаш да го пробаме да го средиме ова на друг начин?

Овие индувидуалисти се среќни кога слободно можат да чекорат по сопствениот пат. Љубители се на модерна технологија, па ако се изгубат по пат, понудете им го вашиот GPS и сметајте дека е веќе ваш.

Риби

Ти ме правиш подобар човек!

Сочуствителноста и емпатијата се главни особини на Рибите. За да се поврзат со вас посилно, треба само да ги потсетите на нивните карактеристики. Но бидете внимателни да не им потечат солзи на очите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 14:17

Водолиите сакаат слатки мириси, Скорпијата користи интензивни парфеми, Рибите се верни на традиционалните парфеми, а Стрелецот е маѓепсан со мирисите на Далечниот Исток.

kakvi-parfemi-preferiraat-horoskopskite-znaci-01

Огнените Овни се склони кон опојни мириси
Динамичниот Овен го привлекуваат сензуални ноти кои одговараат со неговиот карактер. Привлечен е од мирисот на цимет, мускатно оревче, лимон и цитрус.

Бикот е верен на еден мирис
Бикот не сака да експериментира со мириси и е лојален на еден бренд, кој мора да биде посебно дизајниран. Тој парфем има ноти на мандарина, ружа и ванила. Сака и интензивни тонови што го прават да се чувствува сензуално и моќно.

Близнаците не можат да одолеат на цветни и цитруси ноти
Близнаците, сакаат да експериментираат со парфеми, а најмногу им одговараат цветни и цитрусни мириси. Најчесто ги одбираат според расположението, кога се романтично расположени сакаат овошни тонови како јагода, портокал и ванила, а за секојдневна варијанта одбираат освежувачки тонови од лимон.

На Ракот му одговараат префинети ноти
На чувствителниот Рак му одговараат нежни женствени тонови од јасмин, ружа и магнолија. Сака свежи и заодливи парфеми за да биде забележан од друштвото.

Лавот сака да се истакнува
Тој сака едноставни мириси на ружа или есенцијални масла, но понекогаш сака и скапи парфеми. Него му е исклучиво важно да мириса убаво и бира кокос, ванила, ружа и сандаловина.

Девицата сака само свежи и транспарентни мириси
Девицата сака мириси кои и даваат чувство на свежина, и затоа оваа нежна личност одбира парфеми со тонови на портокал, грејпфрут и анис.

kakvi-parfemi-preferiraat-horoskopskite-znaci-3

Вага сака необични ноти
Вагата има специфичен вкус кога се работи за парфеми и најмногу и одговараат романтични тонови од сандаловина и клементина. Меѓутоа таа сака во друштвото да остава посебен впечаток и затоа понекогаш бира необични парфеми со феремони или босилек.

Скорпијата не се откажува од интензивните мириси
Мистичната Скорпија сака класични парфеми со интензивен мирис. Најмногу одговараат класични мириси со додаток од бадем, гарденија и мошус.

Стрелецот е маѓепсан од мирисите од Блискиот исток
Стрелецот сака егзотични мириси од Азија и Далечниот Исток како што се темјан, сандаловина и зелен чај. Како и Близнакот сака да експериментира во посебни прилики и носи парфеми од лубеница и цреши.

Јарецот одбира здрави парфеми
Јарецот исто како и девицата сака транспарентни мириси, и бидејќи е опседнат со здравјето сака неговиот парфем да содржи витамин Б, зелен чај и женшен.

Водолијата ќе ја препознаете по слаткиот мирис
Слатки и цветни мириси се најдобар избор за Водолијата. Овој знак кога ќе го пронајде својот омилен парфем не се одвојува од него. Најмногу му одговараат мириси на ванила, сандаловина и лаванда и интензивната нота на пачулија.

Класичните Риби носат традиционални ноти
Романтичните Риби одбираат традиционални ноти од сандаловина и темјан. Тие се верни на еден парфем, но затоа сакаат да експериментираат со мирисни лосиони и кремови. Сепак во посебни прилики сакаат да носат парфеми инспирирани од Африка и Индија со тонови од даб, лотус и јанта
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 14:19

Овенот, Стрелецот и Лавот се најчесто мускулесто градени. Девиците и Јарците се ковчести, а Биковите и Вагите склони кон дебелеење. Очите се најистакнати кај Водолија, Риби и Близнаци.

fizickiot-izgled-i-horoskopot-koj-e-najdobro-graden-a-koj-ima-najprivlecna-nasmevka

1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.

2. Биковите се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно, најчесто во зелено и кафено.

3. Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена боја жолта и сребрена.

4. Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела.

5. Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит.

6. Девиците се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе. Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена.

7. Вагите имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот. Сакаат нијанси на сина и црвена.

8. Иако се слаби, Скорпиите делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива.

9. Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои.

10. Јарците имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се иски или со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на зелена и кафена.

11. Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина.

12. Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично  е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 15:31
1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.

како да ме опишувал некој ,кражба на идентитет
Train hard,Fight easy !
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2014 во 00:24
Карактеристиките кои се наведени за Вага...точни 99%
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2014 во 11:22
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Карактеристиките кои се наведени за Вага...точни 99%
повисока си од просекотголема насмевка
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2014 во 12:04

Опции за коментарот Опции за коментарот
  Благодарам (0) Благодарам(0)
  Цитирај&nbsp;Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор
Директен линк до овој коментар Испратена: од вчера во 14:15

Вашиот хороскопски знак покрај другите работи, го открива и тоа какви сте во брак – дали сте традиционални, посветени на семејството или пак брачниот живот не ви е силна страна.

horoskopskite-znaci-i-brakot-2

Секако, се зависи од тоа дали сте маж или жена.

Овен

Маж

Тој е изразено мажествен. Лесно се одлучува да стапи во брак. Не бега од одговорности и сака да доминира. Крај себе сака да има паметна и убава жена, која нема да му ја ограничува слободата. Често се случува да посака „дополнително“ задоволство вон домот.

Жена

Жената родена во овој знак секогаш ќе ги поддржува амбициите на партнерот и крај себе сака успешен маж. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да се откаже ни од нејзините приватни интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е кон љубоморни испади.


Бик

Маж
Биковите се посветени на жената и децата. Се трудат на своето семејство да му обезбедат што е можно подобри услови за живот. По природа се добродушни. Бикот важи за еден од најстрастните мажи. Ако жената не му пружи секакво физичко задоволство, склон е кон неверство.

Жена
Жената Бик е многу посветена на брачната заедница и спремна на жртва за да ја сочува хармонијата. Ја поддржува тезата дека љубовта доаѓа преку стомакот и е одлична домаќинка. Чувствителна е, а најголема слабост и се децата. Од мажот очекува да биде успешен и да и пружи материјална сигурност.


Близнаци

Маж
Овој маж и не е баш идеален за брак. Животот со него може да биде убав, интересен и релаксиран, но само под услов крај себе да има жена која нема да го „зауздува.“ Од друга страна, тој истата таа слобода ќе и ја пружи и на партнерката. Шармантен е и сака да флертува.

Жена
Оваа жена по природа е малку нестабилна, но спремна е тоа да го смени кога ќе влезе во брак. Многу се приврзува за својот сопруг. Си одговара со мажи кои можат интелектуално и вербално да и парираат. Оваа жена нема да се жртвува за семејството, бидејќи ја почитува и својата кариера.


Рак

Маж
Раковите се традиционални и врзани за своето семејство и за семејството од кое потекнува. Иако важи за добар партнер, со него не е лесно да се живее. Неговата жена освен што ќе треба цел живот да се бори со него, истото ќе треба да го прави и со неговата мајка. Поголем дел од времето сака да го минува дома и е добар домаќин.

Жена
Жената Рак е жена во вистинска смисла на зборот. Чувствителна и верна на својот сопруг. Пред се е мајка, полна со разбирање и љубов. Семејството и е најважно. Таа бара маж кој ќе и биде заштитник и на кого ќе може да се потпре. Лено стапува во брак и ја препушта иницијативата на партнерот.

horoskopskite-znaci-i-brakot-4

Лав

Маж
Лавот сака за својата жена, тој да е центар на светот. Смета дека сите во домот треба да му се покорат, за да тој може да напредува. Како родител не е строг, бидејќи и самиот е едно големо дете. Неговата жена мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Жена
Жената родена во овој знак е секогаш организирана и има време за се, а не ги занемарува ни куќните обврски. Идеална е за амбициозните мажи. Нејзината појава предизвикува воодушевување. Со гордост ќе им ја претставите на родителите и колегите. Лојална е и страстна.


Девица

Маж
Ова е највредниот маж во брак, кој би го посакале сите жени. Не е посесивен, но не е ни страстен, па најдобро се вклопува со жена од истиот знак. Многу е конзервативен и не  ебаш романтичен.

Жена
Оваа жена е многу анлитична. Ако не се одлучи за брак од интерес, ќе биде многу чувствителна мајка и сопруга. Способна е да држи се под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често знае да делува ладно. Физичкото задоволство не и е приоритет.


Вага

Маж
Вагите се вистински уметници во љубовта, но сепак не им одговара брачниот живот. Тешко се прилагодуваат. Го привлекуваат жени кои водат сметка за својот изглед и кои знаат да им се спротивстават кога треба. Добри љубовници се, но склони се кон неверство.

Жена
Жената вага е впечатлива, привлечна и женствена, секогаш опкружена со своите додворувачи. Таа е идеал по која мечтае секој маж. Сака хармоничен брак. Вистинска дама е и не ги сака куќните работи. Мажот мора да ја мази, пази и да и обезбеди луксуз.


Скорпија

Маж
Овој маж е многу љубоморен и посесивен. Со него не е лесно да се биде среќен во брак. Непријатните ситуации можат да се избегнат ако жената постојано му ја покажува и докажува својата љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека тој е глава на семејството.

Жена
Оваа жена многу сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го бира со своето срце, а не со разумот. Се ќе направи за да ги усреќи своите деца. Сака да биде сакана и почитувана. Многу е енергична и страстна. Ако мажот не е спремен да ги задоволи нејзините барања, спремна е да си замине.

horoskopskite-znaci-i-brakot-3

Стрелец

Маж
Стрелецот е роден авантурист и во животот и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата жена мора да биде елоквентна, забавна и способна да се снајде и без него. Тој на љубовта гледа сосема поинаку од сите други знаци. Нема да толерира ако неговата жена има испади на љубомора.

голема насмевка

“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2014 во 08:59

Како гледате на работите и случувањата во животот? Знаете ли да се утешите и да го видите светлото на крајот од тунелот или мислите дека е крај на светот?

dali-vashiot-horoskopski-znak-e-optimist-ili-pesimist-01

Овенот си го попречува патот низ сите непријатни ситуации, оптимизмот на Бикот се темели врз верата во своите способности, а на Лавот ретко кој може да му го наруши оптимизмот..

Дали сте песимист или оптимист според хороскопскиот знак?

Овен

Вие сами си го попречувате патот низ непријатните ситуации кои ви ги носи животот, а при тоа воопшто не се вознемирувате дека може да бидете истуркани или отфрлени. Сето тоа е дел од животот си велите себеси и продолжувате понатаму. Во моментите кога ви е намален оптимизмот добро е да изброите до 10 , за да застанете и да го послушате внатрешниот глас, а тој ќе ви каже дека сте некој кој е вреден за почит и тоа ќе ве врати во колосек. Вашето мото е: Утре е нов ден!

Бик

Вашиот оптимизам се заснова на силата на вашата добра волја и вербата во сопствените способности, таленти и знаење. Поседувате моќ да го маѓепсате спротивниот пол, поради што и самодовербата ви е на високо ниво. Вашата посесивна природа може да биде камен кој ќе ве сопне во однос на љубовта, семејството или пријателските односи, па дури и работните. Ако почувствувате дека некој сака да ви одземе нешто, почнувате да се сомневате во себе. Во таквите моменти утеха за себе може да најдете во прошетка низ природа или во некој креативен амбиент.

Близнаци

Сè додека околу себе можете да видите различни можности за да се занимавате со некоја работа која ја сакате или врска со некој кој ви се допаѓа, нема причини за песимизам. Вашиот оптимизам се заснова на промени, бидејќи ве плаши досадата, а самотијата никако не ви одговара. Интелигентни сте и снаодливи, прилагодливи и духовити, па во секоја ситуација успевате да најдете своја светла страна. Вашиот оптимизам извира од вашата љубопитна природа. Постојаното трагање по нови идеали и потребата за дружење со другите луѓе.

Рак

Сите мислат дека сте премногу грижливи, а всушност сè околу себе длабоко преживувате, па речиси е неизбежно да се грижите околу реални или нереални навреди. Тоа можете да го надминете доколку успеете да воспоставите малку поинаков однос кон својата околина. Престанете да се грижите околу тоа што мислат другите за вас. Иако вам ви е важно мислењето на блиските, сепак треба да бидете искрени кон себе и да сфатите дека не можат сите да ги прифатат вашите погледи на светот.

Лав

Ретко што може да го загрози вашиот оптимизам бидејќи уживате во животот сфаќајќи дека се состои и од позитивни и од негативни искуства. Освен тоа, длабоко се почитувате себе. Сепак имате и вие свои слаби точки, а тоа најчесто се љубовта или децата. Меѓутоа, дури и во лошите ситуации успевате да го извлечете најдоброто. Кога ќе почувствувате дека ве обзема песимизам, сетете се дека целиот свет е една голема сцена, на која судбината вам ви ја доделила главната улога. Штом излезете да прошетате или во шопинг, повторно се враќа во вас оптимистичниот Лав.

Девица

Поради вродениот перфекционизам и критицизам често имате проблем за светот околу вас да го гледате од поведрата страна. Чашата попрво ќе ја видите како полупразна, отколку како полуполна. Не можете да одите против својата природа која секогаш бара влакно во јајцето. Дури и самите понекогаш сте изморени од темните облаци зад кои не можете никако да видите сонце. Сепак, ако еднаш се потрудите да ја побарате посветлата страна ќе сфатите колку подобро ќе се чувствувате и физички и психички. Тогаш до израз доаѓа вашата исклучителна смисла за хумор со која ја освојувате околината.

Вага

Во вас се менуваат сјајниот оптимизам и нерасположението. За среќа, мрачните периоди се секогаш пократки од ведрите, иако понекогаш може да ве извадат од колосек, да предизвикаат кавга. Доколку сте нерасположени обидете се да ги одложите обврските барем на некое време за да не ви го уништат дополнително расположението. Доброто расположение искористете го за работа и она што бара истрајност. Не барајте утеха во слатките, туку потсетете се на она што досега сте го постигнале, испразнете се со вежби или одете на прошетка со некој кој сакате.

Скорпија

Горчливите и непријатни моменти во животот едноставно не умеете да го гледате од друга перспектива од онаа реалната. Исто така, поседувате доволно сила и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение. Кога ќе почувствувате дека ве обзема црнилото сконцентрирајте се на љубовта, работата која ве исполнува и пријателите кои ги имате во изобилие. Оној кој страствено сака, како што тоа го знае вашиот знак, многу лесно ќе најде утеха во емотивниот стил на живот.

Стрелец

За вас може да се каже дека го измисливте оптимизмот. Тој е една од главните карактеристики на вашиот знак. Сепак, животните удари може да ви нанесат големо нерасположение и турбулентни периоди. Најсигурен начин повторно да се здобиете со самодоверба и да го вратите оптимизмот е да се спротивставите на она што не ви се допаѓа. Ништо не може да ве расположи подобро од убедувањето дека човечката слабост е моментална.

Јарец

Доколку сакате да уживате во животот, мора да се сконцентрирате на неговата ведра страна, што и самите го знаете. Заради тоа, претставниците на вашиот знак се задоволни личности, со дух многу помлад од своите врсници. Иако вашиот вроден реализам никогаш не ве напушта, можете да бидете и огромен оптимист дури и кога стоите цврсто на земјата. Луѓето често бараат совет од вас, па неретко може да се уловите во улога на вечен оптимист кој упорно се обидува да ги развесели другите.

Водолија

Вие знаете како да уживате во животот, па не е ни чудо што во секој момент наоѓате убавина и надеж. Енергични сте, имате богата фантазија и вечни оптимисти. Иако не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак знаете да воспоставите лична контрола. Одлична помош ви се уметноста, природата и домашните миленици. Затоа, колку почесто можете, своето уживање во животот споделувајте го со другите.

Риби

Лесно е да ве повредат, затоа што сте чувствителни и склони кон промена на расположението. Но, во моментите кога најголемата тага ве обзема, планирате како да се извлечете, што е добар почеток. Сè додека не е проследено со често нуркање во фрижидерот или постојаното налевање со кафе, имате шанси да го задржите оптимистичкиот став. Потрудете се да ги избегнувате оние кои ја користат вашата љубезност, а кога веќе тоа ќе го сфатите предоцна, утешете се со омилената литература, музика или присуството на искрениот пријател.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 109110111112113 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.