|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 106107108109110 157> |
Автор | |
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОВЕН
Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат. така да си знаете |
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сигурни сме дека барем понекогаш ѕиркате во хороскопот за да видите дали ви се наклонети ѕвездите, дали се согласувате со некој знак. Еве што може да...
...очекувате од заљубените знаци на Зодијакот. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој хороскопски знак има посебни карактеристики. Овој пат разгледуваме кој хороскопски знак како се моли и какво е неговото трпение, дали ќе се препознаете...
Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риба |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тврдоглави, но трпеливи, Биковите оваа година ќе бидат подготвени за секоја олуја која ќе ја доживеат. Првиот дел од годината ќе ви донесе борба за работа и пари, додека здравствените проблеми ќе ви создаваат конфузија во текот на целата година. Добрата вест е што љубовта и интимноста ќе ги одржувате на одлично ниво, па ќе имате безрезервна поддршка. Работа и пари: Според овогодинешниот хороскоп, Бикот ќе има непријатности на работното место кои ќе ги предизвика самиот. Сепак, добро е да запаметете - грижите за работата или долговите нема многу да ви помогнат. Наместо тоа, сконцентрирајте се на своите најдобри квалитети и верувајте дека сте во состојба да одработите одлични нешта! А, ако не успеете, повторно започнете од почеток. 2014та година ќе биде добра година за усовршување на нови вештини и развој на нови способности. Можеби ќе се изненадите, но од месец јануари па се до мај ќе имате шанса да постигнете огромни успеси. Не си дозволувајте да се сомневате сами во себе и да излезете од играта.
Она што сигурно ќе го добиете оваа година е поддршка од вашите пријатели, семејството и саканите личности. Годишниот хороскоп за Бик покажува дека ова е година на вашите романтични врски. Вашата способност да комуницирате и да се доверите на својот партнер, допринесува до зацврстување на љубовните врски. Исто така, довербата која ви е на високо ниво, ќе си го направи своето. Ако сте во кратка врска, не избрзувајте со интимата, туку трудете се што подобро да се запознаете. Дозволете им на страстите да паузираат и овозможете им спонтан тек на случувањата. Имате повеќе од доволно пријатели, но сепак ќе запознаете неколку нови во месец мај и јуни. Здравје: За Биковите ретко постојат предизвици на кои не можат да одговорат. Биковите се познати по својата тврдоглавост, па затоа никогаш не се откажуваат. Искористете ја оваа особина и кога ќе се борите со своето здравје. Покрај тоа, пристапувајте им логично на задачите. Што е она што ви успева, а што не? Правете ги оние работи кои ви даваат позитивни резултати и елиминирајте ги оние кои резултираат со негативни последици. Годишниот хороскоп за Бик покажува дека има шанса да се откажете од некои задоволства во чест на здравјето. Најважно е да не дозволите тврдоглавиот став да работи против вас. Позната личност во знакот на Бик - Адел |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Освен што хороскопскиот знак ви го одредува карактерот, согласувањето со околината, тој делува и на изборот на занимање и партнер, а може...
Овните најчесто страдаат од главоболка, мигрена, несоница, а им се случува и да паднат во несвест. Припадниците на овој знак најлесно ќе се разболат ако нивниот живот е проткаен со монотонија, потоа со егзистенцијални проблеми и константно планирање на иднината, што неминовно лошо се одразува на нивниот нервен систем. Меѓутоа Овните се многу силни, па повеќето заболувања ќе ги поминат на нозе, не сфаќајќи дека со тоа си прават мечкина услуга. За да еден ден немаат проблем со хроничните заболувања им се советува да реагираат штом забележат и најмали знаци на исцрпеност, умор, болки или други проблеми.
Биковите често имаат проблем со дишните патишта, па страдаат од асма, бронхитис, чести воспаленија на грлото, а поради хедонистичкиот начин на живот склони се кон кардиоваскуларни заболувања, чир и слично. Колку се заљубени сами во себе толку го сакаат и животот, па затоа им е тешко да се придржуваат кон било каков режим на исхрана, вежби или терапија, што може да им донесе проблеми на здравствен план. Не поднесуваат да бидат болни и да лежат во кревет и често негираат дека имаат некој здравствен проблем. Падот на имунитетот кој е предизвикан со големи напори и стрес се честа причина за заболувања кај овој знак.
Знакот Близнаци најчесто има проблеми со горниот дел од телото, коскениот систем на рамењата, рацете и со заболувања на нервниот систем. Често ги мачи упорна кашлица, асма, фрактура на коски или некое психичко заболување. „Ги убива“ самотијата, несфатеноста, лимитираноста на средината во која се наоѓаат, што често пати создава притисок кој подоцна се одразува и на нивната здравствена слика. Близнаците спаѓаат во тешки пациенти затоа што мислат дека можат да оздрават веднаш по земањето на таблетата, ги занемаруваат симптомите на болеста, им се случува да заборават да земат терапија во определениот временски период, или пак да ја прекинат кога тие сметаат дека доволно заздравиле.
Што се однесува до Раковите нив ги мачи дигестивниот тракт, а може да имаат и проблеми со видот. Лошото варење, чир и предиспозиција за труење со храна се нивните главни маки кога е здравјето во прашање. Спаѓаат во редот на многу емотивни луѓе што често негативно се одразува на нивното здравје, а нервозата ја држат потисната во себе, па наместо нив се нервира нивниот желудник. Класичната медицина нема многу да им помогне ако не се опкружени со луѓе што ги сакаат и кои се грижат за нив. Умеат по малку да се однесуваат како хипохондрици, па штом кивнат трчаат на лекар, за кој ќе се испостави дека е нивни семеен лекар барем две генерации наназад.
Болките што ги мачат Лавовите се поврзани со 'рбетот, видот, но и со крдиоваскуларниот систем, па најчесто се жалат на проблеми со очите и болки во 'рбетот. Припадниците на овој знак се навикнати многу да работат и да се трошат, па немаат многу време да се грижат за себе и за своето здравје што може скапо д аги чини ако подолго време ги запоставуваат симптомите. Освен тоа, одењето на лекар за нив преставува знак на слабост, па мораат да ги надминат прво проблемите на суетата, освен оние со пренатрупаниот работен распоред. Губењето на работата, член на семејството или некој друг стрес кој делува на нивното его може да доведе до заболување кај инаку гордите Лавови.
Педантните Девици ги мачат проблеми со дигестивните органи и абдоменот, па најчесто страдаат од грчеви, запек, како и заболувања поврзани со црниот дроб и жолчката, а можат да се јави и камен во бубрег и во жолчка. Меѓутоа она што ги издвојува од другите знаци е тоа што се редовни кога се во прашање контролните прегледи, а на најмал сигнал дека нешто во нивниот организам не функционира како што треба одат на лекар по совет. Тие се примерни пациенти и доследно го следат упатството на лекарот, а често и самите повеќе се информираат за својата болест како преку консултации со лекарите така и преку литература. Подложни се на болести тогаш кога се чувствуваат бескорисно и неефикасно.
Вагите би морале да обрнат повеќе внимание на долниот дел од 'рбетот, хормонскиот статус на целиот организам како и уринарниот тракт, а болестите кои најчесто се поврзани со припадниците на овој знак се лумбаго, цистит, проблеми со бубрезите и грчеви. Бидејќи тежнеат кон хармонија и не поднесуваат конфликти, многу нешта кријат во себе, што како последица има развој на психосоматски заболувања, па нивното лечење обично вклучува како помош од конвенционалната медицина така и совети од психолог или психотерапевт. Мана им е тоа што совет од лекар ќе послушаат само доколку таа личност им е симпатична и пријатна. Недостатокот на љубов понекогаш е главната причина за развој на болеста, бидејќи живеат за да сакаат и за да бидат сакани.
Скорпиите на прв поглед имаат силен имун систем, но всушност се подложни на заболувања на гениталниот и уринарниот тракт, а често ги мачи и варењето. Скорпиите се ноќна мора за лекарите, бидејќи како што се таинствени кон другите такви се и кога ќе отидат на лекар, често не ги објаснуваат сите симптоми. Меѓутоа имаат цврста воља што им помага да истраат кога оздравувањето е во прашање, па не се откажуваат додека не се почувствуваат потполно здрави. Нивното здравје и имуниот систем се загрозени кога ќе се соочат со некој голема загуба, или кога во нивниот живот нема мистерии и возбуда.
Припадниците на овој огнен знак, особено женските припаднички, често ги мачи борба со упорен целулит на колковите и задникот, а кога се во прашање сериозни заболувања склони се кон кршење коски и други повреди. Кога се болни главно се ослонуваат на својот вроден оптимизам дека наскоро ќе им биде подобро и ќе го пребродат заболувањето. Добро соработуваат со лекарите и ги слушаат нивните совети, па поради тоа им се советува внимателно да го одберат лекарот затоа што понекогаш премногу му веруваат. Кога ќе им се срушат идеалите, кога ќе доживеат да бидат издадени или измамени од блиска личност поподложни се на заболувања.
Артритис, реума, честа појава на кариес, разни кожни заболувања како екцем е она што на здравствен план им задава најмногу грижи на Јарците. Сепак, ретко се болни, а и кога тоа ќе се случи не се жалат, туку тоа стоечки го поднесуваат. Бидејќи не сакаат да зависат од никого и од ништо, ќе се трудат својата терапија што побргу да ја завршат и како пациенти се послушни, но само затоа што сакаат што побргу да му се вратат на вообичаениот живот. Сакаат да чујат реална прогноза која им се соопштува со трезвен тон, бидејќи и самите сакаат да остават таков впечаток, иако во суштина се многу осетливи.
Водолиите имаат проблеми поврзани со циркулацијата или мускулното ткиво, ги мачат спортски повреди како и проширени вени. Тие се љубопитни пациенти, па сакаат подробно да им се објасни зошто се разболеле и на кој начин можат да оздрават. Доследно се придржуваат до терапијата, а единствен проблем е што забораваат да отидат на контрола, па често се случува болеста да се врати. Губењето независност, неизвесната ситуација на работа, љубовното разочарување, спаѓаат во стресови кои Водолиите многу често ќе ги осетат преку својот имунолошки систем.
Бактериските и вирусните инфекции се редовна појава за Рибите кои од
сите знакови имаат можеби најосетлив имунолошки систем. Умеат да се
занемарат како себе си така и своето здравје, што ги прави идеални
пациенти, а бараат големо внимание од оние околу нив од кои и очекуваат
нега. Нивните болести често се огледало на нивната несигурност и
стравови што ги мачат. Рибите се склони да земаат и повеќе лекови
отколку што им е потребно, па треба да обрнат внимание да ја испијат
само онаа терапија која им ја препорачал лекарот. Имаат осетлива
природа, а било какви ограничувања можат да доведат до појава на
психосоматски заболувања. Изменето од Valerija - 21.Декември.2013 во 08:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Близнаци |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Елементот на кој му припаѓа нашиот хороскопски знак има голема улога во вештините на согласување со другите, особено со оние кои ни се блиски. Откријте дали сте компатибилни со вашиот партнер или носите спротивна, деструктивна енергија.
Оган и Земја Оган и Воздух Оган и Вода Ова е необичен спој. Ако сите останати фактори се совпаѓаат, тогаш овие два знака ќе најдат причина зашто не може да се заедно. Ова е комбинација во која е тешко да се надминат разликите. Огнениот знак ќе се чувствува исцрпен од водениот, а водениот ќе го убедува дека всушност тој го смирува неговиот дух. Ова се знаци кои ќе си ја ограничат меѓусебната слобода. Земја и Воздух Земја и Земја Земја и Вода Вода и Вода Вода и Воздух Воздух и Воздух |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лавот ќе ве воведе во светот на авантурата, Близнакот ќе ве шармира со духовити шеги, а Стрелецот ќе ве освои додека трепнете. Овен - Директен Бик - Романтичен Близнак - Шармер Рак - Емотивен Лав - Страстен Девица – Срамежлив Вага – Внимателен Скорпија – Мистериозен Стрелец – Заводник Јарец – Комплициран Водолија – Перверзен Риби – Верен |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои од хороскопските знаци не сакаат долги додворувања, склони се кон авантури, сакаат промискуитетен секс, а некои се верни, внимателни и на секој начин се трудат да и угодат на партнерката. Првенствена цел на овој хороскоп е забава, но од него може да се претпостават и некои основни карактеристики на хороскопските знаци. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е возбудливо време за Раковите! Годишниот хороскоп за 2014 покажува дека животот ќе биде преполн со мистерии и интриги за пречувствителните Ракови. Иако работите ќе се случуваат побавно отколку што очекувате, сепак тие ќе ви донесат интерес за учење, креативност и многу нови можности. Работа и пари: Раковите веруваат дека она што го прават е секогаш точно. Затоа, може да биде многу фрустрирачки кога ќе ве заобиколат позитивните резултати. Кога 2014 ќе започне, ќе се чувствувате како да се на врвот на светот, барем на професионален план. Годишниот хороскоп открива дека во првиот дел од година ќе ви се насоберат неколку проблеми, а наградите ќе ве стигнат само ако вложите доста време и енергија. Затоа, добро размислете што сакате да постигнете и во втората половина од годината напорно посветете се на кариерата. Во текот на летото финансиите ќе бидат на највисоко ниво, но сепак не во онаа мера во која се надевавте. Љубов, семејство, пријатели: Почетокот на годината би можел да биде полн со предизвици. Односите кои се обидувавте да ги поправите или подобрите може многу лесно да тргнат во спротивен правец, а сето тоа ќе се должи на невнимателните зборови. За време на овој период, обидете се да сфатите дека сè зависи од вашето однесување. Бидете внимателни и обидете се да ја вежбате толеранцијата. Запаметете, не секогаш сте во право! Посветете повеќе време слушајќи го партнерот и заедно работете на тоа да ги разберете вашите меѓусебни потреби. Вложувањето во врската и љубовта е задолжително во првиот дел од 2014 година ако сакате да го зацврстите хармоничниот однос. Здравје: Секогаш емотивен, Ракот секогаш си е сам свој непријател кога се работи за здравјето. Годишниот хороскоп за Раковите носи добри и позитивни емоции, но здравјето ќе остане добро само ако стресот го сведете на минимум. Како и секогаш, одмарајте се доволно и угодувајте си себеси во деновите кога ви се чини дека едноставно не можете да постигнете се. Позната личност во знакот на Рак - принцот Вилијам Moj znak:) Изменето од Valerija - 24.Декември.2013 во 08:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој е совршениот подарок според хороскопскиот знак?Време е да убаво да размислиме за подароците за нашите најблиски кои ќе ги ставиме под елката. Во овој период од годината сè се прави на брзање, па не секогаш имаме
време и идеја за да го одбереме совршениот подарок. Можеби хороскопот
може да ни помогне во изборот. Бик Рак Девица Шкорпија
Јарец Риба |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е толку битен подарокот колку вниманието
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како можеа да погодат толку за водолија бе?
Не само сеа... :D |
|
I just wanna feel real love.
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Босански хороскоп
Lopata (22. 12. - 19. 1.) Rođeni u ovom znaku najčešće najebu. Dovedu ih na pripremu gradilišta i do vrata su u blatu. Inače se odlikuju analitičkim duhom i romantičnom prirodom, ali to im ništa ne koristi ako im zapadne lopata. Dobro se slažu sa rođenima u znaku Krampa. Mešalica (20. 1. - 18. 2.) Likovi iz ovog znaka su staložene i mirne osobe. Uglavnom su BMK, sve dok mešalica radi. Malo popizde ako se pokvari, ali onda skupe one rođene u znaku Lopate da oni to ručno odrade.Izrazito su vesele naravi i vole decu. Dizalica (19. 2. - 20. 3.) Rođeni u znaku dizalice su, logično, vitki, visoki i čvrsti. Malo nestabilni kao osobe, pa im se često dogodi da im zaliju stopala u beton da se ne prevrnu. Dobro se slažu sa Mešalicama. Dizalice su ljudi koji su tihi, oprezni i skloni magiji, misticizmu i vlašićkom siru i jagnjetini sa ražnja. Kontejner (21. 3. - 19. 4.) Njihov zaštitnik je Crveni orao. Ne zna se zašto, oni tako tvrde. Navodno to je zbog gužve u baraci (kontejneru).Dobro se slažu sa Lopatama, naravno ukoliko ovi ne pizde previše. Odlikuje ih velika umna snaga, emotivna energija i smrdljive noge. Kramp (20. 4. - 20. 5.) Izrazito produhovljene osobe kojima su porodični odnosi i vrednosti na prvom mestu.To je posebno vidljivo u njihovim psovkama gde redovno spominju Boga, Crkvu, majku, oca, sestru, itd. Najintenzivnija religiozna iskustva ove vrste doživljavaju onda kad im nešto ne polazi za rukom. Treba još dodati da im je totem iz biljnog sveta kupus. Armirani beton (21. 5. - 20. 6.) Armirani beton je znak u kojem su rođene glavne face na gradilištu. Tvrdi i glupi, čvrsti i zajebani, strah su i trepet za Dizalice i Mešalice. Izbegavati. Nemaju totema iz biljnog sveta. Bradu i brkove retko briju. Neskloni iskustvima sa područja higijene. Pikhamer (21. 6. - 22. 7.) Rođeni u ovom znaku su izrazito osećajne osobe. Skloni depresivnim raspoloženjima kad im ponestane piva. Emotivno vezani za majčinsku figuru u liku dežurne konobarice. Ne podnose Lopate i Betone. Boja Pikhamera je ružičasta, a totem iz biljnog sveta je kakaovac. Mesni narezak (23. 7.- 22. 8.) Osobe ovog znaka često pate od povišenog holesterola. Dobro se slažu s Kontejnerima. Oštroumni su i hrabre vođe. Ljudi iz drugih znakova ih vole, ali im često iza leđa jebu mater, naročito Betoni. Tajnovitost je izrazita osobina Mesnih narezaka. Njihova boja je smeđa do crna. Totem iz biljnog sveta je pasulj. Šlem (23. 8. - 22. 9.) Rođeni u ovom znaku su izrazito intelektualne osobe. Sve postižu glavom. Glavom najčešće štemaju, a ponekad i misle, iako je nisu skloni koristiti u tu svrhu. Obožavaju ih Dizalice i Betoni. Često se bave poezijom i romantični su. Hrabre i istrajne osobe, snažne u svakom pogledu sa istančanim smislom za pravdu i porodicu. Zalažu se za druge i legalizaciju prostitucije. Boja im je, naravno, bela. Mujo (23. 9. - 23. 10.) Rođeni u znaku Muje, face su na gradilištu. Najbolje se slažu s Lopatama i Krampovima, a najteže s Betonom. Prilično su društveni i prijateljski nastrojeni, pa su retko kada sami. Skloni kulturnom angažmanu u birtijama i alpinističkom penjanju na lokalne opajdare i radodajke. Mujina boja je ljubičasta, a totem iz biljnog sveta je burek. Cigla (24. 10. - 21. 11.) Cigla ima izrazito dobru sposobnost prosuđivanja i intuiciju. Stručnjaci su za ljudsku dušu. Lako naslute kad se sprema neka pizdarija pa se mudro povlače u pozadinu odakle podjebavaju u cilju mirnog rešenja konflikta. Najbolje se slažu s Betonima i Mešalicama, a ne podnose Krampove, Lopate, Mesne Konzerve i pisanu reč.Totem iz sveta biljaka je bršljan, a boja je boja cigle, samo zelena. Severina (22. 11. - 21. 12.) Severina se najbolje slaže s Kontejnerom i Mujom. Rođeni u ovom znaku skloni su analnom seksu, ali im se isto tako treba dodati i po koja duševna karakteristika kao što su intuicija i velika sposobnost predviđanja. Osećaju jaku averziju prema kameri i inače bilo kakvom obliku snimanja. Mane su im dlakavost. Boja Severine je crna, a totem biljka je trava – zelena, naravno. |
|
Внеси реплика | страница <1 106107108109110 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |