IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Сурогат мајка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сурогат мајка

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 20:51

Сурогат Мајка Д.О.О.Е.Л 

 МК б.б.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Joshka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Септември.2011
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 14:18



Изменето од Joshka - 20.Мај.2014 во 18:51
Canon 7D, Canon 5D Mark II + Canon EF 17-40mm f/4L USM +Canon EF 50mm f/1.2L USM
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 12:11

Си помислив да отворам тема, ама сме имале (Глен, кај те снема ма)големо гушкање

Од она што читам кај нас, законски ќе се ограничи на само една можност за сурогат-мајка, за да се спречи комерцијализирање и заработка од сурогат мајчинството.

Многу ми е чувствително прашањето и не можам да разберам како една жена може да се реши на таков чекор. Да го носам во мене 9 месеци, да го чувствувам како ми прета во стомакот, да го родам, да го фатам во раце и да го дадам - јас не би можела. За ништо на светот.

Можам некако да разберам во случаи кога некој се решава да го направи за некој многу близок (читав случаи пријателка за пријателка на умирање, сестра за сестра или слично), каде се позајмува матката на близок од чист алтруизам. Ама од чисто комерцијални побуди... па има и други, побезболни начини за заработка.

Не осудувам ништо. Ако со ваквиот начин се помага на парови кои не можат да имаат деца и ако и двете страни се на чисто дека нема да имаат никакви (пред се психички последици), зошто да не... Мене само ми е некако што знам, чудно...не знам


Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 13:36
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by IQ IQ напиша:

Nikako ne mozam da gi razberam ovie zeni...kako moze niz tolku maka da pomines i na krajot da go dades plodot na nekoj drug?? ja ne bi mozela.




Не е проблемот во маката од 9 месеци, најстрашните маки почнуваат откако мајката ќе го предаде бебето на парот.

Мајката секако ќе има доживотни тешки трауми заради тоа. Мислам дека тоа со закон треба да се забрани...


пак истото, инаку се согласувам со Анастеа...
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2014 во 23:15

Во Македонија сурогат мајчинство само од хумани причини




Скопје, 29 август 2014 (МИА) -  Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) со кој се воведува можноста за раѓање на дете за друг (сурогатство) е усвоен од Владата и доставен до Собранието на Република Македонија, информира денеска министерот за здравство Никола Тодоров.  

Според предлогот, „гестациски носител“ е жена која носи ембрион или фетус кој бил зачнат со постапка на биомедицинско потпомогнато оплодување и кој е добиен со спојување на јајце клетка и сперматозоиди на жена и маж кои се во брак и која ќе го предаде на брачната двојка детето по неговото раѓање. 

Тоа може да биде жена од 25 до 50 години, мајка на најмалку едно дете, психо-физички здрава, македонски државјанин, да биде во добра психофизичка и општа здравствена состојба, да не и е одземено или ограничено родителското право, да не е казнувана за кривично дело со затвор над шест месеци, да не е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој, да не е зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол, и да нема тешко хронично заболување или да не е болна од неизлечива заразна болест.  „Гестацискиот носител“ ќе може да роди само едно живо дете за друг, а за тоа нема да прима друг надоместок освен оној потребен за уредно водење на бременоста. „Гестацискиот носител“ ќе може да роди дете само за брачни двојки државјани на Република Македонија. 

- Имајќи предвид дека постојат два вида на сурогат мајчинство – алтруистичко и комерцијално, нашиот концепт го втемеливме на алтруистичко сурогат мајчинство, со изречна забрана за комерцијално сурогат мајчинство. Концептот се темели на алтруистичко сурогат мајчинство, кое предвидува исплаќање на определени трошоци на сурогат мајката. Како материјални трошоци, кои се сметаат трошоците на гестацискиот носител за водење уреден живот, правилна исхрана и примање додатоци на исхраната потребни за одржување на бременоста, вежбање и психофизичка подготовка. Материјалните трошоци ги надоместува брачната двојка и тие на месечно ниво не можат да го надминат износот од една просечна плата исплатена во стопанството во РМ во претходната година.  За направените материјални трошоци, брачната двојка еднаш месечно го известува Министерството за здравство, со доставување на увид оригинални докази од направените материјални трошоци, истакна Тодоров.

За да се избегне комерцијализација на сурогат мајчинството со предложениот закон е предвидено кривично дело според кое ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години  секој кој ќе бара или земе, односно понуди или даде паричен надоместок, пари, хартии од вредност, недвижен или подвижен имот, благородни метали или друга материјална корист) за спроведување на постапка на БПО со гестациски носител.

Исто така, брачната двојка не смее на гестацискиот носител да и даде подароци во вредност повисока од 100 евра во денарска противвредност сметано за целиот тек на постапката на БПО со гестациски носител и по породувањето. 

Кривично дело е предвидено и за отктивање на идентитетот на гестацискиот носител, брачната двојка и детето родено од постапка на БПО со гестациски носител,  и тоа казна затвор од три месеци до една година тој што ги изнесува или ги пронесува нивните лични, медицински и генетски податоци, а ако делото е сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
 
Право да поведат постапка на БПО со гестациски носител имаат маж и жена кои се во брак и се државјани на Република Македонија, а причината за барање на сурогација може да биде жената од брачната двојка има вродено стекнато отсуство на матката или вродена аномалија на матката која не може да се корегира со модерни хируршки процедури, или некоректибилни оштетувања на матката како последица од неадекватно лекувани инфекции и нестручно изведени хируршки процедури и киретажи, потоа најмалку три неуспешни бремености на жената од брачната двојка, кога како причина за неуспехот се исклучени сите останати причини и фактори, освен оштетувања на матката.

Една брачна двојка има право да бара поведување на две постапки на БПО со гестациски носител кои успешно ќе завршат со раѓање на по едно живо дете од секоја постапка. Брачната двојка има обврска да го преземе детето и доколку детето е родено со попреченост поради која има посебни потреби, а која не била откриена во текот на бременоста со стандардни медицински процедури.

Министерот Тодоров појасни дека Министерството за здравство ќе води евиденција на жените кои ги исполнуваат условите за гестациски носител, и евиденција на брачните двојки кои бараат оплодување со внесување на нивен сопствен ембрион во матката на жена- гестациски носител, но како што рече, тоа нема да одредува кој гестациски носител за која брачна двојка би бил, туку оти тие само меѓусебе во разговор би требало да се договорат за таквата постапка.

- Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената гестациски носител, задолжително е претходно заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител, како и задолжително правно советување на двете страни, појасни Тодоров.

Истакна оти за предлагање на овој закон придонеле и аргументите од претходно организираните јавни расправаи и дебати. На нив било контатирано оти им е потребна дополнителна помош на семејствата што немаат деца, и не можат да имаат по ниту еден друг начин, освен сурогат мајчинството. 

- Тоа може да биде единствен излез од ситуација на невозможност да се има свое генетски поврзано дете кога жената не е во можност да го носи бебето, односно да ја издржи бременоста. Токму поради тоа, намерата на сурогат мајката е да го замени тој процес само во периодот на бременост. Сурогат мајчинство им овозможува на брачните двојки кои немаат деца, а кои не можат поради медицински причини да го користат вештачкото оплодување или ин витро оплодувањето, да добијат дете кое е генетски поврзано со едниот или двајцата свои родители, рече министерот за здравство. 

Со предлог законот се воведува гестациско сурогатство, според кое мајка на детето и носител на родителските права е жената која ја донирала јајце-клетката (генетска мајка), која истовремено е и жената која потпишува договор со гестацискиот носител (социјална мајка). 

За споредба, кога станува збор за традиционално сурогат мајчинство, можно е детето да има три мајки: жената која ја донирала јајце-клетката (генетска мајка), жената која се јавува како сурогат мајка и која го раѓа детето (биолошка мајка), и жената (социјалната мајка) која потпишува договор со сурогат мајката, по што сурогат мајката се откажува од нејзините родителски права.

Овој концепт на сурогат мајчинство, појасни Тодоров, е веќе воведен и успешно функционира во Англија, САД, Холадија, Белгија, Русија, Канада и други земји.

Од дебатите произлегло и прашањето дали доколку се дозволи сурогат мајчинството, следниот чекор би бил дозволување на ектогенеза (раѓање на дете во инкубатор), што можеби ќе биде медицински можно во наредните 10-тина или повеќе години, поради што во предло-законот е предвидено кривично дело, според кое со казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор ќе се казни тој што надвор од телото на жена „одгледува“ ембрион или фетус заради раѓање на дете (ектогенеза).


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,485 секунди.