IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 20>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:50
Префрлив!
Пријатно јадење, ќе стигне утре по ДХЛ.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:55
сакам сега плачење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:33
Чоколадни палачинки

Потребно е:
  • 2 јајца
  • 150 г брашно
  • 300 мл млеко
  • 30 г путер
  • 40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • 1/4 лажиче сол
Подготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки.
[IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:28

Палачинки (без млеко)

Палачинки (без млеко)

Состојки

  • тесто
  • 250 мл кисела вода
  • 1 јајце
  • 1 прстофат сол
  • 1 прстофат шеќер
  • 1 лажичка зејтин
  • 100 грама брашно
  • за фил
  • 400 грама еурокрем или мармалад ( за две дози )

Подготовка

Со рачна мешалка го матиме јајцето со солта и шеќерот. Го додаваме зејтинот и киселата вода. На крајот го додаваме брашното и убаво матиме да не ни останат грутчиња од брашното. Ја загреваме тавата, подмачкуваме со неколку капки зејтин, а и не мора воопшто, зависи во каква тава ги пржиме палачинките. Јас ги пржев во вок тавата. Малку е тешка за превртување, ама воопшто не се лепат.
Со мала црпка истураме од смесата. Ја пржиме палачинката од едната и од другата страна. Ја филуваме по желба и ја завиткуваме во ролат. Јас правев две дози бидејки дома речиси сите сме по благото и една доза ни е малку. Од две дози ми излегоа околу 17 палачинки. И ова тесто за палачинки беше моја идеја. На нас ни се допаднаа, се надевам и на вас. Добар апетит.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:29

Палачинки со лук

Палачинки со лук

Состојки

  • 12 посни палачинки
  • 1 главица лук
  • 1 рака ореви
  • 3 лажици масло
  • 100 мл жешка вода

Подготовка

Овие палачинки традиционално се прават на 2ри јануар, кога се слави Светецот Игнат. Овој рецепт го имам од мојата баба, која ги правеше секогаш на овој ден, па јас ја продолжив оваа традиција.

1. Лукот се чисти и се толчи со малку сол.
2. Во лукот се додаваат оревите. Се толчат заедно.
3. Во оваа смеса се става маслото и водата. Сето заедно се меша.
4. Во секоја палачинка се става од смесата. Се преклопува палачинката на четири. Се редат палачинките во Делимано фантазија округла тава која е попрскана со малку масло.
5. Смесата која ни остана ја тураме врз палачинките.
6. Печиме во загреана рерна колку палачинките да се потпечат и поруменат.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:32

Какао палачинки

Какао палачинки

Состојки

  • 250 мл. млеко
  • 250 мл. вода
  • чаша од 250 мл. брашно
  • 2 јајца
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици масло или стопен путер
  • мармалад или крем за филување

Подготовка

Јајцата ставете ги во сад со шеќерот и солта, измешајте со миксер или жица. Додајте ги млекото и водата, убаво измешајте. Додајте го брашното и какаото, убаво измешајте да нема грутчиња, додајте го маслото и пак измешајте. Сместа оставете ја 30мин во фрижидер. Не мора, но така се поубави.

На тавче за палачинки со салафетка со масло намрсена.(Јас пржев во Тавата за пржење на Делимано-преубава) и ставајте по една мала чорбарка од смесата разлејте брзо на сите страни и почекајте да се одделува од страните кога малку е зарумената (или какви ги сакате), завртете ја со лопатка или со рака на другата страна пржете уште 1 мин.Па вадете ги на рамна чинија.(јас само ја лизнав и излезе.Воопшто ништо не се лепи.). Постапката повторете ја со останатата смеса.
Од оваа доза излегуваат 12 палачинки со дијаметар 20 см. Филувајте ги една по една со мармалад. Завиткајте ги во ролна или триаголник или пак наредете ги како торта и сечете парчиња.
Јас сместа ја оделив на пола(само со пола какао)

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:33

Тостирани палачинки

Тостирани палачинки

Состојки

  • 10 палачинки
  • 10 лажички мајонез
  • 10 лажици кечап
  • 10 парчиња салама
  • 10 парчиња кашкавал
  • малку оригано и печурки

Подготовка

Повремено купиваме готови палачинки, кои според мене и не се баш палачинки штом се во посна верзија и дома најчесто ги јадат мачкани со Нутела. Но, кога нема да се изедат на време и ќе одстојат ден-два, веќе не се така убави како пресни. Па ова е еден начин како да се искористат, да не се фрлат, а да бидат вкусни исто како тогаш да се правени.
Мерките се произволни, секако можите да си ги прилагодите на свој вкус.
Исто така, можите да ги направите и во блага верзија, полнети со пасирана банана и неколку лажици Нутела. Кај нас Нутелата се потроши, па ви ја презентирам само солената верзија.

Кашкавалот и саламата изрендајте ги, а печурките исецкајте ги. Секоја палачинка се премачкува со мајонез, врз неа се става од ренаданиот кашкавал и салама, па од печурките, се посипува со малку оригано и најгоре се попрскува со кечап. Се преклопува прво од една страна, да дојди како правоаголник, па потоа од спротивните страни, да дојди како коцка. Се става во загреан тостер околу половина минута, колку да се стопи кашкавалот. Одозгора можи да ги попрскате со кечап и рендан кашкавал, но и не мора. Служете го топли.

Секако под поимот салама, влегуваат било кои месни производи кои ви одговараат спрема вкусот или тоа што имате во фрижидерот (посебна, шунка, алпска, кулен, сланина...)

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:36

Палачинки со ореви

Палачинки со ореви

Состојки

  • 120 г мелени ореви
  • 2 лажици шекер во прав
  • 1 пакетче ванилин шекер
  • 40 г масло
  • 120г брашно,сол, шекер
  • 2дл млеко
  • 1 јајце

  • 1дл павлака

Подготовка

Од брашното,јајцата и млекото се изматува тесто ,се посолува и по потреба се додава шекер.Од тестото се печат палачинките.Уште топли палачинките се мачкаат со фил,се виткаат и се редат во овална чинија и се прелеваат со растопената чоколада.

Приготвување за филот:

Павлаката се изматува,се засладува и се додава ванилин шекер.Потоа се додаваат мелените ореви и смесата се замирисува со истолчkaните каранфилчиња и циметот,а по желба се додава и рум.





Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 08:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 22:11

ЦРВЕНИ ЉУБОВНИ ПАЛАЧИНКИ

Знајте дека ако на партнерот му подготвите вкусен десерт, во кој ќе внесете многу љубов, е многу подобар подарок од било што купено во продавница. Затоа ви предлагаме да ги направите овие вкусни палачинки, на кои сигурно нема да остане рамнодушен.

crveni palacinki2Потребно:
 3 јајца
 250 г.брашно (половина меко, половина остро)
 350 мл.млеко
 1 дцл.минерална вода
 малку сол
 2 лажици масло
 ½ лажица рум
 црвена прехрамбена боја


Подготовка:

crvenipalacinki2 Пенесто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, додајте го маслото, па млекото и измешајте.

 Со постојано мешање во јајцата додавајте малку по малку од брашното. Додајте прстофат сол и малку рум, колку смесата да добие арома, и да спречи впивање на маслото, на крајот додајте малку прехрамбена црвена боја, додека смесата стане црвена.

 Доколку смесата ви се чини дека е густа, разредете ја со минерална вода.

 Палачинките печете ги во тава за палачинки на умерена температура.

 Откако ќе бидат испечени, можете да ги филувате по желба: пудинг, крем, мармалад, мед, ореви, лешници, бадеми, овошје… Наш предлог е да ја дефинирате романтиката украсувајќи со јагоди и шлаг.

Добар апетит!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 13:01

Десерт на денот: Палачинки со крем од ванила

Добрите стари палачинки во ново руво! Денеска ќе ви претставиме еден лесен и едноставен рецепт кој и тоа како ќе ги задоволи вашите потреби за благо. Станува збор за палачинки со крем од ванила и сезонско овошје.

Подготовка на кремот за палачинки:

  1. Во загреана подлабок сад ставете ја слатката павлака и во неа вметнете неколку гранчиња ванила.
  2. Во друг сад изматете едно јајце и ванилин шеќер со вилушка и додадете го во првата смеса која сè уште ви е на тивок оган.
  3. Полека додадете го јајцето но со константно мешање со цел смесата да не се згусне премногу. Кога ќе видите дека кремот полека се згуснува, тогаш тргнете го од оган.

Додека се лади кремот, времето искористете го за правење на палачинки.

Подготовка на палачинките:

  1. Разматете јајца, додајте ванилин шеќер, малку изрендана кора од лимон, малку сол и млеко, во желба од тоа колку палачинки сакате да направите.
  2. Смесата згуснете ја со брашно и мешајте цело време со цел да не добиете грутки.
  3. Брашното ставете  во зависност од млекото – смесата е готова кога малку ќе згусне.

Испржете ги палачинките, кога ќе бидат готови, наполнете ги со ванила и украсете ги со некое сезонско овошје. Доколку сакате можете да додадете малку шлаг или рендано чоколадо.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:45
Палачинки со чоколадо и маскарпоне


Палачинки со чоколадо и маскарпоне



За палачинкИ

  • 400мл вода
  • 2 јајца
  • 1 ванила
  • по потреба брашно

  • За крем

       150гр. млечно чоколадо
  • 50гр. сецкани лешници
  • 100гр. маскарпоне

  • Во длабок сад со жица изматете ги јајцата. Додајте ги водата и ванилата и матете додека се појави пена на површината. Потоа постепено додавајте брашно, додека се добие потребната густина за палачинки.
    Откако смесата е спремна, во загреана тава за палачинки(или обична тефлонска тава) ставете неколку капки масло и испржете ги палачинките од подготвената смеса.

    Крем
    Во сад на пареа ставете го чоколадото да се растопи.
    Откако ке се растопи тргнете го од оган и додајте го маскарпонето и сецканите лешници. Убаво промешајте и со вака подготвениот крем филувајте ја секоја палачинка.







    Изменето од Valerija - 24.Февруари.2014 во 22:32
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 13:36

    Сите имаат своја тајна: Рецепт за најевтининте меки палачинки

    Сите имаат своја тајна: Рецепт за најевтининте меки палачинки

    Подготовката за смесата на палачинките би требала да биде една од наједноставните зафати во кујната, но меките и тенки палачинки можат да се постигнат само ако имате добро тавче и добар рецепт.
    Погледнете го овој рецепт и совети, а доколку имате подобра идеја за ова јадење, споделете ја.

     Состојки:

    - 3 јајца

    - 250 г. брашно (половина мазно и половина остро)

    -  350 мл. млако

    - 1 чаша  минеларлна вода

    -  малку сол

    - 2 лажички масло

    Подготовка:

    Пенасто изматете ги целите јајца, измешајте ги додека не добиете густа хомогена смеса, додадете ги маслото и млекото и измешајте. Потоа со непрекинато мешање сипете го брашното додека не ја потрошите зададената мерка, па додадете сол.

    Доколку ви изгледа смесата густа, разредете ја со минерална вода.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:27
                                                                       Црвени љубовни палачинки
                                                                                                                                  







    Доколку се подготвувате да го прославите Свети Валентин, не заборавајте дека љубовта доаѓа преку стомакот.
    Знајте дека ако на партнерот му подготвите вкусен десерт, во кој ќе внесете многу љубов, е многу подобар подарок од било што купено во продавница. Затоа ви предлагаме да ги направите овие вкусни палачинки, на кои сигурно нема да остане рамнодушен.

    Потребно:
    3 јајца
    250 г.брашно (половина меко, половина остро)
    350 мл.млеко
    1 дцл.минерална вода
    малку сол
    2 лажици масло
    ½ лажица рум
    црвена прехрамбена боја


    Подготовка:
    Пенесто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, додајте го маслото, па млекото и измешајте.

    Со постојано мешање во јајцата додавајте малку по малку од брашното. Додајте прстофат сол и малку рум, колку смесата да добие арома, и да спречи впивање на маслото, на крајот додајте малку прехрамбена црвена боја, додека смесата стане црвена.

    Доколку смесата ви се чини дека е густа, разредете ја со минерална вода.

    Палачинките печете ги во тава за палачинки на умерена температура.

    Откако ќе бидат испечени, можете да ги филувате по желба: пудинг, крем, мармалад, мед, ореви, лешници, бадеми, овошје... Наш предлог е да ја дефинирате романтиката украсувајќи со јагоди и шлаг.

    Добар апетит!
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 20>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,406 секунди.