IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Проблеми со глава
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проблеми со глава

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:20

Која храна предизвикува, а која смирува главоболка?

Болката може да се јави од разни причини. Можеби предолго сте гледале во компјутерскиот екран, има голема бучава во соседството, ПМС, несоница... За среќа, освен храната која што може да поттикне развој на главоболка, постои и онаа која ја отстранува.

За да знаете на кој начин да се борите против главоболката, клучно е да сфатите како била предизвикана. Понекогаш, станува збор за храната.

Храна против главоболка

Омега-3 масни киселини

Ако главоболката е последица на воспалителен процес, зголеменото внесувањето на омега-3 масни киселини со време може да ја намали болката. Рибата како што е сардината или лосот како и ленот, јаткастите плодови и зелениот лиснат зеленчук се добар избор на омега-3 масните киселини.

Лубеница

Главоболката е често поради дехидрација, или затоа што пиете премногу малку вода или поради тоа што минатата ноќ сте испиле премногу алкохол. Обична вода е одлични решение. Но, исто така може да се јаде храна богата со вода, како што лубеницата, краставиците и доматите. Освен вода, од свежиот зеленчук ќе добиете важни минерали како магнезиумот.

Спанаќ

Најпознатиот зеленчук богат со рибофлавин, железо, витамин Б, кој што е присутен во зелениот лиснат зеленчук. Истражувањата го поврзуваат за спречување на мигрена.

Банана

Бананата има 74 отсто вода, а остатокот најмногу отпаѓа на јагленихидрати и диететски влакна. За да спречи главоболки бананата е добра бидејќи содржи и многу калиум и други минерали како магнезиум, калциум, флуор, фосфор, железо, цинк и бакар. Таа, исто така содржи и бета-каротин, Б група витамини, витамини Ц и Е. Ако главата ве боли поради глад или недостаток на калиум, бананата ќе ви помогне брзо.

Кафе

Кафе има двоен ефект врз главоболка. Оние кои не ја добиле својата дневна доза на кофеин може да добијат главоболка поради недостатокот. Сепак, ако претерате со кафето можна е појава на главоболка. Сепак, кофеинот во мали количини може да ја смири главоболка.

Немојте да пиете повеќе од 200 до 300 мг кофеин дневно и имајте на ум дека кофеинот не е само во кафето, исто така него го има во чоколадо, газираните и енергетските пијалаци.

Храна која што може да предизвика главоболка:

Старо сирење, брза и масна преработена храна и некои од јаткастите производи.



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 07:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 00:31
Tret den so Benalgin sum

И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 14:16

Природни начини за лекување на главоболка

Природни начини за лекување на главоболка
Сите нас не мачи главоболка, особено во периоди кога времето е многу променливо.Сепак, доколку сте човек што не сака постојано да пие апчиња, можете да се обидете да ја излечите главоболката по природен пат.

Погледнете дел од  најпопуларните природни лекови:

Ладна облога

Ставете ладна облога. Ладните облоги делуваат како локален анестетик. Не мора да имате мраз, едноставно земете замрзнат зеленчук и завиткајте го во крпа. Таквата ладна облога ставете ја на челото или слепоочниците. Можете да искористите и обична крпа намокрена со ладна вода.

Етерично масло од нане

Масирајте се со етерично масло од нане на слепоочниците. Етеричното масло од нане ја намалува главоболката. Но, освен на слепоочниците, со масирање нанесете го и на вратот и рамената за да ја намалите напнатоста.

Кесички чај од нане

Ставете кесички чај од нане на затворени очи. Земете две кесички чај од нане и потопете ги во топла вода. Потоа легнете, затворете ги очите и ставете ги кесичките врз очните капаци. Лежете 10-тина минути.

Лаванда

Потопете ги нозете во топла вода со неколку капки масло од лаванда. Топлата вода ќе предизвика во нозете да надојде повеќе крв и со тоа ќе го намали притисокот во крвните садови насекаде низ телото, вклучително и во главата. Маслото од лаванда со својата арома помага за релаксација и олеснување на болката.

 Чај од камилица, рузмарин или ѓумбир

Напијте се чај од камилица, рузмарин или ѓумбир. Направете 15 минути пауза, направете си чај и пијте го бавно во тивка соба. Чајот од камилица содржи супстанции кои ќе ви ја намалат болката и ќе ви помогнат да се опуштите. Се верува дека чајот од рузмарин го спречува зголемувањето на болката. Ѓумбирот се користи за лекување на главоболка и вртоглавица, а особено помага при појава на мигрена. Ставете две парчиња ѓумбир во половина литар жешка вода, покријте го садот и оставете го да врие многу тивко половина час.

Напијте се кафе (или кафе со лимон).

Повеќето луѓе уште при првиот знак на главоболка се фаќаат за шолја кафе. Да, навистина кафето помага против главоболка, но не треба да претерувате. Една до две шолји кафе можат да ви помогнат, но сè што е повеќе од тоа може да има негативен ефект. Многумина тврдат дека кафето со лимон помага уште повеќе. Па, не е лошо да се напиете силно турско кафе со малку лимон.

Две чаши вода

Напијте се две чаши вода. Верувале или не, водата може да ја отстрани главоболката. Една од најчестите причини за појава на главоболка е дехидратацијата. Па, консумирањето на вода е еден од наједноставните начини за лекување на главоболката. За да го спречите појавувањето на главоболка од дехидратација, пијте редовно вода во текот на целиот ден, а особено ако вежбате или кога времето е жешко.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 21:32
Која храна предизвикува главоболка?

Главоболката е болест која го погодува најголемиот дел од популацијата, барем во одреден период од животот.

Според проценките на експертите 10-15% од популацијата патат од честа мигрена. Најчесто тоа се жените, дури 40%. Главоболката може да ја предизвикат многу нешта: од недостаток на сон, до промени на времето, а секоја личност има единствен одбранбен систем за главоболката.

Истражувачите сега пронашле доказ дека храната како ореви, грав или сирење, може да биде причина за тешки и болни промени за некои луѓе, пишува во Wall Street Journal.

Причина за тоа е супстанцата тирамин.

Тираминот е дериват на аминокиселината тирозин. После подолго време, тирозинот во некои намирници, како јајца, месо и сирење, бактериите ги претвара во тирамин. Истиот процес се случува и во системот за варење кога е истото забавено.

Сирењата како чедар, бри и други, како и краставиците, кикиритките, бразилските ореви, авокадото и бананите имаат во себе тирамин.

Сепак, да се предвиди кога одредена храна ќе предизвика главоболка е проблематично:

„Храната која во денот кога личноста малку спиела предизвикува јака главоболка, не мора да значи дека ќе предизвика било каква неудобност некој друг ден“ – велат лекарите.

Интервалот помеѓу конзумирање на храната која предизвикува главоболка може да биде околу 48 часа.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.