|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 107108109110111 157> |
Автор | ||||||||||||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
месни нарезак
|
||||||||||||||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||||||||||||||||||||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
koj li e betonot ovde
Изменето од viktorija123 - 06.Јануари.2014 во 11:37 |
||||||||||||||||||||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||||||||||||||||||||
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
KOntejner sum ahahahahha
|
||||||||||||||||||||
Train hard,Fight easy !
|
||||||||||||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
а во кинески хороскоп сум коњ
|
||||||||||||||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||||||||||||||||||||
Kisserboy
Нов член Регистриран: 10.Јануари.2014 Локација: Битола Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Oven sum :D
|
||||||||||||||||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Древните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.
АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари) Старите египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници. СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март) Себек е бог на реката Нил, а токму таа била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства. ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април) Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја. ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај) Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства. ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни) Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот. НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули) Нефтис била божица на љубовта, поради што и овој знак се смета дека е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни, поради што многу внимателно го одбираат партнерот. Од партнерот очекуваат многу, а за возврат враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, кои ги прави одлични пријатели. СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август) Сет бил бог на молњата и олујата, па поради тоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Исто така, тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Припадниците на овој знак се самостојни и сакаат сè да направат сами. АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември) Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а се и интелегентни, љубезни и дискретни. РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври) Ра бил бог на Сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а маана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики. ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември) Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите и да поделат некој добар совет. ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември) Тот во стариот Египет бил познат како бог на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни бидејќи поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, на кого ќе можат секогаш да се потпрат. ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември) Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува. |
||||||||||||||||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:08 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:11 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Бик и Водолија
Осудени на пропаст и пред самиот почеток. Биковите сакаат стабилност, додека Водолиите сакаат побрзо темпо. Биковите се многу посесивни, што не одговара со опуштеноста на Водолијата. nema vrska |
||||||||||||||||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||||||||||||||||
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
точно е верувај 100%
|
||||||||||||||||||||
Train hard,Fight easy !
|
||||||||||||||||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Јас само ако некоја е Девица проверувам... другите не ги ни прашувам што се во хороскоп...
|
||||||||||||||||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
ne e tocno ,provereno 100%
|
||||||||||||||||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Многумина се сложуваат дека хороскопот открива многу за карактерот, навиките и особините на човекот, но денес ви ја откриваме личноста според месецот во кој сте родени. Проверете, ќе се изненадите од деталниот опис. Јануари - личностите родени во овој месец се сериозни и амбициозни, сакаат да учат и да бидат подучувани. Внимателни се со туѓите маани и слабости, но сакаат да критикуваат. Сакаат да работат и продуктивни се, паметни, уредни и организирани. Чувствителни се и сакаат да ги усреќуваат луѓето околу себе. Вечно се мирни и воздржани, но на нив лошо влијаат возбудата и напнатоста, затоа што не сакаат исчекувања. Сакаат деца, лојални се и имаат постојана потреба за подобрување на социјалните врски. Исто така, знаат да бидат умерено љубоморни. Февруари - родените во овој месец се вистински реалисти. Интелигентни и паметни, но склони се кон промени на личноста. Мирни се, срамежливи и скромни, искрени и предадени, но и доста темпераментни. Одлучни се во остварувањето на своите цели. Склони се кон бунтовничко однесување кога ќе почувствуваат дека слободата им е ограничена, затоа што ја обожаваат. Чувствителни се и лесно се навредуваат, а својата лутина и бес никогаш не ги кријат. Романтични се, но не сакаат да покажат. Сакаат да започнуваат нови пријателства, храбри се и тврдоглави. Си го сакаат слободното време и максимално го користат за забава. Март - личностите родени во март се доверливи, срамежливи, резервирани и таинствени. Искрени се и имаат добра душа. Сакаат постојан мир и спокој, а сакаат и да им угодуваат на блиските и саканите. Не се лутат лесно, благодарни се и свесни за она што го заслужуваат. Но, сакаат да ја вратат секоја услуга која ја должат. Големи и вечни сонувачи се, имаат бујна фантазија и сакаат да патуваат. Одлични се кога се работи за изборот на партнерот и пријателите. Април - родените во овој месец се активни и динамични. Одлучни се, но склони кон каења кога ќе донесат нерационална одлука. Сакаат да си ги задоволуваат своите потреби, а сакаат и кога се во центарот на вниманието. Пријателите им се нешто најважно во животот и сакаат да помагаат. Секогаш имаат решенија за туѓите проблеми и се најудобното рамо за плачење. Храбри се и бестрашни, но и емотивни. Знаат да бидат агресивни и по природа сакаат да вратат со лошо на секој кој заслужува. Се трудат секогаш да бидат во движење и да ги мотивираат другите. Лесно стануваат љубоморни, тоа им е единствената маана. Мај - личностите родени во мај се тврдоглави и имаат затворено срце. Имаат силна волја и се секогаш мотивирани за остварување на личните цели и желби. Паметни се и лесно се лутат. Емотивни се, но и лесно потпаѓаат под туѓо влијание. Сакаат да сонуваат и имаат бујна фантазија. Полни се со разбирање, добри соговорници, ја сакаат книжевноста и уметноста, како и патувањата. Никогаш не сакаат да остануваат сами или затворени во еден простор. Внимателни се, храбри, но полни се со немирен дух. Јуни - родените во месец јуни се пристојни, чувствителни и љубезни. Секогаш може да ги натерате да ги променат своите ставови и мислења. Чувствителни се и внимателни. Пребирливи се и секогаш го сакаат она што е најдобро. Но, често знаат да бидат и темпераментни, духовити и забавни. Друштвени се и лесно остваруваат пријателства. Ситничави се, сакаат да се дотеруваат и без проблем ќе ве предупредат ако некаде грешите. Ретко ги покажуваат своите најдлабоки емоции и им треба доста време да се оправат кога се повредени. Исто така, склони се кон филозофирање и објаснување со нивните непријатели. Јули - родените во месец јули се забавни, таинствени и тешко е да ги разберете во потполност. Повеќето се мирни, освен кога се возбудени или напнати. Горделиви се, чесни, тактични и лесно достапни. Претерано емотивни се, но понекогаш и непредвидливи. Се грижат за туѓите чувства и пријателски се расположени, грижливи се и полни со љубов. Не сакаат да се одмаздуваат, простуваат, но тешко забораваат. Внимателни се и остроумни. Упорни се во остварување на целите кои ги зацртале. Често знаат да бидат склони кон претерана загриженост. Август - личностите родени во август се атрактивни, храбри и бестрашни. Имаат одлики на добар водич затоа што лесно управуваат со туѓите емоции. Егоистични се, горделиви и сакаат пофалби на нивна сметка. Исто така, поседуваат извонреден дух. Лесно се лутат и не им е проблем да избувнат, но само ако се предизвикани. Инаку се внимателни. Знаат да бидат друштвени и лесно склопуваат пријателства, но кога се работи за љубовните врски, понекогаш се претерано љубоморни. Независни се, мислат брзо и лесно се снаоѓаат во животот. Септември - родените во овој месец се секогаш внимателни и организирани. Склони се кон истакнување на туѓите грешки и сакаат да критизираат. Тивки се, но знаат да бидат доста гласни кога има потреба од тоа. Сочувствуваат со своите блиски, се грижат и лесно се врзуваат. Верни се и искрени, паметни и многу често тежнеат кон подобро образование и поопширни информации. Ги сакаат сите спортови, но сакаат и да одмараат на луксузни дестинации. Таинствени се, но полни со разбирање и мотивација. Тешко ги покажуваат чувствата, па затоа често се пребирливи кога се работи за љубовни партнери. Октомври - оние кои се родени во октомври се атрактивни и гламурозни. Имаат прекрасен физички изглед, но и одлични мисли. Сакаат да разговараат, одговорни се и проблемите секогаш ги решаваат од корен. Не сакаат лаги или лажни маски. Сочувствуваат со своите пријатели, но лесно знаат да се навредат ако не го добијат истото за возврат. Добро проценуваат, одлучни се, полни со љубов и грижи и склони се кон фантазирање. Знаат да бидат брзи и претерано арогантни, но само во случаи кога се чувствуваат несигурно. Уште една маана им е лесното губење на довербата. Ноември - личностите родени во овој месец се полни со идеи, секогаш размислуваат за иднината, уникатни се и брилијантни. Добро проценуваат луѓе, динамични се и љубопитни. Храбри се, одлучни и трпеливи. Не се лутат лесно и не се склони кон откажување, затоа што веруваат дека за секој проблем постои решение. Кога ќе се заљубат сакаат силно, емотивни се и романтични, но можат да бидат претерано непредвидливи во љубовта. Вреди да им верувате, затоа што се одлични во чување тајни. Единствено нешто што им е тешко да го контролираат се емоциите кои понекогаш буквално ги обземаат. Декември - родените во овој месец се лојални и грижливи. Нестрпливи се и често избрзуваат. Активни се во игри и забави и сакаат да се дружат. Амбициозни се и лесно достигнуваат успех на секое поле. Ги сакаат пофалните зборови и вниманието кое го добиваат. Искрени се и не знаат да се преправаат. Не се егоистични, само се горделиви на она што ќе го достигнат. Сакаат да се шегуваат на своја, но и на туѓа сметка затоа што имаат добра смисла на хумор. Најсреќни се кога се сакани, затоа што тогаш се најмоќни. Единствена маана им е љубомората која не секогаш ја контролираат најдобро. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 107108109110111 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |