|
Сурогат мајка |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | ||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сурогат Мајка Д.О.О.Е.Л МК б.б. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Joshka
Нов член Регистриран: 01.Септември.2011 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Joshka - 20.Мај.2014 во 18:51 |
||
Canon 7D, Canon 5D Mark II + Canon EF 17-40mm f/4L USM +Canon EF 50mm f/1.2L USM
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си помислив да отворам тема, ама сме имале (Глен, кај те снема ма) Од она што читам кај нас, законски ќе се ограничи на само една можност за сурогат-мајка, за да се спречи комерцијализирање и заработка од сурогат мајчинството. Многу ми е чувствително прашањето и не можам да разберам како една жена може да се реши на таков чекор. Да го носам во мене 9 месеци, да го чувствувам како ми прета во стомакот, да го родам, да го фатам во раце и да го дадам - јас не би можела. За ништо на светот. Можам некако да разберам во случаи кога некој се решава да го направи за некој многу близок (читав случаи пријателка за пријателка на умирање, сестра за сестра или слично), каде се позајмува матката на близок од чист алтруизам. Ама од чисто комерцијални побуди... па има и други, побезболни начини за заработка. Не осудувам ништо. Ако со ваквиот начин се помага на парови кои не можат да имаат деца и ако и двете страни се на чисто дека нема да имаат никакви (пред се психички последици), зошто да не... Мене само ми е некако што знам, чудно... |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
пак истото, инаку се согласувам со Анастеа... |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во Македонија сурогат мајчинство само од хумани причиниСпоред предлогот, „гестациски носител“ е жена која носи ембрион или фетус кој бил зачнат со постапка на биомедицинско потпомогнато оплодување и кој е добиен со спојување на јајце клетка и сперматозоиди на жена и маж кои се во брак и која ќе го предаде на брачната двојка детето по неговото раѓање. Тоа може да биде жена од 25 до 50 години, мајка на најмалку едно дете, психо-физички здрава, македонски државјанин, да биде во добра психофизичка и општа здравствена состојба, да не и е одземено или ограничено родителското право, да не е казнувана за кривично дело со затвор над шест месеци, да не е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој, да не е зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол, и да нема тешко хронично заболување или да не е болна од неизлечива заразна болест. „Гестацискиот носител“ ќе може да роди само едно живо дете за друг, а за тоа нема да прима друг надоместок освен оној потребен за уредно водење на бременоста. „Гестацискиот носител“ ќе може да роди дете само за брачни двојки државјани на Република Македонија. - Имајќи предвид дека постојат два вида на сурогат мајчинство – алтруистичко и комерцијално, нашиот концепт го втемеливме на алтруистичко сурогат мајчинство, со изречна забрана за комерцијално сурогат мајчинство. Концептот се темели на алтруистичко сурогат мајчинство, кое предвидува исплаќање на определени трошоци на сурогат мајката. Како материјални трошоци, кои се сметаат трошоците на гестацискиот носител за водење уреден живот, правилна исхрана и примање додатоци на исхраната потребни за одржување на бременоста, вежбање и психофизичка подготовка. Материјалните трошоци ги надоместува брачната двојка и тие на месечно ниво не можат да го надминат износот од една просечна плата исплатена во стопанството во РМ во претходната година. За направените материјални трошоци, брачната двојка еднаш месечно го известува Министерството за здравство, со доставување на увид оригинални докази од направените материјални трошоци, истакна Тодоров. За да се избегне комерцијализација на сурогат мајчинството со предложениот закон е предвидено кривично дело според кое ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години секој кој ќе бара или земе, односно понуди или даде паричен надоместок, пари, хартии од вредност, недвижен или подвижен имот, благородни метали или друга материјална корист) за спроведување на постапка на БПО со гестациски носител. Исто така, брачната двојка не смее на гестацискиот носител да и даде подароци во вредност повисока од 100 евра во денарска противвредност сметано за целиот тек на постапката на БПО со гестациски носител и по породувањето. Кривично дело е предвидено и за отктивање на идентитетот на гестацискиот носител, брачната двојка и детето родено од постапка на БПО со гестациски носител, и тоа казна затвор од три месеци до една година тој што ги изнесува или ги пронесува нивните лични, медицински и генетски податоци, а ако делото е сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Право да поведат постапка на БПО со гестациски носител имаат маж и жена кои се во брак и се државјани на Република Македонија, а причината за барање на сурогација може да биде жената од брачната двојка има вродено стекнато отсуство на матката или вродена аномалија на матката која не може да се корегира со модерни хируршки процедури, или некоректибилни оштетувања на матката како последица од неадекватно лекувани инфекции и нестручно изведени хируршки процедури и киретажи, потоа најмалку три неуспешни бремености на жената од брачната двојка, кога како причина за неуспехот се исклучени сите останати причини и фактори, освен оштетувања на матката. Една брачна двојка има право да бара поведување на две постапки на БПО со гестациски носител кои успешно ќе завршат со раѓање на по едно живо дете од секоја постапка. Брачната двојка има обврска да го преземе детето и доколку детето е родено со попреченост поради која има посебни потреби, а која не била откриена во текот на бременоста со стандардни медицински процедури. Министерот Тодоров појасни дека Министерството за здравство ќе води евиденција на жените кои ги исполнуваат условите за гестациски носител, и евиденција на брачните двојки кои бараат оплодување со внесување на нивен сопствен ембрион во матката на жена- гестациски носител, но како што рече, тоа нема да одредува кој гестациски носител за која брачна двојка би бил, туку оти тие само меѓусебе во разговор би требало да се договорат за таквата постапка. - Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената гестациски носител, задолжително е претходно заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител, како и задолжително правно советување на двете страни, појасни Тодоров. Истакна оти за предлагање на овој закон придонеле и аргументите од претходно организираните јавни расправаи и дебати. На нив било контатирано оти им е потребна дополнителна помош на семејствата што немаат деца, и не можат да имаат по ниту еден друг начин, освен сурогат мајчинството. - Тоа може да биде единствен излез од ситуација на невозможност да се има свое генетски поврзано дете кога жената не е во можност да го носи бебето, односно да ја издржи бременоста. Токму поради тоа, намерата на сурогат мајката е да го замени тој процес само во периодот на бременост. Сурогат мајчинство им овозможува на брачните двојки кои немаат деца, а кои не можат поради медицински причини да го користат вештачкото оплодување или ин витро оплодувањето, да добијат дете кое е генетски поврзано со едниот или двајцата свои родители, рече министерот за здравство. Со предлог законот се воведува гестациско сурогатство, според кое мајка на детето и носител на родителските права е жената која ја донирала јајце-клетката (генетска мајка), која истовремено е и жената која потпишува договор со гестацискиот носител (социјална мајка). За споредба, кога станува збор за традиционално сурогат мајчинство, можно е детето да има три мајки: жената која ја донирала јајце-клетката (генетска мајка), жената која се јавува како сурогат мајка и која го раѓа детето (биолошка мајка), и жената (социјалната мајка) која потпишува договор со сурогат мајката, по што сурогат мајката се откажува од нејзините родителски права. Овој концепт на сурогат мајчинство, појасни Тодоров, е веќе воведен и успешно функционира во Англија, САД, Холадија, Белгија, Русија, Канада и други земји. Од дебатите произлегло и прашањето дали доколку се дозволи сурогат мајчинството, следниот чекор би бил дозволување на ектогенеза (раѓање на дете во инкубатор), што можеби ќе биде медицински можно во наредните 10-тина или повеќе години, поради што во предло-законот е предвидено кривично дело, според кое со казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор ќе се казни тој што надвор од телото на жена „одгледува“ ембрион или фетус заради раѓање на дете (ектогенеза). |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |