![]() |
|
Оскари 2014-та година |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | ||
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 18.Јануари.2014 во 05:05 |
|
Vreme e da se otvori temata, poradi nejzinata aktuelnost, vaznost, znacajnost. Za site ljubiteli, poklonici na filmot, pocituvaci na filmskata umetnost ja otvoram temava za diskusija vo vrska so nominaciite na filmovite za najznacajnata filmska nagrada na planetarno nivo - oskarot. Ocekuvam da se razvie kvalitetna, konstruktivna debata vo vrska so filmovite nominirani za oskar, akterite, akterkite, reziserite, vasite stavovi, mislenja, vasite favoriti vo najrazlicni kategorii. Vo prodolzenie ja stavam listata so nominacii za oskar Best Motion Picture of the Year American Hustle (2013)
Izvor http://www.imdb.com/oscars/nominations/?ref_=rto_nb_acd Isto taka listata so nominacii mozete da ja videte http://www.idividi.com.mk/magazin/scena/897418/index.html Изменето од panter123 - 18.Јануари.2014 во 05:20 |
||
![]() |
||
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Номинациите веќе се објавени, генерално номинирани се филмовите, актерите, актерките кои се очекуваше да бидат дел од листата кои ќе се тркаат за најпрестижната награда во филмската индустрија - златната статуетка - оскарот.. Оваа година според мене има доста квалитетни филмови кои претендираат за наградата, истото се однесува и за номинираните во најзначајните категории и тоа за најдобра режија, најдобар актер, актерка, споредна женска и машка улога. Малку ќе им биде тешко при доделувањето на оскарите на членовите на филмската академија поради квалитетот особено во категориите најдобар филм, најдобра актерка, актер, бидејќи е многу мала разликата во даденото од страна на актерите, актерките кои беа исклучителни во своите перформанси. Во Категоријата најдобар филм се номинирани 9 филмови од кои според мене најсериозни кандидати за оскар се филмовите Американска Измама и 12 Години Робство на режисерот Стив Меквин, мој фаворит е филмот Американска Измама на маестралниот Дејвид О Расел -но тоа незначи дека доколку оскарот го освои 12 Години Робство тоа ќе биде неправда, сепак се работи за вкус, допаѓање, преференција за одреден филмски проект кој ви се допаднал за нијанса повеќе од другиот, инаку и двата а и останатите номинирани се одлични, се работи за нијанси кои ќе одлучат на кој да му ја доделат статуетката за најдобар филм, шансите на двата филмови се 50/50 иако мое лично предчуство, впечаток е дека сепак оскарот ќе го освои 12 Години Робство, двата филмови се феноменални, исклучително квалитни од секој аспект- одлична режија, сценарио, феноменалнна актерска екипа, музика костимографија... филмовите се со голем број номинации првиот со 10 номинации додека 12 Години робство има 9. Филмот Гравитација на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон има 10 номинации за оскар но сепак и покрај толку големиот број номинации има помали шанси да освои оскар во најзначајните категории. За најдобра режија се номинирани Алфонсо Куарон, Девид О Расел, Мартин Скорсезе, Стив Меквин и Александар Пејн. Изгледите за победа се најголеми на страната на Дејвид О Расел и Алфонсо Куарон кој имаат најголеми шанси да ја освојат статуетка за најдобра режија. Досега на филмските манифестации кои му претходеа на оскарот како што се Златните глобуси и Critics' Choice Awards наградата за најдобра режија ја освои Куарон но тоа незначи дека и ќе го добие оскарот, мене Алфонсо не ми е за оскар, подобар е Дејвид и Скорсезе, Пејн, Стив, номинацијата Куарон ја заслужи но оскарот???.... Мој фаворит е Дејвид О Расел режисер кој се етаблира и докажа на филмската сцена во последниве 3 години последователно потенцирам последователно со исклучително квалитетни филмски проекти почнуваќи од филмот Fajter 2010, минатогодишниот победник во повеќе категории одличниот Silver Linings Playbook (2012) - Во добро и лошо, и со годинешнава номинација за Американска Измама која му е четврта по ред, со тоа го потврди квалитетот, реномето на режисер од врвната - премиум класа. За најдобра актерка посакувам оскарот да го освои Ејми Адамс една од моите најомилени актерки, Ејми го заслужи оскарот со својот квалитет, талент, способности, потенцијали кои ги поседува. Ова и е петта номинација за оскар во последниве 9 години и тоа за Junebug (2005), Doubt (2008), The Fighter (2010), The Master (2012), и годинава за Американска Измама. Девојкава е феноменална секоја втора година има номинација за оскар самото тоа укажува за каков извонреден талент станува збор, иако и останатите нејзини конкурентки во оваа категорија се бриљантни посебно тука би ја издвоил Кејт Бланшет со маестралниот перформанс во филмот Blue Jasmine (2013) на Вуди Ален. Академијата ќе има тешка одлука на кого да му го додели оскарот бидејќи и двете подеднакво го заслужуваат. Сандра Булок нема шанси во трката за статуетката, Џуди Денч многу ми се допадна со нејзината улога во Филомена, додека за Мерил Стрип немам зборови неможе друго и да се очекува од оваа убедливо најдобра актерка на сите времиња. Трката за статуетката во машка категорија - најдобар актер ќе се води помеѓу Метју Меконахи, Кристијан Бејл, Читал Еџифор, Брус Дерн, Леонардо Ди Каприо сите се одлични и се надминаа себеси со улогите, тука одлуката ќе биде тешка, нијанси се во прашање, Бејл е одличен актер кој освои оскар за споредна машка улога за филмот Фајтер 2010 година на истиот режисер Дејвид О Расел, Леонардо континуирано прикажува исклучителни преформанси, ретко има филм во кој има улога а да не ми се допаднал, сите улоги му се одлични - еден од најдобрите актери од машката генерација на денешницава, Метју Меконахи - позитивно изненади со улогата во филмот која убедливо му е надобра досегашна улога достојна за оскар, претежно досега себеси се профилираше како актер кој игра лесни улоги во комедии и романтични драми - комедии, сите имавме таква перцепција за него, во филмот Dallas Buyers Club (2013) се покажа и докажа во сосема поинакво светло, во улога која ја донесе доста моќно, уникатно, оригинално, со самото тоа ја зацврсти позицијата на актер кој може да одигра и доста тешки - сериозни улоги, квалитетот кај Меконахи исплива на површина - дали тоа ќе го круниса со оскар ќе видиме за некој месец. Еџифор имаше одличен перформанс во филмот 12 Години Робство и доколку го добие оскарот тоа ќе биде сосема заслужено. Во категоријата споредна женска улога најсериозни шанси имаат Џенифер Лоренс која минатата година го освои оскарот за најдобра актерка за филмот Во добро и лошо на режисерот Дејвид О Расел, потоа Џулија Робертс, Сали Халкинс, Џун Скиб. Оскарот за споредна машка улога ќе замине во рацете на еден од овие актери Баркад Абди, Бредли Купер, Џона Хил - на кого ова му е втора номинација за оскар за споредна машка улога по првата номинација за филмот Moneyball 2010 на режисерот Бенет Милер, во секој случај се работи за талентиран актер на кој му предстои успешна кариера, Бредли Купер - кој минатата година беше номиниран за истава награда за филм од истиов режисер О Расел, и тој во последниве два филма за кои има номинација се докажа како доста квалитетен актер кој има потенцијал, Мајл Фасбендер - актер кој е во кругот на актери чии квалитети дојдоа до израз последниве неколку години посебно ми се допадна минатогодишната негова улога во филмот Shame (2011) од истиов режисер на овој филм за кој е номиниран - Стив Меквин, Џаред Лето - ме импресионира со неговата улога во филмот Dallas Buyers Club (2013) и според мене има најголеми шанси да го освои оскарот за споредна машка улога, инаку тој е дебитант кога се работи за оскарите исто како Меконахи ова му е прва номинација која најверојатно ќе биде крунисана со оскар. Оскарот за најдобар анимиран филм ќе го освои Frozen (2013) За филм од англиско неговорно подрачје се номинирани The Broken Circle Breakdown (2012): Felix Van Groeningen(Belgium) Најголеми шанси имаат филмовите La grande bellezza (2013) на Паоло Сорентино, L'image manquante (2013) и данскиот The Hunt е во игра но со помали шанси. Тоа беа воглавно номинираните во најзначајните категории Сметам дека неколку филмови годинава беа онеправдани и исклучени од трката за оскарите а се исклучително квалитетни и тоа Inside Llewyn Davis (2013) на маестралните браќа Итан и Џоел Коен потоа филмот Rush (2013) кој е одличен, филмот The Butler 2013 неоправдано беше иземен од оскарите и многу други филмови кои заслужија номинација а беа исклучени од трката за најпрестижната награда во филмската индустрија Очекувам од останатите членови на форумов љубители на филмот да земат активно учество во темава се со цел да развиеме квалитетна дебата, дискусија. Изменето од panter123 - 20.Јануари.2014 во 07:37 |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пантер, алал да ти е за трудот ![]() Засега имам гледано само 4 од кандидатите: “Her“, “Blue Jasmine“, “La grande bellezza“ и “Frozen“. Сите ми се допаднаа, секој е на свој начин убав, квалитетни филмови, убаво одиграни улоги, некои со автентични приказни... Имам симнато уште неколку. Да ги изгледам, вака да не давам аматерски коментари на празно. ![]() |
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас сум послаба некако во гледање на предложените.
Го гледав само Блу Јасмин и искрено ми се допадна тематски а посебно ме фасцинира улогата на Бланшет:) Се надевам ќе гледам и некој од останатите! П.с Не сакам секаков жанр на филм и затоа малку одолговлекувам со гледање:) |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Морам да признаам дека немам гледано многу од филмовите. Навивам за The Wolf of Wall Street и за American Hustle, а некои категории ми се толку смешни што никогаш не сум забележала такви детали (пр - Best Achievement in Makeup and Hairstyling)
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сношти до изгледав American Hustle и денес веќе не мислам на него. ![]() Сакам филмови кои ќе ме натераат да ги изгледам и по втор пат и да размислувам за нив. Овој не е таков. Не ми остави којзнае каков впечаток. Можеби и темата дека не ми е од омилените, повозбудливи ми се филмови со посуштинска обработка на карактери. Тоа си е до вкусот. Инаку филмот си е убав, одличен би рекла. Најсмешен момент ми беше Ричи со витлерите. Е на него ќе се сеќавам. ![]() Ејми Адамс одлична во улогата. Но во споредба со Бланшет, би и го дала Оскарот на Кејт. Повпечатлива ми беше улогата, можеби и дека беше стожер на филмот. Инаку Оскарите одамна не ми се мерило за квалитет на еден филм (откако дознав дека “Роки“ има добиено Оскар...). Едно големо напумпано шоу. Туку јас да се најдам на муабет. А и Пантер ме натера со коментарот да изгледам повеќе филмови. ![]() На ред ми е Волкот... ама не знам дали ќе го изгледам. И онака Леонардо ич не ми е симпатичен. |
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас сум сеуште со Јасминот:)
American Hustle го почнав,ама сфатив дека не е мој стил,мој жанр и го прекинав. За Волкот се мислам,искрено и мене ми е антипатичен Ди Каприо ама ќе го гледам кај и да е деновиве:) |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ја с го гледав пре 2-3 дена . Не успеа да ме грабне ама и не е лош .....средна работа
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И мене не верувам да ме грабне:)
Затоа одолговлекувам со гледање |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Абе добро, се зависи од жанрот што си го сакате
![]() Јас сакам такви во стилот на American Hustle и Волкот од Вол Стрит, ама затоа пак многу ретко би ми задржалe внимание некои како Philomena, Dallas Buyers Club или Nebraska. Ги имам почнато и не ми се допаѓаат и нема шанси да ги догледам. Не сакам ниту некои глупави филмови на кои сите леат солзи, придонес за Дојранското езеро, ниту тешки научни фантастики. Следен на список ми е Blue Jasmine и тоа само поради Кејт, се надевам вечерва ќе биде. После него Captain Phillips. Мислам дека и A good day to die hard, The last sand и Fast & Furious 6 се од 2013 и ми се допаднаа многу. Ги гледав во кино, баш подобри ефекти има. Ама штета што не се номинирани во ниедна категорија. А тек сега гледам дека за звучни и визуелни ефекти е предложен The Hobbit: The Desolation of Smaug и искрено се надевам дека ќе победи. Го гледавме во 4Dx кино, со мирис, ветер, прскање вода и слично и дефинитивно подобар впечаток и да сакаше немаше да ми остави ![]() Изменето од evangeline - 25.Јануари.2014 во 21:50 |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Оскарите никогаш не сум ги сакал... изборот на норминирани филмови е најбезвезен и секогаш се работи за тоа на одредено филмско постигнување да му се дигне кредибилитетот отколку да се награди како постигнување
особено не знам која е поентата на номинации како најдобра шминка, костимографија, визуелни ефекти и едитирање, кога денес можеш да средиш се, со два три клика... се разбира дека и тоа е напорна работа, ама како постигнување, е идентична во сите поголеми високобуџетни филмови всушност, за мене многу повеќе би вредела номинација како „најдобар нискобуџетен филм“ отколку сето тоа... искрено, оскариве отсекогаш ми биле и најдосадни... единствено нешто што ќе ми биде забавно, е да идам дали Леонардо Ди каприо конечно ќе добие оскар ![]() |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мило ми е што ја поттикнав дискусијата на темата оскари а уште повеќе што мотивирав неколку членови да погледнат дел од филмовите номинирани за оскар Во врска со Американски измамници и коментарот на Анастеа Изгледај го Волкот и кажи каков впечаток ти остави. Денес го гледав по втор пат, некако не ми беше легнат првиот пат, не ми беа целосно средени впечатоците во врска со истиот. После второто гледање можам да кажам дека Лео ја зацврсти ја забетонира својата позиција на еден од најдобрите актери во Холивуд моментално, кај него се забележува таа сестраност, повеќеслојност на актер кој може да одигра секакви улоги и карактери, со самото тоа се потврди и докажа дека веќе е зрел изграден актер кој се надмина себеси со улогата во филмот и дефинитивно го заслужи оскарот. Пс Единствена забелешка во врска со филмот Волкот од Волт Стрит е неговата должина, мислам дека би можело истиот да биде склопен за два часа. Но доколку се внесете во самиот филм, со интерес го гледате, нема на ви биде досаден. Изменето од panter123 - 28.Јануари.2014 во 20:46 |
||
![]() |
||
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сите номинирани се добри само битно дали ти е погоден жанрот и приказната - тоа е прашање на вкус. Отсекогаш сум сакал а и со задоволство сум ги гледал сите филмови номинирани за оскар, сите имаат свој квалитет и поседуваат уметичка вредност. За да гледаш филм битно е и да бидеш расположен за тоа, во спротивно нема да ти успее и нема да се внесеш во приказната и вистински да го доживееш, сум бил во таква состојба, тогаш прекинувам и го оставам за понатаму кога ќе бидам расположен. Гледај го Капетан Филипс, филмот е феноменален, приказната е вистинска што му дава уште поголема важност и квалитет, но гледај ги и останатите кога ќе бидеш расположена Изменето од panter123 - 28.Јануари.2014 во 21:00 |
||
![]() |
||
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кој филм од филмовите номинирани за оскар ти се допаѓа најмногу? |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |