IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8889909192 95>
Прашање: Vmro ili Sdsm ???
Одговор Гласови Статистика
104 [46,64%]
105 [47,09%]
14 [6,28%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 11:16
nema da komentiram i jas , ke ostavam da go poglednete videot , 
....i zatoa jas nema da glasam za VMRO.........намигнување

 
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 08:59
Нема ли да биде глупаво од моја страна, нема ли да биде доцна ако после 90 страни со постови, поставам прашање за насловов на темава: „ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?“
Што треба да претставува тоа: ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?
Дали тоа значи дека треба да се изјасниме дали сме ЗА едната или другата партија или дека сме ПРОТИВ едната или другата партија? Самото тоа: ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ не кажува ништо.
А во врска со ова, нешто и за поставената анкета.
Мислам дека би требало да се постави и четврто прашање кое би гласело: „Пратам политика, ама не сум ниту за една партија“
Овака, како што е поставено, испаѓа дека ако не си за едната од двете понудени партии, ти не пратиш политика!
Но нејсе, познати сме по тоа да разбираме нејасно поставени работи! :D
Но ај, доста беа процедурални забелешки.

Моето мислење за овие две партии?!
Тоа е исто како и за сите други.
Со еден збор - апаши!
Под закрилата на слаткоречивата демагогија за нивното жртвување за сопствената држава, тие ја одбираат политиката само како начин на стекнување лична материјална корист. Ништо друго. Ги заболе нив ... увото за мене или за вас.

Додека СДСМ беа на власт, крадеа се што можеше да се украде, се наместија по сите добри места во јавни институции, започнаа тешки бизниси ... и мислеа дека се недопирливи! Толку се занесоа во таа своја улога што не ни беа свесни што им се случи во 1998 година. Поразот ги стрефи како гром од ведро небо. Ни на крај памет не очекуваа да изгубат. Толку беа самоуверени. Но, народот незадоволен од нивното владеење, избраа друго зло. Мислејќи дека е помало. Тогаш и магаре да ставеа на листата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе влезеше во Парламентот.
Ми се чини дека некако историјата како да се повторува.
Незнам, некако чувствувам дека почнува да станува се поочигледно дека и на сегашнава власт и’ влегла „вода во уши“, па мисли дека е незаменлива.
Не, не на овие избори во Март (каде освен претседателски се очекува да има и парламентарни), но мислам дека во следните избори, нема да се чувствуваат баш така комотно.
Зошто?
Прво, народот ќе се засити од нив, од нивните „остварувања“, од нивните ликови, постапки, демагогии, претења ...
Второ, сеуште немаат силна опозиција кој би можела сериозно да ги разниша.
Трето, меѓусебното препукување во самата партија, борбата за подобра позиција, а со тоа и поголема лична корист. Што мислите, дека кај нив нема такво нешто? Има, само што сеуште не е дојдено до тој степен. Сеуште ситуацијата се држи под цврста рака.
Четврто, штом некои членови ќе почувствуваат дека почнува да им се руши комодитетот, ќе почнат да бегаат и да се приклучуваат кон друга партија која тогаш ќе биде во подем или која евентуално би ја освоила власта. Исто како што направија пред неколку години, кога масовно почнаа да доаѓаат во ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно не сте заборавиле колку сдсм-овци (но и други) ги сменија боите и се префрлија во победничката партија! Од истите тие кукавици (кои час се во едно, час во друго гнездо) ВМРО-ДПМНЕ ќе падне уште повеќе.

Денес читам во СДСМ вриело. Причината за тоа (покрај другите) е што Заев намало да ги стави сегашните пратеници на листа за следните парламентарни избори.
Заев, ако има мадиња, треба да прекине да биде под влијание на БЦ & СО и, едноставно да пресече. Тогаш ќе биде вистински силен лидер. Нешто слично како што направи Груевски, кој многу успешно се справи со разните фракционерски борби кога ја превзема претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 13:50
Зошто се трошат коментари и време за историските лузери кој што ја ставија државата во ист кош со земјите од третиот свет....
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 14:28
Ајде да се собереме 200.000 души пред штабот на СДСМ и уште 200.000 души пред штабот на ВМРО и сите да свршиме у исто време
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 14:29

Па првите се сеуште на власт.
Нема трета опција.не знам
А и да има, нема да ја биде при ваква поларизација.



Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 04:44
Zlatnik nailed it.
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 15:05
АЈДЕ МАЛКУ ПАК ИСТОРИЈА;САМО ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА И ДА НЕ АКАТЕ ГЛАИ ПО ЅИЗДОИ ЗА ЏАБЕ;ЗАШ СЕ АМА СЕ Е ПОЗНАТО;АМА КОЈ САКА ДА ГО РАЗБЕРЕ.
Следното е како писание еднаш казано,па читајте

СДСМ е формирана 1990 год., и претставува континуитет на бившите комунисти. Денешното раководство на СДСМ се деца на бивши високи функционери во СФРЈ, ДБ и ЈНА. 

Еве дел од “авангардата” на СДСМ: 

Бранко Црвенковски, бивш претседател на Македонија и актуелен на СДСМ(ПОМИНА), роден во Сараево, син на офицер во ЈНА, 

Горица Попова, советничка на претседателот Црвенковски, е ќерка на Благој Попов, претседател на Извршниот Совет на С.Р.Македонија, 

Јане Миљовски екс министер, син на Киро Миљовски, кој после 1945 год. е државен обвинител и изготвувач на законот за национализација, (а иронијата да биде поголема, синот Јане 1991 год. го изготви законот за денационализација и приватизација), 

Илинка Митрева, министерка, ќерка на Димитар Митрев, бивш обвинител, 

Лазе Китановски бивш министер, син на Боро Китановски болшевик, еден од најблиските соработници на Лазар Колишевски, 

Јани Макрадули, пратеник, син на Андон Макрадули вице-гувернер во СФРЈ, 

Каролина Ристова-Астеруд, ќерка на Стојан Ристов, висок функционер во ДБ и директор на КПД “Идризово”. 

ВМРО-ДПМНЕ е формирана 1990 год. како резултат на стратешки смислена програма во Белград од проверени УДБ-аши. 

Еве дел и од раководствата и функционерите во ВМРО: 

Мартин Треневски, министер во владата на Георгиевски, син на Злате Треневски, висок функционер во ДБ и најдоверлива личност на Лазар Колишевски, и еден од учесниците во убиството на Кочо Рацин, 

Ѓорѓи Наумов, министер во владата на Георгиевски, бивш обвинител во СФРЈ и соработник во ДБ, 

Јордан Мијалков, министер во владата на Кљусев, екс претставник на “Макотекс” во Чехословачка, офицер на Југословенските разузнавачки служби за Југоистична Европа и соработник на ДБ, 

Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, син од сестра на Јордан Мијалков, 

Михајло Маневски, министер за правда за време на СФРЈ, човекот кој вршеше прогон на ВМРО-вски фамилии и го штитеше тотилатарниот србо-комунистички режим, во владата на Груевски повторно министер за правда. Сопруга на Маневски е Влаинката судијката Филимена Маневска, со чие име се поврзани многу криминални процеси без разврски, 

Глигор Ташкович, министер во владата на Груевски, внук на Глигор Ташкович, син на Ото, србоманска фамилија која 1919 год., по завршувањето на Првата светска војна, по окупацијата на Македонија од Србија, си го променуват името од Ташкови во Ташкович. Од 1946 год., до 1949 год., дедо му е пратеник во еднопартискиот парламент на СРМ, 

Трајко Славевски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, внук на Велјан Славевски од Речица, кој на Србите го шпионирал штабот на ВМРО на Охридското востание, поради што во битката кај Рашанец во нерамноправна битка се убиени водачите на востанието Наум Златарев, Стефан к*ртелов, Ламбе Берберчето, Аргир Маринов и др. Народот, дедо му на Трајко Славевски, Велјана го воспеа во песната “Бог да го бие шпионот Велјан од Речица”. 

Ристо Дамјановски, министер за одбрана во владата на Кљусев, најекспониран припадник на КОС за време на СФРЈ, 

Љубен Пауновски, министер во владата на Георгиевски од семејство на високи функционери во КОС, 

Милјана Даневска министерка во владата на Кљусев, бивш секретатр на ЦК на СКМ. 

Е сега, ваше е да си одберете меѓу УДБА и ... УДБА.
      
      Еве уште неколку деца на комунизмот: 

Владе Милчин, oсновач нa скопскиот огранок нa „Удружење за југословенску демократску иницијативу“ и син нa покојниот Илија Милчин, актер и комунист. Владе Милчин ќе стане шеф нa финансиски најмоќното училиште за регрутација нa нео-комунисти. Идејата нa отвореното општество што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад нa државните монополи ќе биде алтернативна поддршка нa олигархиската пост-комунистичка елита, а финансирајќи го локалниот неделник 'Дело', нa пример, да докаже дека во Македонија има некаква опозиција, ама таа е ненародна, анти-национална, од бугарска антимакедонска провениенција. 

-Bо негова режија СКМ-ПДП ќе мy направи пуч нa човекот што смело расчисти со југо-комунизмот Петар Гошев и ќе го донесе синот нa офицерот нa ЈНА Љупчо Црвенковски, член нa ЦК, Бранко Црвенковски нa челo нa партијата. 

-Гордана Стошиќ, екс-директор нa МРТВ, ќерка нa воен обвинител. 

-Јован Донев, член нa партијата, сега директор нa 'Евробалкан', левичарска институција, мрсно помогната од Сорос. 

-Ким Мехмети и Исо Руси , левичарски албански интелектуалци, со потекло од комунистички семејства. 

-Иронијата нa судбината сакаше клучниот потег за заокружување нa финансиската, олигархиска, а со тоа и политичка доминација нa нео-комунизмот да го направи токму Јане Миљовски, министер без ресор во првата плуралистичка влада, кој го изготви првиот закон за приватизација, што со 'менаџерскиот откуп' им овозможи нa комунистичките директори да ги добијат нa подарок државните фирми. Миљовски, дете нa комунизмот, е син нa Киро Миљовски, државен обвинител и нa други високи функции во времето нa социјализмот, кој по 1945-та учествувал и вo подготовката нa првиот закон за национализација. 

-Илија Илоски, од с. Велмеј, Дебарца, чиј татко во комунизмот бил формално шеф нa Шумското стопанство, но во суштина главен за полицијата и државната безбедност во Дебарца. 

-Борис Кондарко чиј татко бил во Министерството за образование, а некои велат имал контакти и со државната безбедност. Истото се зборува и за Кондарко јуниор. 

-Миле Зечевиќ, член нa раководството нa СДСМ и поранешен шеф нa Управата за безбедност и контраразузнавање син на Слободан Зечевиќ. Потекнува од семејство на доселеници од Црна Гора во Македонија, во времето нa првата влада на ВМРО-ДПМНЕ тајните служби имаа стотици страници материјали за заговори против Македонија. Се „прослави“ со палењето на амбасадата на САД во Република Македонија. 

-Денко Малески, прв министер за надворешни работи е син нa Владо Малески, прононсиран комунист. Мајката на Денко т.е. првата жена нa Владо Малевски е етничка Бугарка со која тој се разведува пo налог нa Партијата. Таа подоцна се мажи за пирински Македонец, емигрант во Македонија, фудбалер вo ФК Вардар, и заедно емигрираат во Белгија каде што Денко има две полусестри близначки. Денко Малески го зачува заветот на својот татко со зборовите дека 'во самостојна Македонија ќе одите без мене.' Татко мy бил близок соработник нa Киро Глигоров, партиски авторитет во култyрата кој учествувал во прогонството нa Венко Марковски. Владо Малески е инаку и автор нa зборовите нa новата македонска химна. Првото заседание на АСНОМ било отворено со старата BMPОвска химна 'Изгрејзора нa слободата', химна што нe им се допаѓала нa комунистичките авторитети. 

-Бранко Азески, долгогодишен директор нa хотелот 'Александар Палас' нa Штерјо Наков, претседател на Стопанска комора на Македонија и поранешен претседател нa македонската социјалистичка младина. Бранко е син нa Благоја Азески, десна рака нa Лазо Колишевски и началник нa УДБа за целиот југозападен регион. Кога Лазо ловел риба во Охрид, Благоја ја ангажирал целата државна безбедност да нe смее да заплови нитy едно кајче пo езерото. 

-Ѓорѓи Трајчев, претседател нa младите социјалдемократи и екс-директор нa Агенција за спорт и млади е внук нa Иван Катарџиев, член нa Советот нa град Скопје, комунистички историчар и бегалец од Пиринска Македонија, своевремено заврбуван од државната безбедност. 

-Ленче Софрониевска, екс-претседателка нa Републичкиот судски совет, ќерка нa Аризан Несторовски Марче од Белица, оперативен агент нa AР, подоцна како истакнат функуионер нa ДБ учествувал и вo прогонството нa десноориентираните интелектуалци. Таткото нa сопругот нa Ленче, Томо Софрониевски, според документацијата нa семејството Симончеви од Охрид, издавал и лични наредби за убиства. 

-Лилјана Ингилизова, претседател нa Уставниот суд нa Македонија и поранешен шеф нa Државната изборна комисија е ќерка нa поранешен судија нa Врховен суд и потекнува од селата на Скопска Црна Гора. Bо комунистичко време татко и бил судија со висок рејтинг. 

-Стеван Павлески е поранешен шеф нa државната безбедност во комунизмот и јавен обвинител во демократијата. 

-Стерјо Зиков, син нa Митко Зиков, судија во Окружен суд. 

-Саша Андоновски, екс-заменик мининистер за економија нa СДСМ, моментално издржува затворска казна за злоупотреба на службената функција, е син нa Ѓенко Андоновски, поранешен претседател нa Окружниот суд во Скопје. 

-Слободан Унковски, екс-министер за култура. Унковски е зет нa Веселинка Малинска, првоборец и висок партиски функционер, за време нa војната к*рир што го изведува Тито од Белград нa слободната територија околу Ужице. Нејзиниот сопруг Ќостаров, е Бугарин, комунист и емигрант од Бугарија, долгогодишен директор нa театарот и веројатно поврзан со тајна коминтерновска врска. Неговото семејство живее во Белгија, во замок покрај езеро. 

-Ѓунер Исмаил, министер за култypa, во комунизмот бил долгогодишен директор нa Турската драма, а татко мy Исмаил Исмаил, работел како официјален преведувач нa Владата. 

-Горица Попова, екс-шефицата нa Информативната програма нa МРТВ, и член нa СДСМ, е ќерка нa Благој Попов, претседател нa Извршен совет нa PM во комунизмот. 

-Панде Колемишевски, транзицискиот директор на Нова Македонија, внук нa Тени Колемишевски, комунистички началник нa УДБ-a. 

-Мелпомени Корнети, заменик министер за култyра и екс-директор нa МРТВ. Нејзиниот татко во комунизмот е сива еминенција и работи во финансиската ревизија вo банките. 

-Сашо Орданоски, син нa офицер нa ЈНА за кого кружат гласини за негова дружба со тајните служби. Ордановски јуниор е пајташ на СДСМ од ен-џи-оу секторот. 

-Слободан Чокревски, екс-директор нa Ветеринарната управа (стекна популарност кога лупаше зелени за време на глобалната епидемија на птичји грип) е син нa Томислав Чокревски, министер за внатрешни работи нa СДСМ. Семејството Чокревски има неколкумина браќа комунисти и партизани, вработени во службата за државна безбедност во Битола и битолско. 

-Љупчо Арсовски, екс-амбасадор во Атина, син нa Страте Арсовски, комунистички директор нa 'Нова Македонија' и член нa ЦК СКМ. 

-Горјан Тозија (од Еднооки познат и како „Тозовац“), советник нa Бранко Црвенковски и брат мy Љупчо Тозија, екс-директор нa МТВ и амбасадор, потекнуваат од удбашко семејство кое според одредени сознанија иследувало македонски патриоти вo битолско-преспанскиот регион.

значи зашто мора повремено да се повторува ова ,зашто доваѓаат млади генерации ова е историја,не скриена,па да знаете кој ве угнетува,а тоа дали се делеле 
СУБВЕНЦИИ,ДАЛИ ИМАЛО ПРОПАГАНДА,СИ ЗНААТ ТИЕ КОИ КРАДАТ И ЛАПААТ И НИВНИТЕ ПОЛТРОНИ,А БОГАМИ И ОНИЕ КОИ ПАК СТРАДААТ ЗА ОВА ПАРЧЕ ЗЕМЈА.
ЗНАЧИ ТУЃИНЦИ ЈА ВОДЕЛЕ И ЈА ВОДАТ ОВАА ТЕРИТОРИЈА,А КАКО ВИЕ ЌЕ ГИ НАРЕЧЕТЕ ПАК ЗАВИСИ ОД ТОА КОЛКУ ВИ ДАЛЕ ДА СЕ ЗАСИТИТЕ СО ТУЃА КРВ.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 21:42
Уште малку па ќе има трета опција ... тогаш кога Бугарите ќе решат да бараат права исто како и Албанците , веќе се и над 25% од населението во некои општини , но тоа зависи од нивните интереси , високи политики и што на крај имаат во план со давањето на сите тие пасоши и нивните нови државјани во оваа држава
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 21:56
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Уште малку па ќе има трета опција ... тогаш кога Бугарите ќе решат да бараат права исто како и Албанците , веќе се и над 25% од населението во некои општини , но тоа зависи од нивните интереси , високи политики и што на крај имаат во план со давањето на сите тие пасоши и нивните нови државјани во оваа држава

  Тоа е тивка окупација и тоа со амин на владата
Мислам бугарите трпеливо чекаат да ја исполниме квотата па потоа да побараат да се преброиме
Деновиве некој кажа дека и грците издаваат пасоши кои чинат 200 евра,србите исто така...се на се кога ќе не пребројат веројатно во границите на оваа држава ќе има најмалку Македонци
Треба само уште малку време...додека заврши мандатот на оние кои тоа го одработуваат од осамостојувањето до денес


Изменето од Andjelina - 22.Декември.2013 во 21:57
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 22:00
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Уште малку па ќе има трета опција ... тогаш кога Бугарите ќе решат да бараат права исто како и Албанците , веќе се и над 25% од населението во некои општини , но тоа зависи од нивните интереси , високи политики и што на крај имаат во план со давањето на сите тие пасоши и нивните нови државјани во оваа држава

  Тоа е тивка окупација и тоа со амин на владата
Мислам бугарите трпеливо чекаат да ја исполниме квотата па потоа да побараат да се преброиме
Деновиве некој кажа дека и грците издаваат пасоши кои чинат 200 евра,србите исто така...се на се кога ќе не пребројат веројатно во границите на оваа држава ќе има најмалку Македонци
Треба само уште малку време...додека заврши мандатот на оние кои тоа го одработуваат од осамостојувањето до денес

Мала поправка 
Да со амин на владата но не само со оваа влада , многу пасоши беа дадени и во периодот од 2002-2006 та ... некои тогаш аплицирале па добиле по 2 , 3 , 4 па и 5 години чекање и сега се некаде низ Европа .... 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 22:02
Не се сложувам... дали при земањето на бугарскиот пасош некој се откажал од македонскиот пасош/државјанство?
Како Бугарите ќе знаат дека некој кој земал бг пасош на пописот ќе се изјасни како Бугарин?
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 22:03
не,не треба исправка Сантијаго
само убаво читај до крај
на крајот пишува
Треба само уште малку време...додека заврши мандатот на оние кои тоа го одработуваат од осамостојувањето до денес


Изменето од Andjelina - 22.Декември.2013 во 22:03
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 22:07
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Не се сложувам... дали при земањето на бугарскиот пасош некој се откажал од македонскиот пасош/државјанство?
Како Бугарите ќе знаат дека некој кој земал бг пасош на пописот ќе се изјасни како Бугарин?



Тоа е многу лесно , зошто веќе таму се изјасниле како Бугари ... цитирам :
"Дедо блгарин , татко блгарин , аз блгарин !!!" 
Тоа се зборовите кога аплицираат или си земаат пасош , некои дури нашле венчаници од нивните баби и дедовци во бугарско време па без проблем да земат пасош. Кога ќе знаат бугарите ? Кога ќе почнат да дејствуваат со нивните планови тука кај нас .... Што мислиш .. во општина Прилеп имаат пр.15.000 пасоши , во домаќинство се просек по 4ца ... да им текне да стават кандидат за градоначалник тоа се 60.000 гласови кои МОРА да ги има , инаку ќе ги вратат од таму каде што заминале на печалба ... што би одбрале , што мислиш ? Мк или Бг државјанство тогаш ? Просто и едноставно 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 22:08
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

не,не треба исправка Сантијаго
само убаво читај до крај
на крајот пишува
Треба само уште малку време...додека заврши мандатот на оние кои тоа го одработуваат од осамостојувањето до денес

Се извинувам , којзнае што сум читал додека сум исправувал
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8889909192 95>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,233 секунди.