|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 8990919293 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован 16:8
А кога ќе дојде Тој (Светиот Дух), ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ДУХОВНА СЛЕПОТА
ЈОВАН 9 35 Исус чу дека го истерале надвор, го најде и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?” 36 Тој одговори и рече: „А Кој е Тој, Господине, за да верувам во Него?” 37 Исус му рече: „Си Го видел, Кој зборува со тебе - Тој е.” 38 А тој рече: „Верувам Господи”, и Му се поклони. 39 Тогаш Исус рече: „Јас дојдов на овој свет за суд, а да прогледаат кои не гледаат и за да ослепат кои гледаат. „ 40 Некои од фарисеите, кои беа со Него, го чуја тоа и Му рекоа: „Да не сме и ние слепи?” 41 Исус им рече: „Да бевте слепи, немаше да имате грев; но сега велите: ‘Гледаме;’ затоа гревот ви останува.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА УПОРНОСТА ВО МОЛИТВАТА
ЛУКА 18 1 Им кажа порабола за тоа, оти секогаш треба да се молат и да не паѓаат со духот. 2 И рече: “Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. 3 Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4 Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ‘Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам, 5 но, бидејќи оваа вдовоца не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’” 6 И рече Господ: “Чујте што зборува несправедливиот судија! 7 Та Бог нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? 8 Ви велам, ќе ги заштити набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Лука 18
9 А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10 ”Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. 11 Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; 12 постам двапати во седмицата и давам десеток од сè што придобивам.’ 13 А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ 14 Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА МОЛИТВАТА НА ФАРИСЕЈОТ И НА ДАНОЧНИКОТ
Лука 18 9 А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10 ”Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. 11 Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; 12 постам двапати во седмицата и давам десеток од сè што придобивам.’ 13 А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ 14 Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Евреите 4
14 И така, бидејќи имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата - Исуса, Божјиот Син, да се држиме цврсто за исповедувањето! 15 Зашто, немаме првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку Кој бил искушуван во сè како нас, освен гревот. 16 И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1Петар 4
12 Мили мои, не чудете се на огненото испитување што се појави меѓу вас, за да ве испита, небаре ви се случува нешто необично, 13 туку, радувајте се дека соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и веселите при откровението на Неговата слава. 14 Блажени сте ако ве напаѓаат заради Христовото име, зашто тогаш Духот на славата и Божјиот Дух почива врз вас. 15 Никој од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник или како оној што се меша во туѓи работи; 16 но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го слави Бог со тоа име, 17 зашто време е судот да почне од Божјиот дом, а ако почнува прво од нас, каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? 18 И "ако праведникот одвај се спасува, што ќе стане со безбожникот и грешникот?" 19 Затоа и оние кои страдаат по Божја волја, да Му ги доверат своите души на верниот Создател, правејќи добро. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Галатјаните 6
7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее: 8 кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ХРИСТИЈАНИТЕ СЕ ХРАМ НА ЖИВИОТ БОГ
2 Коринтјаните 6 14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? 15 Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот? 16 Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.” 17 ”Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам; 18 и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сèмоќниот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС ХРИСТОС ЌЕ СЕ ВРАТИ
Откровение 22 6 И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро. 7 И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга! 8 И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум служител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!” 10 И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу! 11 Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!” 12 И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! 13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот. 14 Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите! 15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.” 16 ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЕВРЕИТЕ1
1 Бог, Кој во старо време, многупати и на многу начини им зборуваше на татковците наши преку пророците, 2 во последиве дни им зборува преку Синот, Кого го постави за наследник на се, преку Кого ги создаде и вековите 3 и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото присуство, и држејќи се со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна на десната страна на престолот на величието на висините |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ОЖИВЕНИ СО ХРИСТОС
Ефесјаните 2 1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови, 2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста. 3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други. 4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас, 5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! - 6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса, 7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса. 8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! 9 Не од делата, за да не се фали некој. 10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
КОЈА Е НАЈГОЛЕМАТА ЗАПОВЕД
Матеја 22 34 А кога фарисеите чуја дека ИСУС ги замолкна садукеите, се собраа заедно, 35 и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го: 36 ”Учителе, која е најголемата заповед во Законот?” 37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!” 38 Тоа е најголемата и прва заповед; 39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!” 40 На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СПОПРЕДБА СО СЕЈАЧОТ , СЕМЕТО И ПОЧВАТА
Матеја 13 4 Еден сејач излезе да сее на својата нива,и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа. 5 Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја. 6 А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија. 7 Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши. 8 Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет. 9 Кој има уши да слуша, нека слуша!” ИСУС Е ОБЈАСНУВА ПАРАБОЛАТА 18 ”И така, чујте ја вие параболата за сејачот. 19 Кога некој го слуша словото за царството, а не го разбира, тогаш доаѓа лукавиот и го граби тоа што е посеано во неговото срце; тоа е, што е посеано покрај патот. 20 А посеаното на каменити места е оној, кој го слуша словото и веднаш го прима со радост, 21 но нема корен во себе, и привремен е, и кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува. 22 А посеаното меѓу трње е оној, кој го слуша словото, но грижите за светов и измамата на богатството го загушуваат словото, и станува неплоден. 23 А посеаното на добра земја е оној, кој го слуша словото и го разбира; кој навистина раѓа плод и донесува: едниот стократно, другиот шеесет, и другиот триесет.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 8990919293 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |