IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 188189190191192 200>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2013 во 10:30
Ги стимулира граѓаните да бидат макучка поодговорни кога купуваат голема насмевка 

Министерството за финансии ќе организира наградна игра за поттикнување на финансиска и фискална дисциплина, најави министерот за финансии Зоран Ставрески. Наградната игра ќе ја спроведува Државната Лотарија. Право да учествува има секој граѓанин кој во плико ќе испрати најмалку 20 фискални сметки, независно од нивниот износ. 

Наградната игра стартува на 30 декември и ќе трае цела 2014. Предвидени се 9 кола кои ќе се организираат на секои 45 дена, во секое предвидени се награди – автомобил, лаптоп, смарт фон, велосипед, а главната награда е стан или дуќан.
Вредноста на наградите во секое коло, изнесува околу 20 илјади евра. 


Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2013 во 22:08
Ништо друго и не треба да очекува човек од овие политички проститутки...не 
Ги заболе и Грујо и Спиро за македонски превод на името....власта и братот Ахмети се важни...

  

Груевски пресече лента на „Конгреси и манастирит“- ново училиште со албански назив и на кирилица и на латиница


„Конгреси и  манастирит“ е новото основно училиште во општина Чаир кое името го носи во чест на албанската азбука усвоена на Битолскиот конгрес пред 105 години. 

Училиштето денеска беше пуштено во употреба, но на училишната табла името не е преведено на македонски јазик, туку само препишано со кирилица – така и на кирилично писмо стои „Конгреси и манастирит“ наместо „Битолски конгрес“.

Ова име, според министерот за образование и наука, седум години стоело на стариот објект на училиштето и затоа немало потреба да се менува. 

Министерството за образование  и наука сеуште без решение и за 4-те чаирски училишта кои општината самоволно ги преименува мината година со имиња на албански херои, но кои стојат само на училишните табли, а не и офоцијалните документи. 

Груевски без  одговор за преименувањето и на училиштата во Чаир, кои што повеќе од една година ја брануваа јавноста и предизвикаа тензии на меѓуетнички план, но затоа со конкретен придонес за соживотот во Чаир.

Од државниот буџет за новото училиште во Чаир се потрошени околу 2 милиони евра. 

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2013 во 22:36

Браво бе Грујо.не
Така и со 4-те училишта преименувани на албански.
Ќе си постојат таблите 7 (или не знам колку) години и после ќе нема потреба да се тргнат.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 12:18
Го влече ѓаволот за опашката не Мине - немине време и бап на устата на Грујо :  

Ако некој сака предвремени избори - спремни сме во секое време 

Гледај си таму работата како едно време 24/7 кога те избраа наместо да даваш надежи на опозицијата . Оти оне не спијат и немат паметна работа и ќе те изненадат кога најмалку очекуваш и тогаш ќе се каеш за пропуштената можност да владееш како Путин вечно .


Изменето од емил - 29.Декември.2013 во 12:18
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 12:36
еве што прави...голема насмевка

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 20:08
JАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 12/2014
за вработување на 1 државни службеници во Канцеларија на претседателот на Владата за следните работни места:

АПЛИЦИРАЈ


1. Помошник раководител на сектор за меѓународни односи и соработка со меѓународни институции и организации (1)извршител(и);

-   Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - од областа на општествени науки и биотехнички науки


Ееееејјј ...
Раководител на сектор за меѓународни односи може да биде филозоф, лингвист, биолог ...
Баш ме интересира која е допирната точка на овие две струки - општествени и биотехнички науки?!

И, зошто не ставиле „ликовни уметности“?
Дали во Владата мислат дека:
1. Кандидати со овој профил нема да ја извршуваат функцијата како што тоа можат некој филолог или биолог или
2. Кандидатот кого треба да го вработат (т.е. за кого е отворен конкурсот) нема таква стручна подготовка - ликовна академија?

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2014 во 14:25
Ништо ново за овие криминалци....само што изгледа станале невнимателни....



Бизнисот од 40 илјади евра за кој вчера објавивме документи е ситница во однос на бизнисот од милион евра на фирмата на новинарката Ивона Талевска со Министерството за здравство за кој денеска ви презентираме документи, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

< width="500" height="281" ="http://www.youtube.com//YeuKgOEgWVI?feature=o" border="0" allowfullscreen="">

-Премиерот Никола Груевски молчи за бизнисот од 40 илјади евра даден на мајката на уредничката на Сител Ивона Талевска. Молчи и министерот за здравство Никола Тодоров. Молчи и Ивона Талевска. Сите тројца вчера не кажаа ни збор за доделениот бизнис на фирмата во која одговорна за контакт со трговијата на медицинска опрема е уредничката Талевска. Денеска ќе ви кажеме зошто молчат. Затоа што зделката што вчера ја обелодени СДСМ е ситница во однос на бизнисот кој Владата го доделила на семејната фирма на уредничката бизнисмен Ивона Талевска. Еве официјален документ кој покажува дека фирмата на Талевска Визарис МКД добила од Груевски и Тодоров и бизнис во здравството тежок милион евра- рече Шилегов.

Тој презентира официјален документ од Бирото за јавни набавки, кој покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62.701.048 денари.

-Тоа е зделка од милион и 28 илјади евра со фирмата Визарис МКД, чија сопственичка е Лимба Талевска, а лице за контакт самата уредничка на Сител и главен и одговорен уредник во весникот Вечер, Ивона Талевска. Милион евра, пари на граѓаните, завршиле или ќе завршат на сметката на фирмата на Талевска. Значи, додека едни новинари скапуваат по затворите, многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра, оваа напредна уредничка, бизнисмен, лице за контакт, Ивона Талевска, помага да се таложат државни пари на семејно конто. Кога Тодоров се фали со милиони евра потрошени во здравството, сега е јасно каде одат милионите. СДСМ бара од премиерот Груевски, да не се крие и да не молчи за оваа, досега невидена корупција во медиумите, што ја отвора овој скандал. Премиере Груевски одговорете: Вака ли го раните медиумското “чудовиште“ кое изеде егзистениции на илјадници луѓе во земјава, криејки ги вашите криминали и создавајки со лаги непостоечка реалност? Вака ли се купуваат уредници? Со милиони евра пари на граѓаните? Затоа ли медиумите контролирани од вас и уредниците поставени од вашата Влада, вклучително и националниот сервис Македонската телевизија, воопшто не го објавија вчерашниот прес на СДСМ за овој тежoк скандал?! Јавноста очекува одговори- рече Шилегов.



Изменето од Ninja 35 - 11.Јануари.2014 во 14:25
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 22:53

Шилегов: Груевски се крие, Тодоров се правда, а милионот кај Талевска! (ВИДЕО)

- Министерот за здравство Никола Тодоров во тотална конфузија се обидува да се огради од милионскиот тендер доделен на мајката на уредничката на Сител, Ивона Талевска. Тодоров тврди дека Министерството за здравство случило договор со фирма ВИСАРИС ДООЕЛ, управувава од едно лице. Тоа го тврди Тодоров, за што дури и жалеше, изјави на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

 

Договорот за милионскиот тендер, како што рече Шилегов, е склучен помеѓу Министерството за здравство и внимавајте, фирмата ВИСАРИС МКД, со адреса Градски парк – Градски стадион без број, Република Македонија.

- Oвој милионски договор е со фирмата ВИСАРИС МКД! Чиј доминантен сопственик е мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска, а лице за контакт на оваа фирма е самата ќерка, уредник-бизнисмен, Ивона Талевска. На конто на оваа фирма министерството за здравство префрла или ќе префрли милион евра! И тоа е клучно, 
рече Шилегов.

Според Шилегов, признанието на Тодоров, дека имало промени во сопственоста на фирмата го отвора прашањето колку тендери во Министерството за здравство, и останатите државни институции се доделени на овој начин?

< width="425" height="350" ="http://www.youtube.com//-Cejgf88In0" border="0" allowfullscreen="" style="border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; margin: 0px; padding: 0px;">

- Додели го тендерот па потоа ќе се покажат вистинските сопственици на фирмата. Која е таа логика, прво да се добие милион евра на тендер а потоа да се поклони доминантата сопственост на фирмата и тоа баш на мајката на Ивона Талевска? Кој лобира овие фирми да ги добиваат тендерите на овој начин за парите потоа да завршат на вистинското место?- праша Шилегов.

- Бидејки Тодоров збунето призна дека случајот бил “малку неетички“, му укажуваме на министерот за здравство и неговиот претпоставен Никола Груевски, дека за ваков скандал, кој отвора медиумска корупција од невидени размери, во нормална демократска држава паѓаат влади.

СДСМ бара: Никола Тодоров да не се правда со тврдења туку итно јавно да ги објави: тендерската документација, сите понуди, банкарските гаранции и потпишаниот договор за оваа скандалозна бизнис зделка.

На крајот прашуваме: Каде сте премиере Груевски?

До кога ќе играте по вашата стара практика кога е густо да ги оставате вашите соработници на лизгав терен? Дали овој пат одлучивте да го “лизгате“ Никола Тодоров иако Ивона Талевска е пред се Ваша омилена соработничка? Од кого и од што бегате премиере Груевски?!-
 рече Шилегов.

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 17:31
Па сега редно е и баба му на Латас да влези со еден тендер за набавка на воена опрема,а дедо му на Миленко со тендер за набавка на опрема за оптички надзор на земјината орбита од напад на вонземјани.
Догодина да сме здрави и живи можи и вујната на Јанко да ја вклучиме во набавката на беспилотни летала .....
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2014 во 00:01

Комеморацијата на митот за чесноста на актуелната Влада ќе се одржи утре во Музејот на ВМРО, соопштија од Центарот за комуникации и уредување вести.


На овој тажен чин, последни од митот ќе се испратат претставници на граѓаните, медиумите, дипломатскиот кор, стопанственици и други субјекти кои веруваа во овој мит додека беше жив. На присутните ќе им се обратат Ивона Талевска од името и на новинарите и на бизнисмените, како и министерот за здравство Никола Тодоров како претставник на Владата.

Во име на дипломатскиот кор беше предвидено да говори евроамбасадорот Аиво Орав, но тој последниве години не знаеме дали е присутен во државава, така што неизвесно е дали ќе присуствува на комеморацијата.

Како што е познато, митот за чесноста на оваа Влада ненадејно умре кога на виделина пукна аферата за корумпирање на уредници со милионски суми евра.

Поради зголемено присуство на џипови, улиците околу музејот за време на комеморацијата ќе бидат затворени за сообраќај.

Погребот ќе биде извршен задутре во Алејата на великаните.

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2014 во 00:04
Што прави оваа влада!
Што сака, како сака и како што и одговара, и сите дремиме ко мисири и мисирки трепкање
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2014 во 09:50
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Комеморацијата на митот за чесноста на актуелната Влада ќе се одржи утре во Музејот на ВМРО, соопштија од Центарот за комуникации и уредување вести.

...   ...   ...

Погребот ќе биде извршен задутре во Алејата на великаните.


А, Сител ќе пренесува? голема насмевка
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2014 во 16:53
Сител не е повеке онаа Телевизија која ја знаевме.
Таа можи да се рамни со TBS,NBC,CBS бидејки од водителот до чистачот сега се милионери.
И тоа се започна со остроумниот Латас - кој денарот знае да го направи милион благодарение на неговата креација за манипулација и криминал кој веке долги години се негов препознатлив знак.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 21:50
Sto si saka!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 188189190191192 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.