|
Стилови на уредување |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Baroque (Барок)
Изразено декоративен стил кој се појавил во Италија во седумнаесеттиот век. Го карактеризираат торзиони столбови, големи неправилни криви линии, сложени спирални украси, прекумерно обликување, скапоцени материјали и украси во интарзија на дрвените подови. Златната боја преовладува, украсена со силни нијанси на розева, темно зелена, загасито црвена и палено-смеѓа, како би се постигнал богат, "царски" изглед. French Empire (Француски империјален) Стил на раниот деветнаесетти век, кој ги изразува империјалните амбиции на Наполеон. Базиран на класичните римски и грчки облици, мотивите се симболични и претставуваат факели, римски орлови, империјални венци, ликови од митологијата, лавови и буквата “N” (Napoleon). Ѕидовите и таваните содржат многубројни украси. |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Класичен стил
Класичниот стил се карактеризира со следните особини:
Конзервативен избор на бои Благите тонови карактеризираат еден посовремен и малку поопуштен пристап на традиционалниот стил. Ако пак сакате строго да се држите до одредниците на класичниот стил, користите ги боите на скапоцените камења со златни и сребрени детали. Комбинација на старо и ново Оригиналите и репродукциите на класичните ентериери препорачуваат просторот да се оплемени со украсни детали (лампи, слики, порцелан итн), но по никоја цена да не изгледа дека е преполн и закрчен со дребулии. Мешавина на еклектички и класичен стил Не мора задолжително да го вкомпонирате ентериерот за да буквално целиот мебел биде со класичен стил. Денес дури и е вообичаено нејефектните класични простори да имаат парчиња кои одговараат на други стилови и епохи (дури и примероци на современата уметност), што го оплеменува просторот и често го прави многу поупотреблив. Класична спална соба Спалната соба уредена во класичен стил обично содржи доминантен кревет со балдахин и резба, со неизбежната голема плоча на подглавието, на кои се ставени големи, ефектно украсени перници. Покрај креветот, во овакви соби (зависно од расположивиот простор) се наоѓа и комода со големо огледало и фиоки, со вратички во антички стил. Трпезарии и салони Класичниот стил го карактеризираат големи и раскошни трпезарии и салони за обедување. Тие се претежно опремени со голема трпезариска маса, опкружена со столици со витки линии со големи правоаголни наслони, со дополнително поставени кожни или тапацирани удобни фотељи. До нив во трпезаријата обично се наоѓаат и мали тркалезни столчиња кои лесно може да се преместат по потреба за да се послужи кафе или чај од порцеланскиот сет (алтернативно може да има и количка за послужување на чајот). Ваквите салони обично се споени со стаклени врати што овозможува нивно лесно спојување во единствен голем простор за фамилијарни прослави и собирања. Иако класичниот стил веќе нема толку строго дефинирани правила, и следна го карактеризираат големи примероци на дрвен мебел на кои веднаш се забележува вештата рака на мајсторот и грациозните линии. Во последно време тоа е често помешано со модерни материјали и поведри бои што на просторот му дава помалку формален, но и следна елегантен печат. Таквата безкомпромисна мешавина на ново и на старо се покажува како добитна комбинација за простори со долга традиција, како што се стари куќи, вили, салонски станови итн. |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Moroccan (Марокански)
Стил полн со детали, ткаенини со украсни мотиви, разнобојни мозаици, метални латерни, ѕидови со текстури, лесни материјали, бои на драги камења, ориентални простирки и теписи, перници изработени од скапоцени ткаенини, како и резбарени дрвени детали. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постмодернистички стил
Овој стил ја негира едноставноста, редот и рационалноста, а белата и црната боја се премногу неутрални за него, бидејќи во овој стил надвладуваат јаките бои. Црвена, жолта, сина, зелена создаваат несекојдневни и иновативни простори. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шведски ентериер
Претставува кобинација на традиционалното, кое датира уште од 1903, и модерниот пристап на 21-виот век. Секоја соба изобилува со природна светлина, која внесува слобода и комоција во просторот, а дрвените елементи и подот го даваат потребното чувство на топлина... |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Враќање во минатото или Ретро стил
Навраќањето во “слободните” шеесетти значи потрага по ретро-вибрациите кои во домот ќе внесат живост. Овој стил не претставува само копија од историјата – тој со себе носи модерен амбиент. Ретро-дизајнот на ентериери е модерен начин да бидете старомодни
Одличната подлога за било која ретро-декоративна шема е кафената боја – во било која нијанса, а една од најдобрите е богатата, чоколадно-кафена во комбинација со беж боја. ... Дрвен мебел со средни до темни нијанси .....но да не биде излакиран и сјаен...... Природната боја на дрво е идеална.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проширете ја палетата на бои со кои го декорирате вашиот дом. Можеби белата е пријатна и едноставна боја, меѓутоа нема ништо лошо ако и додадете малку контраст. Размислете во кој дел од вашиот дом би сакале да додадете доза на мистериозност и испробајте една од следниве идеи. Светлите тонови помешајте ги со црни. Белите ѕидови наспроти темен мебел изгледаат прекрасно. Темните перници, спротивни од светлиот мебел исто така може да бидат одлична декорација. Доколку црната боја е премногу темна за вашиот вкус, заменете ја со чоколадно кафена, а притоа ќе го добиете истиот ефект.
Ви се допаѓаат ли комбинациите? Изменето од Valerija - 11.Декември.2013 во 15:31 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kако да го уредите домот кој сакате да го продадете?Запомнете дека во животот нема втора шанса за прв впечаток и дека многу пати носиме одлуки врз основа на првиот впечаток, без разлика дали станува збор за личност, објект или облека која сакаме да ја купиме. Затоа, ако имате стан, куќа или некоја друга недвижнина која сакате да ја продадете, ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат тоа да го направите што побргу, да добиете подобра цена, а купувачот да биде задоволен од одлуката што ја донел. Нема ништо поубаво од чист и уреден дом Ако веќе се решите да го продавате својот дом, најпрво темелно исчистете го. Ако не можете само, дозволете си да најмите професионалци кои ќе го исчистат тапацираниот мебел и теписите. Одржувајте ја чистотата постојано, така што местото ќе биде постојано подготвено за разгледување. Тргнете го нередот и непотребните предмети од видливите места. Погрижете се на подот да нема расфрлани играчки и држете ги плакарите средени. Креветите нека ви бијат постојано наместени, ѓубрето навреме исфрлено а садовите во кујната чисти. Мали поправки во куќата ја подигаат цената Расипани славини, влага по ѕидовите во бањата или некои други знаци на дотрајаност сигурно нема да ви помогнат да ја продадете куќата. Дупките и пукнатините на ѕидовите, како и искинатите пластични завеси во бањата или пукнатите прозорски стакла и огледала, не сте ни свесни колку можат да ви одмогнат во желбата што побрзо да ја продадете куќата. Средете ги овие работи, иако тоа можеби ќе ве чини. Заменете ги тапетите на ѕидовите или префарбајте ги. Ако теписите се стари, заменете ги со некои нови евтини. Поправете го ѕвончето. Ситниците многу значат Постојано имајте свежо цвеќе на повеќе места во домот. Купете неколку нови, шарени вазни за да го освежите просторот. Исчистете ги со специјално средство славините во кујната и бањата. Мирисот на печен леб и свежо сварено кафе им помага на купувачите да се чувствуваат како дома. Ставете колачи и бонбони на масите. Светнете ги прозорците и нека бидат отворени ако тоа го дозволува времето. Ако чувате домашно милениче исчистете го просторот каде тоа се наоѓа и додека се тука купувачите ставете ги во нивната куќичка. Многу луѓе не сакаат да се во близина на животни. Запалете ги светлата бидејќи тоа е знак на гостопримство и пуштете го сонцето низ ролетните. Развлечете ги завесите и покажете им на купувачите каков топол и весел дом им нудите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шаби чик е стил на уредување на домот кој дефинитивно моментално ги доживува своите 5 минути слава. Комбинација на белата боја со пастелните нијанси пред сè ги одушевува жените и девојките кои сакаат топли ентериери. Тајната на шаби чик стилот е несовршеноста, топлината и романтиката на домот која нè враќа во минатото, но е одлична комбинација за модерниот стил и начинот на живот. Посебноста на овој стил на уредување е што мебелот и деталите мора да бидат малку постари од вообичаено. Најдобро од сè е што не може да погрешите во уредувањето на домот во ваков стил. Важно е мебелот да биде дрвен, во светли пастелни бои, со мали чипкани детали. Декорациите може да бидат секој стаклен сад кој ви се наоѓа во домот, со многу рози во светли бои, послужавници,порцелански стари цветни шолји за чај,огледала, уникатни часовници и ламби на мали наткасни. Ова се нашите омилени идеи како може да го уредите домот во шаби чик стил. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакате да го реновирате вашиот дом, запомнете дека не е потребно да давате многу пари и дека елементите кои веќе ги имате можете да ги претворите во модерни парчиња мебел со само неколку трикови. Ова се неколку идеи како да го преуредите вашиот домот кои можат да ви послужат за инспирација и за некоја ваша оригинална идеја. Сокриена соба Ова важи за оние кои располагаат со поголем простор, или за оние кои сакаат да ја реновираат целосно својата куќа или стан. Прилагодете ги своите желби и потреби на она што веќе го имате. Овие соби може да претставуваат ваша слатка тајна, во која секогаш можете да имате мир и тишина.
Декорациите во просторот во антички стил можат да му дадат мистична и богата атмосфера на домот. Ретко кој би останал рамнодушен на вакво уредување, па затоа посакајте им добредојде на античките детали во вашиот дом.
Рустичен и оргинален детаљ кој ќе ја направи вашата бања апсолутно неодолива.
Малку е необично да се бојат внатрешните рабови на вратите, но така се додава храброст на здодевната соба. Изберете контраст и уживајте во погледот.
Искористете го слободниот простор под прозорецот како место каде што ќе можете да го испиете вашето утринско кафе, да прочитате некоја книга или утрински весник. Морате да признаете дека приватноста и погледот од прозорецот се идеална комбинација. Удобност и уживање на право место.
Идејата е едноставна, а модерна. Осветлувањето е важен дел во уредувањето на секоја куќа. Комбинирајте некоја завеса со сијалички и можете да добиете впечатлив нов детаљ во вашиот дом.
Наменето за сите оние кои имаат млади уметници во домот. Заменете го постојаното чистење со ѕид за пишување и цртање, каде што вашето дете ќе може да ужива во креирањето на неговите ремек дела и да се забавува.
Играјте си со дезенот и формата, но внимавајте, многу е важно да се одбере вистинската комбинација за вашата бања да го добие посакуваниот изглед.
Ова се врати кои се совршени за детската соба на младо девојче. Облечете ја вратата и креирајте амбиент за малата принцеза.
Се што е потребно е добар вкус, различен материјал и ножици за да го претворите вашиот стар плакар во нов, модерен и уникатен. Со мал буџет до сосема нов елемент во вашата спална. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уредете го домот модерно и минималистичкиАко сте љубител на чистите бои и јасни линии, пробајте да ги примените во ентериерот на вашиот дом. Минималистичкиот стил е модерен и практичен стил за уредување на домот. Лесно може да го постигнете ефектот на чиста и еднобојна соба, со примена на само неколку правила. Задржете се до една боја. Кога избирате мебел, полици, па дури и украси за вашиот дом задржете се до една единствена боја. Белата или пак неутралната крем нијанса е совршен избор. Дозволете си мала промена на бојата исклучиво кога станува збор за перниците кои внесуваат топлина во собата или пак некои интересни детали и украси на полиците. Во секој случај, ќе мора да се ослободите од шарените тапети, материјали и предмети за да го постигнете минималистичкиот стил. Светлината нека биде неизоставен дел од секоја просторија. Брзо и едноставно решение се големите прозорци на кои нема да додадете ролетни или пак завеси. Уште еден трик со кој ќе ја осветлите собата која сте ја одбрале за ваков стил е да и додадете многу огледала. Рефлектирањето на светлината има посебна улога во минималистичкиот стил. Едноставни, но интересни детали. Класичните полици претворете ги во интересно парче мебел. Едноставно наредените книги разместете ги на купчиња, така што врз секое купче ќе додадете мал кактус или зеленило. Стаклените предмети се уште еден избор кој прекрасно ќе се вклопи во минималистичкиот ентериер. Додадете нестандардни и модерни елементи кои ќе го освежат вашиот дом. За мала инспирација погледнете ги едни од најубавите минималистичко уредени соби, кои можеби ќе ја разбудат вашата креативност. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сте во период на уредување на домот, а сакате да изгледа модерно и луксузно, разгледајте го овој ентериер. Релаксирачки, во комбинација на крем и кафени тонови и користено е дрво за речиси целиот мебел. Дефинираните линии во секоја соба даваат чувство на топол дом и чиста атмосфера. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За убаво искористување на просторот, може да се одлучите мебелот да биде вграден во склоп на ѕидовите. Пример за вака уреден ентериер е апартманот во Лес Менуирес, скијачки центар во Франција. Изгледа навистина симпатично. Изменето од Valerija - 21.Декември.2013 во 20:38 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од подобрите особини на жителите во Скандинавија е тоа што поради недостатокот на светлина, се одлучуваат за дизајн каде што доминира белата боја, што навистина му дава посебен шмек на домот. Исклучок не е ниту овој апартман кој се простира на 70 метри квадратни, а белата боја е прекрасно украсена со сите други живи бои кои му даваат ведрина и пријателски дух на домот. Инаку овој дом се наоѓа во Гетеборг, во стара зграда, но со голем балкон кој гледа на исток, а и самиот тој е украсен во стилот на домот. Кујната има модерен дизајн, а дневната е создадена за пријатен дневен престој, особено во друштво. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |