IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 108109110111112 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2014 во 14:14

Хороскоп: Позитивни и негативни страни на вашиот знак

Секој хороскопски знак има свои мани и предности. Понекогаш знаеме да бидеме вистински срциња, а веќе во следниот момент на површина да излезе некоја лоша особина.

Овен

Симпатична особина
: една од најубавите особини на овенот е тоа што кон сè во животот пристапува со детски ентузијазам.

Иритирачка особина: кога ќе се налути за некоја работа или пак започне да тера инает тешко е да се излезе на крај со него.

Бик

Симпатична особина: ги опсипува сите околу себе со внимание и е мошне дарежлив

Иритирачка особина: неговата упорност може да се претвори во бесмислена тврдоглавост, па ако не биде по негово нема да биде по ничие.

Близнаци

Симпатична особина: отворена комуникација во која отворено ќе ви каже што му се допаѓа кај вас, а што ми оди на нерви

Иритирачка особина: понекогаш се однесуваат како да знаат се, па макар и да немаат никакво познавање од темата за која што се зборува

Рак

Симпатична особина: секогаш посветен во љубовта ракот постојано е покрај оној кој што го сака и го следи како верен пријател и љубовник

Иритирачка особина: знае да биде несигурен особено кога станува збор за емоциите, па честопати бара докажување на љубовта.

Лав

Симпатична особина: полн е со заразна позитивна енергија која го следи каде и да се појави

Иритирачка особина: ако им го повредите егото веднаш стануваат неподносливи и подготвени за караница

Девица

Симпатична особина: нејзината аналитичка способност секогаш и овозможува приземно да ги согледа нештата и даде одличен совет

Иритирачка особина: постојано се преоптоварени со детали

Вага

Симпатична особина: ги сака луѓето и ќе направи сè за да ги усреќи

Иритирачка особина: ја користат својата слаткоречивост за да си ги остварат плановите и на крај да го добијат она што го сакаат

Скорпија

Симпатична особина:
ако на некој му е нанесена неправда скорпијата ќе направи се што е потребно за да ја изведе вистината на површина.

Иритирачка особина: во секоја работа внесуваат емоции, па лесно се иритираат кога некој не им го сфаќа трудот сериозно.

Стрелец

Симпатична особина:
постојано зборуваат и изнаоѓаат нови начини за сосема обичните нешта

Иритирачка особина: понекогаш се премногу големи перфекционисти со утопистички визии кои е тешко да се реализираат

Јарец

Симпатична особина: добро се однесуваат и со оставаат впечаток дека кога сте со нив се е на ниво

Иритирачка особина: мразат кога работата не е организирана или кога има лоша координација во исполнувањето на работните обврски.

Водолија

Симпатична особина: хуманите водолии секогаш се тука кога е потребен пријател

Иритирачка особина: заборава да слуша и дели совети само врз основа на својата перспектива

Риби

Симпатична особина: сами по себе се необични и топло, па не може, а да не привлечат внимание

Иритирачка особина: побавни се во исполнување на задачите, па ако на некого му треба еден час да ја заврши работата, рибата ќе ја заврши за два.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2014 во 14:26

Ако никако не можете да откриете кои се најскриените сексуални тајни и желби на вашиот партнер, веруваме дека астрологијата може да ви помогне.

na-kakov-vid-seks-paga-negoviot-horoskopski-znak-01

Овен

Овенот има голема потреба за адреналин. Го обожава утринскиот секс, а посебно задоволство му претставуваат малку погрубите игри. А, ако сакате да го заведете со мирис - одберете го силниот мошус.


Бик

Ерогена зона на овој хороскопски знак е вратот, така што ако сакате див секс сега знаете на кој дел од телото треба да се сконцентрирате. Уште еден плус за овој знак е слаткото чоколадо. Биковите уживаат во какаото, кое за нив е најсилниот можен афродизијак.


Близнаци

Близнаците обожаваат секс играчки, иако тоа ретко го признаваат. Особено задоволство им претставува оралниот секс, исто како и јавниот, каде постои голема можност некој да ги улови.


Рак

Ракот ужива во допирите по стомакот и градите. Сака секси игри и костими, а за идеално место за секс ја смета романтичната хотелска соба. Затоа што „претерано емотивни“ е нивната главна карактеристика, обожаваат секс пропратен со добра музика.


Лав

Лавот, како вистински крал на животните, обожава доминација. Егзибиционист е, ужива во валканите разговори и јавниот секс на места кои се лесно достапни. Исто така ужива во сите пофалби упатени на негова сметка.


Девица

За овој знак карактеристична е воздржаноста, меѓутоа во креветот имаат сосема поразлични барања. Најмногу сакаат врзување, без разлика дали се работи за превез околу очи или секси лисици.


Вага

Задникот е примарна ерогена зона на овој знак. Покрај тоа, Вагите секогаш уживаат во доделувањето на улоги и секси игри.


Скорпија

Скорпиите немаат проблем со дискрецијата. Тие без проблем ќе се согласат на секс на јавно место, секогаш се отворени за експерименти, обожаваат мистичност, така што неретко може да ги видите во секси, маскирано издание.


Стрелец

Стрелецот е уште еден авантуристички знак. Лесно се одлучува за секс полн предизвици, па затоа секс играчките, храната и сите останати помагала и афродизијаци не му се табу тема.


Јарец

Јарецот фантазира за секс на висина, далеку од сите. Ако сакате незаборавна ноќ со Јарецот, тогаш ќе морате да го однесете на место каде никој нема да му ја попречи секс авантурата, а потоа да му се препуштите.


Водолија

Водолиите секогаш уживаат во валканите разговори. Покрај тоа, го сакаат и телефонскиот секс. Фантазираат за тројки, како и за секс играчки, иако ретки се оние кои вистински ги испробале.


Риби

Ерогена зона на овој хороскопски знак се стапалата. А, кога се работи за сексуалниот чин, Рибите обожаваат ако ги снимат своите секси игри и експерименти.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2014 во 14:30

Секој има особини кои ги привлекуваат или ги одбиваат другите луѓе. Добро е да бидете свесни за своите маани и да ги поправате колку што можете.

horoskopot-gi-otkriva-5-te-maani-na-sekoj-znak-01

Треба да знаете да прифатите дека никој не е совршен, па ни вие. Ова се мааните на секој знак кои може да бидат вистинска пречка доколку сте во врска со нив.

Но, некој можеби знае и да направи компромис. Ако за некој едни маани се неприфатливи, за некој друг можеби се сосем вообичаени.

Пронајдете ги мааните на својот партнер или пронајдете го партнерот чии маани можете да ги прифатите.

Овен

- Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес.

- Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност.

- Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај, бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго.

- Имаат голем проблем со трпението.

- Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции.


Бик

- Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија.

- Не попуштаат.

- Нивните потреби се секогаш поважни од вашите.

- Ужасно се здодевни.

- Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи.


Близнаци

- Непослушни личности.

- Секој ден е нов предизвик, бидејќи не знаете како ќе бидат расположени.

- Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови.

- Брзо се заситуваат од сè.

- Да се живее со Близнак, значи да се живее со полу завршени проекти и идеи.


Рак

- Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

- Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците.

- Наметливи се и несамостојни.

- Може да ве запросат уште на вториот состанок.

- Животот со Раковите може да биде прилично досаден. Тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура.


Лав

- Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било.

- Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото.

- Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право.

- Нивната палавост е непријатна.

- Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка.


Девица

- Склони се кон осудување и претерани критики.

- Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор.

- Превртливи се.

- Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси.

- Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност.


Вага

- Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете.

- Донесувањето одлуки трае со часови.

- Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување.

- Опседнати се со физичката убавина.

- Им недостасува силна волја.


Скорпија

- Љубомората е далеку позната за Скорпиите.

- Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции.

- Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш.

- Лажливи се и таинствени.

- Малите караници редовно се претвораат во огромни драми.


Стрелец

- Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци.

- Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат.

- Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново.

- Доминантни се и склони на контролирање.

- Често се невнимателни за туѓите чувства.


Јарец

- Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење.

- Опседнати со контрола.

- Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат.

- Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна.

- Затворени се зад своите ѕидови.


Водолија

- Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни.

- Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции.

- На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво.

- Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди.

- Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат.


Риби

- На Рибите им треба многу простор.

- Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат.

- Ретко кога знаат што сакаат од животот.

- Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа.

- Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2014 во 14:48
Позитивни и негативни страни на вашиот знак

Секој хороскопски знак има свои мани и предности. Понекогаш знаеме да бидеме вистински срциња, а веќе во следниот момент на површина да излезе некоја лоша особина.

Овен 

Симпатична особина
: една од најубавите особини на овенот е тоа што кон сè во животот пристапува со детски ентузијазам. 

Иритирачка особина: кога ќе се налути за некоја работа или пак започне да тера инает тешко е да се излезе на крај со него.

Бик

Симпатична особина: ги опсипува сите околу себе со внимание и е мошне дарежлив

Иритирачка особина: неговата упорност може да се претвори во бесмислена тврдоглавост, па ако не биде по негово нема да биде по ничие.

Близнаци

Симпатична особина: отворена комуникација во која отворено ќе ви каже што му се допаѓа кај вас, а што ми оди на нерви

Иритирачка особина: понекогаш се однесуваат како да знаат се, па макар и да немаат никакво познавање од темата за која што се зборува

Рак

Симпатична особина: секогаш посветен во љубовта ракот постојано е покрај оној кој што го сака и го следи како верен пријател и љубовник

Иритирачка особина: знае да биде несигурен особено кога станува збор за емоциите, па честопати бара докажување на љубовта.

Лав

Симпатична особина: полн е со заразна позитивна енергија која го следи каде и да се појави

Иритирачка особина: ако им го повредите егото веднаш стануваат неподносливи и подготвени за караница

Девица

Симпатична особина: нејзината аналитичка способност секогаш и овозможува приземно да ги согледа нештата и даде одличен совет

Иритирачка особина: постојано се преоптоварени со детали

Вага

Симпатична особина: ги сака луѓето и ќе направи сè за да ги усреќи

Иритирачка особина: ја користат својата слаткоречивост за да си ги остварат плановите и на крај да го добијат она што го сакаат

Скорпија 

Симпатична особина:
 ако на некој му е нанесена неправда скорпијата ќе направи се што е потребно за да ја изведе вистината на површина.

Иритирачка особина: во секоја работа внесуваат емоции, па лесно се иритираат кога некој не им го сфаќа трудот сериозно.

Стрелец

Симпатична особина:
 постојано зборуваат и изнаоѓаат нови начини за сосема обичните нешта

Иритирачка особина: понекогаш се премногу големи перфекционисти со утопистички визии кои е тешко да се реализираат

Јарец

Симпатична особина: добро се однесуваат и со оставаат впечаток дека кога сте со нив се е на ниво 

Иритирачка особина: мразат кога работата не е организирана или кога има лоша координација во исполнувањето на работните обврски.

Водолија

Симпатична особина: хуманите водолии секогаш се тука кога е потребен пријател

Иритирачка особина: заборава да слуша и дели совети само врз основа на својата перспектива 

Риби

Симпатична особина: сами по себе се необични и топло, па не може, а да не привлечат внимание

Иритирачка особина: побавни се во исполнување на задачите, па ако на некого му треба еден час да ја заврши работата, рибата ќе ја заврши за два.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 15:34

vasiot-idealen-leten-vikend-spored-horoskopot-povekjeЗа некои летувањето сеуште не започнало, додека други веќе го „испукале“ својот годишен одмор, но тоа не значи дека по некој викенд не можат да побегнат...


...на одмор од соништата. Секој од нас има посебни желби и нешто во што ужива. Иако хороскопот по некогаш и не е баш најточен кога зборуваме за нашиот интерес и карактер, во повеќето случаи погодува во што уживаме.

Сакате ли да откриете како за вашиот хороскопски знак или за знакот на вашиот партнер изгледа идеален викенд?

На Рибите само ветете им дека ќе бидат во близина на вода и сте ги „купиле“. Тие ги обожуваат сите видови на активности поврзани со езеро и море, а кога зборуваме за солена вода, нуркањето им е најомилен хоби, или пак за тоа мечтаат. Ако не може покрај вода, ќе уживаат и во кино вечери во двојка гледајќи филмови со морска тематика и убаво јадење.

За Овните тоа е викенд украден од сценариото на Џемс Бонд, мото трка, скокање со падобран или возење со скутер по море. Не е важно што, важно е да има акција и да не е досадно ниту еден миг и се разбира нашиот Овен да е главен протагонист.

Бикот сака мирен викенд, со сликање покрај езеро, романтични вечери, а сето тоа проследено со обилни ручеци, вечери и виолина на уво. Тие со подлабок џеб ќе се почестат со луксузни патувања, крстосување all inclusive им звучи преубаво.

За Ракот нема вистинско уживање без собирање на семејството и пријателите, барем на неделен ручек, ако не и во посета на родното место за да се релаксираат со пеењето на птиците, мирисот на природата и домашната храна. А, ако пропадне се, ќе ги повикаат пријателите на скара или само на дружење на тераса со освежителен пијалак и тивка музика.

Девицата посакува некаков wellness викенд на кој конечно ќе се одмори од напорната недела. Под вештите раце на масерот во миризливи купки и со лековита кал ќе заборави на сите грижи и ќе го одмори духот и телото.

Вагата признава само шопинг, по можност во странство и тоа во поголемите европски метрополи. Може и по некоја модна ревија, jet set after party на некоја јахта, се зачинето со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол. Така ќе биде исполнета и со задоволно срце ќе се врати дома.

Ако помеѓу саботата и неделата нема долги жешки ноќи, ништо од идеалниот викенд за Скорпиите. Саботното попладне со задоволство ќе го помине со пријателите, вечерта на еротско кабаре со партнерот. А потоа следи... појадок во кревет во недела на пладне, зарем не?

Спортски настроените Стрелци би дале се за сплаварење, возење кајак, сурфање на ветер и падобранство. Ним им одговара авантура која ги тестира нивните физички граници, но и менталните – па помудрите меѓу нив ќе одберат дводневен семинар за тема што ги интересира. Трките, разни инвенти и кампирањето се некои од активностите во кои Стрелците ќе уживаат.

Близнакот сака да се врати во младоста па со група на весели пријатели повеќе сака да отиде на концерт на омилениот бенд после што следи лудо ноќно возење во кабриолет, играње на дожд и чекање на мугрите во пијано - среќно – уморно издание. Близнаците со задоволство ќе отидат и на пат во некоја друга земја каде што ќе комуницираат со локалните жители, ако треба со раце и нозе.

На Лавот идеалниот викенд му е секогаш поврзан со летото- провод или продолжена забава на некој брод на морската шир со многу јадење, пијалак и добри „парчиња“. Преку ден ќе има доволно енергија за скијање на вода или возење со глисер, а би било пожелно тоа да го сними и телевизија и да го прикаже во ударен термин за да му завидуваат сите познаници.

Јарецот е повеќе зимски тип – викенд во планинска куќичка на идиличен алпски врв (било во лето или во зима) е по негов вкус. Но, тие сакаат и да патуваат, а кога е веќе така, сакаат да видат што повеќе – па ако станува збор за вашиот партнер бидете подготвени на ригорозен распоред и часови и часови пешачење.

Водолијата ретко кога мисли на себе кога размислува за идеален викенд, тие повеќе би сакале да ги спасуваат шумите, да демонстрираат против нуклеарните централи, да им помагаат на делфините... За тие два дена барем малку би се обиделе да го изменат светот. Но, ако тоа не им е опција – со задоволство би отпатувале на фестивал на отворено или би пробале некоја активност која до сега не ја пробале.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 19:18
Откријте ги вашите главни карактеристики според астрологијата, кога станува збор за родителството.

Хороскопот ви открива каков родител сте?
Овен

Овенот како родител е строг, но праведен. Генерално, напорно делува на детето, но тоа треба да го послуша бидејќи тој е секогаш во право. Од детето бара да биде упорно, за да ги постигне најдобрите резултати. Понекогаш престрого ги воспитува своите деца, но во исто време ги тера да бидат индивидуалци. Родителот роден во знакот овен не смее премногу да се нервира и да бара премногу од своите деца, бидејќи неговите амбиции не се амбиции и на детето. Овните треба да бидат малку попретпазливи, за да бидат совршени родители.
Бик

Родителите родени во знакот бик постојано ќе стравуваат дали нивното дете е гладно, жедно, дали нешто му треба и слично. Доколку во повозрасни години детето не обезбеди материјална сигурност, родителот бик постојано ќе му помага на сите начини. Никогаш нема да дозволи некој од неговото семејство да нема нешто или да живее во сиромаштија, освен ако е порочна личност.
Близнаци

Близнаците како родители се интересни, добри и весели. Само понекогаш не се знае кој е подетинест, дали родителот или детето. Секогаш ќе имаат време да позборуваат со своите деца, колку и да се зафатени. Инсистираат децата да им бидат образовани. Некои претставници на овој знак ќе се одречат од имање деца, а нема ни да влегуваат во брачна заедница бидејќи знаат колку се несериозни.
Рак

Родителите родени во знакот рак се едни од најосетливите знаци, па постојано ќе се грижат. Дали детето е гладно, да не му е ладно или да не му треба нешто, ракот се грижи дури и кога сè е како што треба. Најмногу внимание обрнува на чувствата на детето, неговите интереси, како и на домот во кој тоа живее, дури и откако еден ден ќе се отсели. Секогаш е тука да помогне и да даде добар совет.
Лав

Родителот роден во знакот лав е најдобар другар на своето дете, но и најголема поддршка во неговиот живот. Детето на лавот секогаш ќе биде свесно за своите квалитети и можности, а лавот ќе ја буди таа енергија и ќе го зајакнува неговиот карактер преку постојани пофалби. Лавот го „бруси“ своето дете за да го направи подобар човек. Тој своите чувства не ги искажува преку зборови, туку преку гестови и подароци.
Девица

Родителот роден во знакот девица е комплициран. Сè мора да биде совршено, а неговото дете да биде непогрешливо и најдобро. Доколку се случи да не се согласува со детето, тој демонстративно ќе си замине и ќе се чуди зошто тоа не е такво како што тој го замислил. Доколку вие сте родител-девица, немојте премногу да го притискате детето да учи и да работи. Секој живее во свој свет и има свој живот. Дајте совет, ама не претерувајте.

(2) Хороскопот ви открива какво родител сте
Вага

Родителот роден во знакот вага најмногу се грижи за манирите и убавото однесување на своето дете. Нема да дозволи непристојно однесување, ниту такво облекување. Се грижи за иднината на своето дете, а најмногу за тоа да е во врска и еден ден да стапи во брак, бидејќи за него тоа е многу важно. Ќе ги научи своите деца на толеранција и да ги прифаќаат разликите кај другите.
Скорпија

Родителот со знак скорпија сè гледа и сè знае. Никој од него не може да сокрие ништо, бидејќи тој следи сè и проверува, додека не е целосно сигурен дека ја знае целата ситуација. Тој не дозволува детето да биде разгалено и да не се однесува како што треба, па поради тоа честопати е напорен родител. За него децата никогаш не прераснуваат во возрасни личности. Дури и кога тие ќе имаат свое потомство, во неговите очи засекогаш остануваат деца за кои тој треба да се грижи. Најважно му е детето да му биде обезбедено.
Стрелец

Родителот роден во знакот стрелец ќе му допушти на своето дете целосна слобода, а поради тоа детето многу ќе го почитува. Без забрани, со исполнување на сите желби, родителот во овој знак е секогаш весел и ги води децата на патувања и секаде со себе. Факултетот ќе биде многу важен за овие родители, како и спортот и другите активности.
Јарец

Можеби звучи дека јарецот секогаш е најстрогиот знак, но овој пат тоа воопшто не е лоша работа. Знае како да се постави, да ги стави работите на свое место и да има авторитет, а тоа е најважно во процесот на воспитување деца. Секогаш е добар советник и не се меша, освен кога неговото дете ќе побара. Бара дисциплина и одговорност.
Водолија

За секое дете, најдобар пријател е родителот-водолија. За разлика од стрелецот, водолијата не му попушта на своето дете. Тие се ригорозни и ладни и доколку забележат дека нивните деца не ги слушаат, следуваат санкции. Сепак, на овој родител брзо му поминува лутината и попушта после некое време. Детето мора да постави одредени цели и да ги исполни.
Риби

Родителите родени во знакот риби секогаш се прават дека ништо не гледаат, а забележуваат сè околу нив. Тие знаат да ги чувствуваат потребите на детето и не го притискаат, туку го оставаат да биде свое. Ова може да доведе до совршено воспитување или до сосема спротивен ефект. Најчесто го насочуваат детето на некакви активности, но доколку тоа не покажува некој интерес, нема да го притискаат. За нив мирот во куќата е најважен.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 19:21
Сите нас нè нервираат различни работи, но погледнете која е реченицата што не треба да му ја кажете на некој, според хороскопскиот знак, за да спречите непотребни кавги.

(0) shto-ne-treba-da-mu-kazhete-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mk
Овен – „Ќе те барам подоцна“

Овните мразат чекање, особено кога нешто важно е во прашање. Повеќе од ова може да ги изнервира ако воопшто не им ни одговарате на повиците.
Бик – „Ми загоре ручекот“

Ништо не може да се испречи меѓу Бикот и храната. Па доколку се однесувате неодговорно со неа, може да настрадате.
Близнаци – „Заќути малку“

Близнаците сакаат комуникација и живи луѓе. Ако им кажете малку да се смират и да заќутат, прво ќе се изнервираат, а потоа пак ќе си продолжат по свое.
Рак – „Ние малку подранивме“

Раковите многу мразат кога некој ќе им се појави порано од договореното. Повеќе ќе ве сакаат дури и ако малку задоцните.
Лав – „Не мора секогаш да биде по твое“

Лавовите сакаат да се секогаш во право и секогаш да биде по нивно. Ваквата реченица вистински може да ги разбесни.
Девица – „Го направив тоа секундарно“

Граматичките грешки и погрешното разбирање на зборовите навистина може да извадат од такт една Девица. Сакаат убаво изразување, пишување и почитување на граматичките правила.
Вага – „Ај намали ја малку музиката“

Вагите уживаат да ги слушаат своите омилени песни гласно и да пливаат во својот свет. Да им кажете да ја намалат музиката е толку разочарувачки за нив.
Скорпија – „Мора да раскинеме“

Скорпиите важат за најприврзан знак кога станува збор за врски. Не се справуваат добро со раскинувања и после тоа секогаш се чувствуваат напуштено.
Стрелец – „Колку ми е тежок животов“

Ако се жалите постојано, нема да ги освоите Стрелците. Немаат многу живци за неосновани жалби и ако така продолжите никогаш нема да постигнете блискост.
Јарец – „Позајми ми малку пари“

Јарците се навистина добри луѓе и спремни се финансиски да им помогнат на оние на кои навистина им е потребно, но не и на другари-гребатори.
Водолија – „Нека исчисти некој друг“

Ако уживате во неред и неорганизираност тешко дека ќе се спријателите со Водолија. Тие секогаш внимаваат на чистотата и не сакаат друг да им се меша во тоа.
Риби – „Слушна ли што направил оној?“

Рибите мразат озборување. Не сакаат да бидат дел од такви разговори, а исто така не сакаат и тие самите да бидат жртва на озборување. Доколку ова го правите, тешко дека ќе ја стекнете нивната доверба.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 19:25
Водолија и риби – пријателска комбинација
Ниеден од нив не го почитува формалниот начин на однесување и токму поради тоа тие уживаат во „откачените“ особини од нивниот карактер.
Датум: 28 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и водолија - пријателска комбинација
0
Водолија и водолија – пријателска комбинација
Една работа е сигурна, на овие пријатели никогаш нема да им биде здодевно додека се заедно. Ним секогаш им е интересно да дискутираат за актуелните настани...
Датум: 23 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и девица – пријателска комбинација
0
Водолија и девица – пријателска комбинација
Принципиелната девица ги обожава слатките „вознемирувања“ кои водолијата ѝ ги предизвикува, бидејќи длабоко во себе, тежнее по малку повозбудлив живот.
Датум: 22 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Љубовен астролошки профил за женски водолии
8
Љубовен астролошки профил за женски водолии
Таа има големо срце, непресушна имагинација и желби во неограничени количини. Со неа ќе добиете сѐ или ништо...
Датум: 20 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и лав - пријателска комбинација
0
Водолија и лав – пријателска комбинација
Доколку водолијата може да го поднесе егоизмот на лавот, тој ќе излезе на крај со нејзината ексцентричност.
Датум: 17 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и рак пријателска комбинација
0
Водолија и рак – пријателска комбинација
Ракот тежнее да се чувствува сакано од другите луѓе, а водолијата е во потрага по интелектуална стимулација.
Датум: 16 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Љубовен астролошки профил за машки водолии
7
Љубовен астролошки профил за машки водолии
Водолијата е најкреативниот маж што некогаш сте го запознале. Без разлика дали работи како фотограф, артист или бизнисмен, тој ќе ве маѓепса со неговата имагинација, креативност и интересен стил на однесување.
Датум: 15 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и близнаци – пријателска комбинација
0
Водолија и близнаци – пријателска комбинација
Разликата помеѓу овие пријатели е тоа што водолијата умее да се фокусира на едно нешто со месеци па дури и години, а близнакот секогаш лута, скокајќи од една на друга работа на секои две минути.
Датум: 13 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и бик пријателска комбинација
0
Водолија и бик – пријателска комбинација
Водолијата мрази однапред договорени работи, а бикот се чувствува помоќно кога има план. Водолијата си ја цени својата независност и слобода на избор, а бикот сака да се држи близу до своите најдобри другари.
Датум: 07 феб 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Водолија и овен – пријателска комбинација
0
Водолија и овен – пријателска комбинација
Двајцата се неограничено љубопитни луѓе, кои ќе уживаат во нивните заеднички авантури, особено во оние кои вклучуваат елемент на опасност, како парасејлинг, карате или банџи скокање.
Датум: 31 јан 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Јарец и водолија - пријателска комбинација
0
Јарец и водолија – пријателска комбинација
Непредвидливото однесување на водолијата претставува вистински начин за релаксирање на напнатиот јарец. Таа го потсетува јарецот дека одвреме-навреме е убаво да се скрши некое правило на однесување...
Датум: 20 јан 2012
, Автор: Кристина Шумадиева
Стрелец и водолија - пријателска комбинација
0
Стрелец и водолија – пријателска комбинација
Двете другарчиња обожаваат да запознаваат нови луѓе, да ги истражуваат неоткриените територии и да дискутираат за смислата на животот.
Датум: 21 дек 2011
, Автор: Кристина Шумадиева
123
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 21:28
Кое е вашето тајно оружје?

Овен

Жената Овен е огнена освојувачка која сака да биде во центарот на вниманието и тоа го прави со крајно сексапилна облека. Сака да се “стегне“ но тоа го прави со цел да ја истакне силата на својата личност. Припадниците на знакот имаат интересно и впечатливо лице, спонтани се во комуникацијата и страсни.

Бик

Жените Бикови го менуваат својот пристап од невина девојка од соседството до фатална жена. обично имаат убави гради, нешто поширока карлица и силен карактер. Еротски се и сакаат да допираат за време на комуникација.

Близнаци

Таа е вечно дете со сто лица. Припадниците на овој знак се крајно шармантни, брзо мислат и се комуникативни. Омилени се во друштвото, обично се со посветла коса и очи, и потемен тен. Сакаат да се трансформираат и својот начин на заведување го менуваат во зависност од целта, односно типот на маж.

Рак

Жените Рак се нежни и чувствителни. Обично имаат облини, го сакаат семејството и мажите ги сметаат за добар избор. Крајно се женствени и сакаат мажот да биде џентлмен и да им посветува доволно внимание.

Лав

Лавиците се доминантни, итри, и како останатите огнени знаци, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сакаат впечатлив накит, обично имаат бујна коса, гласни се и авторитетни. Своите мани ги претвараат во предности.

Девица

Девиците имаат латентна сексуалност. Во секојдневниот живот се педантни и организирани, а такви се и кога освојуваат. Обично играат на картата добро девојче, имаат префинети црти на лицето и романтичен стил на облекување.

Вага

Вагата има одлични заводнички методи и доста внимава на својот изглед. Знаат добро да се облечат за секоја ситуација, внимателно се средуваат, и умеат во голема мера да заведуваат со својот стајлинг. Фризурата секогаш им е одлична, а шминката перфектна.

Шкорпија

Ова се опасни заводници. Имаат невиден шарм, природни се и обично имаат лукав и сензуален глас. Освојуваат без проблем, но знаат да бидат посесивни. Кога заведуваат играат топло-ладно, па на тој начин ќе ви го свртат паметот.

Стрелец

Жените Стрелци се недопирливи. Обично имаат спортски стил, но сакаат и накит. Ги красат убави нозе, но немаат изразени облини, што лукаво знаат да го претворат во своја предност. Доколку имаат недостатоци, вешто ќе ги прикријат со заразната насмевка.

Јарец

Жената Јарец е ледена кралица и така и освојува. Тие изгледаат како моќни и непокорни жени и обично напаѓаат послаби партнери. Имаат убави нозе и убаво тело, а знаат да ги истакнат своите атрибути со соодветна облека.

Водолија

Водолиите делуваат незаинтересирано за впечатокот што го оставаат на мажите. Припадниците на овој знак се интересираат од духовното ниво, мошне се модерни, храбри и неоптеретени. Сакаат живи бои и умеат да изгледаат секси дури и во патики. Воглавно негуваат природен изглед.

Риби

Рибите се нежни и чувствителни. Но тоа е само трик на златните риби кои демек несвесно ќе се заплеткаат во мрежата на својот ловец. Тие имаат грациозна телесна градба, нежни и убаво обликувани нозе, магичен поглед, но без проблем ќе ја искористат својата карта – дама во невоља.

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 23:23
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Кое е вашето тајно оружје?

Рибите се нежни и чувствителни. Но тоа е само трик на златните риби кои демек несвесно ќе се заплеткаат во мрежата на својот ловец. Тие имаат грациозна телесна градба, нежни и убаво обликувани нозе, магичен поглед, но без проблем ќе ја искористат својата карта – дама во невоља.


И после биди џентламен
Место благодарам,ќе добиеш одговор не ми играј ти на мене со тие карти
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2014 во 14:29

Внимавајте на кој хороскопски знак се доверувате! Рибите ќе заборават дека сте им откриле тајна, Вагите ненамерно ќе ја раскажат на најблиските, а Скорпиите со намера ќе ве издадат.

koj-horoskopski-znak-najdobro-cuva-tajni-01

Овен

Ако на Овенот сте му довериле тајна, внимавајте да не ги изнервирате, затоа што во моментот има големи шанси импулсивно да ја раскажe вашата приказна. Тоа нема да го направи со намера да ве издаде, туку затоа што е склон најпрво кон дејствување, па потоа размислување.

Бик

Стабилни се и упорни, но на Биковите доверувајте им се само ако знаете дека се сложуваат со тоа што сте им го откриле. Во сите останати случаи, тајните задржете ги за себе. Има голема шанса за возврат да добиете лекција за тоа како си го комплицирате животот. Најдобро е да започнете со „што мислиш за...” па, потоа тајна!

Близнаци

Овој знак е брбливец без престан, па затоа никогаш не му се доверувајте. Дури и да нема потреба да ја раскаже вашата тајна, ќе му излета сосема случајно, додека го пие кафето со локалното инфо-биро, односно со личноста која сака да разгласува приказни.

Рак

Доверлив и лојален, Ракот секогаш е добар избор за чување на тајни. Ќе ви понуди рамо за плачење, утеха, прегратка, чај... само за да ви помогне. Раковите се можеби најсигурните луѓе на кои можете да им ја откриете вашата најтемна тајна, па вреди да имате барем еден пријател во овој знак.

Лав

Тајните кои Лавот може да го доведат до пофалби или да му помогнат да се докаже, подобро зачувајте ги за себе. Ако се работи за неговиот конкурент или личност која му е антипатична, постои голема веројатност без размислување да ја открие тајната.

Девица

Дискретната Девица ќе ги чува доверливите информации за себе, до моментот додека сте блиски. Потоа, ако случајно се оддалечите, ќе започнат да се шират информациите. Што значи, ако не планирате да се предадете потполно на некоја Девица, не ја откривајте вашата темна страна.

Вага

Тие се прекрасни пријатели, но доколку ги изневерите, бидете претпазливи! Зад нивниот шарм се крие доза на лицемерие, имајте го тоа на ум. Тие сакаат да ги издаваат тајните кои ги имаат другите, но на крајот ќе ве убедуваат дека тоа е со добра намера и однапред замислена цел.

Скорпија

Тајна која чекори е второто име на Скорпиите. Тие најдобро ги разбираат тајните затоа што и самите ги имаат во огромни количини. А, кога нешто јавно ќе се издаде или дознае, свесни се дека ја губи вредноста. Затоа, слободно доверувајте им ги тајните или плановите кои ги имате, тие безрезервно ќе ви го чуваат грбот!

Стрелец

Да не се родени зборлести, Стрелците би биле сјајни пријатели. Посебно ако тајните им се откријат покрај чашка алкохол, на приказната нема да и се гледа крајот. Често пати се претрупани со информации, па не се свесни каде треба да молчат, а каде да зборуваат. Постои голема шанса од невнимание да ја издадат вашата најтемна страна која не сакате никој да ја дознае.

Јарец

Можеби ќе звучи грубо, но Јарците не сакаат да им се доверуваат, па затоа ја користат секоја шанса да го откријат она што го знаат. Покрај тоа, сакаат кога имаат корист од чувањето на тајни, затоа што во замена за нивната дискреција ќе треба да понудите многу.

Водолија

Ако сакате Водолијата да ви ја сочува тајната, ќе мора да и откриете нешто сензационално и крајно ексцентрично. Во спротивно, тоа за неа ќе биде сосема обична, глупава информација која може да ја издаде во било кој момент, случајно.

Риби

Со Рибите тајната ви е сигурна. Постои голема шанса дури и да го заборават она што сте им го кажале, но ако ја запаметат, ќе ја чуваат до крај. Тие се таинствени личности кои разбираат што значи да имаш нешто скриено од другите. Но, никогаш не им доверувајте нешто што се коси со нивните емоции. Последиците може да бидат фатални, без намера.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 08:18

Како заведуваат жените Овнови, Бикови и Скорпии, што превземаат припадниците на водените знаци, а која е тајната на шармантните Близнаци? Откријте кое е вашето тајно оружје и како најдобро да го употребите.

doznajte-go-nejziniot-horoskopski-znak-i-otkrijte-go-tajnoto-oruzje-so-koe-zaveduva-01

Овен

Жената Овен е жешка освојувачка која сака да биде во центарот на вниманието и тоа го постигнува со неверојатно сексапилна облека. Сака да се стегне, а тоа го прави само за да ја истакне силата на својата личност. Припадничките на овој знак имаат интересен, изразен лик, непредвидливи се во комуникацијата и страствени.

Бик

Жените Бикови го менуваат својот пристап од невина девојка до фатална жена. Обично имаат бујни гради, нешто пошироки колкови од вообичаено и силен карактер. Еротични се и сакаат нежни допири додека флертуваат.

Близнаци

Близнаците се вечни деца со сто лица. Припадничките на овој знак се изразено шармантни, брзо мислат и комуникативни се. Омилени се во друштвото и сакаат да се трансформираат преку ноќ. Нивниот пристап се менува звисно од целта, односно од типот на маж.

Рак

Жените Ракови се нежни и чувствителни. Обично имаат раскошни облини, го сакаат семејството и мажите ги сметаат за најпосакуваните партнерки. Неверојатно женствени се и сакаат кога го привлекуваат вниманието на кавалери.

Лав

Лавиците се доминантни, снаодливи и исто како и останатите огнени наци, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Авторитарни се, па неретко сакаат своите маани да ги преточат во предности.

Девица

Девиците располагаат со умерена сексуалност. Во секојдневниот живот се педантни и организирани, а такви се и во играта на заведување. Обично играат на картата на добри девојки, а ќе ги препознаете по романтичниот стил на облекување.

Вага

Вагата има одлични заводнички методи и внимава на изгледот. Знае добро и примерно да се облече во секоја ситуација, затоа што обожава кога заведува со својот стајлинг. Секогаш перфектна, Вагата е жена на која не можете да и одолеете.

Скорпија

Тие се опасни заводнички. Имаат необјаснив шарм и сензуален глас. Соборуваат со нога, но знаат да бидат и посесивни. Кога заведуваат, играат топло-ладно, па буквално знаат да им го поматат разумот на своите партнери.

Стрелец

Жените Стрелци се недостижни. Обично имаат спортски стил и ги красат долги нозе. Немаат претерано изразени облини, што многу итро знаат да го претворат во своја предност. Доколку имаат било какви недостатоци, ќе се потрудат да ги надополнат со својата насмевка.

Јарец

Жената Јарец освојува со рамнодушноста. Тие делуваат како моќни и недостижни жени, па обично напаѓаат послаби партнери. Имаат долги нозе, витки се и знаат да ја истакнат својата фигура во одлично одбрана облека.

Водолија

Водолиите делуваат понекогаш заинтересирано, но припадничките на овој знак дефинитивно знаат да ве насмевнат. Модерни се, храбри и неоптеретени. Го обожаваат неспоивото, па сакаат да заведуваат на ексцентричен и необичен начин. Во главно, ќе ве заведат со природниот и спонтан изглед.

Риби

Рибите се нежни и чувствителни. Но, тоа е само трик за златните рипки несвесно да им се заплеткаат во мрежата. Тие се грациозни, имаат добро обликувано тело и таинствен поглед. Често пати ранливоста ја користат како карта за лов.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 10:11
Многумина се сложуваат дека хороскопот открива многу за карактерот, навиките и особините на човекот, но денес ви ја откриваме личноста според месецот во кој сте родени.

mesecot-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vasata-licnost-01

Проверете, ќе се изненадите од деталниот опис.

Јануари - личностите родени во овој месец се сериозни и амбициозни, сакаат да учат и да бидат подучувани. Внимателни се со туѓите маани и слабости, но сакаат да критикуваат. Сакаат да работат и продуктивни се, паметни, уредни и организирани. Чувствителни се и сакаат да ги усреќуваат луѓето околу себе. Вечно се мирни и воздржани, но на нив лошо влијаат возбудата и напнатоста, затоа што не сакаат исчекувања. Сакаат деца, лојални се и имаат постојана потреба за подобрување на социјалните врски. Исто така, знаат да бидат умерено љубоморни.

Февруари - родените во овој месец се вистински реалисти. Интелигентни и паметни, но склони се кон промени на личноста. Мирни се, срамежливи и скромни, искрени и предадени, но и доста темпераментни. Одлучни се во остварувањето на своите цели. Склони се кон бунтовничко однесување кога ќе почувствуваат дека слободата им е ограничена, затоа што ја обожаваат. Чувствителни се и лесно се навредуваат, а својата лутина и бес никогаш не ги кријат. Романтични се, но не сакаат да покажат. Сакаат да започнуваат нови пријателства, храбри се и тврдоглави. Си го сакаат слободното време и максимално го користат за забава.

Март - личностите родени во март се доверливи, срамежливи, резервирани и таинствени. Искрени се и имаат добра душа. Сакаат постојан мир и спокој, а сакаат и да им угодуваат на блиските и саканите. Не се лутат лесно, благодарни се и свесни за она што го заслужуваат. Но, сакаат да ја вратат секоја услуга која ја должат. Големи и вечни сонувачи се, имаат бујна фантазија и сакаат да патуваат. Одлични се кога се работи за изборот на партнерот и пријателите.

Април - родените во овој месец се активни и динамични. Одлучни се, но склони кон каења кога ќе донесат нерационална одлука. Сакаат да си ги задоволуваат своите потреби, а сакаат и кога се во центарот на вниманието. Пријателите им се нешто најважно во животот и сакаат да помагаат. Секогаш имаат решенија за туѓите проблеми и се најудобното рамо за плачење. Храбри се и бестрашни, но и емотивни. Знаат да бидат агресивни и по природа сакаат да вратат со лошо на секој кој заслужува. Се трудат секогаш да бидат во движење и да ги мотивираат другите. Лесно стануваат љубоморни, тоа им е единствената маана.

Мај - личностите родени во мај се тврдоглави и имаат затворено срце. Имаат силна волја и се секогаш мотивирани за остварување на личните цели и желби. Паметни се и лесно се лутат. Емотивни се, но и лесно потпаѓаат под туѓо влијание. Сакаат да сонуваат и имаат бујна фантазија. Полни се со разбирање, добри соговорници, ја сакаат книжевноста и уметноста, како и патувањата. Никогаш не сакаат да остануваат сами или затворени во еден простор. Внимателни се, храбри, но полни се со немирен дух.

Јуни - родените во месец јуни се пристојни, чувствителни и љубезни. Секогаш може да ги натерате да ги променат своите ставови и мислења. Чувствителни се и внимателни. Пребирливи се и секогаш го сакаат она што е најдобро. Но, често знаат да бидат и темпераментни, духовити и забавни. Друштвени се и лесно остваруваат пријателства. Ситничави се, сакаат да се дотеруваат и без проблем ќе ве предупредат ако некаде грешите. Ретко ги покажуваат своите најдлабоки емоции и им треба доста време да се оправат кога се повредени. Исто така, склони се кон филозофирање и објаснување со нивните непријатели.

Јули - родените во месец јули се забавни, таинствени и тешко е да ги разберете во потполност. Повеќето се мирни, освен кога се возбудени или напнати. Горделиви се, чесни, тактични и лесно достапни. Претерано емотивни се, но понекогаш и непредвидливи. Се грижат за туѓите чувства и пријателски се расположени, грижливи се и полни со љубов. Не сакаат да се одмаздуваат, простуваат, но тешко забораваат. Внимателни се и остроумни. Упорни се во остварување на целите кои ги зацртале. Често знаат да бидат склони кон претерана загриженост.

Август - личностите родени во август се атрактивни, храбри и бестрашни. Имаат одлики на добар водич затоа што лесно управуваат со туѓите емоции. Егоистични се, горделиви и сакаат пофалби на нивна сметка. Исто така, поседуваат извонреден дух. Лесно се лутат и не им е проблем да избувнат, но само ако се предизвикани. Инаку се внимателни. Знаат да бидат друштвени и лесно склопуваат пријателства, но кога се работи за љубовните врски, понекогаш се претерано љубоморни. Независни се, мислат брзо и лесно се снаоѓаат во животот.

Септември - родените во овој месец се секогаш внимателни и организирани. Склони се кон истакнување на туѓите грешки и сакаат да критизираат. Тивки се, но знаат да бидат доста гласни кога има потреба од тоа. Сочувствуваат со своите блиски, се грижат и лесно се врзуваат. Верни се и искрени, паметни и многу често тежнеат кон подобро образование и поопширни информации. Ги сакаат сите спортови, но сакаат и да одмараат на луксузни дестинации. Таинствени се, но полни со разбирање и мотивација. Тешко ги покажуваат чувствата, па затоа често се пребирливи кога се работи за љубовни партнери.

Октомври - оние кои се родени во октомври се атрактивни и гламурозни. Имаат прекрасен физички изглед, но и одлични мисли. Сакаат да разговараат, одговорни се и проблемите секогаш ги решаваат од корен. Не сакаат лаги или лажни маски. Сочувствуваат со своите пријатели, но лесно знаат да се навредат ако не го добијат истото за возврат. Добро проценуваат, одлучни се, полни со љубов и грижи и склони се кон фантазирање. Знаат да бидат брзи и претерано арогантни, но само во случаи кога се чувствуваат несигурно. Уште една маана им е лесното губење на довербата.

Ноември - личностите родени во овој месец се полни со идеи, секогаш размислуваат за иднината, уникатни се и брилијантни. Добро проценуваат луѓе, динамични се и љубопитни. Храбри се, одлучни и трпеливи. Не се лутат лесно и не се склони кон откажување, затоа што веруваат дека за секој проблем постои решение. Кога ќе се заљубат сакаат силно, емотивни се и романтични, но можат да бидат претерано непредвидливи во љубовта. Вреди да им верувате, затоа што се одлични во чување тајни. Единствено нешто што им е тешко да го контролираат се емоциите кои понекогаш буквално ги обземаат.

Декември - родените во овој месец се лојални и грижливи. Нестрпливи се и често избрзуваат. Активни се во игри и забави и сакаат да се дружат. Амбициозни се и лесно достигнуваат успех на секое поле. Ги сакаат пофалните зборови и вниманието кое го добиваат. Искрени се и не знаат да се преправаат. Не се егоистични, само се горделиви на она што ќе го достигнат. Сакаат да се шегуваат на своја, но и на туѓа сметка затоа што имаат добра смисла на хумор. Најсреќни се кога се сакани, затоа што тогаш се најмоќни. Единствена маана им е љубомората која не секогаш ја контролираат најдобро.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 10:59
 Храбри се и бестрашни кул
Train hard,Fight easy !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 108109110111112 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.